Општинските спортски објекти да може да се користат само за спортски активности или настани организирани од локалните власти. Под никакви околности овие центри не може да се користат за културни, социјални или религиозни активности што се туѓи на Градскиот совет, се наведува во одлуката на градските власти на Хумиља. Левичарската влада на Шпанија ја оцени мерката како „срамна“. Министерката за миграција Елма Саиз ги повика локалните лидери да ја ...

Со компјутерско моделирање било следено оддалечувањето на природата од секојдневниот живот на луѓето во текот на 220 години. Мајлс Ричардсон, професор по поврзаност со природата на Универзитетот во Дерби, анализирал податоци за урбанизацијата и губењето на дивиот свет во населбите, но и за образованието и воспитувањето на децата за природата. Со споредба на книги од 1800 до 2020 година, било утврдено дека се изгубиле 52,4% од зборовите за ...

Новиот генератор на слики и видеа Grok Imagine, кој од пред неколку дена е пуштен за претплатници, им овозможува на корисниците лесно да креираат содржини „што не се за пред јавност“ преку режимот „Spicy“. Но, Грок веднаш претерал со генерирање сексуално експлицитни видеа на ѕвезди дури и кога тоа не било побарано од него. Вревата ја крена новинарката Џес Ведербед од The Verge, која го сподели видеото во кое Грок ја соблекол Тејлор Свифт до ...

Претседателот Доналд Трамп тајно потпишал директива до Пентагон да ги разгледа можностите за употреба на воени сили за интервенција во латиноамерикански земји против одредени наркокартели, издвоени како закана за националната безбедност на САД. Извори на Њујорк тајмс во Пентагон изјавиле дека веќе се разгледуваат планови за таргетирање на криминалните групи, вклучувајќи и интервенции на странска територија и на море. Картелите се ужасни. Убиваат ...

Саваната повеќе не трепери под чизмите на британските црвени мантили. Се тресе под ударот на слоганите. „Граѓански ангажман“ се мрмори како мантра. „Отворено општество“ е врежано на таблите каде што старците некогаш го следеле космосот. Татнежот на артилеријата е заменет со говори. Пред емитувањето, се вежба револуција. Државен удар е стокмен за на телевизија. Стариот крал исчезнува, заменет со консензусен кандидат со диплома од Јеил и печат од ...

Во речиси 54-годишното работење на Лекари без граници, ретко кога имало вакво систематско насилство врз невооружени цивили. Станиците за дистрибуција на ГХФ, претставени како хуманитарни, се претворија во лабораторија за тестирање суровост. Ова мора да престане сега, изјави Ракеј Ајора, една од управителите на меѓународната група. Лекарите од МСФ бараат итно укинување на израелско-американската шема за доставување помош и враќање на механизмот ...

Експертски тим на Медицинскиот факултет на Харвард истражувал дали присуството на метали во клетките има врска со деменцијата. Тие испитувале стотици донирани примероци од мозочно ткиво и крв на луѓе со Алцхајмерова болест во напредна фаза, со благо когнитивно оштетување (MCI) во рана фаза и без никакви когнитивни проблеми. Од десетици метали само литиумот бил во значително различни концентрации. Идејата дека недостатокот на литиум може да биде ...

Уставниот суд на Франција го блокира законот за употреба на инсектицидот ацетамиприд. Пресуди дека користењето на отровната хемикалија е спротивно на „Повелбата за животната средина“, која е вградена во Уставот на Републиката. Одлуката е голем удар за владата, катастрофа за производителите на цвекло, но и победа за граѓаните кои во редок чин на единство во политички поделената земја масовно протестираа и бараа забрана на инсектицидот. На ...

Компанијата Илај Лили го претстави своето ново апче за слабеење, за кое тврди дека може да намали 12% од телесна тежина за 72 недели и сериозно ќе им конкурира на ултрапопуларните инјекции за слабеење. Производителот се надева дека до крајот на оваа година ќе добие лиценца и дека ќе лекот би можел да биде достапен следната година. Апчето за дневна употреба орфорглипрон делува така што го потиснува апетитот и го забавува варењето на храната. Било ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Индија со дополнителна царина од 25% за увоз на индиски производи, како притисок врз владата на Нарендра Моди да престане да купува руска нафта за да не ја финансира руската војна во Украина. На Моди му даде рок од три недели да ги поништи договорите за увоз на руска нафта за да избегне царини што за некои индиски производи би достигнале 50% - меѓу највисоките за кој било трговски партнер на ...

Кинезите го надминаа главниот проблем за конструкција на фузиски реактор, кој теоретски би бил извор на неограничена и чиста енергија. Главниот предизвик на копирањето на нуклеарниот процес во внатрешноста на Сонцето не е да се постигне спојување на лесните атоми, туку да се изгради реактор што би бил доволно цврст за да ги издржи екстремните температури, напрегања и магнетни сили. За оклопот на централниот соленоид на експерименталниот фузиски ...

Британија во почетокот на септември ќе одржи масовна вежба за проверка на јавната безбедност и системот за тревожење, најголема во својата историја. На 7 септември, недела, мобилните телефони на сите Британци поврзани со 4G и 5G мрежите ќе вибрираат и ќе емитуваат звук на сирена до 10 секунди. На екраните автоматски ќе се појави порака, со објаснување дека предупредувањето е само тест. Министер Пет Мекфаден објасни дека дека тревожењето преку ...

За само една генерација на Полјаците им успеа да го стасаат својот економски идол – Јапонија. Ова го покажуваат податоците за БДП по жител, прилагоден со паритетот на куповната моќ (ППП), кои отсликуваат пореална слика за животниот стандард. Според новата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд, Полска до крајот на оваа деценија ќе достигне БДП по жител од 55.200 долари и ќе ја надмине Јапонија. Ако во пресметката се вклучи и ППП, тоа ќе се ...

Наспроти војната, гладот и хаосот во Газа, Хамас наоѓа начин да им исплаќа вкупно 7 милиони долари месечно на околу 30.000 јавни службеници во енклавата. Тројца службеници потврдиле за ББЦ дека пред една недела добиле плата од 300 долари. Платата е значително намалена на 20% од сумата што била пред војната, а се испорачува на секои десет недели. Инфлацијата ја прави оваа сума симболична, бидејќи килограм брашно достигна цена од 80 долари. Без ...

Премиерот Улф Кристершон е апсолутно во право за технологијата на вештачката интелигенција и секако дека треба да ја користи во својата работа, забележува порталот Дагенс индустри, за кој шведскиот премиер го даде контроверзното признание. Прилично често користам алатки со вештачка интелигенција, ако не за друго, тогаш за второ мислење. Да добијам идеја како би постапиле други и дали треба да го мислиме сосема спротивното. За такви прашања, ...

Дури 79% од израелските Евреи „воопшто не се вознемирени“ или „не се вознемирени“ од извештаите за масовен глад и страдања на палестинското население во Газа, покажува анкета спроведена при крајот на јули од Центарот за јавно мислење Витерби при Израелскиот институт за демократија. На прашањето дали Израел вложува значителни напори за да се избегне непотребно страдање на Палестинците во Газа, 78% од еврејските испитаници се согласиле дека ...

Кабинетот на премиерката Џорџа Мелони го одобри предлог-законот презентиран од министрите за здравство и за семејство со кој се ограничува пристапот на малолетници до лекови што го потврдуваат полот и го блокираат пубертетот во третмани на родова дисфорија. Овие лекови ќе се издаваат само во болнички аптеки според протоколи што треба да ги изготви Министерството за здравство и по одобрување од Националниот етички комитет на педијатри. Се ...

ОпенАИ сега седи на двете страни на масата во затворена сала за состаноци и преговара самата со себе за да склучи договор во името на човештвото, а не ни дозволува да ја видиме содржината и да ги знаеме условите, а камо ли да решаваме дали да ја прифатиме одлуката, забележуваат потписниците на отвореното писмо. Претставувајќи се како „легални корисници на вашата добротворна мисија“, потписниците ја потсетуваат ОпенАИ дека е основана со правно ...

Министерството за здравство на САД повлекува 500 милиони долари вложени во вкупно 22 проекти за развој на вакцини со мРНК технологија. Дозволено ќе биде да завршат некои проекти што се во финална фаза, како развојот на новата вакцината на Модерна против птичјиот грип Х5Н1. Податоците покажуваат дека вакцините со мРНК не нудат ефикасна заштита од респираторните инфекции како грип или ковид. Ќе ги пренасочиме средствата кон побезбедни и пошироки ...

Србија во првите шест месеци од годинава му продала муниција на Израел за 55,5 милиони евра, повеќе отколку во целата претходна година, кога извозот достигна рекордни 47,9 милиони евра, тврдат во заедничко истражување новинари од БИРН и од весникот Хаарец. Претседателот Александар Вучиќ на оваа тема даде неколку конфузни изјави. На 6 јуни, во интервју за Ерусалим пост, се пофали дека Србија е „единствената земја во Европа што му продава муниција ...

Бранот лажни научни студии што ги преплавува списанијата се шири побрзо отколку што издавачите можат да ги откријат измамите и да отстранат од журналите. Во периодот од 2016 до 2020 година нивниот број се дуплирал на секои 18 месеци, покажува ново истражување, објавено во Зборникот на трудови на Националната академија на науките (ПНАС). Проблемот го создаваат „печатници“ – групи или поединци што на научници со загрозени кариери им гарантираат ...

Во серија експерименти, истражувачите им поставиле визири за виртуелна реалност на 248 учесници и им пуштиле снимка како им се приближуваат различни аватари со човечки лик. Некои аватари приоѓале неутрални или исплашени, а други јасно покажувале знаци на болест, како кашлање или осип. При еден од експериментите, од учесниците било побарано да притиснат копче кога ќе почувствуваат благ допир на лицето. Тие реагирале многу побрзо кога гледале ...

Работниците во Германија денес просечно земаат по 15 дена годишно отсуство поради болест. Во Норвешка уште повеќе, се губат 7% од работните денови, што е највисоко ниво за 15 години. Исплатата за боледувања во Франција се зголемила за 28% помеѓу 2019 и 2023 година, според Националниот фонд за здравствено осигурување, што делумно се објаснува и со стареењето на населението и инфлацијата. Но, тоа е голем товар за државата во период кога настојува ...

Односот на САД со Кина треба да се разбере во контекст на светскиот капиталистички систем. Акумулацијата на капитал на државите од Глобалниот Север зависи од евтината работна сила и ресурси од периферијата на Глобалниот Југ. Овој аранжман е клучен за високиот профит на мултинационалните фирми кои доминираат во глобалните синџири на снабдување. Разликата во цените со периферијата му овозможува на јадрото да присвои поголема вредност преку ...

Кинескиот невроморфен компјутер не е прв од тој тип во светот, но има двојно поголем капацитет од досега најмоќниот – Хала поинт што лани го претстави американскиот гигант Интел. Развиен е во Државната лабораторија за машински мозоци на универзитетот Џеџијанг. Опремен е со 960 невроморфни чипови Дарвин 3, кои заедно имаат повеќе од 2 милијарди вештачки неврони способни да создадат над 100 милијарди меѓусебни врски аналогни на синапси. За ...

Александар Гинцбург, директорот на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, објаснува дека револуционерната вакцина за рак е дизајнирана да ги таргетира малигните тумори користејќи ги сопствените генетски податоци на пациентот и нема да може да се користи за друго лице. Целиот процес на производство - од анализа на туморот до создавање прилагодена вакцина - може да се заврши за околу една недела со помош од вештачка ...

Израелските власти во консултација со американските спонзори заклучиле дека не можат по дипломатски пат да најдат начин да ги извлечат израелските заложници од Газа, а тоа да го прикажат како своја победа. Снимката што ја објави Хамас, на која се гледа прегладнет заложник како со лопата си го копа сопствениот гроб во некој тунел под Газа ја прелеала чашата гнев и го охрабрила премиерот Бенјамин Нетанјаху дека воената сила е единствената шанса да ...

Пластиката се смета за евтин материјал, но нова студија во водечкото медицинско списание Лансет укажува дека штетата врз здравјето од само три пластични хемикалии - PBDE, BPA и DEHP - во 38 земји изнесува 1.500 милијарди долари годишно. Производството на пластика се зголемило за повеќе од 200 пати во изминатите 75 години. Во 1950 година биле произведени 2 мегатони, во 2022 година 475 мегатони, а проекциите се дека во 2060 година ќе бидат ...

Пазете го ова пржење: На концертите на Оезис на Вембли, секоја вечер се пиеле по 250.000 пива! Пивото на гигантските шанкови се продавало по цена од 8,2 долара што значи дека од секој концерт се собрани по два милиона фунти од оваа ставка, соопшти компанијата која го работи стадионот. За споредба, за време на ланските концерти на Колдплеј на Вембли се пиеле по 120.000 пива на вечер а фановите на Тејлор Свифт се наквасиле со само 40.000 пива. На ...

За германската министерка за економија Катарина Рајхе од ЦДУ, постои едноставен начин да се решат хроничните проблеми на германскиот пензиски систем. „Мораме да работиме повеќе и подолго“, изјави таа за Франкфуртер алгемајне цајтунг. Ветувањата од некои партии дека ќе го решат проблемот нема да бидат доволни бидејќи стареењето на населението во Германија одамна е препознаено како проблем. Просечната возраст од 46,7 години е осма највисока во ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
41%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
67%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
33%
1022
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.6
36%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
73%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
57%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
39%
1018
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
52%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
47%
1016
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729