
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Политичките ветувања се особено активен слој на политичката култура. Ги сочинуваат бранови јавни емоции кои плански и спонтано се будат и се одбележуваат по повод важните датуми на победите и поразите. Сеќавањето на поразите и жртвите на левицата може да биде подеднакво делотворно како и триумфите на победата (работничките жртви од 1-ви мај 1886 година или смртта на Гевара на 9-ти октомври 1967 година). Денес левицата не ги одбележува своите ...
[Скопје, 27.06.2024] Од 20 до 23 јуни, во Парк Македонија – Општина Кисела Вода се одржа 3-то издание на Фестивалот на инклузија, креирајќи ненадминлива позитивна енергија, поддршка и заедништво. 3. Фестивал на инклузија, организиран од Здружението Икуалити, во соработка со организацијата „Визија Плус“, а поддржан од Општина Кисела Вода, храбро и истрајно ја потврди својата основна мисија дека секој еден од нас умее и може, со вистинска ...
Клаудија Шајнбаум Пардо, позната и како „la Doctora“ (докторката) поради своите импресивни академски достигнувања, е физичарка со докторат по енергетско инженерство која доброволно учествувала во подготовката на извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC). Неодамна, жителите на Мексико ја изгласаа како прва претседателка во историјата на земјата. Како претставничка на левичарската партија Морена, таа освои околу 60 отсто од ...
Најавата за изградба на нов ветерен парк во Македонија, и официјалната промоција на инвестицијата која би требало да почне да се гради на крај на следна година или во 2026, предизвика бројни коментари, особено од стручњаци во фелата. Професорот Дејан Трајковски, при Технички Факултет - Битола, поттикнат од најавата за оваа инвестиција со посебен осврт се насочи кон анализа на најавената инвестиција. Тој потеницра дека „ветропаркот нема да биде ...
По повод затворањето на прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, во рамки на фестивалот „Скопско лето”, на 28 јуни(петок), со почеток во 21 часот, низ центарот на градот ќе се одржи неповторлив уличен спектакл „Сонот на Ербер”. Театарскиот перформанс е во изведба на француската уметничката трупа „Кидам”(La Compagnie des Quidams) која има од 100 до 150 настапи годишно и тоа низ целиот свет, од Костарика до Јужна Африка, ...
Ноќта помеѓу 27-ми и 28-ми јуни 1969 година се случила пресвртница. Голем дел од парадите на гордоста ширум светот се одвиваат во текот на јуни во спомен на бунтот кој се случи ноќта помеѓу 27-ми и 28-ми јуни 1969 година во Њујорк. Станува збор за симболичен настан кој го означи раѓањето на движењето за општествено прифаќање на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците, трансродовите, небинарните и квир лицата и почетокот на борбата за нивните ...
И покрај фактот дека Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидитет ги повикува и обврзува сите на имплементација на пристап за човековите права, постоечкиот систем на владеењето на правото во секоја држава, вклучувајќи ја и ЕУ, во однос на родовата рамноправност и лицата со инвалидитет е недоволно развиен или не е ни отпочнат. Последнава деценија сите зборуваат за интерсекционалност, но владеењето на правото во секоја ...
И во новоформираната влада на Северна Македонија жените ќе бидат минимално застапени во извршната власт. Со измените во реорганизацијата на Владата, овој состав ќе има повеќе министри кои заедно со премиерот ќе бидат 24, но министерки ќе бидат само три жени, ниту една од нив албанка. Партиите молчат, а граѓанскиот сектор продолжува да апелира за решавање на проблемот, пишува Порталб.мк. Оваа влада, иако со повеќе министри, ќе има помалку ...
До пред неколку децении на Сардинија се практикувала еутаназија, најчесто спроведувана од жена или таканаречена „акабадора”, чија задача била на луѓето во претсмртна агонија да им донесе смрт. С'акабадора (s'accabadora) или aкабадора била жена која на покана на семејството на смртно болен пациент, била повикувана да му помогне да умре, ставајќи крај на неговите страдања. Таквото делување претставувало милостив чин кон човекот пред умирање, но и ...
(Кон претставата „Татковци и отци” по романот на Слободан Селениќ, во драматизација на Ката Ѓармати, во режија на Вељко Миќуновиќ, а во продукција на Народниот театар од Белград. Главни улоги: Милош Ѓорѓевиќ, Никола Ракочевиќ, Вања Ејдус, Александар Вучковиќ, Вања Милачиќ) „Татковци и отци” (преводот на насловот е прикладен ако „отец” се сфаќа како “големиот татко”, а не како свештеник) е романот на Слободан Селениќ со којшто тој дефинитивно и ...
