
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Здружението „Швајцарско движење за слобода“ официјално поднесе иницијатива со која бара од државата да го гарантира зачувувањето на швајцарскиот франк во физичка форма, без оглед на порастот на бесконтактните и мобилните плаќања. Според истражувањето спроведено од Универзитетот за применети науки во Цирих (ZHAW) и Универзитетот во Сент Гален, готовината сè уште била позастапена од дигиталните пари во Швајцарија во 2023 година, и покрај тоа што ...
Израел ги проширува и зајакнува воените операции во Појасот Газа, повикувајќи илјадници резервисти. Се очекува тие да започнат со имплементација дури по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот следната недела. Во исто време, се очекува кабинетот да одобри план за враќање на испораките на помош во енклавата. Во меѓувреме, 19 лица беа убиени во нови напади денес. Израелскиот кабинет за безбедност одобри планови за ...
Европската Унија планира да предложи мерки со кои целосно ќе се забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година, објави Блумберг, повикувајќи се на нацрт-предлогот што Европската комисија треба да го презентира во Стразбур. Европската комисија планира првиот чекор да го направи во јуни и да ги забрани сите нови договори за увоз на руски гас, како и постојните спот-аранжмани, кои, според проценките, сочинуваат околу една третина од тековниот ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Следува период на променливо облачно, топло и ...
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него. Ние сме оние што во него се препознаваме, со него се идентификуваме, по него се разликуваме од другите, се вели во пораката од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот ...
Партијата Алијанса за Албанците не е такси за превоз, ниту чамец за спасување имиња и презимиња, туку работи само во интерес на граѓаните, регира лидерот на партијата и министер за здравство Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук. „Изјавуваме дека судбината на овој народ ја сметаме посериозно од другите имиња и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворени во Едипов комплекс. Ние не правиме никаков потег за задоволство или за ...
Подемот на социјалните медиуми го поттикна појавувањето на голем број инфлуенсери и познати личности, а изгледот стана еден од главните фактори за успех. Поради зголемената желба за младешки изглед, расте интересот за естетски третмани, како и за природни методи што можат да ги забават знаците на стареење. Растението Acmella oleracea, познато и како Spilanthes acmella, стекна популарност под прекарот „природен ботокс“. Содржи активна состојка ...
Мозочниот удар е итна состојба, а раното препознавање може да спаси живот. Методот BEFAST помага во ова, бидејќи вклучува симптоми на кои треба брзо да се реагира: проблеми со рамнотежата, видот, спуштање на лицето, слабост на рацете, тешкотии при говорење и итно повикување на помош. Сепак, како што предупредува неврологот д-р Хурмине Муктадар, мозочниот удар кај жените може да има атипични и посуптилни симптоми, кои честопати не се препознаваат ...
Променливото време и пролетта им донесоа на некои тешкотии при дишењето и кашлање. Се проценува дека секое десетто лице во Србија живее со астма, а тоа е околу 260 милиони луѓе низ целиот свет. Ова се податоците објавени во пресрет на Светскиот ден на астмата. Д-р Катарина Мијатовиќ, помошник-директор на Градскиот институт за белодробни заболувања и туберкулоза, разговараше за РТС за тоа дали се зголемува бројот на пациенти со здравствени ...
Белата митра на папата не е светлина. Кој и да биде избран за нов врховен водач на 1,4 милијарди католици во светот ќе мора да се соочи со цела низа проблеми.Меѓу нив се зголемените проблеми со финансиите на Ватикан, намаленото членство во црквата во многу западни земји и доктринските дебати за прашања како што се ракополагањето на жените и вклучувањето на ЛГБТК католиците кои навестуваат нови поделби. Финансиската криза во Ватикан беше меѓу ...
Американски бискуп јавно му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што објави слика од себе како следен папа, генерирана од вештачка интелигенција. Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциско, Трамп на социјалните мрежи сподели слика на која е облечен во папска облека, генерирана од вештачка интелигенција. . „Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè уште тагуваме за смртта ...
Дали некој го видел Артан Груби деновиве? А, Васко Ковачевски? Македонија полека станува земја на исчезнати политичари – денес тука, утре… кој знае каде. Артан Груби, човекот кој некогаш беше толку присутен во медиумите што се чинеше како да има свој клон за секоја прес-конференција, одеднаш исчезна од радарот. Можеби се повлекол во некоја планинска колиба да пишува мемоари со наслов “Како да бидеш невидлив во политиката” или можеби едноставно ...
Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство во криптовалути откако киднапери му отсекоа прст на еден од нив, барајќи неговиот син да плати откуп. По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен доцна вечерта во саботата од куќа јужно од Париз. Бил киднапиран во четвртокот навечер. Истражителите веруваат дека киднаперите немало да престанат да го ...
Во Истанбул, во општина Саријер, дел од патот се урнал и е затворен за сообраќај. Уривањето се случило веднаш до градилиштето кое се наоѓа по должината на улицата Ески Бујукдере. По пријавата, на местото на настанот биле испратени пожарникари, полиција и екипи од Истанбулската гасна дистрибуција (IGDAS). Екипите поставиле безбедносна зона околу срушениот дел од патот, што влијаеше на две сообраќајни ленти, ја блокираа лентата, а беа поставени и ...
Со големо задоволство Охридскај ја најавува историската средба што ќе се одржи утре во Општина Пула ,Р.Хрватска, кога делегација од Општина Охрид, предводена од Градоначалникот г-дин Кирил Пецаков, ќе потпише повелба за збратимување со градоначалникот на Општина Пула, д-р Филип Зоричиќ. Овој значаен чекор ќе ги поврзе двата прекрасни града под тврдини – бисерот на Охридското Езеро и бисерот на Јадранското Море. Охрид, град со богато културно ...
Традицијата на „Матица македонска“ продолжува. Повторно „Книга во секој дом“. Триста наслови со попуст до 70 проценти, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Средби со писатели од сите генерации. Промоции на нови книги. На читателската публика во десет дена ќе ѝ бидат понудени наслови од комплетната домашна и странска продукција. Сето ова, од 5. до 15 мај ќе биде дел од манифестацијата „Книга во секој дом“ што ...
Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година денеска им беше доделена на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, постхумно ...
Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки. Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела таа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина. Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските клиенти на платформата „Tему“ веќе ...
На денешен ден пред 45 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против фашистичкиот окупатор од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на југословенските оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во ...
Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. – Вие може да слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински. Премногу се задолживме во изминатите години. Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме ...
Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите беа спроведени на 30 април годинава на целата терирорија на државава. Како небезбедни уништени се 323 килограми храна. „Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 ...
Најмалку 57 лица, главно деца, починаа од неисхранетост во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива на 7 октомври 2023 година, изјави денеска директорот на теренските болници во Газа, Марван ал-Хамс. – Бројот на смртни случаи поврзани со неисхранетост продолжува да расте поради тековната израелска блокада и речиси колапсот на здравствениот сектор -рече Ал-Хамс. Тој истакна дека мнозинството жители страдаат од анемија поради лоша исхрана ...
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на градот Јокусука, во префектурата Канагава, во југозападна Јапонија. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 03.48 часот по локално време на околу 675 километри југоисточно од полуостровот Изу со епицентар на длабочина од 23 километри. Засега нема извештаи за жртви, ниту за причинета материјална штета. ...
Во Македонија денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат собраниска делегација предводена од потпретседателот на ...
Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа првите авиони на новововедените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се дел од владината полтикика за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии и нови дестинации за граѓаните, објави преку видео порака на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што вели Николоски, политикита на субвенции што ја води Владата ги дава првите резултати. ...
Премиерот Христијан Мицкоски утрово преку својот фејсбук профил изрази почит по повод 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Како што наведува Мицкоски, Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода, а славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат. „Македонија не е само држава, туку и наша судбина, и мора да биде наша иднина. Таа е изградена од саможртвата на ...
Познатиот инвеститор Ворен Бафет иако има 94-години, во саботата на годишното собрание на акционерите на Беркшир Хатавеј ја шокираше арената полна со свои акционери објавувајќи дека сака да се пензионира на крајот од годината. Претходно, 94-годишниот инвеститор отсекогаш велеше дека нема планови да се пензионира. Бафет рече дека ќе му препорача на одборот на „Беркшир Хатавеј“, Грег Абел да стане извршен директор на крајот од годината. – Мислам ...
На 02.05.2025 година во 16.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците Ресавска и Народен фронт во Кавадарци , се случила сообраќајна несреќа во која што мопед марка „хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички управуван од Д.Ѓ. (22) од Кавадарци се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) исто ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и ...
Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Како што информира ТАВ Македонија, за Барселона полетаа 161 патник, а за Лион 180. Со музика и со сангрија беа испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион. На релацијата Скопје – Барселона – Скопје, „Виз ер“ ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој ...