Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран во саботата, животот го загубија најмалку 192 деца ширум регионот, соопшти денеска УНИЦЕФ. Најголем дел од жртвите се регистрирани во Иран, каде воените дејствија оставија пустош во густо населените места. Според податоците на организацијата, 181 дете е убиено во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно дете во Кувајт. Од УНИЦЕФ испратија остра порака до завојуваните страни: „Децата не ...
На 06.03.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (55) од Скопје, поради сомнение дека од пиштол пукал кон својата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Според пријавата, на 01.03.2026, по претходна расправија во семејниот дом, тој испукал еден куршум кој завршил во прозорецот. Потоа се заканувал на 24- и ...
ЦУК утрово соопшти дека вчера во тешка сообраќајна несреќа на 52-годишна возраст загинал нивен колега. „На 05.03.2026 година, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, прерано нè напушти нашиот драг колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола. Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството ...
„Вреди“ продолжува со активна работа и реализирање конкретни проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните. Во рамки на оваа иницијатива, општина Чаир добива уште една значајна инвестиција во спортот и младите. Со средства од околу еден милион евра, се гради модерен базен – втор по ред на територијата на општина Чаир. Новиот објект ќе им овозможи на младите, како и на целата локална заедница, пристап до современи услови за учење ...
Претседателот Доналд Трамп ја разреши Кристи Ноем од функцијата министерка за внатрешна безбедност, што е прва оставка во неговиот втор мандат. На нејзино место, Трамп го номинираше сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, потегот што беше објавен на социјалните мрежи по бурното сослушување на Ноем во Конгресот. Иако заминува од министерската позиција, Ноем не ја напушта администрацијата. Трамп ја назначи за „специјален пратеник за штитот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во ексклузивно интервју за „Ен-би-си“, порача дека неговата администрација цели кон целосна промена на власта во Иран. Трамп откри дека веќе има неколку потенцијални кандидати за нов ирански лидер и дека САД преземаат конкретни мерки за нивна заштита додека траат воените дејствија. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави Трамп во телефонски разговор, нагласувајќи дека не сака процесот на обнова на ...
Најниската температура утрово беше измерена во Лазарополе со -4 °C, додека во Попова Шапка и Берово температурата се спушти до -3 °C. Во Маврови Анови и Битола утринската температура изнесуваше -2 °C, а во Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор се измери -1 °C. Во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Крушево беа 0 °C, во Кавадарци 1 °C, а во Скопје-Зајчев Рид и Виница 2 °C. Највисоката утринска температура ...
Финска се подготвува за радикален пресврт во својата национална безбедност преку укинување на долгогодишната забрана за поседување нуклеарно оружје која датира од 1987 година. Овој законски маневар ќе овозможи распоредување на атомски арсенал на финска територија во случај на војна, што претставува директен одговор на агресивната политика на Русија и новата позиција на земјата како членка на НАТО. Што предвидуваше старата забрана? Законот од ...
Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде минатата година животот го загубија 63 лица, вчера продолжи со сослушување на соработници на бендот ДНК. Сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била присутна во објектот во моментот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на инцидентот на Инстаграм, но, како што објасни, го забележала тоа дури наредниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзините зборови, ...
Оливер Спасовски од СДСМ се прости од својот пријател и колега, Благојче Трпевски. -Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски. Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени. Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Филипче изјави дека СДСМ ја поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања поврзани со контролата и управувањето со податоците што ги собира системот „Сејф сити“. „Проблем е ...
Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Интензивната работа и засиленото темпо во реализацијата на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, веќе дава резултати. По периодот на стабилизација, македонската економија, која претходно беше во слободен пад, сега почна нов период ...
СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата. Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко, велат од ВМРО-ДПМНЕ во ...
Американскиот претседател изнесе низа тврдења во интервју за Политико за војната со Иран, ситуацијата во Куба, војната во Украина и неговиот однос со технолошките компании. Во интервјуто, тој ги отфрли загриженостите за последиците од конфликтот со Иран, рече дека САД ќе помогнат во изборот на нов ирански лидер и го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски и компанијата за вештачка интелигенција Антропик. Трамп се соочи со политички ...
