
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи одржување директни разговори со Украина во Истанбул на 15 мај, за кои рече дека треба да имаат за цел постигнување траен мир и елиминирање на коренските причини за војната. Неговата објава е неколку часа откако Киев и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник. Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Киев ѝ се ...
Утрово во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е уверена дека достапните докази ќе му овозможат на специјалниот трибунал за кривичното дело руска агресија да донесе брзи пресуди. Таа вчера во Лавов изјави дека не може да даде точен датум за првите пресуди, но дека документите што ги видела укажуваат дека трибуналот треба да започне со работа во 2026 година, кога треба да започне и судскиот ...
Познатиот продуцент Алесандро Марко Посати и докторот Антонио Чирла се во домашен притвор под сомнение дека со години силувале најмалку 6 жени под изговор дека снимале промотивни видеа за лажна гинеколошка ординација, и измамиле уште 135 да дојдат на лажни прегледи во Милано. Според обвинителството, од 2016 година, Посати и Чирла покануваат актерки и модели, нудејќи им паричен надомест од 150 до 500 евра за снимање едукативни видеа со цел да се ...
Во рамки на свечениот настан по повод 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ Колеџ Скопје најави повеќе настани со кои ќе се одбележи 20 годишнината од постоењето на Универзитетот. -На моја особена чест и задоволство би сакала да најавам дека по повод 20 години постоење, Универзитет Американ Колеџ ќе ја додели титулата Profesor Honoris Causa на професор д-р Светлана Мојсов, која е светски призната биохемичарка, професорка на Рокфелер ...
Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој рече дека траат внатрепартиските анкети, каде се оценуваат повеќе потенцијални имиња, а според него, тој што ќе најдобар на истите ќе биде иден прв човек на Скопје. -Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото, иако постојат и јавно се познати дел од имињата ...
Шпанската европратеничка од Европската слободна алијанса Ана Миранда Паз јавно повикa на парламентарните избори во Албанија кои се одржуваат утре да се гласа за Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција. Во својата видео порака Миранда вели дека од срце го поддржува Васил Стерјовски, кој се кандидира за пратеник во округот Корча на листата на Социјалистичката партија. – Васил не е само политичар, тој е посветен глас на сите ...
Новиот поглавар на Католичката црква, чие световно име е Роберт Франсис Превост, денес во разговор со кардиналите кои го избраа за папа во четврток, изјави дека го избрал црковното име Лав XIV затоа што претходниот носител на тоа име, папата Лав XIII (1810-1903), со својата историска енциклика „Rerum Novarum“ покренал социјално прашање во времето на Првата индустриска револуција. Таа енциклика од 1891 година, чие име значи „За нови работи“, со ...
Околу 160.000 луѓе во шпанскиот регион Каталонија беа предупредени да останат во затворен простор денеска откако пожар во индустриска зона предизвика токсичен облак од хлор да се прошири низ широка област, соопштија службите за итни случаи. Инцидентот се случил во крајбрежниот град Виланова и ла Гелтр, на околу 42 километри од Барселона. Пламените – веројатно предизвикани од литиумска батерија – ја зафатија зградата околу 2.30 часот наутро, ...
Шпанските власти апелираа до повеќе од 160.000 жители на пет општини во регионот Каталонија да не ги напуштаат своите домови поради токсичниот облак од хлор предизвикан од пожар во индустриско депо. „Доколку сте во погоденото подрачје, не го напуштајте вашиот дом или работно место“, се наведува во апелот на Цивилната заштита на социјалните мрежи. Апелот се однесува на жителите на општините на брегот, помеѓу Барселона и Тарагона. Пожарникарите ...
Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп Телевизион“, бил претепан пред хотелот „Шератон“ во центарот на Загреб, јавуваат српските медиуми. Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој ескалирал во физичка пресметка. „Телеграф“ објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката. Набрзо пристигнала брза помош и го однела ...
Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп. „По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на двете земји за користењето на здрав разум и големата интелигенција“, објави Трамп на мрежата Трут Соушл. Пакистанскиот министер за одбрана ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск денеска престојуваа во Киев за да ја потврдат поддршката за Украина и да се заложат за 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија, пренесе ДПА. Посетата имаше за цел да ја демонстрира европската солидарност пред тековната агресија на Москва. Во заедничко соопштение пред разговорите со украинскиот ...
Кинескиот вицепремиер Хе Липенг денеска Женева разговараше со американскиот секретар за финансии Скот Бесант за ублажување на трговската војна што ја нарушува глобалната економија, објави кинеската новинска агенција Синхуа. Средбата е организирана по неколкунеделите тензии поради зголемувањето на царините за кинески стоки од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за 100%. Трговскиот спор, заедно со одлуката на Трамп минатиот месец да ...
Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, изјави министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска престојуваше во Штип. Тој истакна дека не би имал што други да додаде, бидејќи истрагата трае. -Во овој момент истрагата трае, се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има ...
Загрепската полиција пронашла големи количини експлозиви, делови за оружје и муниција на имотот на 53-годишен маж во Доњи Ступник, соопшти во саботата Загрепската полициска управа. Полицијата се сомнева дека 53-годишен маж во областа Доњи Ступник, спротивно на одредбите од Законот за набавување и поседување оружје од страна на граѓаните, набавил големи количини експлозиви, делови за оружје и муниција, кои нелегално ги поседувал во куќата што ја ...
Европската Унија официјално се придружи на повикот на Соединетите Американски Држави, Украина и другите меѓународни партнери за целосен и безусловно прекин на огнот во Украина во траење од најмалку 30 дена, се наведува во соопштението за медиумите на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. „Европската Унија останува цврста во својата посветеност на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, врз ...
Возачот на „Тојотата“ загина во сообраќајна несреќа што се случи во градот Велики Борак во општина Барајево, откако неговиот автомобил беше удрен од воз, потврди Министерството за внатрешни работи за агенцијата Бета. Несреќата се случила во недела наутро околу 5:30 часот, кога возилото излетало од патот и застанало на преминот. Истрагата е сè уште во тек. Белградските медиуми претходно објавија дека станува збор за 30-годишен маж, кој прво ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го остварување на суверените права во одбрана на „братска нација“, објави денес KCNA. „Нашето учество во конфликтот беше праведно и во рамките на суверените права на нашата Република“, рече Ким. Тој исто така рече дека ги смета сите „храбри војници кои учествувале во операцијата Курск за херои“. Ким Џонг Ун, исто ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека потпишал извршна наредба со која се започнува првата програма за „самоиницијативна депортација на нелегални имигранти“. „Денес потпишав Извршна наредба за започнување на првата програма за самодепортација во историјата. Нелегалните странци кои ќе останат во Америка ќе се соочат со казни, вклучително и ненадејна депортација, на место и на начин што исклучиво ние ќе го ...
Испораките на оружје во Украина треба да престанат пред да се постигне договор за привремено примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за ABC News, наведувајќи дека Киев не е подготвен за непосреден почеток на преговорите. -Тие не се подготвени за непосредни преговори – рече Песков, негирајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е тој што одложува. Според него, Путин прави сè што може за да го реши проблемот и да ...
Штипското обвинителство води истрага против 5 лица за убиството на турски студент во Штип, соопштија оттаму. за сите осомничени се бара притвор. Според соопштението од Обвинителството, првоосомничениот е директен извршител на кривично дело „убиство“, а се гони и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. Останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“. ...
Eдинствена организација овлaстена за доделување и управување со GS1 бар кодовите во земјава GS1 Македонија вчера го одбележа 30-годишниот јубилеј од основањето. Во рамки на прославата во присуство на бројни претставници од деловната заедница, беше промовирана монографијата „30 години глобален јазик на бизнисот”, која го документира патот на организацијата во изминатите три децении. Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Стопанската ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска остро ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека сите кои верувале во спротивното сега се одговорни за своите заблуди. – Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мирот… и оние кои веруваа дека тој има желба за мир, сами се измамиле – изјави Макрон на прес-конференција со полскиот премиер ...
Индија и Пакистан ги остварија своите први контакти откако избувна кризата и разменија пораки, објавија светските агенции во саботата, а пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека Пакистан ќе разгледа мир доколку Индија ги прекине воените дејствија. Тој за „Џио њуз“ во саботата изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „топката е во дворот на Индија“, објави ДПА. „Војната не е наш приоритет и ...
Попладнево непознат маж со нож се шеташе и се закануваше по Широк Сокак во Битола. – Денеска (09.05.2025) на ул. Св.Кирил и Методиј во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски објект на ул. Широк сокак со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со ...
Вечерва околу 19 часот возач со автомобил прегазил и повредил девојче на скопскиот булевар Партизански одреди кај „Сити мол“. „Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански Одреди во Скопје патничко возило ‘мини морис’ со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа од Министерството ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада за Денот на победата во Москва биле засрамени. Словачкиот премиер Роберт Фицо се придружи на церемонијата на Црвениот плоштад како единствен присутен функционер од Европската Унија. „Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните функционери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“, рече ...
Мексико поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив. Веста ја соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. „Гугл“ во својата апликација „Google Maps“ го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, со што се усогласи со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп. На 20 јануари, откако повторно се врати во Белата куќа, Трамп потпиша указ за промена на името на заливот. ...
Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција Вреди со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец. – Ние ...