
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



На 25.10.2024 во 05.40 часот во казино на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиja од слобода 43 годишно лице од Охрид. Тој физички нападнал 34 годишно лице од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, инофрмираат од СВР Охрид. ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење ...
Реактуелизирана идејата за отворање на комплетно женски затвор во Струга по денешната работна посета која ја оствaри министерот за правда, Игор Филков со раководството на затворот. Оставривме работна средба, ги видовме состојбите, ги видовме капацитетите на затворот. Ја реактуелизиравме идејата за комплетно женски затвор со тоа што би се преадаптирале многу работи и цело женско одделение од затворот Идризово би се префрлило тука. Како идеја ја ...
ЈП „Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона. По завршувањето на туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација, потенцираат од претпријатието. ...
Ургентно решавање на проблемот со нестандардните депонии Буково и Мауцкер бараат од групацијата „Збогум Буково“ која е составена од 20-тина граѓански организации, пет месни заедници од општина Охрид и голем број загрижени граѓани. Во наредниот период со планираните активности сметаме на зголемување на бројот на поддржувачите на иницијативата и приклучување на поголемиот дел од граѓаните на Охрид и околните села. Првиот чекор е барање на средба ...
Советниците следната недела во четврток, 31 октомври, со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и седмата седница на Совет. На Дневен ред се 18 точки, меѓу нив одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година, одлуката за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид, донесување на буџетскиот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот и корупцијата на новата влада истакна дека општоприфатено во јавноста е дека досегашните реализирани постапки и акции се повеќе од професионално спроведени низ целосниот институционален процес и очекува да ги има што повеќе во иднина. Основната задача на МВР и на Владата е борбата против организираниот ...
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени. Продолжува периодот на стабилно време со студени утра во кои температурите наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови ...
Со натпреварите од 1 коло по групи, вечерва во салата „Билјанини извори“ почна хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“, кој се игра во чест на празникот 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот. Второто издание на турнирот на кој учествуваат 16 екипи беше отворено со куса церемонија и интонирање на химната на Македонија. На стартот на турнирот силите ги одмерија Хотел Инекс Олгица и РЕК Битола. Во интересен меч Хотел ...
Будва овие денови е домаќин на Светското првенство во бокс за младинци на кое учествува и охридскиот боксер Наум Стојаноски како дел од Македонската репрезентација во категоријата до 71 килограм. Во првото коло тој за противник имаше репрезентативец на Чиле кого успеа да го победи со прекин во третата рунда. Од самиот почеток двајцата боксери тргнаа офанзивно разменувајќи удари, при што на крајот од втората рунда резултатот беше изедначен. Во ...
Ракометарите на ГРК Охрид денеска пристигнаа во Турда, Романија, каде во сабота против истоимениот домаќин ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп. “Гладијаторите” попладнево го одржаа првиот тренинг. Се воигруваат тактичките замисли на стручниот штаб предводен од Стевче Алушовски, а се прават и анализи на играта на противникот. На првиот натпревар одигран во Охрид нашиот претставник славеше со 6 гола разлика. Г.М. Фото: А. ...
Привршуваат активностите поврзани со фудбалското игралиште во поранешна Касарна. Ова многу значајно спортско игралиште, посебно за жителите на тој делот од градот, кое децении беше запоставено и напуштено ќе добие нов лик и за брзо сите фудбалски клубови и школи ќе можат да го користат, велат од ЈП „Билјанини Извори“. Со предвидените активности претпријатието со поддршка на Општина Охрид реализираше неколку припремни и земјени работи како и ...
На 24.10.2024 година во 03,30 часот, на улицата „Бистрица“ во Охрид, приведено е 44 годишно лице од Охрид. Тој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 23.10.2024 година во 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на две места од плажа во близина на автокамп на брегот на Охридското Езеро во Охрид, настанал пожар кој зафатил ...
Распродадени картите за театарската претстава „Кумови“ која во петок, 25 октомври, ќе биде изведена во хуманитарни цели за нашата сограѓанка Бојана, а во соработка со Опшина Охрид. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување, информираа претходно од Центарот за култура “Григор Прличев”. Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ е во режијата на Билге Емин, ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите, информираат од Министерството за транспорт и врски. Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна. Одговарајќи на новинарско прашање дели во ЕУ има ...
Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК ...
Обезбедени нови 1212 канти за отпадоци и 59 контејнери за домаќинства во Струга. Како што информираат од ЈП Комунално Струга домаќинствата кои имаат оштетени канти истите ќе можат да ги заменат со нови преку пријавување во канцелариите на месните заедници во општина Струга. Подобрувањето на хигиената е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните. Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и ...
По интензивна децениска заложба на државата за враќање на квалитетот и вредноста на средните стручни училишта и за повторно афирмирање на неформалниот систем на обука, денеска можеме да кажеме дека имаме модерен и атрактивен систем на стручно образование и обука, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во обраќањето на настанот по повод заокружувањето на проектот за зголемување на привлечноста, релевантноста и ...
Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, денеска го ратификуваше договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја. Според документот, доколку една од страните биде подложена на вооружен напад, другата веднаш ќе и пружи воена и друга помош. Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го потпишаа пактот за време на посетата на Путин на Пјонгјанг во јуни. Русија и Северна Кореја ја зајакнаа соработката ...
Охридската тенисерка Ана Стојановска со одличен пласман на Мастерс турнирите кои се одржанаа во Скопје. Имено, изминатиот викенд во ТК ЈУГ Скопје се одржа Мастерс турнирот за најдобрите 8 jуниори и jуниорки до 18 години од државава. Одличен пласман оствари Ана Стојановска од ТК Охрид која го освои одличното второ место, а во финалето изгуби од Катја Ивановска од ТК МТП со 63, 61. Веднаш потоа, од 22-24 октомври, во ТК ЈУГ Скопје се одржа и ...
Охридската тенисерка Ана Стојановска со одличен пласман на Мастер турнирите кои се одржанаа во Скопје. Имено, изминатиот викенд во ТК ЈУГ Скопје се одржа Мастерс турнирот за најдобрите 8 jуниори и jуниорки до 18 години од државава. Одличен пласман оствари Ана Стојановска од ТК Охрид која го освои одличното второ место, а во финалето изгуби од Катја Ивановска од ТК МТП со 63, 61. Веднаш потоа, од 22-24 октомври, во ТК ЈУГ Скопје се одржа и ...
Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто. Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со ...
Ротари заедницата низ целиот свет го обележува 24 Октомври како Светски ден на борбатa против детската парализа (End Polio). Тој ден и периодот околку е време за членовите на Ротари клубовите, лекарите, претставниците на јавното здравје и сите луѓе кои сакаат свет без детска парализа да се здружат, да го одбележат овој ден и да ја кренат свеста за борбата за ставање крај на детската парализа, како и да зборуваат за активностите што треба да ги ...
Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Охрид утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени. Според ...
ГРК Охрид ја совлада екипата на Пролет во 8 коло од Супер лигата 32:29, полувреме 18:24, и го задржа чекорот со водечките екипи на табелата. Гладијаторите до победата стигнаа потешко од очекувањата. Иако во првиот дел Охрид имаше предност од 4 гола, Пролет во второто полувреме целосно се врати во игра. На срединатќ од вториот дел гостите од Скопје имаа предност од два гола. Тоа го запали алармот кај Охрид кој набрзо ги консолидира редовте и ...
На свеченост што се одржа синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. И денес, после 131 година, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, одѕвонува во колективната меморија на македонскиот народ, како ден темелник за сите идни борби за независна и слободна Македонија. Со младешка жар и одважност, нескриена храброст и визија, Христо Татарчев, Дамјан ...
Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија, вели во празничната честитка градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна ...
Со два натпревара одиграни ноќта вторник кон среда почна сезоната 2024/25 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Бранителот на трофејот, тимот на Бостон селтикс забележа убедлив триумф над Њујорк никс со 132:109. Џејсон Тејтум со 37 поени и 10 асистенции ги предводеше домаќините до првиот триумф. На другиот натпревар, Лос Анџелес лејкерс ја совлада Минесота тимбервулвс со 110:103. Ентони Дејвис се истакна во победничкиот состав со ...
Tренерот на Еурофарм Пелистер, Бранимир Ангеловски поднесе оставка по синоќешниот пораз на актуелниот македонски првак на гостински терен од Алкалоид во 8 коло во Суперлигата. Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер. Среќно понатаму Бранко, ти благодариме за се, објави кратко Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи. Ангеловски ја напушти клупата на битолскиот состав, откако неговиот состав загуби ...
Утрово во 7 часот во Охрид се измерени 5 степени Целзиусови. Преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови. Во Охрид до 19 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и ниски утрински ...