
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи панел дискусија за аутизмот како предизвик за здравствените работници во Република Македонија во 21. век. – Модерниот брз, стресен начин на живот станува предизвик за модерната современа медицина. Само со ентузијазам, тимско работење, голема емпатија, хуманост и знаење може нешто да се промени. Така се случи и оваа наша панел дискусија со најзаслужните професори кои заслужуваат ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји, во организација на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид, денеска ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024). – Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, денес на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток во 18:30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Чорбаџија“ во изведба на актерите од „Театар Хит“ од Скопје. – Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат големиот Христијански празник, Крстовден. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува. Од ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, вчера пристигна во Охрид, во рамките на дводневната официјална посета на Република Македонија. Тој ќе се сретне со македонскиот колега Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. За денеска е најавена и заедничка меѓувладина ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Воздвижение на чесниот крст или Крстовден, еден од 12-те големи празници, кој секогаш се паѓа на 27-ми септември. На овој ден се празнуваат две случувања во врска со Чесниот Крст Христов: прво пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота и враќањето на Чесниот Крст од Персија повторно во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и ...
Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26. степени. – Сончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го освојува Балканскиот музички пазар. Заедно со Desingerica и Zera, тој го сними новиот сингл „Ccrno“, за кој музиката е дело на Desingerica и Пајак, а текстот и аранжманот се на Desingerica, Пајак и Napoleon. Минатата година со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ ја сними ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, денеска пристигна во дводневна официјална посета на Република Македонија, а попладнево, нешто по 17:30 часот пристигна во Охрид. Тој ќе се сретне со македонскиот колега Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. За утре е најавена ...
Охрид/Неготино, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2024 година, околу 17:00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека по завршување на фудбалскиот натпревар од втората фудбалска лига на Градскиот стадион во Неготино помеѓу екипите на Вардар Неготино и Охрид, голманот на гостинската екипа бил физички нападнат од страна на 45-годишно лице од Неготино. – По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – На 10-ти ноември 2023 година, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое пријавениот бил сопатник, при што под неговото седиште била пронајдена и одземена ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните верници од Охрид, во понеделник традиционално ќе се соберат на црковно народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин. Богослужбата ќе започне во 13:00 часот. Охриѓанецот Љупчо Патче ја изгради црквата во Лагадин по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој ден, верниците палат свеќи оддавајќи почит кон ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 18-ти до 23-ти септември 2024 година во Охрид се реализира третата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“ („Our stories are our bridges“), на која домаќин беше ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, кое беше главен координатор на овој проект. На истата освен наставници и ученици од ова училиште, учествуваа наставници и ученици од ОШ „Анте Цурач-Пињац“ од остров ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2024 година, во 15:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Охрид, патничко возило марка „Рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 67-годишно лице од охридското село Велгошти, излетало од коловозот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид ...
Скопје/Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за 72-годишниот Марк Јорис, белгиски државјанин кој на 18-ти септември 2024 година од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112. – Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2024 година, во 14:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишно лице од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната суперѕвезда Camila Cabello објави нова верзија на албумот „C,XOXO“ наречена „C,XOXO (Magic City Edition)“ кое носи четири нови песни „Baby pink“ заедно со Eem Triplin, „Come Show Me“, „Godspeed“ и „Can Friends Kiss?“. Албумот е доказ за еволуцијата на Camila, проект каде таа ги помести границите и смело истражуваше нови музички и визуелни димензии, играјќи си со жанрови кои се многу подалеку од ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Sting, добитникот на 17 Grammy награди го објави новиот сингл „I Wrote Your Name (Upon My Heart)“, првата сосема нова песна за него по „The Bridge“ од 2021 година. Со фантастичните инструментални придонеси на тричлениот рок бенд составен од Dominic Miller, Chris Maas и Martin Kierszenbaum, музичарите заедно го носат звукот на вистински old school рокенрол. Вокалот на Sting пристигнува во малку погруба ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре, петок, 27-ми септември 2024 година е третиот уписен рок за новата академска 2024/2025 година на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид. – Заинтересираните кандидатите ќе може да поднесат документи во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Универзитетот. Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната и на социјалните медиуми на ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денеска се обрати на 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени. – Особено сум горд што Охрид е избран за град каде се одржува овој значаен настан. Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала меѓународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Крстовден, еден од најголемите празници на Православната Црква, со векови ги собира архиереите, сиот свештенички и свештено-монашки клир на средината од храмот, каде се издигнува најважното знамение за христијанскиот род – Крстот. Овој настан, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Raeleen D’Agostino Mautner, која помина долги години проучувајќи го италијанскиот начин на живот, особено им се восхитува на луѓето од Сардинија – едно од ретките места во светот познати како Сини зони, каде луѓето живеат исклучително долг живот. Иако генетиката игра улога во долговечноста, таа е само околу 20 до 25% од разликата во животниот век. Останатиот дел зависи од животниот стил – навики кои можеме ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите и финалните градежни работи на Трговскиот центар „Охрид Мол“. Според информацијата која ја добивме од компанијата Фортон Инвест во април годинава, градежните работи биле пред крај, и дека ги координираат датумите за отварање. – Во моментов ги координираме датумите за отварање, пред се’ водејќи се од закупците, посебно од модните брендови кои имаат сезонски колекции. Градежните ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024). Денеска ќе се одржи регистрација на учесниците, а официјалното отворање на конференцијата е закажано за утре, 27-ми септември 2024 година, со почеток во 09:30 часот, во амфитеатарот ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Тој ќе се сретне со македонскиот колега Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. За утре е најавена и заедничка меѓувладина седница, а на ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Свети свештеномаченик Корнилиј стотникот. Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени. – До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика ...
Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес е годишнина од првата клапа на првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли, филмот „Мирно лето“. „Мирно лето“ започнал да се снима во Охрид на 25-ти септември месец 1960, а премиерно бил прикажан на 18-ти април 1961 година. Гледајќи го филмот некој се присетува, а некој можеби првпат гледа како изгледал Охрид, Така, хотелот „Палас“, Чинарот, „Канео“, „Св. Климент“ пред повеќе од половина ...