Македонскиот прволигаш ТФТ Скопје објави дека го продолжи договорот со Георги Зафиров, кој се обврза на нова двегодишна соработка. Зафиров реши да остане во ТФТ и покрај бројните понуди што ги имаше од Македонија и од странство. Се очекува повторно да биде еден од носителите на играта во тимот на Боро Смилковски. 28-годишниот кошаркар веќе пет години го носи дресот на ТФТ, тимот кој минатата сезона првпат во својата историја играше во финалната ...

Гиорги Зафиров и во следните две години ќе го носи дресот на македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ, објави скопскиот тим на социјалните мрежи. И покрај понудите од останати клубови од македонскиот шампионат, но и интернационалната сцена, искусниот кошаркар се одлучи да остане во „црно-белиот“ дрес и во иднина. Зафиров минатата сезона настапи на 32 натпревари за вицешампионот бележејќи просек од 9.6 поени при реализација од 57 отсто во обидите ...