Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западното и источното подрачје од земјава. Според информациите од УХМР, нестабилното време веќе зафати неколку региони. „Нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер западно од Струга!“, соопштија од УХМР. Покрај струшкиот регион, невреме е забележано и во источниот дел од државата, каде што има и ...

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не ...

Денеска во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираа од МВР во дневниот билтен. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок Денеска во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод 18 Август – Денот на Армијата. На настанот, спикерот Гаши упати благодарност до сите припадници на вооружените сили за нивната посветеност и пожртвуваност во служба на државата. „Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната стабилност. Во регион кој многу добро ги познава последиците ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата, што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид. На централната свеченост, во присуство на државниот и воен врв, Ристовски упати честитка до сите армиски припадници и ветерани по повод 18 Август – Денот на Армијата. „Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина. Македонската ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. „Честит 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Денес оддаваме признание ...

Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(24). Како што се наведува во полицискиот билтен, 24-годишниот М.С. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 19:30 часот во Полициската ...

Вчера околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР ...

Утрово во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење ...

Вчера во с.Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична ...

На територијата на државата денеска до 13 часот беа регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека шест се целосно изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарните стихии зафатија шуми, ниска вегетација, но и објекти во повеќе региони. „Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана ...

Македонија е безбедна и стабилна држава, а Армијата претставува столб на стабилноста и институција на која граѓаните и партнерите можат да се потпрат, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој посочи дека модернизацијата на армиските капацитети се реализира во согласност со планираната динамика, со набавка на современо вооружување, инфраструктурни инвестиции и подобрување на условите за работа. „Повеќе од јасно е дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и благодарност до припадниците на Армијата, истакнувајќи ја нивната посветеност, одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Преку објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски посочи дека улогата на Армијата е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста. Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. ...

Уште еден пациент кај кого лабораториски била потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, со што бројот на смртни случаи во земјава се искачи на четири. Информацијата денеска ја потврди директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој изнесе детали за моменталната состојба со хоспитализираните пациенти. „Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од ...

Современата одбрана не треба да се сведува само на одговор на веќе настанатите закани, туку мора да се заснова на нивно предвидување, подготовка на соодветни капацитети и градење отпорност на државата, порача претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод 18 Август – Денот на Армијата во Охрид. Во своето обраќање, таа се осврна на новите предизвици и технолошкиот развој во воениот сектор. „Границите меѓу ...

Писателката Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долго и тешко боледување. Нејзините колумни беа широко познати, а во една од нив од пред неколку месеци, Рудан отворено пишуваше за односите во нејзиното семејство, сопствената дијагноза и одлуките околу нејзиниот имот и погреб. Во текстот, таа без задршка се осврнува на соочувањето со болеста, комуникацијата со блиските и одлуката на синот да не му остави ништо, ниту да му дозволи ...

Опозициската СДСМ на денешната прес-конференција упати жестоки критики до Владата, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски, обвинувајќи за неспособност и колапс на системот во справувањето со здравствените кризи во Гостивар и Скопје. Од партијата посочија дека додека граѓаните се соочуваат со епидемиолошки закани, надлежните не преземаат соодветни мерки. „Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е ...

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без снабдување со електрична енергија ќе останат жители од две скопски општини, информираат од ЕВН. Во општина Кисела Вода, прекинот е предвиден за утринските и претпладневните часови. „Дел од ул.‘Христо Татарчев’ 24, во близина на пералната за автомобили, ќе биде без струја од 08.30 до 13.00 часот.“ Истовремено, прекин на напојувањето ќе има и во општина Ѓорче Петров во ...

Вчера околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица ...

По познатата хрватска писателка Ведрана Рудан, која почина на 77-годишна возраст по долга борба со ракот, останаа нејзините две деца од првиот брак, синот Славен и ќерката Асја. Во своите блогови објавувани во последните месеци од животот, таа отворено пишуваше за односите во семејството и ставовите за родителството. Таа објасни дека иако направила сè за своите деца, одлучила да ја запре финансиската поддршка во моментот кога тоа би можело да ...

Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник ...

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДС и нејзиниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги за обиди за создавање паника и хаос меѓу граѓаните. Според Лефков, по пропаѓањето на тврдењата околу исправноста на водата, од СДС нема ниту извинување ниту преземање одговорност, туку се продолжува со пласирање дезинформации. „Откако обидите за создавање паника ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција обвини дека во Македонија се спроведува операција за воспоставување контрола врз медиумскиот простор по модел сличен на оној во Србија. Според него, овие случувања се продолжение на предупредувањата што партијата ги упатила пред два месеца. „Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, на денешната прес-конференција истакна дека определбата на Владата е да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, зголемување на домашното производство и создавање услови за пониски трошоци за граѓаните и компаниите. Таа се осврна на цената на електричната енергија и посочи дека реалното зголемување било значително пониско од тврдењата на опозицијата. „Ќе почнеме со цената ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...

Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопштија од УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од УХМР најавија дека од четврток следува период на претежно стабилно и многу ...

Пожарот кој премина од територијата на Велес кон Зелениково е активен во овој момент, но со интервенција на велешките пожарникари е значително намален и заштитени се две загрозени села, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во пладневниот преглед за состојбата со пожарите. Тој посочи дека пожарот во Македонски Брод е значајно намален, додека огнот во општина Студеничани кај селото Рамни Габер е ...

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во вторник, 18 август 2026 година, во 10:07 часот, во Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 38,1333 и географска должина 15,0542, недалеку од Сицилија. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од ...

Познатата писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по две и пол години борба со тешка болест. Поголемиот дел од својот живот го помина во Риека, каде што живееше во специфична куќа стара четири века, а во една пригода при гостување во емисијата „ТВ лица како сите нормални луѓе“ на РТС сподели детали за својот дом и приватниот живот. Писателката откри дека нејзиниот сопруг го пронашол тој имот, кој има посебен статус. Сопругот ја ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32