Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за следен канцелар на земјата во првиот круг гласање во парламентот. Лидерката на АфД, Алис Вајдел, рече дека резултатот, според кој на Мерц му недостигаа 6 гласа од потребното апсолутно мнозинство, ја покажал „слабата основа“ врз која е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите. – Мерц беше ...

Москва ќе одговори соодветно ако Киев продолжи со обидите да ја нападне Русија за време на Денот на примирјето во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. – Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празникот е актуелна. И соодветните инструкции беа дадени од Врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на ...

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека речиси цела Европа води војна против Русија под нацистички знамиња. – Европа сега го поддржува отворено антирускиот режим на Зеленски кој организира факелијади, фрла борци со шеврони од нацистички дивизии на ракавите во мелница за месо и, исто како во операцијата „Незамисливо“, се заканува дека ќе ѝ нанесе стратешки пораз на Русија на бојното поле – рече Лавров на церемонијата на ...

Српската полиција во Обреновац трага по автомобил „фиат пунто“ кој го украл маж од бензинска пумпа, пренесува српски Телеграф. Во моментот на крабежот, во автомобилот имало 12-годишно девојче. Телеграф пренесува дека 26-годишна жена управувала со автомобилот на нејзиниот татко со девојчето во него, и застанала на бензинската пумпа. Во еден момент отишла да плати за гориво, оставајќи ги клучевите и девојчето во автомобилот, а непознат маж го ...

Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ. – Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков – изјави градоначалникот Ихор Терехов. Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска ...

Министерството за енергетика прифати амандмани поднесени од сите пратенички групи за Законот за енергетика. Се очекува тој да биде донесен во текот на месецов. Предлог-законот за енергетика, како едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ, го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии. Во фазата на второто читање остана разгледување на текстот на Дополнетиот предлог на закон за енергетика на седница ...

Интензивна соработка помеѓу двете министерства во областа на даночната политика и борбата со финансискиот криминал е договорена на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек, на која присуствуваа и директорите на УЈП Елена Петрова и на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. Даночните управи, како што е договорено на состанокот во Министерството за финансии ...

СКОПЈЕ, ДЕНЕС – Во период кога цената на градежните материјали достигнува рекордни нивоа, две најголеми политички партии во земјава започнаа невидена инвестиција во “огради” и “оградувања”, создавајќи нов национален спорт. ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално повика СДСМ да се “огради” од својот член-наркодилер кој, замислете, се фотографирал со претседателот на партијата Венко Филипче. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изјави: “Бараме оградување по сите ...

Почнувајќи од јули, сите трговци на мало во Бугарија ќе бидат обврзани да ги прикажуваат цените во левoви и во евра, објави Новините. Оваа мерка ја потврди заменик-министерот за економија Николај Павлов кој нагласи дека конверзијата мора да се базира на фиксен девизен курс од 1,95583 лева за едно евро. Според законот за воведување на еврото двете валути мора да бидат јасно и прецизно претставени на сите ценовници, при што ниту едната не е ...

Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој најавува изградба на брза пруга која во патничкиот сообраќај ќе се движи од 160 до 200 километри на час, а во карго превозот со максимална брзина до 120 километри на час. – Сакам да имаме пруга која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на ...

Украина лансираше повеќе од сто дронови на руска територија во ноќта помеѓу понеделник и вторник, насочени кон Москва и нарушувајќи го работењето на десетина аеродроми, соопштија руските власти. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пријави нови напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Според него, силите за воздушна одбрана собориле најмалку 18 дронови на пат кон Москва од различни насоки, објави Собјанин на Телеграм. Делови ...

Судијката на Обединетите нации и екс-удијка на Високиот суд на Уганда, Лидија Мугамбе (50), е осудена на шест години и четири месеци затвор во Велика Британија поради експлоатација на млада жена од Уганда како домашна робинка, пишува „Гардијан“. Пресудата ја донесе Оксфордскиот крунски суд, кој ја прогласи Мугамбе за виновна за повеќе кривични дела, вклучувајќи принудна работа, трговија со луѓе и заплашување сведок. Мугамбе, која спремала ...

Претседателот на Романија во оставка, Илие Боложан, го именуваше Каталин Предоју за в.д. премиер на земјата. Тој претпладнево го потпиша декретот за именување на Предоју за в.д. премиер на Романија кој ќе остане на функцијата до формирање на новата влада, објави Франс 24. Ваквиот потег на Боложан доаѓа по вчерашната оставка на премиерот Марсел Чолаку. Националниот политички совет на романските социјалисти одлучи партијата да ја напушти ...

Дали желбата на администрацијата на Трамп повторно да го претвори Алкатраз во затвор е изводлива? Колку би чинело тоа и зошто експертите се прашуваат што се случува? Алкатраз, познат и во американската јавност како „Карпата“, не е затвор со децении. Денес тоа е историски споменик што го посетуваат милиони туристи секоја година. Но, американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека затворот би можел повторно да се отвори и да се користи за ...

Палестинското исламистичко движење Хамас повеќе не гледа смисла во нови мировни преговори со Израел, изјави висок претставник на движењето, еден ден откако израелскиот кабинет за безбедност одобри план за проширување на воените операции во Газа. Тој ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел. „Нема смисла да се продолжуваат разговорите или да се разгледуваат нови предлози за прекин на огнот сè додека војната на гладот и ...

