Најмалку 13 цивили се убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади на индиската страна од спорниот регион Кашмир, објави денес индиската влада нов биланс на жртви од конфликтот. Повеќето од цивилите се убиени во село на северозапад, по должината на „линијата на контрола“ што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи. Според најновите податоци, на пакистанска страна загинале најмалку 31 лице. ...

Петмина вработени во основно училиште во Токио се полесно повредени откако двајца мажи упаднале во една од училниците, објавија утрово јапонските медиуми, без да прецизираат дали има жртви меѓу учениците. Полицијата уапси двајца мажи кои скршиле прозорци и влегле во училница со ученици на возраст од седум до осум години, објави телевизијата Фуџи, повикувајќи се на полициски извори. Инцидентот се случил во училиште во западниот дел на јапонската ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес, 80 години по победата над нацистичка Германија, дека руското „зло“ мора да се „бори“ и рече дека парадата во Москва ќе биде „парада на цинизам и лаги“. „Мораме да се бориме заедно, решително, силно“, рече Зеленски во говор објавен на социјалните мрежи. Тој, исто така, ги осуди комеморациите што Кремљ со голема помпа ги организира утре во Москва. „Тоа ќе биде парада на цинизам и лаги“, рече ...

Кардиналите-избирачи влегоа во Сикстинската капела, каде наскоро ќе започне конклавата за избор на 267-миот папа, објави АНСА. По влегувањето, кардиналите застануваат на своите места, каде што веќе се подготвени материјалите за гласање. Масите, покриени со кафеави покривки и украсени со црвени драперии, се распоредени во четири реда – два од десната и два од левата страна. Кардиналите ќе положат заклетва, по што ќе биде изречена традиционалната ...

Илјадници верници се собрани на плоштадот Свети Петар во Рим, чекајќи да се појави чадот од тесниот оџак на покривот на капелата, на крајот на денот богат со ритуали и славење. Повеќе од две недели по смртта на папата Франциско, 133 кардинали во Сикстинската капела ја почнаа денес конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, која може да трае со часови, денови, па дури и месеци. Со кардинали од 70 земји од пет континенти, оваа ...

Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски, пренесува ТВ21. Таравари не прецизираше кои ќе бидат следните чекори – дали ќе останат во Владата или не – но кратко рече дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните одлуки. – Имавме состанок со премиерот пред два дена, ќе продолжиме со разговорите и сме во ...

Министерот Зоран Љутков неодамна од Охрид поетично изјави дека “туризмот не треба да се третира само како извор на девизен прилив, туку како платформа за регионален развој, креативна економија и долгорочна меѓународна видливост”. Прекрасни зборови – како да се прочитани од брошура за туризам од 1995 година, дури и со истите избледени фотографии. Единственото што министерот заборавил е што всушност значи поимот “туризам”. Точно е дека туризмот ...

Пакистан предупреди дека го задржува правото да одговори на Индија „во време, место и начин што таа ќе го избере“ за да се одмазди за загубата на цивилни животи и „кршењето“ на нејзиниот суверенитет, повикувајќи се на Член 51 од Повелбата на ОН, пишува Би-Би-Си. Вооружените сили на земјата, се вели во соопштението, се „целосно овластени“ да спроведуваат „соодветни дејствија“. Соопштението уследи по состанокот на Комитетот за национална ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот. Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала. Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок. Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за руски медиуми ...

Новата германска федерална влада, предводена од канцеларот Фридрих Мерц, одлучи значително да го намали бројот на комесари, специјални претставници и координатори. Меѓу позициите што ќе бидат укинати е и функцијата на специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан. Според документот за резолуција објавен од „Билд“, владата планира да укине вкупно 25 позиции на својата прва седница. Одлуката опфаќа широк спектар на позиции, ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија. Како што информираа од Кривичен, Советот за оценка на обвинителен акт постапувајќи по Обвинителниот акт во јавноста познат како „Адитив“, по ценење на наводите, како и приговорите на обвинението, донесол ...

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето утре. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. ...

Од 2006 година заклучно со 2024 та, преку извршители се наплатени фантастични скоро 2,1 милијарда евра. Годишниот извештај на Комората на извршители покажува дека лани од должниците, фирми, граѓани и држава, биле наплатени 160,6 милиони евра со 44,15% реализација на извршните решенија, што претставува највисоко ниво од 2020-та година, пишува Порталб.мк. Во најава се нови законски измени кои треба да водат кон намалување на трошоците за ...

Планот на Владата за зголемување на приходите по глава на жител на 10.000 долари ќе зависи од стапката на раст, а за повисоки приходи треба да се работи на квалитетно образование, конкурентно опкружување и поголема енергетска ефикасност, оцени денеска Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. – Зависи сепак од стапката на раст, ако е многу голема стапката на раст, отприлика 10%, тогаш БДП се удвојува за 7 ...

