
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни 16. години од смртта на Влатко Пантовски – DJ Panter и Наумче Аврамоски – DJ Bruce. Годините поминуваат, но споменот на нашите колеги не избледува. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа. Охридската медиумска заедница не дозволува годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги. Супер радио, матичната ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Крушите содржат многу корисни материи, вклучувајќи витамини, микро и макро елементи, органски киселини и други биолошки активни компоненти. Слатки се, но имаат помалку калории од јаболката, што ги прави погодни за диета. Љубителите на круши, по правило, не страдаат од гастроинтестинални проблеми, вклучително и запек. Имено, крушите се одлични за ублажување на запек поради високата содржина на влакна, ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на 15. Меѓународна научна конференција на тема „Современи безбедносни предизвици и зајакнување на отпорноста на земјите од Југоисточна Европа“ која вчера и денеска се одржува во Охрид. Тошковски ја упати својата благодарност до организаторот за можноста да се обрати пред реномираниот собир на експерти од областа на безбедносните науки и истакна дека ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија Cleanex Professional – Сервис за хигиена, распишува оглас за вработување. Потребни се хигиеничари за одржување хигиена на деловни објекти. Нудиме: • Флексибилно работно време, • Конкурентни месечни примања и • Можности за напредок и бонуси. Бараме: • Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи, • Одговорност и посветеност на работата, • Способност за тимска работа, • Педантност ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Преподобна Теодора. Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време. Од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20. степени. – Следува период на релативно топло време. Денеска и утре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ од Охрид започнаа со градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“. – Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3.901.622 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Oпштина Oхрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...
Скопје/Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека месецов е зголемен бројот на заболени со Covid-19. Во периодот од 16-ти до 22-ри септември регистрирани се 64 нови позитивни случаи што е зголемување од 12,3 отсто во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица од девет градови. Најголем дел се од Скопје, а нависока инциденца е регистрирана во Пехчево. – Регистрирани се заболени ...
Скопје/Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во емисијата „Дејли Клик“на ТВ21 зборуваше дека државниот имот е во многу лоша состојба. Тој рече дека вилите на претседателот во Охрид и во Скопје немаат имотни листови, односно се дивоградби. – Државниот имот е многу лоша состојба. Вилата во Свети Стефан во Охрид е во многу лоша состојба, или вилата во Лазарополе. Немаше никаков ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Популарното стендап шоу на актерот Сашко Коцев насловено „Широк дијафазон“ во сабота, 28-ми септември и пред охридската публика. Во ова шоу Коцев зборува за аномалиите во општеството како и за машко женските односи. Стендап шоуто ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезниците се пуштени во продажба по цена од 400 денари и се продаваат секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот како и во ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Armin van Buuren потврди дека неговиот A State Of Trance фестивал се враќа во Rotterdam на 21-ви и 22-ри февруари 2025 година. На настанот се очекуваат најголемите имиња на trance сцената, меѓу кои ќе биде и самиот Buuren, кои ќе настапат на 5 сцени. Комплетниот line-up ќе биде објавен наскоро, но она што се знае е дека самиот van Buuren ќе има пет часовен сет првата вечер. Повеќе од 25 врвни Dj Имиња се ...
Лајпциг, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Досега непознато дело на Волфганг Амадеус Моцарт, за коешто се претпоставува дека настанало кога тој бил тинејџер, е откриено во библиотека во германскиот град Лајпциг. Истражувачите го откриле овој ракопис во Градската музичка библиотека додека го составувале најновото издание на каталогот „Кохел“ – комплетната листа на музичките дела на познатиот композитор. Ракописот се состои од темно-кафеаво мастило ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Easy Distraction“ е насловен новиот сингл на англискиот пејач, автор и гитарист James Bay, напишан во соработка со фронтменот на бендот The Killers, Brandon Flowers. – Песната е за оние моменти кога предоцна ќе сфатиме дека некој ни значи толку многу, но сепак сакаме да му го покажеме тоа и да му дадеме до знаење, вели Bay за „Easy Distraction“. Песната го најавува неговиот нов, 4-ти по ред студиски албум ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат супер успешните изданија на „Мерак моментите“ во охридското „Форт Кафе“, оваа недела со „Форт Фест“. – На ден пред празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, продолжуваат „Мерак моментите“ со „Форт Фест“ во Форт кафе. Најубавите хитови од најубавите години за најубавите спомени со Владо Броз, марама и Емилија. Најдоброто од Макфест, Валандово и сите песни кои потсетуваат на едно убаво ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кардиовскуларните болести се водечка причина за смртност ширум светот, а лошата исхрана и нездравите навики како што се пушењето и прекумерното консумирање алкохол често се главните виновници за развојот на овие болести. Сепак, фактот дека секојдневните одлуки влијаат на срцевите заболувања значи дека имаме поголема контрола над нив отколку што мислиме. Истражувањата покажуваат дека 90 проценти од ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Обединетите нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23-ти септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик. Целта е да се подигне свеста за значењето на знаковниот јазик како човеково право на глувите и наглувите лица, со што пристапот до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик, вклучително и квалитетно образование, е од витално значење за растот и развојот на глувото лице и ја препознава ...
Скопје, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер ноќеска беше почувствуван во Скопје. Според првичните податоци на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри источно од Скопје, во близина на Студеничани, на длабочина од 12 километри. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новата театарска сезона, Охридскиот театар ја започнува вечерва со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Претставата ќе се игра со почеток во 20:00 часот, а билетите се продаваат по ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 31. октомври 2024 година, 73 производи ќе бидат дел од „есенската кошничка“, која ја скрои министерството за економија. Брашното, лебот и пекарските производи, млекото и млечните производи, месото и преработките од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење, дел од конзервираните производи, како и безалкохолните пијалоци ќе бидат со ограничена бруто профитна ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија пристигна во Србија каде ќе игра една од главните улоги во српската серија „Игра на судбината“. – Среќна сум, многу сум возбудена, рекла актерката по пристигнувањето. Инаку, почетокот на „лудилото“ по т.н сапунски серии сосема заслужено може да и` се припише на легендарната Касандра, ликот кој своевремено ги ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полни 20 дена, од 2. септември 2024 година, се води како исчезната Наташа Совраноски, 25-годишна жена по потекло од Охрид, која живеела во Штутгарт, Германија. Младата жена живеела заедно со партнерот и нивната едногодишна ќерка, која ја оставила со таткото и заминала во непознат правец. Веста за нејзиното исчезнување најпрвин ја сподели нејзиниот партнер на социјалните мрежи посветени на дијаспората. ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Меѓународниот ден на знаковниот јазик, кој е единствена можност да се поддржи и заштити јазичниот идентитет и културната разновидност на сите глуви лица и другите корисници на знаковниот јазик. Според Светската федерација на глуви, во светот има повеќе од 70 милиони глуви луѓе од кои 80% живеат во земјите во развој. Збирно, тие користат повеќе од 300 различни знаковни јазици. ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора. Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес посвежо утро, а преку денот сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени. – Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на грмежи, информираат од ...
Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид/Струга, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во вонредни инспекциски надзори во Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1.400 евра. Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1.400 ...
Охрид/Струга, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти септември 2024 година, од амбасадата на Кралството Белгија било пријавено дека исчезнало 72-годишно лице од Белгија. – Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид-Струга (Вевчани)-Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење. Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е ...
Охрид, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Интервјуто на Супер радио и OhridPress со Охриѓанката Миланка Новеска-Gustavsson која сигурно го изоди патот од некогашното „чудо од дете“ со ангелски глас, до вистинска оперска дива е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. – Стипендиите на најпрестижната фондација S:t Johanneslogen S:t Erik и кралската стипендија Drottningholmsteaterns Vänner за 2024 година, која ја доделува ...
Охрид, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се обидувате да се храните здраво, да ја пиете препорачаната количина на вода и да не ги пропуштате тренинзите, но можеби не обрнувате внимание на една работа – во кој период на денот е најдобро да вежбате за полесно да ја постигнете посакуваната цел. – Идеалното време за вежбање е она кое најдобро функционира за секој поединец, кога се земаат во предвид нашите нивоа на енергија, мотивација, начин на живот ...