Продолжува опаѓањето на водостојот на Охридско Езеро. Ако минатата недела беше на кота од 693.17 м.н.в., денес според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е намалено за уште два сантиметри и се наоѓа на кота од 693.15 м.н.в. Со тоа ниво на езерото денес е за шеснаесет сантиметри под просекот за октомври (693.31 м.н.в), 5 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и два сантиметри ...

Отворен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 година и истиот трае заклучно до 26-ти ноември 2024 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, а поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани ...

Сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен. Продолжува периодот на сончево и релативно топло време за овој период од годината, освен во среда, кога ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. По одделни ...

Уцениците на СОСУ “Св. Кирил и Методиј” и гимназијата “Св. Климент Охридски”во соработка со познатиот охридски диџеј Фејс (Dj Face), во ноќниот клуб Ребел организираа хуманитарна забава за нашата сограѓанка Бојана на која и е потребна парична помош за лекување. На хуманитарната забава собрани се вкупно 194.000 денари. Собраните средства се уплатени на сметка на Бојана на која и е неопходна помош во борбата со тешката болест. Заедницата во ...

Уцениците на СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” во соработка со познатиот охридски диџеј Фејс (Dj Face), во ноќниот клуб Ребел организираа хуманитарна забава за нашата сограѓанка Бојана на која и е потребна парична помош за лекување. На хуманитарната забава собрани се вкупно 194.000 денари. Собраните средства се уплатени на сметка на Бојана на која и е неопходна помош во борбата со тешката болест. Заедницата во Охрид изминатиот период се ...

Бројни верници денеска го посетија храмот Св. Петка во Велгошти за празникот Петковден, кој традиционално масовно се одбележува во овој крај. Верниците присуствуваа на литургијата, запалија свеќи и и се помолија на светицата за здравје и среќа. Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка ...

Потпишани договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, социјалната политика, транспортот, културата и туризмот, животната средина и во спортот. Дел од тие ...

Со црковна церемонија утрово беше осветена црквата Св. Никола во село Вишни, струшко, изградена по иницијатива на црковниот одбор и граѓаните на селото. Свечениот чин на осветување на црквата и литургијата ја водеше Отец Васко Голабоски, парохиски свештеник. Беше осветена вода, верниците се причестија, а беше поделена и нафора. За осветувањето на црквата, претходно во неколку наврати биле определени датуми, но од одредени причини истата не ...

На 26.10.2024 година во 20.35 часот, при контрола во близина на зграда, лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со 67 парчиња различни пиротехнички средства. Дополнително, на првиот кат од зградата, пронајдени се остатоци од испукани пиротехнички средства, информираат. Потсетуваат дека, неовластената употреба на петарди на јавни места, е казниво дело и предизвикување општа опасност ...

По повод празникот Преподобна Параскева – Петковден во селото Волино се одржа свечена церемонија на осветување на црквата „Света Петка“. На осветување на црквата чиноначалстувавше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а присуствуваше и директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Билјана Стефаноска. Осветувањето на овој свет христијански храм значи збогатување на културното ...

Опожарено возило ноќеска во Пештани. Дојавата е примена во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид неколу минути по полноќ. Ноќеска во 00:15 примена е дојава за запалено возило. ТППЕ Охрид интервенираше со едно возило и три пожарникари, информираат. Од СВР Охрид појаснуваат дека станува збор за патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 35 годишно лице од Скопје. Возилото во кое избувнал ...

Со црковна церемонија што започна утрово, се осветува црквата Св. Никола во село Вишни, струшко. Црквата е отпочната да се гради во 1999 година, а комплетно е завршена во 2007 година од семејството Трповски и со помош на граѓаните. Изградена е на место каде претходно постоела стара црква, во соработка со Дебарско- кичевската епархија. Претходно имало неколку датуми определени за да биде осветена, но поради одредени причини црквата се ...

Со новиот зимски ред на летање, што стапи на сила сила на полноќ, од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе има летови до 4 дестинации. Компаниите Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Меминген, Дортмунд и Цирих. Во истиот период од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 44 дестинации. Неодамна Министерството за транспорт и врски соопшти дека од 30 март 2025 година од аеродромот во Охрид ќе има ...

Третиот ден од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“ што се игра во салата „Билјанини извори“, донесе интересни и ефикасни натпревари на кои беа постигнати 28 гола. Резултати сабота, 26 октомври Инекс Олгица Хотел и СПА – ЈП Водовод Охрид 3:1 ЛТХ Леарница – РЕК Битола 4:7 Гостилница кај Мече – ЈП Колекторски Систем 4:0 Костал Македонија – ЈП Нискогрдба 6:3 Недела е слободен ден а турнирот продолжува во понеделник со четири средби: ...

Ракометарите на Охрид го завршија настапот во ЕХФ Европскиот Куп во кој „Гладијаторите“ настапија по седумгодишна пауза. Тие денеска загубија во реваншот од романската екипа Потаиса Турда на гости 39:29 и доживеаја елиминација. Во првиот меч Охрид славеше 31:25. Како изгледаше европската ракометна битка помеѓу Турда и Охрид погледнете ја галеријата на фоторепортерот на Охридњуз Анамарија Момироска. Европската ракометна битка помеѓу Турда и ...

Ракометарите на Охрид попладнево на реваншот во Романија се поразени од Потаиса Турда со 39:29, полувреме 17:14. Во првиот натпревар одигран пред седум дена Охрид на домашен терен славеше 31:25 што се покажа недоволно за пласман во 3-то коло од ЕХФ Европскиот Куп каде ќе игра романскиот претставник. Гладијаторите во првото полувреме беа целосно во игра до самиот финиш. Се играше израмнето, а резултатот на семафорот во најголем дел беше егал. ...

Ракометарите на Охрид денеска од 17 часот во Романија го играат реванш натпреварот од 2-то коло од ЕХФ купот против Потаиса Турда. Четата на Алушовски во реваншот влегува со шест гола предност остварена во првиот меч одигран во Охрид (31:25). Охридњуз ќе информира за текот на средбата и најважните моменти: 16:15 Ракометарите на Охрид излегоа на терен и се загреваат за натпреварот со Турда. 16:00 Арена „Турда“ на час пред почетокот на мечот ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54- годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца, и 59-годижен жител на Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Првипријавениот во 2023 година, тогашен директор на јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Галичица“ Охрид, дозволил сеча на дрвна маса во шумско ...

Во акција на полицијата во кичевското село Зајас, синоќа, од слобода лишено е 50-годишно лице од селото Грешница, кичевско. При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал, соопшти СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, ...

Православните христијани во недела го празнуваат празникот посветен на Светата преподобна маченичка Параскева, во народот позната како Св.Петка. Традиционално празникот масовно се одбележува во манастирскиот комплекс посветен на оваа светица во Велгошти, охридско, кој плени со мир и спокојство. Во очи празникот го реобјавуваме краткиот видео прилог снимен за Манастирот св.Петка во Велгошти кој е едно од најголемите светилишта во охридскиот ...

Православните христијани во недела го празнуваат празникот посветен на Светата преподобна маченичка Параскева, во народот позната како Св.Петка. Традиционално празникот масовно се одбележува во манастирскиот комплекс посветен на оваа светица во Велгошти, охридско, кој плени со мир и спокојство. Во очи празникот го реобјавуваме краткиот видео прилог снимен за Манастирот св.Петка во Велгошти кој е едно од најголемите светилишта во охридскиот ...

Ракометарите на Охрид денеска во Романија го играат реванш натпреварот од 2 коло од ЕХФ купот против Потаиса Турда. Првиот меч во Охрид „Гладијаторите“ го добија со 6 гола разлика. Охрид синоќа го одработи вториот и последен тренинг пред мечот во Арена „Турда“ каде попладнево ќе се игра натпреварот. Здравствениот билтен е добар, Алушовски на располагање ги има сите играчи и верува дека екипата има квалитет да одговори на предизвикот. ...

Викендов во фудбалска Европа се играат неколку дерби натпревари во најсилните лиги. Реал Мадрид – Барселона (сабота 21:00ч.) Првото Ел класико оваа сезона се игра во Мадрид. Реал (2) и Барселона (1) пред најголемото дерби во светот на „Сантјаго Бернабеу“ се во одлична форма. Реал со пресврт ја совлада Борусија со 5:2 во Лигата на шампиони, а Барселона го демолира Баерн со 4:1. Арсенал – Ливерпул (Недела 17:30ч.) Водечкиот Ливерпул ќе го има ...

Зимското сметање на времето ќе почне в недела на 27. октомври во 2 часот по полноќ, со поместување на стрелките на часовникот еден час наназад. Зимското време ќе трае до последниот викенд во март 2025 година, кога повторно ќе се премине на летно сметање на времето. Поместувањето се „унифицирани“ од 2002 година, кога европските држави се договорија летното време да стартува од последната недела на март, а зимското од последната недела во ...

Израел во раните утрински часови изврши три напади врз Иран. Серија силни експлозии се слушнаа над Техеран. Иранските власти соопштија дека експлозиите биле резултат на воздушната одбрана. Израелската армија соопшти дека извршила „прецизни напади врз воени цели во Иран“. Нацодно Израел претходно го предупредил Иран дека ќе го нападне, пренесуваат светските агенции. Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 20 степени. И во наредните денови не очекува стабилно време. Утрата ќе бидат студени, со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а ...

Стрелците беа исклучително расположени на натпреварите одиграни вечерва во салата „Билјанини извори“ на вториот ден од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“, кој се игра во чест на празникот 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид. Дури 12 гола паднаа на натпреварот Кафе бар 9 Струга и Провелд Метал Дизајн Волино, а ефикасно беше и на останатите средби. Резултати петок, 25 октомври: Кафе бар 9 Струга – Провелд Метал Дизајн ...

Ракометарите на Охрид се во Турда каде се подготвуваат за реванш натпреварот со романскиот претставник во Ехф купот. Екипата вечерва ќе го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч, а тренерот Стевче Алушовски на располагање ги има сите играчи. За среќа наша и на нашите љубители, екипата е здрава, сите се подготвени за натпреварот што претстои. Има мали проблеми со Горан Крстевски, нормално е тоа, имавме едно долго патување кое се одрази ...

На 25.10.2024 во 05.40 часот во казино на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиja од слобода 43 годишно лице од Охрид. Тој физички нападнал 34 годишно лице од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, инофрмираат од СВР Охрид. ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење ...

Реактуелизирана идејата за отворање на комплетно женски затвор во Струга по денешната работна посета која ја оствaри министерот за правда, Игор Филков со раководството на затворот. Оставривме работна средба, ги видовме состојбите, ги видовме капацитетите на затворот. Ја реактуелизиравме идејата за комплетно женски затвор со тоа што би се преадаптирале многу работи и цело женско одделение од затворот Идризово би се префрлило тука. Како идеја ја ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
42%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.2
53%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
47%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
53%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.91
38%
1015
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
56%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.81
43%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
29%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
10.8
29%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
5.14
60%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
5.66
41%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74