Кремљ ја оцени како апсурдна одлуката на властите во Полска и во балтичките држави да им забранат прелет на авионите со кои српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо треба да отпатуваат во Москва на одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот. – Како може да се коментира ова? Земјите продолжуваат со својата апсурдна политика, полна со русофобија, и ја проектираат оваа политика дури и врз своите колеги ...

Кремљ денеска соопшти дека ги презема „сите потребни мерки“ за да обезбеди сигурност за време на прославата на Денот на победата во Москва, вклучително и ограничување на пристапот до интернет услугите во градот заради заканите од Украина, за што беше побарано разбирање од граѓаните на руската метропола. – Тоа не се дефекти. Тоа се ограничувања во работењето на мобилниот интернет од очигледни причини. Секако, треба да се однесуваме кон ова со ...

На словенечките играчи на Евроџекпот им се ветени нови награди. Сите оние кои ќе депонираат барем една комбинација во Словенија за тековното коло автоматски ќе учествуваат во дополнителното извлекување на бонус рундата, каде што секој петок и вторник ќе се делат 20 денари добивки од по 1.000 евра. Играчите на популарната меѓународна игра Евроџекпот во Словенија ги чека важна вест. Отсега, тие автоматски ќе бидат вклучени во извлекувањето за ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. „На 5 мај утрото двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, по што го внеле во нивниот автомобил БМВ Х5. Во возилото и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници по главата и лицето и барајќи од ...

ПН Метал Климатизација претставува: HPS Серија – Модел HP12S СУПЕРИОРНА ЕФИКАСНОСТ ЗА ВАШИОТ ДОМ Contents Новиот врвен модел HP12S од HPS серијата на ПН Метал Климатизација донесува неверојатна енергетска ефикасност и врвни перформанси за вашиот дом. Со највисока енергетска класа А+++ за подно греење и А++ за радијаторско греење, HP12S е вашето решение за целосна климатизација со минимална потрошувачка на електрична енергија. РЕВОЛУЦИОНЕРНА ...

Вчеравечер во 21.30 часот на улицата Крушевска Република во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација. По ...

На иницијатива на Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид во текот на вчерашниот ден беше организирана Обука на Просторните сили на локално ниво за гасење пожари на отворен простор. Обуката беше реализирана од страна на тим на Одделението за обука при Дирекцијата за заштита и спасување и овластени лица од Општина Охрид. Покрај теоретски дел, обуката опфати и спроведување на практично показна противпожарна вежба. Со обуката беа опфатени ...

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски синоќа во СРЦ „Билјанини извори“ присуствуваше на отворањето на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ што се одржува по 26-ти пат во грарадов. Годинава настапија 38 изведувачи, а беа испеани 33 нови композиции. На отворањето во своето обраќање Божиноски истакна . – Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што вечерва учествувам на отворањето на детскиот музички фестивал ...

На 6 мај 2025 година, Македонското кредитно биро (МКБ) и Американскиот Универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка. Од МКБ велат дека меморандумот означува „почеток на една значајна институционална врска насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите“. Меморандумот го потпишаа директорот на Македонското кредитно биро м-р Тони Трајанов, ректорот на Американскиот Универзитет ...

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало од 2,7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0,6 %. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5,1 %, Облека и обувки за 1,5 %, Рекреација и ...

Министерството за енергетика, операторот на системот за пренос на гас „ Номагас“ и „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот кон Грција. „Рапид Билд“ ќе треба да го изгради гасоводот за помалку од 2 години, бидејќи во 2027 година кога треба да биде пуштен во употреба. Компанијата на вториот тендер понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на ...

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, ...

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц синоќа ја повика администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се „држи понастрана“ од внатрешната политика на Германија, откако неколку американски функционери ѝ дадоа поддршка на крајно десничарската партија АфД. Најавувајќи дека утре ќе го има својот прв телефонски разговор со Трамп, новиот германски лидер изјави за телевизијата ЗДФ (ZDF) дека сака да „ја охрабри и да ја повика американската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на неговата посета на Саудиска Арабија следната недела да објави дека САД ќе го нарекуваат Персискиот Залив – Арапски Залив, соопштија американски официјални лица. Персискиот Залив е познат под тоа име уште од 16 век, но употребата на името „Арапски Залив“ е доминантна во многу земји на Блискиот Исток. Арапските земји инсистираа на промена на географското име на Заливот, додека Иран ...

Најмалку 2 лица загинале, а шестмина се повредени во воздушни напади што руските сили ноќеска ги извршиле врз главниот град на Украина, Киев, објави Би-Би-Си. Според извештаите, сирените за предупредување од воздушни напади во Киев се огласиле нешто пред полноќ, по што за кратко време одекнале неколку силни експлозии. Тамошните власти велат дека дел од експлозиите биле звуци од руска балистичка ракета, уништена од системите за противвоздушна ...

Дојран пладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во моментов се движи нова нестабилна маса од Гевгелија кон Дојран, по што се очекува невреме со истите појави. „Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Во моментов нова нестабилна маса се движи од ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.39
74%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
74%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
54%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
83%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
47%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60