На 04.03.2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Центар бил нарушен јавниот ред и мир. Според пријавата, инцидентот се случил по претходна расправија, која прераснала во физичка пресметка помеѓу Д.Д. (28) од Струмица и Ј.К. (25). По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и излегле на местото на настанот за да го документираат случајот, да ги сослушаат учесниците и да обезбедат ...
На 04.03.2026 година во 06:10 часот, на подрачјето на скопската општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В. (29) од Скопје. Приведувањето следувало по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка. По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и активности за расчистување на случајот, при што лицето било приведено во полициска станица. За настанот е ...
Поранешниот пратеник Благојче Трпевски почина на 60. годишна возраст, а веста на социјалните мрежи ја сподели екс премиерот – Димитар Ковачевски. – „Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, ...
Дел од корисниците од улиците Мирослав Крлежа, Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов во општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 08:00 до 16:00 часот, информира РЦУК Скопје. Без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат и дел од корисниците на улицата Миле Поп Јорданов, во околината на хотел Гранит, во општина Карпош. Дел од корисниците од улиците Мирослав Крлежа, Наум Наумовски Борче, Антоние ...
Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски, чија сопруга и ќерка паднаа од балкон во скопски Карпош, трагедија која ја зави Македонија во црно, но и ја крена на нозе. Претходно, Обвинителството побара продолжување на мерката поради тековните истражни дејствија, кои вклучуваат вештачење на три мобилни телефони и други предмети, како и обезбедување и анализа на ...
Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 13 и 19 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне околу 17 степени. Според ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри е забележана во Пехчево, Берово, Смојмирово и Катланово. Од 00:10 часот има прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на граничниот премин Деве Баир, поради технички проблем со системот. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе учествуваат на панел-дискусија на тема „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“. Модератор на настанот ќе биде портпаролката на Владата, Марија Митева. Панел-дискусијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата, а ќе се ...
Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Млад франкофонски парламент“. На отворањето на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, како и Иванка Василевска, претседателка на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата. По воведниот дел ќе се одржи седница на Младиот франкофонски ...
Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип бележи два случаи на семејно насилство во Штип и Виница. Вчера во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 38 годишниот С.Д. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди констатирани во Клиничка болница Штип. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...
Односите меѓу Србија и Хрватска повторно се заострија, овојпат преку препораките за патување. Српското Министерство за надворешни работи (МНР) во својот најнов „патнички семафор“ ја обои Хрватска во портокалово, советувајќи ги своите граѓани таму да патуваат само во случај на „крајна потреба“. Аргументите на Белград: Според српското МНР, одлуката е донесена поради „зачестени инциденти, тензии и неповолни безбедносни околности“. Посебен акцент ...
Филипче нема што да каже па ја замајува јавноста, но не дава конкретни одговори. Секако затоа што и нема. Нема што да каже затоа што јасно е како ден кој негувал добри односи со држави како Русија и Белорусија, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ. Не само што имале добри односи, туку и на блиски соработници на Путин и Лукашенко, како осудениот криминалец Александар Онишченко на кој му дале македонско државјанство, а на белорускиот конзул Борче ...
Вечерва, на Меѓународниот аеродром во Скопје ги пречекав првите македонски државјани кои беа евакуирани од Израел. По копнен пат, преку Египет и со владиниот авион, тие безбедно пристигнаа дома. Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив. Благодарение на координацијата меѓу институциите и посветеноста на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана – од Тел Авив до ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата Клик Плус на ТВ 21 посчи дека дека изборот на нов обвинител од страна на владата е компромитиран од партиски влијанија и дека таквата пракса го загрозува независното судство во земјата. „Кој предлог и да дојде во Собранието ќе разговараме, иако гледајќи како се поставуваат во Владата, прилично сум сигурен дека до предлог нема да дојде, само ако не може да се договорат со некој дека ќе им биде ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик Плус“, на ТВ 21, го отвори прашањето, дали премиерот Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го информирал дека ќе го враќа името на државата и за излегување од НАТО сојузот. „Што разговарал премиерот Мицкоски со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дали го користел уставното име, дали на и него му ...
Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а благодарение на кои Македонија денес е во најмоќниот воен сојуз, што е ...