Еден од најпознатите ватиканисти, професорот по ватиканска геополитика, Пјеро Скијаци, разговараше со нашиот Борн Шмер за конклавата што започнува утре во Ватикан. Професорот Скијаци тврди дека оваа конклав ќе биде различна од другите. „Сега геополитиката е поважна од идеологијата. Честопати предвидуваме кој ќе биде следниот папа – нè интересира дали ќе биде традиционален или прогресивен. Но, сега тие категории се застарени бидејќи во меѓувреме ...

На 05.05.2025 околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција. При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки. Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде ...

Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена претходна постапка поднесе обвинение против 59-годишник, кој се товари за полов напад врз малолетник. Кривичното дело го извршил минатото лето. Како што информира Јавното обвинителство, обвинетиот на 24 август 2024 година во парк во населбата Чаир извршил полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило ...

На улицата Елена Ѓика во Дебар вчера во 17.35 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал С.М. и со алкотестирање констатирале дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта. „Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и ...

На социјалните мрежи се појави видео снимка која предизвика вознемиреност и загриженост кај јавноста – на неа јасно се гледа како патничко возило се движи во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци. На видеото, снимано од друг учесник во сообраќајот, се гледа како возило марка „голф“ вози во левата сообраќајна лента, директно спротивно на правецот на движење на другите автомобили. Автопатот Скопје-Тетово е еден ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамките на 10-тиот Годишен форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), денеска во Грција, учествуваше на Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет и на Панелот на министри за ЕУ фондови, каде имаше свое обраќање. На Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет, министерот Муртезани ја истакна важноста од засилување на регионалната соработка во услови на сè ...

Личноста на пчелите влијае на нивното однесување при убод. Додека некои сè уште се двоумат, други веќе бодат. Ова го откриле истражувачи од Универзитетот во Констанц. Не сите пчели се исти кога станува збор за каснување – овие инсекти имаат различни тенденции во однесувањето кога станува збор за одбрана. Ова го утврдиле научници од Универзитетот во Констанц, кои ги проучуваат феномените на колективно однесување. Резултатите од нивната тековна ...

Одложувањето нè мачи речиси сите нас, иако некои признаваат дека редовно ги одложуваат задачите до последен момент – или воопшто не ги завршуваат. Некои студии покажуваат дека околу 25% од возрасните, па дури и 80% од учениците, постојано одложуваат. И иако постојат многу причини зошто ги избегнуваме задачите, едно изненадувачко објаснување лежи во осаменоста. Осаменоста не е исто што и физичката осаменост – тоа е субјективно чувство на ...

Денес, познатиот хрваски научник и универзитетски професор, македонистот Златко Крамариќ, повторно е во Македонија. Гостува на манифестацијата „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, со промоција на неговата најнова книга во превод на македонски јазик „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“. Станува збор за книга што проблематизира актуелни идентитетски прашања. Во изданието што е исклучително значаен влог за македонистиката и ...

Преговараме со „Визер“ да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското крајбрежје за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, изјави министерот за транспорт Александар Николоски. -Будимпешта – Скопје, беше единствената линија за која „Визер“ добивале ...

Една африканска земја ја испечати најголемата банкнота во светот, која е доволно голема за лесно да покрие просечен лаптоп. На почетокот на годината, светот на нумизматиката постигна нов светски рекорд. Банкнотата издадена од Централната банка на Бурунди ги надмина сите претходни по големина. Банкнотата од 10.000 бурундиски франци има импресивни димензии од 400 × 288 милиметри и лесно покрива просечен лаптоп. Музеј на банкноти – најголемата ...

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, денес ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Ова за N1 го потврди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ. Како што е најавено, Конаковиќ ќе има средба со него во Министерството за надворешни работи на БиХ, по што ќе следи заедничка вечера. Исто така, се очекува посета на Претседателството на БиХ. Лами претходно нагласи дека Велика Британија им дава ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли загриженоста дека фотографијата за него како следен папа, генерирана од вештачка интелигенција, е навредлива за католиците. Контроверзната фотографија беше објавена на профилот на Трамп на социјалната мрежа Трут сошл во петокот. Не е познато дали ја објавил тој или некој од неговите соработници. Фотографијата предизвика поделени реакции. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци рече дека тоа е ...

Министерството за образование на САД го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари во грантови за истражување и друга помош сè додека универзитетот не се согласи со низа барања од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави висок функционер на одделот. Харвард стана цел на администрацијата поради обвинувања за антисемитизам на кампусот за време на протестите на пропалестинските организации. Во последните ...

Лидерот на германските христијански демократи (CDU), Фридрих Мерц, не го доби потребното апсолутно мнозинство гласови за да биде избран на функцијата канцелар на денешниот прв круг гласање во Бундестагот. За Мерц гласаа 310 пратеници, но за да биде избран ќе му бидат потребни најмалку 316 гласови. Седницата беше привремено прекината. На Фридрих Мерц му беше потребно апсолутно мнозинство за да биде избран, што е најмалку 316 гласови во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
81%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
71%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.77
67%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.35
98%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
53%
1022
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1024
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1025
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941