
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Во текот на ноќта избувнаа немири во атинската населба Ексархија, откако непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициска станица во квартот. Запалени се неколку паркирани автомобили и мотоцикли. Интервентната полиција која пристигна на местото на инцидентот употреби солзавец за да ги растера учесниците во нападот. Според грчката телевизија EPTNews, која се повикува на безбедносни извори, уапсени се повеќе од ...
Еден од најозлогласените италијански бандити, Грацијано Месина, почина од рак во саботата во болница во Милано. 83-годишникот од летото 2021 година отслужува 24-годишна затворска казна за трговија со дрога. Тој беше познат главно по неговите драматични бегства од затвор. Успешно избегал низ областа најмалку десет пати. Грацијано Месина, кој е роден на Сардинија, е еден од најпознатите криминалци на Сардинија, од кого луѓето истовремено го ...
Судан го призна Косово, потврди косовската претседателка Вјоса Османи, најавувајќи воспоставување дипломатски односи. Веста за признавањето Османи ја соопшти по средбата со министерот за надворешни работи на Судан, Али Јусеф Ал Шариф, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, пренесува КоСсев. – Ми беше чест и задоволство да се сретнам со министерот за надворешни работи на Судан. Суданскиот министер ја истакна важноста на оваа одлука, ...
Во рамките на учеството на Анталија Дипломатскиот форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари низа билатерални средби, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „На маргините на форумот, тој се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на ...
Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 350-те вонредни засилени контроли пред велигденските празници како небезбедни уништија 1.230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други производи, информираат од АХВ. За утврдените недоследности со вонредните контроли на операторите со цел ...
Премиерката на Исланд Криструн Фростадотир изјави дека нејзината земја ќе одржи референдум за влез во Европската унија до 2027 година. Во интервју за телевизијата Еуроњуз, таа нагласи дека одлуката за организирање на референдум е директно поврзана со промените во глобалното безбедносно опкружување, вклучувајќи ја војната во Украина и сè поагресивната политика на САД на Арктикот. Таа особено укажа на изјавите на американскиот претседател Доналд ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите за примирје меѓу Русија и Украина „одат добро“, но нагласи дека решението мора да дојде наскоро. – Доаѓа момент кога или треба да покажеш што можеш или да замолчиш. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека работите одат добро – изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан. Коментарите на Трамп следуваа по состанокот на високо ниво во Русија, каде што неговиот ...
САД од Украина побарале контрола врз транзитниот гасовод на „Гаспром“ што минува низ украинска територија и ја снабдува Европа, јави Њујорк тајмс, повикувајќи сè на извор запознат со преговорите за минерални ресурси. Барањето било вклучено во последната верзија од договорот за експлоатација на украинските ресурси како „велигденско јајце“. САД сакаат гасоводот да премине под контрола на американската Агенција за меѓународно финансирање за развој ...
Англичанката Аманда Браун (50), мајка на две ќерки, била задржана во полиција 7,5 часа затоа што им ги одзела таблетите на ќерките за да се фокусираат на училишната работа. Полицијата ја уапсила под сомнение дека извршила кражба,, објави британски Експрес. Весникот наведува дека полицијата сега признала дека Браун имал право да им ги одземе таблетите на ќерките, но дека не се извинила. Од полицијата велат дека 40-годишен маж пријавил кражба на ...
Нуклеарните преговори меѓу Иран и САД, за запирање на ескалацијата на иранската нуклеарна програма, траеја 2 часа и може да продолжат на 19 април, објавија иранските државни медиуми. Разговорите во Мускат, главниот град на Оман, се одржаа во посебни простории со официјални лица од Оман кои пренесуваа пораки до иранската и американската делегација. Според извештаите на иранските државни медиуми, втората рунда разговори најверојатно ќе се одржи на ...
Неидентификуван маж денеска пуштил иритирачки гас во музејот на минијатури во германскиот град Хамбург, една од најпознатите туристички атракции во овој северногермански град, пренесе ДПА. При инцидентот повредени се 46 лица, соопшти портпарол на полицијата, додавајќи дека тие добиле лесна иритација на дишните патишта. Едно лице е префрлено во болница. Пожарникарската служба ја евакуирала зградата во квартот „Шпајхерштат“, но половина час ...
Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради силни ветрови и песочни бури. Двата големи меѓународни аеродроми – Пекинг Капитал и Дасин – откажаа вкупно 693 летови. Бурите, придружени со ветрови од над 140 км/час, урнаа стотици дрвја, оштетија автомобили и некои постари објекти во кинеската престолнина. Истовремено, беа издадени предупредувања за дополнително ...
За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри, а надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ). – Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба – велат од Министерството. Според податоците на ...
