Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат споменот на Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен. Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27-ми декември, а Филип на 11-ти октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на село Трпејца, попладнево било пронајдено телото на удавениот нуркач од Бугарија, кој претходно денеска беше пријавено дека исчезнал на поголема длабочина во водите на Охридското Езеро. Веста за Супер радио и OhridPress ја потврдија од СВР Охрид. Според првичната информација од СВР Охрид, на 9-ти август 2025 година, во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека 52-годишниот ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти август 2025 година, во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека 52-годишниот И.Т. од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца. – Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“, информираат од СВР Охрид. (Крај) ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска напладне, на празникот „Св. Климент Летен“, во Куќата на Уранија на МАНУ и’ беше доделена Светската награда за хуманизам за 2025 година на проф. д-р Светлана Мојсов, истакнат научник од областа на биохемијата и ендокринологијата, родена во Скопје, а денес професор на Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк, САД. Наградата и’ се додели за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На осмите по ред локални избори во Северна Македонија, ќе се бираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје. Државата за овие избори предвиде 9,7 милиони евра. Голем дел од кандидатите веќе се познати. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори во Република Македонија на кои треба да се ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – по повод одбележување на празникот Свети Климент и Пантелејмон, денеска се одржа Света Архиерејска Литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник. – Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во сослужение со надлежниот Митрополит Неговото Високопреосвештенство г. Георгиј, информираат од Дебарско-кичевската епархија Охрид. ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2025 година, во 21:13 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг простор во туристичката населба „Св. Стефан“ во Охрид настанал пожар во патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки во движење, управувано од страна на 39-годишно лице од охридското село Пештани. – Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР ...

Охрид/Гостивар, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2025 година, околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 42-годишно лице од Охрид. – Тој со патничко моторно возило марка „Сузуки“ со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Своевремено беше еден од најголемите таленти во светот во својата генерација. Некогашниот пливачки ас, охриѓанецот Александар Маленко своевремено на неговиот профил на Facebook не потсети на далечната 1993 година, кога на денешен ден стана најмлад учесник во историјата на маратонското пливање во светот. – На денешен ден, 9-ти август пред 30 години, во Охрид во 1993 година, на официјална трка од ФИНА Светски ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена како дел од мини вело-тура од знамето во центарот на градот, по кејо, пешачката патека, се’ до плажата „Горица 3“ и назад. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид, денеска ќе извршат презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи кои, досега се реализирани во Охрид но и во другите градови во земјава. – Низ кратки разговори со граѓаните, полициски службеници од отсекот за превенција ќе ги запознаат за содржините, насоките и ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33. степени. – Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, за време на викендов и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин „Табановце“ времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски, кој е упокоен на овој ден во 916 година, споменот на светите Седмочисленици, а Светата православна црква го чествува и големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител Свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска се слави денот на Св. Климент Охридски Чудотворец, Светецот кој ги лекувал луѓето, заштитник на Охрид и на целиот македонски народ. Каде почива главата на Св. Климент Охридски? Моштите на Св. Климент Охридски, како и на многу други светители не почиваат на едно место. Иако тој се упокоил во Охрид во 916 година, каде е и погребан во црквата Св. ...

Охрид, 9. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Стариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка. Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани. Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2025 година, во 03:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата ,,Партизанска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид, на возраст од 33 и 38 години. – Полициски службеници излегле на местото, по што лицата бил приведени во Полициска станица, а бидејќи се пожалиле на повреди едното лице било пренесено во Медицинскиот центар во Охрид каде му ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со полна пареа, се работи и се асфалтира на главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. Заедно со инженерскиот тим, тој изврши увид во активностите на траса при што беше известен дека се работи забрзано и дека работата на изведувачите „Гранит“, „Синохидро“ и „Илинден“ се одвива на сите подделници од автопатот. ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2025 година, во 01:50 часот, на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 50-годишниот Г.Т. од охридското село Горно Лакочереј. – При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид запреле патничко возило марка „Ланчија“, кое го управувал, при што било констатирано дека ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми август 2025 година, во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 41-годишниот З.Н. од Охрид, кој се сомничи дека во атарот на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. – При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Охрид имаат право да знаат за сериозните злоупотреби, финансиска недисциплина и нефункционално управување со Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кое под раководство на директорот Сашо Најдески се претвори во симбол на нетранспарентност и неодговорност, реагира првиот човек на ОО на СДСМ од Охрид и партиски кандидат за градоначалник на ОХрид, д-р Асен Шајн. Според него, освен негативниот ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ ќе биде изведена детската театарска претстава „Шумската принцеза” во изведба на театар „Хит“. Ќе се одигра на плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет) со почеток во 20:30 часот. Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е прогласен за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. На конкурсот пристигнале вкупно 69 раскази. – Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна дека наградениот расказ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до недела во Охрид ќе се одржува Фестивал на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“. Локалните пчелари ќе го изложат својот мед, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед. – Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, велат од пчеларското здружение ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре ќе го одбележат денот на Св. Климент Охридски Чудотворец, Светецот кој ги лекувал луѓето, заштитник на Охрид и на целиот македонски народ. Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер од 20:30 часот започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“. Со тоа продолжуваат традиционалните културни збиднувања во ова село. – По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, велат организаторите. Културно лето Пештани 2025 Манифестацијата ќе се одржи во центарот ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во населбата „Канео“ во Охрид, во карпа во подножјето на црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се сместени црквите „Рождество на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“. Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна во две нивоа: едното ниво е посветено на „Св. Петка“ и на тоа ниво има вода, а другото ниво кое е повисоко е посветено на „Рождество на Пресвета Богородица“. Црквата ја освети, Неговото ...

Охрид, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на прекрасното село Љубаништа, на самиот брег на Охридското Езеро, веднаш под Манастирот Свети Наум, како негов метох, е лоцирана црквата посветена на Света Петка. Подигната е на место каде што се верува дека извира лековита вода, а со својата духовна и историска значајност се претвора во истински извор на вдивување и културно богатство. Од срцето на манастирскиот комплекс Свети Наум, одекнува со ...

Скопје, 8. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа од страна на терористите од т.н ОНА, при што загинаа десет македонски бранители од Прилеп. Бранителите со камиони се упатиле кон касарната во Тетово. Секоја година на местото на настанот се положуваат венци и свежо цвеќе, а свештеници од МПЦ-ОА држат панихида, во присуство на членови на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.64
92%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.54
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
89%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Цинк

3.29

Паладиум

54077.56

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Платина

67484.42

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Бакар

11.83

Рутениум

45750.51