Изреката дека историјата не се повторува, но често знае да се римува, му се припишува на Марк Твен, иако овој гениј тоа можеби го кажал, но со сигурност не го оставил напишано во својата богата литературна оставнина. Како и да е, длабокиот увид во историските настани што им претходеле на денешните случувања во светот, несопирливо ги откриваат структуралните сличности на настаните од сосем различни епохи, империјалните или регионални интереси и ...
Девојчињата не одат десно и не се заинтересирани за екстремните групи, а момчињата го сакаат наци-фашизмот. Фондацијата Еберт организираше истражување за политичките ставови на младата генерација во балканските земји. Објавени се резултатите од словенечкото истражување, кои се повеќе од загрижувачки. Тие се однесуваат на 600 испитаници, што е стандардна бројка за вакво истражување, но тоа не буди надеж. Младите денес се многу позаинтересирани за ...
Случајно открив дека имам афантазија. Кога го живеете целиот свој живот без „умствено око“, се чини сосема нормално да не визуелизирате ништо кога се сеќавате на луѓе и места или кога ја замислувате иднината. Пред две години, напишав статија за пупилометрија или наука за мерење на големината на зениците на одредена личност која се користи за да се истражи нејзината/неговата когнитивна состојба. Џоел Пирсон, психолог и невролог од Универзитетот ...
Конечно е достапен Водичот за независно живеење на лицата со попреченост, произведен од КРИК, Едера и Занандреа, како дел од проектот „Пат до независно живеење на лицата со посебни потреби – Прогрес“. Главната цел на Водичот е да обезбеди перспектива за тоа како сегашните услови за живот и секојдневниот живот на лицата со попреченост може да се подобрат под еднакви услови и ресурси (негуватели, капацитети на лицата со попреченост, финансиски и ...
Темниот вилает, Ангел на човека му земал душа, и Мора. Слики: Јуриј Васнецов. Темниот вилает Си бил еден цар, па доаѓајќи со војската на крај на светот, тргнал во темниот вилает, каде што никогаш ништо не се гледа. Не знаејќи како ќе се вратат назад, тие таму ги оставиле ждребињата од кобилите за кобилите од онаа темница да ги извадат. Кога влегле во темниот вилает и оделе по него, цело време под нозете чувствувале некако поситни камења, а од ...
Во многу земји-членки на ЕУ, јавно-здравствените системи не можат да ги платат огромните цени за новите витални лекови. Фармацевтската индустрија ги обврзува државите на тајност на цените и профитира од тоа. Колку е помал пазарот, толку лековите се поскапи. Секое утро пред да оди во градинка, тригодишната Милда мора да облече моторизиран елек кој потоа ја тресе половина час. Таа не се буни, бидејќи во текот на процедурата ѝ е дозволено да гледа ...
Од 5 до 6 јули 2024 година, ќе се одржи дводневен семинар предводен од Гералд Рауниг, кој е дел од КРИК - фестивал за критичка култура, како клучна програма на Контрапункт - организација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики. Фокусирајќи се на најновите книги на Гералд Рауниг - Dividuum (2016) и Disassemblage (2022), кои ги сочинуваат двата тома на Машинскиот капитализам и молекуларната револуција ...
Да нема ветар, пајаци небото ќе го премрежеа. Сега јајцата кокодакаат, а кокошките молчат. Кога грми, секој се плаши од себе. Кај се видело магла пен да искорнала? Брдо со брдо не може да се состане, а живи луѓе се состануваат. Стави го лудиот на високо, со нозете нека мавта. Човек и кога ќе падне, ќе се одмори. Навалил ко зима врз гол човек. И гол и бос, и уште му е ладно. Кога гори куќата, барем човек да се згрее. Коза окозила две ...
На 15 јуни 2024 во културниот центар БруталиСК во Скопје се одржа интересен разговор помеѓу Никола Гелевски, главниот уредник на списанието Маргина и порталот Окно, и Васко Маглешов, новинар на порталот Призма. Главната тема на разговорот беа двата важни јубилеи на книгоиздателството Темплум: 30 години Маргина и 15 години Окно. Но, се разбира, разговорот опфати и други теми, за современата историја, за нашето општество, културата, ...
Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил секретар на Средношколскиот и на Општинскиот комитет на Народната младина, професор во ...
