
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид започнаа вторите синдикални спортски игри „Независна полицијада“, во организација на Независниот синдикат на полицијата. Станува збор за дводневен спортски настан на кој над 400 полициски службеници и гости од странски делегации ќе се дружат и натпреваруваат во разни спортски дисциплини. – Независниот синдикат е еден од репрезентативните синдикати на македонската полиција, член на ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е единаесеттиот ден од потрагата по исчезнатото лице од Белгија, 72 годишниот Марк Јорис, кој планинарел во реонот Охрид-Струга-Дебар. – Лицето последен пат е забележано во атарот на струшкото село Лакајца, на 18-ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано било да помине низ Вевчани, Охрид и НП „Галичица“, сѐ до манастирот Св. Наум, каде што завршува последната етапа ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Епидемиологот Tim Spector, предизвика реакции кај љубителите на слатки, со тврдењето дека чоколадото може да биде покорисно за здравјето од многу популарни видови суперхрана, како што се боровинките и калинките. Тој ја опишува чоколадата како потенцијален „херој за здравјето“. Според него, сè доаѓа од процесот на ферментирање, процес кој разложува растението на голем број хемикалии, вклучувајќи полифеноли, ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку два до три милиони евра „тежат“ пловните објекти кои во моментов се наоѓаат во каналот „Студенчишта“ во Охрид. Екипата на OhridPress деновиве изброи повеќе од 250 пловни објекти – глисери со разни големини, помали јахти, катамарани и бродови, како и педесетина кајчиња кои се наоѓаат во каналот. Оваа бројка во текот на летните месеци беше далеку поголема, а по завршетокот на сезоната, голем број од ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид ја најавува традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“, која ќе се реализира денеска, сабота, 28-ми септември 2024 година. Ќе започне во 11:00 часот со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од кеј „Македонија“, на потегор пред хотелот „Палас“, а цел пред Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и ...
Струга/Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во Скопје почина Вангел Коџоман, познат македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност. Роден на 14-ти февруари 1904 година во Струга, тој се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград (проф. Бета Вукановиќ, Љуба ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден, 28-ми септември се одбележува како Меѓународен ден на Бошњаците. Бошњаците се јужнословенски народ, кој во најголемиот дел живее на територијата на Босна и Херцеговина, на подрачјето на Санџак во Србија и Црна Гора, во Република Турција, како и во останатите држави кои што настанаа по распадот на бившата југословенска федерација. Водат потекло од средовековните Словени кои што ја населиле ...
Штутгарт/Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Наташа Соврановски, која беше пријавена за исчезната на 2. септември во Германија, е пронајдена мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство. Осомничен за убиството е 45-годишен маж кој се наоѓа во притвор, пренесе Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. Тој се сомничи дека извршил убиство од небрежност. Осомничениот лично ја познавал девојката, но не биле дадени дополнителни ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Свети маченик Никита. Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се ...
Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – Денес ќе се задржи сончево и топло време. Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. И во понеделник ќе дува засилен ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Под засилени мерки на безбедност, високата унгарска делегација, предводена од премиерот Виктор Орбан, вечерва, нешто по 19:15 часот го напушти Охрид. Сообраќајот во централното градско подрачје и по должината на булевар „Туристичка“ беше блокиран и со засилено присуство на полицијата. Орбан беше во Охрид од вчера, а денеска по заедничката седница на двете влади порача дека смета дека е „историска грешка на ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално во светот се одбележува на 29-ти септември, оваа година ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Крка-Фарма ДООЕЛ Скопје, организира настан чија цел е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вистински летен ден денеска во преубавиот Охрид, со температура од околу 27 степени Целзиусови. Бројни охриѓани и гости уживаа во прошетка по езерскиот кеј или во некои од угостителските објекти. Според метеоролозите и утре ќе се задржи сончево и топло време. – Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска од Охрид порача дека смета дека е „историска грешка на квадрат“ што Македонија се одвои од Албанија во преговорите со ЕУ и се понуди да биде посредник меѓу Скопје и Софија. Посетата на Република Македонија тој ја започна вчера, на 26-ти септември, денот кога од Брисел стигна веста за одвојувањето на Тирана и Скопје во преговорите со ЕУ. Тој оцени дека ваквиот потег ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на туризмот, денот кога во 1970 година е усвоен статутот на UNWTO – Светската туристичка организација. Целта на овој ден е да се подигне свеста за улогата на туризмот ширум светот и да се разбере колку е оваа гранка значајна на општествените, политичките, културните и економските вредности во секоја земја. Светот не е ништо друго освен книга, а патувањето е најдобриот ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два нови случаи на узурпација на недвижности во Љубаништа и Трпејца. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во својство на инвеститор на катастарска парцела во државна сопственост во Љубаништа, изградил метална ограда без да поседува решение ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков се обрати на дводневната Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024) што претпладнево започна на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Во поздравното обраќање, во улога на домаќин градоначалникот Пецаков укажа на значењето на вакви научни собири за градот Охрид како главен ...
