Како што старееме, одржувањето на здравјето на мозокот станува сè поважно. Освен исхраната и движењето, она што го пиеме има големо влијание и врз концентрацијата, меморијата и расположението. Иако е познато дека газираните сокови и енергетските пијалоци можат да имаат негативни последици, постојат и пијалоци кои содржат корисни материи за мозокот. Експертите, како што се нутриционистите и диететичарите Варша Катри и Крутика Нанавати, издвоија ...

На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денес започнува Претседателството на Северна Македонија со Стратегијата и Јадранско-јонската иницијатива, министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари билатерални средби со министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и со Жил Кител, раководител на одделот за Инструментот за претпристапна помош и проширување при ...

Оризопроизводителите од населените места во општина Чешиново-Облешево денеска излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадоволството од актуелните политики на почетокот на сеидбата. На протестот земјоделците изнесоа три барања за кои очекуваат брзо исполнување од надлежните институции, а го повикаа премиерот Христијан Мицкоски на средба со нивни ...

Европскиот парламент го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од 8 милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“. – Европската автомобилска индустрија се соочува со невиден притисок од надворешни и внатрешни предизвици, како што се нарушување на конкуренцијата и високите трошоци за енергија, ...

Итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот на стоки, бара Стопанската комора од надлежните институции во Косово, откако доби информација од извозници дека неоправдано се задржуваат македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи. Комората, како што соопшти, испратила официјален допис до надлежните институции ...

За време на неодамнешно интервју, американскиот претседател Доналд Трамп повторно го изрази својот интерес за преземање на Гренланд, со што ја оживеа контроверзната идеја од неговиот прв мандат. Паралелно, на американските разузнавачки агенции минатата недела им беше наредено да ги интензивираат шпионските активности поврзани со Гренланд, како и движењата таму што ја поддржуваат независноста на оваа самоуправна данска територија. Според ...

Остатоците од руски дрон паднаа врз станбена зграда во Киев. Две лица беа убиени, неколку беа повредени. Две лица загинаа, а неколку други се повредени во рускиот напад врз Киев откако остатоци од дрон паднаа врз станбена зграда во градот, соопштија денес спасувачките екипи и градоначалникот Виталиј Кличко. Пожари избувнаа во неколку области на украинската престолнина. Кличко напиша на мрежата Телеграм дека остатоците од руски дрон паднале врз ...

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц ги повика САД да не се мешаат во германската политика кратко време по неговиот избор. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост за развојот на настаните во Газа во медиумските настапи по неговиот избор на функцијата во вторник. Тој рече дека Израел има право да се брани, но дека мора да го почитува меѓународното право. Тој, исто така, ги повика САД да не се мешаат во германската политика и рече ...

Членството на Украина во Европската Унија може да биде најсилната безбедносна гаранција за Киев, нагласи денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур. Во дискусија за војната во Украина, таа исто така предупреди дека лошиот договор за прекин на огнот може да доведе до нова нестабилност и неизвесност. На 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, ...

Остра смрдеа се почувствува во вторник вечерта во студентски дом во Идштајн (Хесен), Германија. Пристигнаа пожарникари и амбулантни возила со голем број полицајци. Околу 21:35 часот, бил упатен итен повик поради силен и непријатен мирис во скалите. Покрај тоа, неколку луѓе се пожалија на иритација на дишните патишта. Непрепознатлив мирис Кога првите противпожарни единици од Идштајн пристигнале на местото на настанот, сè уште имало непрепознатлив ...

Лидерите на САД, Русија и Обединетите нации упатија апели за воздржаност откако Индија изврши ракетни напади врз неколку цели во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на смртоносниот напад од 22 април во кој загинаа 26 цивили. Contents Воената ескалација меѓу двете нуклеарни сили предизвика загриженост во меѓународната заедница, а Вашингтон, Москва и ОН повикаа на деескалација и отворени канали за дијалог. „Ова е срамота“ ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување странски инвестиции и тоа е еден од главните начини за подобрување на економијата, отворање на нови работни места и модернизација на државата, се вели во соопштението на партијата. „Најавена е инвестиција помеѓу половина милијарда и една милијарда, средства кои ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионална и експресни патишта. Дел од тие патишта ќе бидат реконструирани, а дел ќе ...

Зајакнување на царинската соработка помеѓу Македонија и Турција за што ќе се потпишат и меморандуми за соработка, воспоставување директни комуникациски канали помеѓу Секторите за контрола и истраги, размена на информации во реално време и креирање заеднички профили на ризик за специфични стоки. Ова е договорено на вчерашната средба во Анкара со министерот за трговија на Турција Омер Болат и директорите на Директоратите за Царина и Царинска ...

Во најновите вести од нашата правна пасарела, гламурозниот свет на македонската елита добива ново ВИП дополнување! Господа и дами, ставете ги вашите дизајнерски очила за да ја видите блескавата правда на дело! Запознајте ја колекцијата “Закони 2025” – Ултра флексибилна, се прилагодува на секој џеб! За обичните граѓани доаѓа во крута, непопустлива варијанта, додека за привилегираната класа имаме посебна линија со растеглив материјал што се ...

