Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува координацијата на активностите за реализација на проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. По состанокот со изведувачите и надзорот, како и по увидот долж трасата заклучено е дека се работи на сите предвидени точки, со цел што побрзо да се созададат услови за ставање во функција на ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до недела во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи „Охрид Џез Фестивал 2025“. Три вечери исполнети со ритам, страст и врвна музика. Утре сцената е резервирана за „Чалгија Саунд Систем“ со етно џез програма, следниот ден, на 23-ти Павле Камилоски со класичен Џез, а во недела, на 24-ти август Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и Наум Џуклески и програма со класичен џез. Сите ...
Струга, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува 64. издание на Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Фестивалот, кој ќе трае до 25-ти август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе започне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот и стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот насловен „Времеплов“. Ќе се претстават мецосопранот Миланка Новеска, сопранот Тина Ристеска и музичкиот соработник Ана Велиновска. Влезот за сите посетители е слободен. Концертот „Времеплов“ ќе има можност да го проследи и публиката во Скопје, во понеделник, на 25-ти август 2025 година, во салон „19/19“ ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Националната комисија за УНЕСКО денеска во Охрид ќе ја одржи третата седница. УНЕСКО неодамна го одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на загрозени светски наследства, но под услов Република Македонија до февруари 2026 година да исполни низа конкретни обврски за заштита на неговите природни и културни вредности. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 47. сесија во Париз го усвои ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути, додека на ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички. Eпискoпствуваше вo Кизик за врeмe на oпакиoт цар Лав Eрмeнeцoт, икoнoбoрeцoт. Oткакo нe сакаше да им сe пoкoри на царскитe дeкрeти за исфрлањe на икoнитe oд црквата, и тoј заедно сo другитe правoславни eпискoпи беше испратeн вo прoгoнствo. Вo прoгoнствo прoживeа 5 гoдини, трпeјќи мнoгу маки и мнoгу ...
Охрид, 21. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јуженн правец. Максималната температура ќе се искачи до 31. степени. – Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Климентина Бујароска од IV-3 паралелка, профил економски техничар, е избрана за првенец на генерација во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. – Љубопитна за знаење, посветена, исполнителна со високи работни навики, а воедно скромна и ненаметлива, се особини кои ја красат како личност. Желбата за нови знаења и надоградување на своите квалитети ги докажа преку учество на голем број натпревари, ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридската оперска дива Миланка Новеска – Gustavsson, која продолжува да ги освојува најпрестижните сцени во светот, утревечер од 20:00 часот ќе одржи концерт во родниот Охрид и тоа во уникатниот простор на црквата „Св.Софија“. Особено е среќна што проектот „Времеплов“ ќе го претстави на домашен терен, а на репертоарот ќе има арии и класични нумери од различни епохи. Во интервјуто за Супер радио и ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Брегот на Охридското Езеро непречено се узурпира, тампонира и гради, а институциите и властите предводени од коалициите на СДС-ДПМНЕ со години молчат и покрај бројните реакции и алармирања од граѓаните, реагираат од партијата Левица ЛО Охрид. – Група жители на селото Пештани ни доставија документација и податоци во кои е наведено дека во 2016 година, на земјиште во сопственост на државата, а дадено на ...
Гостивар/Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти август 2025 година, во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на селото Сретково, патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 54-годишниот З.Ј. од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката, 52-годишната Л.Ј. и сопатникот, ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – „Продолжи да сонуваш“ е насловена самостојната изложба на слики на професорката Жанета Стаиќ, што во вторник, 26-ти август, ќе биде отворена во Охрид. Жанета Стаиќ е родена во Штип, дипломира на отсекот за графика со графички дизајн на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во 1997 година. Од 2010 година живее во Охрид, а од 2016 година е вработена како професорка по ликовна уметност во ОЕМУЦ „Св. Наум ...
Струга, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. – Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“, Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ Струга, како референт за превоз постапил спротивно на ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ во петок, 22-ри август, ќе се одржи книжевен хепенинг и театарска претстава за деца. Од 19:00 часот на плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет) ќе се одржи книжевен хепенинг со промоции на книги за деца и работилници. Од 20:30 часот сцената е резервирана за театарската претстава „Разгаленка“ во изведба на театар „Хит“. (Крај) ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од Охрид од далечната 1918 година, објавена од страна на членот Alper Mahmud во Facebook групата „Охрид, слики од минатото“, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. ...
Скопје, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота започнува увидот во Избирачкиот список, а во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври. Ќе трае 20 дена, односно до 11-ти септември на полноќ, а заклучениот список ќе биде потпишан од Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 3-ти октомври. Граѓаните ќе имаат можност да ги проверат своите податоци и да поднесат барање за запишување, дополнување или нивно бришење. Барањата се ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – Во четврток ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер. Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце” за времето на чекање за влез е околу 30 минути, на „Богородица” времето на ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Преподобен маченик Дометиј. Роден е во Персија како незнабожец, во времето на царот Константин. Како момче се запозна со верата Христова, го остави незнабоштвото и се крсти. Толку ја засака вистинската вера, што напушти сè светско и се замонаши во еден манастир кај градот Нисивија. Во братството поживеа некое време, па се оддалечи на безмолвие ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Трансформација на сетилата“, повеќе од 40 дена Охрид пулсира со настаните од јубилејното, 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Фестивалот започна на 12-ти јули и донесе уметност, музика, театар и креативен дијалог од целиот свет. Музичката програма годинава понуди 29 музички настани со учество на повеќе под 300 уметници од САД, Кина и Европа. Од 1994 година „Охридско лето“ е и член на ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – National Geographic го препорача Охридското Езеро како едно од петте езера во Европа кои задолжително треба да се посетат. Сместено помеѓу планините на Република Македонија и источна Албанија, ова зелено-сино езеро е едно од најстарите и најдлабоките во Европа, а летото нуди идеални услови за капење, пикници и незаборавни зајдисонца. – На северниот брег се наоѓа градот Охрид, каде патеките водат кон ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти август 2025 година, во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влезот за селото Ботун, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од страна на В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „МАН“ со приклучно возило „Кроне“ ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти август 2025 година, околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 20-годишниот П.Н. од Охрид и патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти август 2025 година, во 00:25 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 30-годишно лице од Охрид. – Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом во Охрид, тој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот 57-годишен татко и заминал кон Ресен. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Одлуката за усвојување на Измените и дополнувањата на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година на Општина Охрид бр.08-3254/95 од 14-ти март 2025 година, Општина Охрид во рамки на оваа програма има предвидено изготвување на Студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид. Што е Еколошки отисок? Човековите активност ги трошат природните ресурси, а притоа ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа уписите во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2025/2026 година. На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) може да се запишат 256 студенти во прва година. Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 104, редовни со кофинансирање од 400 евра – 94, а има место и за 58 вонредни студенти, со ...
Охрид, 19. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Одлуката на Државната Изборна Комисија (ДИК), со само два потписи, граѓанските иницијативи да можат да учествуваат на локалните избори ги прави престојните локални избори да бидат исклучително интересни, а најверојатно ќе бидат едни од најколоритните и најпопуларните подолг период наназад. Соседна Струга и седумдесетина километри оддалечената Битола веќе понудија кандидати за престојните локални избори, ...