Скопје, 27 септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Земјава треба да се етаблира како бренд-идентитет дестинација. Во тоа ќе мора да инвестира, но ќе мора и посветено да работи зашто е од круцијално значење и основа за туристичка промоција. Брендирањето е процес на идентификување, изработка и негување на уникатниот идентитет на туристичките региони и дестинации кои ќе ја разликуваат од нејзините конкуренти. Во таа насока, ќе се унапредува културниот, ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По незаборавниот настап на Glastonbury и објавувањето на нивниот нов албум „Champion Sound“, старите мајстори Faithless најавија голема турнеја во Велика Британија и Европа. Во текот на ноември и декември тие ќе одржат дури 21 концерт во придружба на комплетниот бенд. Турнејата под името „Champion Sound Tour“, наречена по претстојниот нов албум, започнува во Единбург на 1. ноември и ќе трае до 14 декември, ...
Скопје/Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден 17 организации испратија барање до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити итно и во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато и да се финализира процесот на прогласување на ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Harrison Patrick Smith, кантавторот, Dj и продуцент кој стои зад соло-проектот познат како The Dare го претстави деби албумот „What’s Wrong With New York“. Деби албумот пристигнува по успехот кој го постигна со својот прв број 1 во Велика Британија заедно со Charli XCX и Billie Eilish, продуцирајќи ја за нив одличната „Guess“. Тој го помина остатокот од летото со Charli XCX на Ибица, а имаше и настапи во ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи популарното стендап шоу на актерот Сашко Коцев насловено „Широк дијафазон“. Во ова шоу Коцев зборува за аномалиите во општеството како и за машко женските односи. Стендап шоуто е со почеток во 20:00 часот. Влезниците се пуштени во продажба по цена од 400 денари и се продаваат секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот како и во сабота од 13:00 до ...
Струга, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утрово на еден од мостовите во Струга е поставен транспарент со порака до лидерот на ДУИ Али Ахмети. – Денеска во Струга не разбуди транспарент со порака со која се бара враќање на претседателот Али Ахмети и барање за заштита на јазикот и знамето. Јасна порака која ја одразува грижата за зачувување на националниот идентитет, стои во објавата на поранешниот министер за образование и наука од редовите на ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е домаќин на неговиот унгарски колега Виктор Орбан. Во премиерската вила во Охрид тие одржаа тет-а-тет средба. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет, напиша на профилот на Фејсбук премиерот Мицкоски. – Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на дел од улицата „Гоце Делчев“ неколку часа без вода. – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај) ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здравите навики, како што се одење 10.000 чекори дневно или додавање бобинки во вашиот појадок, играат клучна улога во долговечноста. Сепак, експертите предупредуваат на една навидум здрава навика која може да има спротивен ефект – консумирањето премногу животински протеини, што може да го скрати животниот век. Иако протеините се клучни, особено како што старееме, премногу внесување може да биде штетно. – ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска, градот Охрид и државата, и формално, ќе го добијат едно од најмодерните средно-стручни училишта во земјата, но, и пошироко – реконструрираниот и рехабилитиран Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“, вели неговиот директор, професорот Марјан Радески. При неодамнешната посета на училиштето, со цел да се забрзаат завршните работи, со сличен став, се огласи и ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 30-ти септември 2024 година, во организација на Националниот парк „Галичица“, во нивниот Инфоцентар ќе се одржи настан за интерпретација на наследството базирано на вредности според критериумите на УНЕСКО. – По три години тестирање, Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, го усвои пристапот на Interpret Europe, официјално признавајќи го како „интерпретација на наследството ...
Охрид, 2т. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска е третиот уписен рок за новата академска 2024/2025 година . – Заинтересираните кандидатите ќе може да поднесат документи во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Универзитетот. Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната и на социјалните медиуми на Универзитетот, информираат од ...