Скопје/Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Има отстапки во изведбата на базенот во Охрид, изјави вечерва за емисијата 260 степени министерот за спорт Борко Ристовски. – Се утврдува дали тоа што е платено соодветствува со тоа што е направено. Најбрзо ќе оди вештачењето за базенот во Охрид, затоа што е најкрупен и работите таму се при крај. Внатрешната ревизија ќе продолжи затоа што е обемна документацијата. Верувам дека ќе потрае, но влеговме ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Националниот парк „Галичица“ е првото заштитено подрачје во Република Македонија во кое се спроведува редовен мониторинг на пештерски екосистеми. – Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк ‘Галичица’ од негативните ефекти на климатските промени“. Редовниот мониторинг на пештерските екосистеми ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави јавен повик за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи. – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14; 112/14; ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков. Се поклонаа и положија свежо цвеќе и делегации на Подрачната единица на историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид. Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874 година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Клубот за подводни дејности Охрид викендов ќе одбележи значаен јубилеј – 40 години постоење. Одбележувањето ќе се одржи како дел од активностите на Третиот Македонски конгрес за сите нуркачи во Република Македонија, без разлика на која Асоцијација припаѓаат. – Прославата ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, во сабота, на 1-ви март 2025 година, со почеток во 12:00 часот. Предвидено е доделување на ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2024 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст. Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 111, а починале 167 лица, односно се бележи прираст од -56. И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 3, а починале 18 лица. Струга пак и во четвртиот квартал бележи позитивен прираст, се родиле 119, ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на репертоарот на Народен театар Охрид е претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска Петреска, сценографијата на Татјана Христоска Бажевска, а костимите на Марија Пупуческа. Почетокот на ...

Скопје/Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 8-та недела од 2025 година (од 17-ти до 23-ти февруари) во Република Македонија се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 11,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив 1 697 лица се на возраст од 15-64 години, 712 кај деца на возраст од 5-14 години, 375 ...

Санта Фе, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот американски актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. – Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви во нивната резиденција. Отворена е истрага и засега нема сознанија дека станува збор за кривично дело. Покрај нив угина и нивното куче, објави шерифот на округот Санта Фе. Хекман, кој во ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај охридскиот „Светилник“, во склоп на Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија фотографии до редакцијата на кои се гледаат оштетувањата на бродот кој е поставен во непосредна близина на влезот на Хидробиолошкиот институт, кај „Билјанини извори“. – Скалите се оштетени, а видливи се и оштетивања и на горниот дел. Некој може да се повреди, тука има и играчки за деца кои се во непосредна близина. Некое може да се обиде да се качува и да се повреди. ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Неексплодирни убојни средства вчера биле пронајдени во Битола и во Охрид и безбедно се отстранети, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Република Македонија. – Вчера на улицата „Баталјон Стив Наумов“ бр.22 во Битола биле пронајдени и отстранети 145 артилериски гранати од 75 мм од Прва светска војна. Четири артилериски гранати биле подигнати и во близина на училиштето „Тодор Ангелевски“ во ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 година), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024-2034. Нацрт СОЖС и НСУТ се ...

Струга, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Уметноста има срце, а дигиталниот дизајн-душа, стои во најавата на изложбата Digital He(Art), преку која врвниот уметник Енкел Дика ќе ве воведе во светот на дигиталната креативност. Изложбата ќе биде отворена вечерва, четврток, 27-ми февруари 2025 година во Europe House во Струга со почеток во 20:00 часот. – Истражете како технологијата и емоцијата се спојуваат во визуелни дела што оставаат траен ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 117 години од смртта на гемиџијата, Марко Бошњаков. Охриѓанецот Марко Бошнаков беше еден од неколкумината кои ги преживеаа Солунските атентати изведени од групата млади македонски патриоти наречени солунски атентатори. Тој беше заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му беше заменета со доживотна робија што ја отслужуваше во тогашниот злогласен затвор Музрул во ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Свети Кирил, учител словенски. Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима-Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени. – Денеска ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Потребни сме му на нашиот Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне. – Моето дете секој ден е во исчекување и ме прашува – мамо дали ќе можеме да одиме побрзо кај мојот доктор во Истанбул, бидејќи не можам повеќе да ги издржам ови болки. Сакам да станам, но уште повеќе ќе ме боли, а не можам повеќе да седам и да лежам во кревет. Со солзи во ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, денеска беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски. – Тоа е книга создадена од за жал очај и болка и непребол по прерано починатиот син. Таа семејна трагедија и траума нашиот Љубен се обидува преку стихови да ја надмине а од друга страна нам да ни ја пренесе неговата поврзнаост со синот и семејството, рече в.д директорката на ...

Струга, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Струга и соседен Охрид, оддалечен само 15-тина километри, наскоро ќе добијат ново место за пазарење и забава, Nabizi Retail Park со богата понуда за сите вкусови. – Инспирирани од потребата да се создаде место кое ќе внесе свежина во градот, обезбедувајќи понуда за сечиј вкус, Nabizi Retail Park е креиран според најновите стандарди и практики. Нашата главна цел е да обезбедиме врвно корисничко искуство и ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Три децении подоцна, никако да се реши проблемот со депонијата „Буково“, за која како да нема одржливо решение и после толку време. Фотографијата е направена во текот на вчерашниот ден (вторник, 25-ти февруари 2025 година), но состојбата е иста секој ден и за жал продолжува да не труе и останува нерешен проблем. Повеќе од 30 години чадот, тешкиот мирис и отровните материи што ги испушта депонијата ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полигонот за мали спортови кај охриѓани буди многу спомени, многу убави сеќавања на едно време кое повеќе го нема. Фудбалски и ракометни натпревари, бројни концерти, Луна парк и бројни други настани се одржуваа на ова место. Тука до скоро имаше и угостителски објект, кој постоеше долги години наназад. Денеска се користи како паркинг, а без објекти изгледа огромно и празно. Со години наназад овој простор ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведба на градежни работи на коловозот на улицата „Македонски просветители“, денеска возете внимателно на потегот кон Полиција и Пожарна, каде вработени во претпријатието го регулираат сообраќајот. Станува збор за завршување на градежните активности за реконструкција на крак од улиците „Дејан Војвода“ и „Македонски Просветители“. Неодамна најголемиот дел од овој потег беше асфалтиран, откако ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа старата фотографија направена пред многу години од некогашната продавница за кафе „Пател“ кај „Мини Маркет“, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со културна програма во петок, 28-ми февруари, ќе биде одбележан јубилејот, 150 годни од раѓањето на Кирил Прличев. Предвидена е изведба на историската драма „Борбата за иднината“ – судбината на Кирил Прличев на која автор е професорот Михаил Патчев. – Делото на Кирил Прличев остави вечна трага во светот на книжевноста и е важен дел од македонската култура. Да продолжиме да го чуваме неговиот спомен и ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај „Билјанини извори“ и каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, денеска напладне, ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски. – Станува збор за стихови преку кои авторот-таткото, познат ликовен акварелист од Охрид ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опее чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него, информираат организаторите. ...

Охрид, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
39%
1017
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
3.09
37%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.91
30%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
80%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
55%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
37%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
41%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
0.89
40%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
61%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052