Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од ватерполо натпревар на Градското пристаниште пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. ...
Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај Плаошник и црквата Св. Јован Богослов Канео. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за уште еден, нов случај кога е фрлена во езерото една од таблите со која се рекламираат пловните објекти во езерото. Истата ноќеска заврши во водите на ...
Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид ќе се одржи книжевно-музичка вечер во организација на Здружението „Креативна верига“. Ќе настапат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Книжевни дела ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори, Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Марина Димовска, Мирко ...
Охрид/Елшани, 6. август 2025 – Во саботата навечер, на 2 август – Илинден, најголемиот македонски национален празник, на плоштадот во селото Елшани се одржа 11-тото издание на културната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. Оваа традиционална вечер повторно ги собра мештаните, иселениците и бројни гости, кои уживаа во одличната музичка програма. Организаторите посочија дека манифестацијата има за цел да го претстави Елшани како живо и ...
Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Добриот сон, редовното вежбање и менталните предизвици се клучни за здравјето на мозокот. Но, дали знаевте дека дури 35% од случаите на деменција можат да бидат поврзани со фактори на ризик на кои можеме да влијаеме, како што се хипертензијата, дебелината и пушењето? Иако превенцијата не е целосно во наши раце, усвојувањето здрави утрински навики може значително да го намали ризикот. Сепак, една многу честа ...
Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. Нa Граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ времето на чекање е околу 10-тина минути, а на останатите граничните ...
Скопје/Охрид, 6. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на Света Христина. Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и’ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – По четири години мандат, граѓаните на Охрид имаа право да очекуваат барем дел од предизборните ветувања да бидат исполнети. Наместо тоа, добија апсолутен минимум, ако воопшто нешто и добија, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид. – Уште поскандалозно е тоа што сега, наместо отчет, од локалната власт народот добива нови барања за доверба, како да се заборавени сите нереализирани проекти, сите игнорирани ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на Охридската територијална противпожарна единица (ТППЕ) денеска, нешто по 15:00 часот интервенираа по дојава за пожар во селото Вапила. Охридските пожарникари излегоа на интервенција со две возила и соодветен број пожарникари. Според првичните, неофицијални информации, станува збор за пожар кој избувнал на постар објект во селото. Наскоро повеќе информации. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Скопје, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Просекот од полагањето на државната матура во јунскиот рок за учебната 2024/ 2025 е повисок од ланскиот, односно, просечната оценка е 3,69, што е подобрување од ланската која изнесуваше 3,26, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Михајловска, рекоа дека голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – За оваа недела, 10-ти август, од Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina испраќаат покана до сите за одлична забава со Доно и Роберт. – Дојдете да уживаме заедно од 14:00 до 18:00 часот во прекрасен амбиент со одбрана храна и пијалоци. Време е за незаборавно гастрономско и музичко искуство во прегратките на природата, порачуваат организаторите. Телефони за информации и задолжителни резервации ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Наскоро започнуваат уписите во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2025/2026 година, во охридските високообразовни установи има место за вкупно 670 бруцоши. На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) може да се запишат 256 студенти во прва година. Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 104, редовни со ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ во петок, 8-ми август ќе биде изведена детската театарска претстава „Шумската принцеза” во изведба на театар „Хит“. Ќе се одигра на плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет) со почеток во 20:30 часот. Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод чествувањето на Св. Климент Охридски – Патронот на градот, на 7-ми август ќе се одржи оперскиот рецитал „Од младите глас – за Св.Климент и за спас“. Ќе настапат младите охридски музичари Билјана Буџакоска – сопран, Стефани Дудиќ – сопран, Изабела Димовска – мецосопран и Дамјан Милески – пијано. – Повелете преку звуците на бесмртната музика и силата на уметничкиот израз да го чествуваме Св.Климент ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми, 9-ти и 10-ти август во Охрид ќе се одржи Фестивал на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“. Локалните пчелари ќе го изложат својот мед, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед. – Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, велат од пчеларското ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 9-ти август на празникот „Св. Климент Летен“, во 12:00 часот во Куќата на Уранија на МАНУ ќе биде доделена Светската награда за хуманизам за 2025 година на Светлана Мојсов, истакнат научник од областа на биохемијата и ендокринологијата, родена во Скопје, а денес професор на Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк, САД. Наградата и’ се доделува за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со сончеви периоди и услови за локален дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени. – Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, и денеска на повеќе места времето ќе биде ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од утре ќе преовладува претежно ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив. Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 5-ти август 1962 година, во Охридското Езеро се одржа првото Светско првенство во маратонско пливање на слатки води. Се пливаше 34 километри долгата патека Пештани-Струга-Охрид, на која најбрза беше охриѓанката Атина Бојаџи, која пристигна прва на целта пред хотелот „Палас“. Настанот прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Во 1960 година на маратонот ...
Скопје, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените. Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се прави ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи е објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид пред многу години. Станува збор за исечок од весник со реклама за чадорите на некогашниот гигант „Отекс“ од Охрид. – Победете го дождот со чадорите „Отекс“, стои во објавата во чиј опис се додава дека истата датира од далечната 1973 година. Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од дебарското село Хаме, и против 41-годишник од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а против второпријавениот поради сомнение и за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. – На 8-ми јули 2025 година во Охрид, првопријавениот со тврд предмет нападнал жена, по што второпријавениот го ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти август 2025 година, во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште“, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнаа вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол. – По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај малата плажа до црквата „Св. Софија“ и ресторанот „Кајче“, во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува летото со целата своја сила и убавина, а со него и заедничкото и бесплатно такси возење со Plazma, Супер радио и Тамаро по охридските улици, во рамките на кое повторно подаривме највкусни Plazma производи и подароци. Највеселото такси ова лето во Охрид додели многу Plazma подароци и донесе насмевки у убаво расположение со нашата екипа. Бесплатно ги возевме до саканата дестинација и заедно ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Харитина Сакова, која беше примена на летна пракса во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Швајцарија, учествуваше во конструкцијата на првиот македонски болид на меѓународен натпревар во Хрватска, соработуваше со Техничкиот факултет во Брно, Чешка, дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во рекордно време со просек 10. Таа беше ...
Охрид, 4. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција, која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св. Климент“, и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид. – Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и ...