Дванаесет стрипови се во конкуренција за награди на конкурсот за млади, за стрип, организиран од ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, и издавачката куќа ТЕМПЛУМ. Темата на конкурсот е „КАДЕ ПРИПАЃАМ?“ Еве ги автор(к)ите и насловите на пристигнатите стрипови: Гаја Смилевска - Нешто што фали (1 страница) Ева Дејановска - Карактерен квиз (5) Иван Коминовски - 3 Faces (6) Луција Давиткова - Магија (3) Марио Кекеновски - Ехото ...
Вчера, на 92 годишна возраст почина славната француска актерка Анук Еме, позната по својата елеганција и софистицираност во филмовите Еден маж и една жена (1966) на Клод Лелуш, класиците на Фелини Сладок живот (1960), 8½ (1963), Лола (1961) на Жак Деми и Трагедија на смешниот човек од Бертолучи. Тажната вест ја потврди нејзината ќерка со објава на Инстаграм во која наведува дека ѕвездата починала во својот дом во Париз. Родена како Жудит ...
Сомалија, Сирија, Мјанмар, Боко Харам - и Израел. Тие не се случајно заедно. Одлуката на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да го вклучи Израел во црната листа земји кои повредуваат деца, го навреди и зашемети Израел. Ние сме на списокот со Сирија? Да, ние и Сирија. Во Израел веднаш тргнаа во напад, без никој да праша: што мислевме додека армијата убива илјадници деца? Дека светот ќе молчи? Дека Обединетите нации ќе се ...
Низ Европа кружи добро познатото сениште, кое редовно ни се враќа секои пет години. Додека граѓаните се упатуваат кон гласачките места за да го изберат новиот Европски парламент, коментаторите повторно се прашуваат дали екстремно десничарските антиевропски партии ќе освојат повеќе простор и ќе се обединат за да ја уништат Европската унија однатре. Вистина е дека оние кои не веруваат во ваквото сценарио за судниот ден отсекогаш тврделе дека ...
Станува збор за перформанс кој обединува уметници од различни области. Изведувачки уметници се: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг. Уметници – ментори на перформансот се Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ. „Алхемија на дивината“ ве предизвикува да размислувате за природата на ...
Во вторник, 18 јуни, во 19:00 часот во КСП Центар –Јадро ќе се одржи еднодневна работилница која се надоврзува на работилницата „Звучни собирања“, организирана во соработка со Studio PLAY.ground и К.Ц. Медиа Артес во ноември 2023 во рамки на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА- имерсивен и партиципативен театар како алатка за социјални промени“ поддржан од Швајцарска амбасада. Во оваа работилница, учесниците ќе истражат како звукот ни помага да се ...
Во сабота, 15 јуни 2024, во БруталиСК, Скопје, во 20 часот, ќе разговараат Никола Гелевски, главниот уредник на списанието Маргина и порталот Окно, и Васко Маглешов, новинар на порталот Призма. Главната тема на разговорот ќе бидат двата важни јубилеи на книгоиздателството Темплум: 30 години Маргина и 15 години Окно. Но, се разбира, разговорот ќе оди и во други насоки и кон други теми, за општеството, културата, животот, предизвиците... Како ...
За јубилеите 30 години „Маргина“ и 15 години „Окно“ пишуваат: Драги Неделчевски, Ана Голејшка Џикова, Билјана Ѓонеска и Димитрие Дурацовски. Драги Неделчевски Маргиналецот од тетовското кино „Братство“ Зимата 1999 старото кино „Братство“ во Тетово беше преуредено во голема дискотека. Беше тоа тренди место за излегување. Јас тогаш бев продавач на влезници во дискотеката. Благајната беше едно сопче метар на метар, со прозорче 20 на 20 ...
Во организација на Кооператива - Регионална платформа за култура, на 13 јуни (четврток) во 18 часот, во просториите на КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата „Архиви на пријателство - поетики на отпорот”. „Главната мотивација зад оваа скромна рефлексија на работата на „Кооператива” и нејзините членови е да се создаде можна мапа на поврзувања преку споделени искуства, заедничка работа и продукција во рамките на независната културна сцена. ...
Првата концесија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ веќе е направена. Интересно било ноќта меѓу 7 и 8 јуни во Собранието кога Мицкоски и неговите челници преговарале со ДУИ да ги убедат дека треба да ги прифатат измените на Законот на организација на органите на државната управа. Дилот за гласовите што недостасуваа и со кои поминаа измените, е ад-хок комисија во Собранието за правична застапеност. Да се чудиш, да се изначудиш! Прво којзнае што е ...