Охрид, 18. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележува годишнината од смртта на преродбеникот Кузман Шапкарев, кој почина на денешен ден, во 1909 година во Софија. Шапкаров е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“, ...

Охрид, 18. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети маченик Кoнoн Исавриски. Пoучeн вo вeрата Христoва и крстeн вo имeтo на прeсвeтата и живoтвoрна Трoица oд самиoт Архангeл Михаил. Дo смртта нeвидливo гo слeдeше oвoј Архистратиг Бoжји. Прoсвeтлeн и oјачан сo благoдатта на Свeтиoт Дух, срцeтo нe гo влeчeше пo ништo свeтскo туку самo пo духoвнoтo и нeбeснoтo. Кoга рoдитeлитe сo сила гo ...

Охрид, 18. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 5. степени. – Претпладне, претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка (2-10 см). Потоа следува период на ...

Охрид, 18. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои ...

Скопје/Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната ...

Скопје, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, во придружба на полициски службеници, беше изведен од Полициската станица Карпош и со комбе на интервентната полиција однесен во судот во Кочани, каде ќе се одлучува за краткотраен притвор за него. Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска информираше дека најголемиот дел од осомничените за пожжарот во Кочани во кој загинаа 59 лица се испитуваат за ...

Скопје/Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според регистарот на Министерството за економија, во Скопје нема ниту еден ноќен клуб-кабаре со лиценца за работа. Во овој регистар се објавени сите локали кои добиле дозвола за работа во текот на минатата година, јави порталот expres.mk. Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски истакна дека вкупно 12 локали имаат лиценца, но ниту еден од нив не се наоѓа на територијата на главниот град. ...

Скопје, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Државниот обвинитиел Љупчо Коцевски денеска информираше дека најголемиот дел од осомничените за пожжарот во Кочани во кој загинаа 59 лица се испитуваат за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“, за кое се предвидени затворски казни од најмалку 3 до најмногу 20 години. Освен ова, обвинителството истражува и случаи поврзани со евентуално давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридските средношколци утре ќе одржат масовен собир на Градскиот плоштад за да им оддадат почит на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. – Охридските средношколци, во чест на настраданите во Кочани утре организираат масовен собир на плоштадот во Охрид. Со палење свеќи, цвеќе и петминутен молк ќе им оддадат почит на жртвите од пожарот во Кочани, информираат организаторите. Додаваат дека настанот ќе се одржи ...

Кочани, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – За време на денешниот протест во Кочани, незадоволните и револтирани граѓани го демолираа кафе-барот „Класик“ во центарот на градот. Кафулето е сопственост на газдата на таканаречната дискотека која вчера ја зафати страшен пожар при што загинаа 59 лица. Во Кочани се одржува протест на кој се бара одговорност за страшната трагедија која го погоди градот. На протестот има и дел од родителите на загинатите деца. ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Лошо поставени и нефункционални системи, модерниот и пребрз начин на живот, неодговорноста на поединци и често живеење за други и да се покажеме во очите на околината, резултираат со чести несреќи, незгоди од најразлични видови кога сите заедно доживуваме траума како последица од некој ваков неочекуван настан или искуство кое е шокантно или емотивно заканувачки. Примери на вакви настани има многу, а вклучуваат ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување судска одлука“. – При контроли, извршени на 7-ми март 2025 година, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основен суд во Охрид со кое ...

Скопје, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија формира мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како дел од оваа ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Последниот настан во Кочани уште еднаш сите не остави со грутка во градите и комплетно без зборови. Сепак, и во вакви настани мора да се најде начин некако да се продолжи понатаму и да се направи обид да се надмине првичниот шок, кој е најтежок за справување. Според Светската федерација за ментално здравје (WFMH), трауматските настани можат да се дефинираат како настани при кои одредена личност или некој нејзин ...

Скопје, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер. Според министерот Тошковски, пиротехничките средства кои ...

Кочани, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата. – Нема зборови што можат да ја опишат мојата болка! Но, во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме црлосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани и нивните семејства, Центарот за култура, Народен театар Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажаа настаните планирани за оваа недела. – Поради големата трагедијата што се случи во Кочани, НУЦК „Григор Прличев” – Охрид и Народен Театар Охрид, ги откажува сите планирани настани во текот на неделата што следи, како знак на ...

Скопје, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сите пациенти кои се згрижени во болниците се во стабилна состојба. Вкупно се хоспитализирани 135 пациенти од кои 84 во земјава и 51 надвор од Македонија, истакна министерот за здравство Арбен Таравари по утринскиот состанок на кризниот штаб. – За среќа сите пациенти кои се донесени во болниците се во стабилна состојба, како и оние кои беа испратени во странство. Но, има еден нов проблем. Пациенти кои не се ...

Кочани, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Кочани утрово се разбуди со уште една трагична вест, која ги потресе жителите на градот и вработените во здравствените институции. Почина Иле Гоцевски, долгогодишен возач во службата на Итна медицинска помош, човек кој со години посветено им помагаше на граѓаните во најтешките моменти. Колегите од Општата болница Кочани, каде што Гоцевски беше дел од тимот, се во шок и неверување. Вчера, како и секој ден, ...

Скопје/Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Катастрофата која вчера се случи во Кочани е трета најголема трагедија од осамостојувањето на Република Македонија по бројот на жртви. Првите две се урнатите авиони во Скопје и во Охрид, па после нив следува оваа трагедија. Ова се трагедиите со најголем број на жртви во историјата од осамостојувањето на Република Македонија: 1. Авионска несреќа на Авиоимпекс кај Охрид (20.11.1993 година) Кај „Тројани“ се ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во центарот на градот, на потегот кај Градското пристаниште, во чест на настраданите во пожарот во Кочани. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Скопје/Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, како и Законодавно-правната комисија. Законодавно-правната комисија треба да ги одржи 68 и 69 седница, на кои пратеиците ќе расправаат по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со услови за локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени. – Денеска ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 60 ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На експресниот пат А1, делница Градско-Дреново, од 17-ти март до ...

Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Преподобен Герасим. Овој познат светител најпрво се учеше на подвижнички живот во Тиваида египетска, а потоа премина на Јордан и таму основа обител во која имаше околу седумдесет монаси и која до ден денес постои. За својот манастир постави посебен типик, според кој пет дена монасите поминуваа по келиите плетејќи кошници и рогозини; внатре не ...

Охрид, 16. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за образование и наука (МОН) излегоа со насоки за училиштата, наставниците и стручните соработници по повод трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани. Насоките имаат за цел да им помогнат на училиштата да пружат психолошка поддршка на учениците по трагичниот настан во кој згаснаа многу млади животи. – Овој настан ги погоди сите и затоа е важно да покажеме колективна солидарност и да ...

Охрид, 16. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Откако Владата на Република Македонија прогласи 7 дневна жалост во државата, во знак на почит кон жртвите кои настрадаа во Кочани, на половина копје е симнато и големото знаме во центарот на Охрид. Одлуката дојде по трагичниот настан кој рано утрово, околу 02:45 часот се случи во Општина Кочани, каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и ...

Скопје, 16. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Макеоднија на денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. – Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе ...

Кочани, 16. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Осомничени се повеќе од 20 лица, а околу 15 лица се веќе во Полициска станица. Дел од осомничените за настанот се починати, согласно сомненијата кои ги имаме до сега, од аспект на осмничени, дел се во болница, соопшти на последната прес конференција во Кочани министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со настанот во кој има и приведени лица. – Четири лица моментално се обезнедени во болница, два ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
29%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
4.12
31%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
6.69
29%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
5.44
19%
1015
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 25ᴼ
4.12
75%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.72
46%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
65%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
24%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
28%
1017
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
10.29
54%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088