
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“. Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што ...
Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела. Одморот ...
Во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се одржа трибина на тема „600 милиони евра за развој и локален прогрес”. Свое обраќање имаше министерката за образование и наука, Весна Јаневска и истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем. Јаневска укажа дека за само една година реализирани се проекти во вредност од 67 ...
За една година како Влада успеавме системски да ги поставиме работите, за веќе денеска системот за социјална заштита и на детска, пред сè, биде на здрави нозе, да нема повеќе корупција во истиот и да нема повеќе злоупотреби на самиот систем. Системот за социјална заштита продолжуваме да го надоградуваме и во иднина ќе биде уште подобар во полза на граѓаните, вели Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади на ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестот на две нови ракети за воздушна одбрана, објавија државните медиуми во неделата, откако Пјонгјанг го обвини Сеул за поттикнување на граничните тензии. Тест-пукањето, кое се одржа во саботата, покажа дека двата „подобрени“ ракетни системи имаат „супериорна борбена способност“, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA). Извештајот на KCNA не ги опишува новите ракети детално, ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше министерот за локална самоуправа Златко Перински. На самиот почеток Перински објасни за работата на Владата и нејзината поддршката кон општините со цел да се мотивираат градоначалниците и општинската администрација за креирање на проекти согласно потребите на граѓаните. „Оваа Влада даваше средства на сите локални самоуправи на база на проекти коишто ги добивме како инпут ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово прошетаа во Градски парк. Информацијата на ФБ ја објави Ѓорѓиевски, а во постот наведе: „Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Така беше и ова утро, во придружба на министерот Панче Тошковски. Секој чекор е здравје, секој здив е ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. До средината на следната ...
Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите ...
Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување. Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план. „Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план“, информира Ристески. Ристески укажа дека целта на планот е да ...
Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа за тебе информираше дека оваа Влада финансираше околу 1200 проекти од различни области во сите општини ширум Македонија. „На првиот повик од минатата година се пријавија општините за 288 проекти, од кои 137 се завршени. На вториот повик имаше 887 апликации, а беа прифатени точно 828 проекти. Кумулативно тоа се околу 1200 проекти кои се реализираат со помош ...
За секој еден збор што го кажувам подготвен сум да зборам со дела, одговорно и со бројки, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе осврнувајќи се на се она што е направено за еден мандат локална власт. Мицкоски информираше дека во изминативе 4 години изградивме и реконструиравме улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на општина Велес, Марко Колев кој ги истакна значајните реализирани проекти за општина Велес. „Во делот на спортската инфраструктура во изминатите четири години направивме пет спортско рекреативни комплекси, шест спортски терени, реконструкција на спортски сали, Велес има еден од најдобрите пазари во Република Македонија. После 20 години застој почна да се ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михаилис Рокас. Разговорот беше посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт на ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. Министерството информираше за реализираните и планираните активности во рамки на Реформската агенда, ...
Ние ќе се менуваме и надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Тие што добро ме познаваат знаат дека ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан, по повод отчет за четиригодишната работа на градоначалниците. Посочи дека токму затоа, веднаш после локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на ...
Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи. Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се ...
Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА. Спроведена од институтот за анкети YouGov, анкетата врз 2.175 лица покажа дека 34% од испитаниците се загрижени за нивниот работен статус поради ВИ, додека 62% не се чувствуваат загрозени. Иако не се забележани значајни разлики меѓу поддржувачите на ...
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани. Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека ...
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот. Трамп минатата недела изјави дека криминалот во главниот град на САД е надвор од контрола и распореди припадници на Национална гарда и федерални агенти на улиците на Вашингтон. – Ќе ги направиме нашите градови ...
Малите хидроцентрали (МХЕ) се еден од најдискутираните, силно критикувани, но и најмалку разбраните извори на обновлива енергија. Постојано набљудувани низ црно-белата призма на добро и лошо, ја имаме ли реалната претстава за малите хидроцентрали? Струјата од обновливи извори на енергија, меѓу кои и од малите хидроцентрали во Македонија е скап производ затоа што ова се извори на зелена енергија. Иако ова е „чиста“ струја од аспект на емисии на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина ...
На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина ...
„Шефот на јапонскиот медицински систем, мислам, излезе и рече дека може да се поврзе бројот на смртни случаи со бројот на вакцини. И така, сега кога забраната за зборување е симната, се е поголем бројот на научните студии кои влегуваат во литературата и веќе има илјадници такви. Впрочем, ова е една од најголемите катастрофи предизвикани од човекот во нашите животи“, вели во интервјуто водено од Такер Карлсон, Дејв Колум, хемичар и хемиски ...
Кандидатот за градоначалник, Бујар Османи, во изјава за медиумите истакна дека неговата најголема предност во оваа трка е способноста да обезбеди нови средства и да не се потпира единствено на општинскиот буџет. „Јас имам широка мрежа контакти изградена за време на мојата кариера, како и директно искуство со фондовите на Европската Унија. Бев три години национален координатор за ИПА фондовите и исто така национален координатор за капитални ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека во рок од две недели ќе знае дали е можен напредок во неговите напори за ставање крај на војната во Украина и повторно ја покрена можноста за воведување санкции врз Москва. „Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека за две недели ќе знаеме во која насока одиме“, рече Трамп за време на прес-конференцијата во Овалната соба и додаде дека по тие две недели ќе донесе одлука дали да воведе „масовни ...
Во тешка сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Њујорк, туристички автобус со над 50 патници се судри со камион на автопатот I-90, во близина на местото Пембрук, на околу 48 километри од Бафало. Полицијата потврди дека во несреќата има повеќе загинати и повредени, а дел од патниците сè уште се заробени во урнатините од автобусот. Некои биле и исфрлени при ударот. На лице место интервенираа повеќе спасувачки екипи, меѓу кои и ...
Европската унија и нејзините членки и обезбедија на Украина 168,9 милијарди евра од февруари 2022 година, соопшти Европската комисија. Се наведува дека 59,6 милијарди евра се потрошени за воена помош, вклучувајќи го и делот финансиран од Европскиот фонд за мир. Дополнително, ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија најмалку 17 милијарди евра за поддршка на луѓето кои ја напуштиле Украина. Од вкупната сума, 3,7 милијарди евра се обезбедени од ...
Во организација на Општина Поградец, втора година по ред се одржа „Фестивал на Коранот“, чија цел е да го промовира туризмот, да го заштити езерскиот екосистем и природното наследство на градот, објави албанската телевизија (РТШ). -Главниот елемент на активноста беше порибувањето на езерото со 200 илјади единки од познатата пастрмка- Коран, што е значително зголемување во споредба со минатата година. Оваа интервенција е важен чекор за ...