Основното јавно обвинителство Кочани ja прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со нови 19 лица. Сите се осомничени за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Државното обвинителство. МВР исто така информираше дека во координација со кочанското обвинителство, против 19-те лица е поднесена кривична пријава. Според Обвинителството станува збор за службени ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше односот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „неодговорен и опасен“, јави Анадолија. Орбан ја даде оваа изјава по средбата со претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, што се одржа на маргините на 4. Дипломатски форум во Анталија. – Постапките на Брисел кон Западен Балкан, вклучително и поткопувањето на демократски избрани ...
Електронските уреди ( телефоните, компјутерите, чипови ) увезени во САД ќе бидат ослободени од реципрочните царински стапки што ги постави американскиот претседател Доналд Трамп на остатокот од светот и посебно за Кина, се наведува во ново упатство издадено од американската Царина и граничната заштита (ЦБП), пренесе Си Ен Ен. Ова е последната информација од серијата објавени за царините, откако на претседателската функција во САД застана Доналд ...
По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство. Оттаму додаваат дека надлежните институциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек. Медиумите објавија дека со новата акција опфатени се актуелен министер, директор и поранешни ...
Полицијата од Кичево во раните утрински часови го приведе И.Ј.(34) од Скопје, затоа што возел пијан на магистралниот пат А2. Проверката покажала дека тој имал 2,26 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”. Лимитот на дозволено количество на алкохол во крвта е 0,5 ...
Делегациите на САД и Иран денеска ќе се сретнат во Оман на разговори за новиот нуклеарен договор. Договорот од летото 2015 година, кој му понуди на Техеран олабавување на санкциите во замена за олабавување на неговата нуклеарна програма, беше повлечен од САД за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп во мај 2018. Трамп се заканува со напади во случај на неуспешни преговори. Според странските агенции, целта на разговорите меѓу ...
НАТО е загрижен дека Русија наскоро би можела да распореди нуклеарно оружје во вселената, според извештај објавен денеска во весникот „Велт ам Зонтаг“. ДПА пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави за весникот дека НАТО е свесен дека Русија размислува да испрати нуклеарно оружје во вселената. Тој ги нарече сегашните способности на Москва во вселената застарени и неспоредливи со оние на Западот. Затоа, Руте додава, развојот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени. Во Скопје, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Западен Балкан не е проблем што треба да се менаџира, туку регион подготвен за напредок – не периферија, туку суштински дел од европската сегашност и иднина, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во обраќање на панел-дискусијата „Регионална одговорност за просперитетна иднина на Балканот“, во рамките на 4. издание на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува во Анталија, Република Турција. Муцунски ја ...
Долгорочната цел на американскиот претседател Доналд Трамп Америка да го добие Гренланд премина од реторика во официјална американска политика, а Белата куќа разви официјален план да го добие тој арктички остров од Данска, пишува денеска Њујорк Тајмс. Според планот на Трамп, пишува американскиот весник, САД треба да дојдат до анексијата на Гренланд повеќе со „убедување“, а не „со инвазија“. Администрацијата на САД ја исклучува можноста за воено ...
Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор. Келог предложи британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу тие зони да бидат украинските сили и демилитаризирана зона, пишува „Тајмс“. Келог, кој има 80 години, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговиот физички преглед поминал добро, дека имал когнитивни и срцеви тестови и дека смета дека извештајот ќе биде објавен во недела, коментирајќи го пазарот на обврзници, како и тарифите. – Помина, мислам, добро… секој тест што можете да го замислите, бев таму долго време, годишниот преглед – им рече Трамп на новинарите во Air Force One за физичкиот. Трамп, исто така, рече дека направил ...
Некои бои на очите се толку ретки што само неколку луѓе во светот ги имаат – и секоја од нив крие своја уникатна приказна за светлина, пигмент и генетика. Очите се сметаат за најизразен дел од лицето. Во нив често препознаваме емоции, расположение, дури и вистинитост. А освен тоа, тие се и исклучително разновидни – а бојата на очите е една од оние карактеристики кои веднаш привлекуваат внимание. Додека поголемиот дел од светската популација има ...
Данска ја продолжува контролата на границата со Германија за дополнителни шест месеци, бидејќи терористичката закана против Данска останува сериозна, објави доцна во петокот данското Министерство за правда. Заканата потекнува од милитантните исламисти и е последица на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството. „Терористичката закана против Данска е сериозна. Ова ми покажува дека мора да продолжиме внимателно да размислуваме кому ќе ...
Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е подвижен празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај ...
Бомба експлодираше вечерва пред објектот во кој се наоѓаат канцелариите на грчката компанија Hellenic train во центарот на Атина, а на експлозијата и претходеа два предупредувачки телефонски повици во два медиуми. Анонимно лице се јавило во информативниот портал „Зугла“ и во весникот „Ефимерида тон синдактон“ и дало временски период од 35 – 40 минути и потенцирало дека не станува збор за фарса. По телефонските повици, полицијата го евакуираше ...
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се ...