Литванија и Латвија официјално го забранија летот на авионот од Србија до Москва на 9 мај, во кој требаше да биде и српскиот претседател Александар Вучиќ, пишуваат српските медиуми. Литванија изјави дека причината за забраната е од техничка природа, но и поради „дипломатска чувствителност“. Поради, како што наведуваат, „политичка чувствителност за целта на летот“, латвиските власти го забранија прелетувањето на српскиот авион. Министерството за ...

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде времето утре. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, со силен ветер од над 60 километри на час и со изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од ...

Средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата Вреди, Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими се одржа доцна попладнево во Владата. Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и за промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. „Граѓаните нема да бидат разочарани. Разговорите ...

Сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмил Јахоски, кој е осомничен за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е ослободен од притвор. На Јахоски му е определена мерка на претпазливост и му е одземена патната исправа. Апелација ја уважи неговата жалба, прифаќајќи парична гаранција и недвижен имот. „Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција ...

Во сржта на современото општество се случува тивка, но разорна инверзија на вредностите: неписмените ги тролаат писмените, а моќта се црпи исклучиво од функцијата добиена преку партиска книшка. Но што навистина настанува кога овој феномен станува општествена норма? Настанува систематско разградување на институциите. Кога на чело на образовни, културни или државни институции се поставуваат луѓе не според нивната стручност, туку според нивната ...

Израелската армија денеска нареди итна евакуација на жителите од околината на Меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана. „Ако не го напуштите подрачјето, ги загрозувате своите животи“, објави портпаролот на израелската армија, Авичај Адреи, на социјалните мрежи. Израелската армија вчера бомбардираше објекти на бунтовничкото движење Хути. При нападите врз клучното пристаниште Ходеида на Црвено Море, загина најмалку едно лице, а 35 се ...

Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц е избран за канцелар во вториот круг на гласање во Бундестагот, откако неговиот сојуз со социјалдемократите изненадувачки беше поразен во првиот обид. За шест гласа не успеа првиот обид Фридрих Мерц да биде избран нов канцелар на Германија утринава, 6 мај, во германскиот Бундестаг. Првпат во историјата на Германија се случува земјата да не избере канцелар. Неуспехот на Мерц веднаш да ја добие ...

Седумгодишно дете вчера ја прегазило сестра си со автомобил. Девојчето е тешко повредено, соопшти полицијата. „На 5.5.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општата болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 10-годишна малолетничка од од село Алданци, Крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот 7-годишен брат случајно го стартувал возилото форд галакси, со клучот кој бил на ...

На 9 и 10 мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Организатор на овој престижен меѓународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ). Свеченото отворање ќе се одржи на 9 мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton, а конгресот ќе продолжи на 10 мај во ...

Веќе легендарната платформа за интернет-разговор на „Мајкрософт“ – Скајп (Skype) замина во историјата. Постоечките корисници на Скајп ќе можат бесплатно да се префрлат на Мајкрософт тимс (Microsoft Teams), користејќи ги нивните имиња и лозинки за најавување. Така, и нивните контакти и историјата на разговори ќе се префрлат на другата платформа. Исто така, треба да се напомене дека корисниците имаат рок до јануари 2026 година да ги префлат своите ...

Десет службени лица, меѓу кои тројца од Бирото за јавни набавки, се осомничени дека ја оштетиле подружницата АД ЕСМ-РЕК Битола за 2,9 милиони евра кршејќи елиминирајќи една од понудите за јавна набавка за ископ на јаловина во централата РЕК Битола, соопшти Основното јавно обвинителство Битола. „Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите ...

Воспоставување на соработка помеѓу Охридската локална самоуправа, конзуларните претставништва, бизнис секторот и промоција на професијата Конзул, беа целите на настанот „Конзулски мозаик“ кој се одржа денеска во Општина Охрид. На настанот свое обраќање пред присутните дипломати и гости имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. -Чест и задоволство ми е што денес сме собрани тука, во срцето на Охрид – градот кој како жив ...

Во насока на развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објавениот Јавен повик. Во обуката беа вклучени жени и девојки од Охрид кои имаат намера да започнат свој бизнис или веќе водат сопствен бизнис не подолго од три години. Неколкудневната обука се реализираше во просториите на Касарна-Хаб, а нејзината цел беше ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ денеска во Пула потпишаа Меморандум за пријателство и соработка. Со овој дипломатски документ, двете локални самоуправи се обврзуваат во рамките на своите можности и надлежности, да воспостават соработка во областите на делување и тоа: економија, култура, образование, туризам, наука и истражување, ИТ технологии, младински прашања, здравство и ...

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ” бр.27/14,199/14,48/15,154/15,5/16,142/16,11/18 и Сл.Весник на РСМ бр.14/20,99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и соджината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведеување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за ...

Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC) ќе ја остави клучната каматна стапка непроменета на состанокот кој започнува денес и завршува в среда, е оценка на американските аналитичари. Претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, постојано го отфрла притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на клучната каматна стапка со цел да се стимулира економскиот раст. Како што објасни Пауел, централната ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
81%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
71%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.77
67%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.35
98%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
53%
1022
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1024
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1025
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941