Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. Откако од опозициската СДСМ објавија соопштение во кое велат дека „граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, додека државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8:00 часот утринава, наврнал во Велес, каде се измерени 8 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, а по 1 литар во Прилеп и Берово. Од УХМР ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница, на која ќе се расправа за реконструкцијата на Владата, односно за разрешување на повеќе министри и избор на нивни наследници. Според предложените кадровски решенија, Игор Филков ќе биде разрешен од функцијата министер за правда, а на негово место е предложен Јетон Шасивари. Иван Стоилковиќ ќе ја напушти функцијата министер за односи меѓу заедниците и ќе биде предложен за министер за ...
Државјанин на Романија, баран со потерница на Интерпол, е приведен на Граничниот премин Богородица при влез во државата. Како што информира МВР, на 12 јули, пет минути по полноќ, полициски службеници го лишиле од слобода А.А. (52) од Романија, откако при граничната контрола било утврдено дека по него е распишана мерка „лиши од слобода“ по барање на Интерпол – Романија. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија. Според податоците, ова утро е најсвежо е на Попова Шапка со измерени 12 степени. Утрово во осум часот, Гевгелија е најтопол град со 27 степени. Во Скопје се измерени 19 степени. Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец, при што долж Повардарието ќе достигнува брзина до 50 километри на час. ...
Почина проф. Соња Думбалоска Делова – личност која остави неизбришлива трага во македонското пливање. Од Националната Пливачка Федерација, ја споделија тажната вест и кажаа последно збогум за истакнатата професорка по физичка култура, тренер по пливање, судија и педагог, која почина на 67-годипна возраст. -„Нејзината посветеност, знаење и љубов кон спортот беа инспирација за многу генерации пливачи, тренери и спортски работници. Со својот ...
Планирани работи на електродистрибутивната мрежа денеска ќе предизвикаат прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ЕВН Македонија, од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Беаз Куле“ во Општина Ѓорче Петров. Во Општина Карпош, пак, прекин на електричната енергија е најавен во ...
Во СВР Скопје на 12 јули 2026 година, околу 01:00 часот, било пријавено дека на подрачјето на Центар од возило во движење биле испукани неколку истрели од огнено оружје. Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со три лица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот. Во СВР Скопје на 12 јули 2026 година, околу 01:00 часот, било пријавено дека на подрачјето на Центар од возило во движење ...
Тешко е повреден 40-годишен скопјанец откако со автомобил излетал од коловозот на улицата „Лазар Личеноски“ во Скопје. Како што информира МВР, несреќата се случила на 11 јули околу 10:00 часот, во близина на полигон, кога патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (40) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники ...
Педесет и петгодишен скопјанец се здобил со изгореници откако избувнал пожар во неговото возило додека се движел на подрачјето на Чаир. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 јули околу 07:40 часот. Додека С.Д. (55) од Скопје управувал со своето возило, во текот на движењето избувнал пожар. Возачот успеал навреме да го напушти автомобилот, но притоа се здобил со изгореници по телото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата ...
Четириесетгодишен скопјанец бил пронајден починат во стан во скопската општина Аеродром. Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 11 јули околу 18:20 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. На местото извршиле увид полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Четириесетгодишен ...
Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец, при што долж Повардарието ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, проследено со слаб до умерен северен ветер. Минималната ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...
Состојба со пожарите на отворен простор до 13:00 часот (12.07.2026) На ден 12.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 3 пожари на отворен простор. Активни пожари нема, 1 пожар е под контрола, а 2 пожари се изгаснати. Под контрола: 1 Општина Штип – градската депонија во Штип (внатрешно чадење). Изгаснати: 2 Општина Чешиново-Облешево – с. Уларци (ниска вегетација и стрниште). Општина Валандово – помеѓу селата Дедели и Собри ...
Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка – безбедноста на граѓаните е наша обврска! Денес, на Водно, заедно со Црвениот крст на Град Скопје, го презентиравме тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка кој го реализираме заедно со Црвениот Крст, информираше на социјалните мрежи ...
Денес, на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „ЛукОил“, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на целосна санација на сериозен дефект кој со години претставуваше проблем за жителите на Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани и Зелениково, пишува на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, настанато при градежни активности пред три години. ...
Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) го презема комплетното делегирање на истрагата на настанот што се случи вчера над Македонија со авионот Boing 737-800, кој оперирал како лет FR1879 за „Рајанер“ (Малта Ер), информираа вечерва за МИА од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ).Согласно со Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), КИНСИВ претходно ...
Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение ...
На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел ...
Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал „Baking Bread“ на улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје. Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада, огнот беше локализиран и изгаснат пред да се прошири кон останатиот дел од објектот. По настанот, сопственикот Мише Цвејевски се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека никој не е повреден и ...
СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ветиле и се договарале. СДС е партијата која седум години ја ...
Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат. Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина, велат од СДСМ. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. Народот живее од тоа што го гледа во ...
Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, оставајќи ја опозицијата сама да го ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од МВР – Одделението за превенција, полициските станици Кисела Вода и Драчево, претседателот на Советот, советниците, директорите на основните училишта, претставниците на советите на родители и наставници, како и општинската администрација, викендов, во вечерните часови, реализираше заеднички превентивни активности преку проектот „Соседска патрола“. Во петокот и саботата, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој ...
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека свесно ја жртвува иднината на државата. Според неа, со своите последни ставови Мицкоски потврдил дека ѝ кажува збогум на Европа и избира Македонија со децении да чека заглавена во изолација додека регионот напредува. Кузеска истакна дека зад ваквата политика стои страв од ...
ДОБРО УТРО Со оваа фотографија од една вечер која зборуваше повеќе од илјадници зборови, каде обичните граѓани се обединија за да го одбранат своето достоинство, историја и иднина, ви посакувам мирна недела полна со надеж, пишува на социјалните мрежи Бујар Османи. Бидејќи, секогаш кога луѓето избираат да не молчат пред регресот, национализмот и неспособноста, има причина да се верува дека утрешниот ден може да биде подобар, стои во објавата ...
Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. „Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и ...
Кочанчанецот А.Л. (41), кој бил приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит. Според информациите од полицискиот билтен, на 9 јули 2026 година околу 23:55 часот, на влезот во селото Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и ...
На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот ...