Охрид/Струга, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на територијата на Струга и Охрид доминираат во денешното издание на Билтенот на МВР. Регистирано е агресивно однeсување, закани, физички напад… На 28-ми декември 2024 година, во 12:45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, од 30-годишно лице од селото Боровец, одзедоа една ловна пушка и дозвола за истата. Тој, претходно во атарот на селото ...

Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор – интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охридските боксери златни се враќаат од 30. поединечно државно првенство во Битола ЦИП: Заврши геофизичкото ...

Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури, информираат ...

Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Фреквенција: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно ...

Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот пророк Агеј. Роден е во Вавилон, за време на робувањето на Израилот, од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Јерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде ...

Скопје, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознава „Фокус“. Според истиот извор, Деспотовски бил приведен во врска со случај на Управата за финансиска полиција. Тој утрово давал исказ пред судот. Станува збор за наводна проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ „Струмица“ и ТИРЗ „Штип“. Неофицијално, ќе се бара замрзнување на имотот на ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хумани охриѓани на социјалните мрежи испраќаат апел до сите за помош на семеството Рустем чиј дом изгоре во пожар, Нивниот дом изгоре во пожар кој избувна на 16-ти декември 2024 година и уништи се’ што тие имаа. – Почитувани, ве молиме за помош според вашите можности, кој колку може дали парично или со материјали (песок, цемент, абриб, лепак, материјали за струја, врати, прозорци, мебел и друго) да му ...

Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од Охрид го одбележа патрониот празник и 58 години од постоењето. Настанот беше збогатен со рецитал, музичка програма и беше промовирана химната на училиштето по текст од ученици, а на музика и аранжман на композиторот Димче Китрозоски. Беа доделени и награди за најуспешните ученици на меѓународни, државни, регионални и спортски натпревари за што на учениците срдечно им ги ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат оштетувањата на пешачката патека која води кон „Парк“ преку најпопуларните плажи на охридското крајбрежје. Најчесто страдаат чешмите, клупите и канделабрите, но се’ повидливи се оштетувањата и на подлогата на самата патека, која секојдневно ја користат голем број охриѓани и гости за рекреација. Ова е само продолжување на неодговорното однесување на поединци. Претходно „настрадаа“ дел од чешмите ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Касарна Хаб во Охрид е отворена самостојната изложба „No escape from reality” на познатиот охридски уметник Сашо Блажес. – Станува збор за изложба која ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела, информираат организаторите. Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, како најголем туристички центар во Република Македонија, се очекува да биде полн со гости за новогодишните празници. Хотелиерите и угостителите веќе ги прават завршните подготовки за успешен дочек на гостите кои најлудата ноќ одлучија да ја дочекаат на охридското крајбрежје. Гости ќе има од соседството, Србија, Бугарија, но и од Турција, а нема да изостанат и најбројните – домашните гости. ...

Скопје/Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“ годинава ја доби Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“. Ениз Хилми е родена во Охрид, таму учела основно и средно образование. Студирала во Истанбул. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја земала ташната и дала отказ. Живее на релација Охрид-Берлин, виа Скопје. – ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Фреквенција: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Елевтериј. Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Кога ...

Скопје/Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Макеоднија вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните. Поддршка од пратениците добија и неколку зaкони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставници од фудбалскиот клуб „Св. Троица“ од Охрид, денеска донираа пакетчиња за првачињата во ООУ „Кочо Рацин“ во населбата Радоица Новичиќ и во Лакочереј. – Од народот за народот. Денеска, по претходна хуманитарна акција во рамките на клубот, дониравме пакетчиња за сите првачиња во двете Основни училишта „Кочо Рацин“ во населбата Радоица Новичиќ и во Лакочереј. Благодарност до наставничкиот кадар во ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. – На 17-ти декември 2024 година, во 03:25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет нападнал лице од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26-ти декември 2024 ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Основниот суд во Охрид ги сослуша двајцата обвинети за претепувањето на секретарот на згаснатото здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. И Илија Спасески и Борче Ангелов се изјаснија за невини по обвинението за нанесување тешка телесна повреда од омраза во вечерните часови на 19 јануари 2023 година, објави БТА. – Борче Ангелов пред судот изјави дека не се познава со Пендиков, нема никаква ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка. Работилницата ќе започне во 12:00 часот. – Ќе ја пееме „Вечниот Бог“ и ќе изработуваме ѕвезди. Најмили охриѓани ве очекуваме, порачуваат од Бадникови поворки Охрид. Во меѓувреме продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид. Овојпат интерсот ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат забавните настани во рамки на празничната програма „Охридска новогодишна приказна“. Денеска од 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Каде е Дедо Мраз“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски. Во вечерниот термин од 18:00 часот ќе биде ...

Охрид, 27.декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новогодишната забава на 31-ви декември за свечениот дочек на новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec. Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5, а од 21:00 часот сцената е резервирана за миленикот на младата публика Пајак. Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ...

Струга, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Две нови „Роса школи за доење“ се отворија во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети маченици Тирс, Левкиј и Калиник. Беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и разобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Касарна Хаб во Охрид, денеска ќе биде отворена самостојната изложба „No escape from reality” на познатиот охридски уметник Сашо Блажес. – Станува збор за изложба која ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела, информираат организаторите. Изложбата ќе биде отворена за јавноста во 12:00 часот и ќе биде проследена со предновогодишна забава. Сашо ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Забрани: Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Фреквенција: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...

Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и студено време, со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – Од сабота следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска, информираат од Управата за хидрометеоролошки ...

Охрид, 25. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кондураџискиот е многу стар занает во Охрид и охридско, денешниот празник Свети Спиридон Чудотворец, заштитникот на кондураџиите во минатото масовно се одбележувал, но оваа традиција веќе ја нема. Во минатото овој ден се одбележувал со бројни црковни и други обичаи и избор на кум, но последниве 20 години празникот не се слави масовно и онака како што би требало. Во градов има само четворица кондураџии од ...

Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – К-2 Ѕвездичките до сите добри луѓе од целиот свет испраќаат посебна честитка за Новата 2025 година со нивната песничка „Новогодишна“. Главен „виновник“ за проектот повторно е познатиот продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, а песната доби и видео запис во соработка со МЕГА Продукција. – Среќна и весела нова година за сите нас, среќни и весели славиме на глас, раце горе кренати, цврсти силни ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
34%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
60%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
67%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.66
44%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
68%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
36%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
7.72
75%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
53%
1016
Currency

61.53

Currency

53.1365

Currency

72.3797

Currency

34.6011

Currency

39.1925

Currency

65.5421

Currency

7.41462

Currency

0.66745

Currency

0.36954

Currency

0.52501

Currency

1.35252

Currency

0.61785

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14965.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.61

Сребро

1167.75

Злато

109182.85

Бакар

9.69

Паладиум

33661.83

Платина

40385.41

Родиум

179240.41

Цинк

2.56