
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Во таа насока, сопствениците на патнички и други моторни возила потребно е да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните Јавни претпријатија, денеска ги отстранија типизираните куќарки од пешачката зона на кејот на Охридското Езеро. Истите беа поставени кон почетокот на јуни оваа година и се користеа како привремени објекти во кои во текот на летната сезона се продаваа прехранбени производи. За нивно нормално функционирање беа обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Даниел Којнов, ученик од Гимназијата во бугарскиот град Шумен е победник на 31. Балканска олимпијада по информатика што во организација на Здружението на информатичари на Македонија деновиве се одржа во Охрид. Тој беше прогласен за најдобар во конкуренција на педесеттина учесници од 15 земји од поширокиот Балкански регион. Најдобар од македонските претставници на натпреварувањето е Дамјан Давков од Штип ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, овој петок на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток во 18:30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Џорбаџија“ во изведба на актерите од „Театар Хит“ од Скопје. – Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нискиот водостој на Охридското Езеро периодов наназад ги откри оштетувањата на пристаништето во Охрид. На потегот кај самата линија на езерото видливо е дека дел од камењата се изместени и доколку не се санираат, оштетувањата само ќе се зголемат. Причина за оштетувањата се секако брановите, но и самата старост. Пристаништето е изградено минатиот век за време на кралството Југославија, во далечната 1938 ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – МВР трага по возач на возило кој не пружил помош на повреден мотоциклист во Охрид. – На 24-ти септември 2024 година, во 13:40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, 60-годишно лице од Охрид, управувајќи мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени изминатите 24 часа на територијата на СВР Охрид доминираат во полицискиот Билтен, регистрирани се случаи на пронајдена дрога, оштетен гробен споменик, лица од Непал кои го напуштиле хотелот во кој работеле, повредемо лице во сообраќајна незгода… На 24-ти септември 2024 година, во 18:45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија ...
Скопје, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Во таа насока, сопствениците на патнички и други моторни возила потребно е да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со синглот „The Emptiness Machine“, Linkin Park најавија големо враќање, вклучувајќи и нов албум насловен „From Zero“ и придружна турнеја, со што бендот стави крај на гласините и ја претстави новата пејачка Emily Armstrong. Emily, пејачката на групата Dead Sara, ќе има тешка задача да го замени покојниот вокал Chester Bennington, а на вокалите ќе биде и Mike Shinoda додека во бендот се и Joe Hahn, Brad ...
Скопје, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти и 12-ти октомври во Националаната опера и балет во Скопје ќе се одржи првиот интернационален музички фестивал „Песните на Тоше“. Марјан Катароски, промотор на македонски таленти во светот, организатор на музички фестивали во земјава и актуелен директор на Светската асоцијација на фестивали, години наназад со својот ангажман го носи светот во Македонија, но и на нашите млади артисти им овозможува ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – The Weeknd ги објави деталите за новиот албум „Hurry Up Tomorrow“. Уметникот со вистинско име Abel Tesfaye, на социјалните мрежи кратко откри дека станува збор за „сериозно креативен проект“. – Денес се чувствувам како бескрајно да се врти се’ околу мене. Постојано ја искривувам вистината, имун на вртоглавици, вкочанет од гадење. Она што се крие долу – вреска во тишината… Се гледам во огледало и се ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид со претствата „Секс лаги и љубомора“ вечерва настапува на театарскиот фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово. Хит претставата за која на матичната сцена се бара влезница повеќе е по текст на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изледа старата фотографија направена пред многу години кај плажата пред хотелот „Горица 1“, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Храната богата со пробиотици, како што се јогуртот и ферментираната храна, се познати по нивните корисни ефекти врз здравјето на цревата, но нудат и други придобивки. Редовното консумирање на оваа храна може да има позитивни ефекти врз меморијата, расположението и здравјето на срцето, особено кај луѓето над 50 години. Пробиотиците ја поддржуваат функцијата на мозокот преку подобрување на врската ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи утрово, нешто по 08:20 часот во близина на Градскиот пазар во Охрид. На еден од пешачките премини на булевар „Туристичка“, возило удри во велосипедист во момент кога истиот се движел по коловозот. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата. Екипа на СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и се очекуваат повеќе информации во текот на ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид ја најавува традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“, која ќе се реализира во сабота, на 28-ми септември 2024 година. Ќе започне во 11:00 часот со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од кеј „Македонија“, на потегор пред хотелот „Палас“, а цел пред Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за оваа година. Под мотото „Дарувај крв, дарувај живот“, денеска во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе се одржи средношколска крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“. – Гимназијалци. Ве покануваме на крводарителска акција во просториите на гимназијата каде ќе можете да ја даруваат својата скапоцена течност и да ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Свети свештеномаченик Автоном. Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени. – Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на ...
Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во овие тешки и траорни моменти за мене и за моето семејство, кога се соочивме со проблем кој ни изгледаше непремостив, моите другари, пријатели, познаници, но и непознати луѓе кои никогаш не сум ги сретнал покажаа голема хуманост и човечност и сплотени тргнаа во акција за собирање на средствата за мое лекување. Со ваква порака, Мухамед Максуд Муки испрати јавна благодарност за сите граѓани кои за кратко ...
Скопје/Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан, заедно со делегација од унгарската Влада, во четврток и петок, на 26-ти и 27-ми септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во петок ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Никола Илиевски – Џиџи поднесе оставка од функцијата тренер на ГФК Охрид Лихнидос. – После натпреварот против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството на ГФК Охрид. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера, стои во информацијата од клубот. Поранешниот селектор на ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе седми ден од потрагата по исчезнатото лице од Белгија, 72 годишниот Марк Јорис, кој планирал да планинари во реонот Охрид-Струга-Дебар. – Лицето последен пат е забележано во атарот на село Лакајца, струшко, на 18-ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица сѐ до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за оваа година. Под мотото „Дарувај крв, дарувај живот“, утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе се одржи средношколска крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“. – Гимназијалци! Ве покануваме на крводарителска акција во просториите на гимназијата каде ќе можете да ја даруваат својата скапоцена течност и да ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната Sade по подолга пауза издава нова песна, „Young Lion“, која е посветена на незиниот син Izaak. Ќе биде издадена за етикетата на Red Hot на 22-ри ноември 2024 година. Синглот е прво официјално издание за Sade по полни 14 години. Периодов наназад можевме да ја слушнеме само во две изданија и тоа во 2018 година кога „Flower of the Universe“ беше дел од музиката на филмот „A Wrinkle in Time“, а ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро со видно намален водостој. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,22 м.н.в, што е за 12 сантиметри под просекот за септември (693,34 м.н.в), 5 над природната кота (693,17 м.н.в), односно 12 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Од почетокот на месецов езерското ниво е намалено за 7 сантиметри, со ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ирскиот музичар Rea Garvey е повторно актуелен со нова песна „Halo“, креирана за моментите кога треба да бидеме таму за вашите најблиски кога сме им најпотребни. – Мислам дека наративот во светот во моментов е повеќе фокусиран на негативноста. Ми се чини дека таа страна од животот стана многу погласна, па единствен начин да се надмине негативноста е да се биде уште попозитивен, вели Garvey. Покрај со ...
Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пет боксери од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид ќе учествуваат на Опен Балкан куп што на 12-ти октомври ќе се одржи во Лозница, Србија. Боите на градот и клубот „Алексо Огненовски“ ќе ги бранат Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Лука Грозданоски. Покрај ова, боксерот Наум Стојаноски ќе настапи и на Светското младинско првенство што од 20-ти октомври до 4-ти ...