На почетокот од филмот Хари (ликот на Пеши) му кажува на колегата Марв (Даниел Стерн) дека домот на Мекалистер им е главната мета во богатата населба. Куќата од филмот се наоѓа во Винетка предградието на Чикаго, една од најскапите населби во САД. Таа има доволно простор за да го смести Кевин и неговите 4 браќа и сестри, плус цела гунгула гости. Според економисти од американските Федерални резерви, куќата во 1990 би можеле да си ја дозволат само ...

Откако беше објавено дека Зеленски се подготвува да ја потпише регрутацијата на 500.000 Украинци, украинскиот министер за одбрана изјави дека таа ќе важи за сите мажи на возраст од 25 до 60 години, а за непочитување на поканата ќе следуваат казни. Меѓу повиканите ќе бидат и украинските мажи кои успеале да ја напуштат земјата а се регистрирани во други држави. Министерот Рустем Умеров, објаснил дека регрутите однапред ќе бидат известени како ќе ...

„Машки свет. Крв на асфалтот“ (во оригинал: Slovo Patsana. Krov na asfalte) е нималку нежен опис на некогашната перестројка и советскиот распад, полн со садизам и цинизам, приказна која следи група момчиња кои се принудени да влегуваат во уличните банди во градот Казан. Тоа денес е најгледаната телевизиска содржина во Украина, иако таму е забрането сè што доаѓа од Русија или е на руски јазик. Публиката, особено младите, епизодите ги наоѓаат на ...

Дедото, од централната кинеска провинција Шенси, додека ја разнесувал внуката на најразлични активности забележал дека таа не кревала глава од телефонот. Се погодило во колата да има и конус, кој се користи кај кучиња за да не си ја лижат раната, па му го намонтирал на девојчето. Кога девојчето се побунува дека конусот е за кучиња, дедото смирено и одговара, „не розев е, го купив за тебе.“ Во следните два дена секој пат кога девојчето ќе посака ...

Џени Џаст и нејзиниот сопруг сакале некако да ја научат својата ќерка која се занимавала со тенис, да ја чита нејзината противничка на теренот а не само да мисли на својата игра. Им текнало дека можеби покер може да помогне. Собрале уште 10 жени и девојки и почнале да ги учат на комар, забележувајќи брза трансформација кај нив: девојките кои прво меѓусебе наивно се прашувале која што да одигра, за брзо време станувале ајкули, решени да ја сотрат ...

Ши на состанок на кој присуствувале десетина американски и кинески функционери му порачал на Бајден дека Кина претпочита мирољубиво да го припои Тајван кон себе, а не со сила. Тој се обрнал и на јавните процени на американското воено раководство дека Кина планира да го нападне Тајван во 2025 или 2027, порачувајќи му на Бајден дека истите се погрешни бидејќи Пекинг се уште нема поставено временска рамка. Пред самата средба кинески функционери ...

Кога паѓа Берлинскиот ѕид, на истово прашање позитивно одговориле 78% од Германците, но од тогаш бројките постојано паѓаат, посебно за време на владите на Шредер и на Меркел. По групи најслободно се чувствувале Германците на возраст од 16 до 29 години, од кои околу 50% изјавиле дека можат слободно да зборат. Кај сите постари групи слободата ја чувствуваат само 36 до 38 проценти. Пример, мнозинството на лицата од 45 до 59 години, околу 51%, се на ...

Министрите на ЕУ се на пат да прифатат финансирање на релокација на мигранти во трети земји или друга форма на солидарност, како финансиски придонес за држави што имаат проблеми или плаќање на опрема. Промените се дел од нешто кое се нарекува Миграциски пакт кој е збир од документи што треба да ги постават новите правила за менаџирање со миграцијата. Еден од најдискутираните закони во рамки на пактот е РАММ (Regulation on Asylum Migration ...

Во изминативе два месеца американската морнарица над Црвеното море има соборено 38 дронови и повеќе проектили истрелани од Хути бунтовниците од Јемен. Само во саботата разорувачот УСС Карни пресретнал 14 дронови. Хутите тврдат дека нивните напади над Црвеното море се во знак на поддршка на Палестинците и дека истите нема да престанат додека Израел не ги прекине операциите во Газа. Политико пренесува дека функционери на Пентагон се загрижени од ...

Од одобрувањето на првите вакцини против корона кон крајот на 2020, членките на Унијата заедно имаат купено 1,5 милијарди дози (повеќе од 3 за секој жител на ЕУ). Процената е дека на ниво на Унија фрлени се во просек 0,7 вакцини на жител. Најмногу вишок имало во Естонија, повеќе од доза по жител, а на второ место е Германија, која има фрлено најмногу вкупен број на вакцини. Политико бројките ги добива делумно од директно од владите, а еден дел ...

Не знаеме дали го знае Сиксто Шугармен Родригез, ама младиот Ајдан Маезе - Черопски би можел да си ги запее оние негови стихови “Cause I lost my job, two weeks before Christmas....” Тој остана без работа во американскиот Сенат откако вирално се прошири неговата секс снимка од службените простории на институцијата, во онаа веројатно најважната, салата за сенаторски сослушувања. На таа снимка Ајдан има додуша пасивна, ама сепак главна улога во ...

Заклучокот е од Универзитетот во Валенсија кој анализира повеќе од 20 студии за читање и колку читателите го сфатиле материјалот. Студиите се во периодот од 2000 до 2022 и имаат речиси 470.000 учесници. „Поврзаноста меѓу фреквентноста на дигитално читање во слободно време и совладувањето на текстот е блиску до нула,“ изјавил ко-авторот на студијата, професор Ладислао Салмерон. Едно од објаснувањата е дека тоа се случува затоа што „лингвистичкиот ...

Предупредувањата, за сега без санкции, се актуализирале изминативе месец до два, во најмалку осум кинески провинции, откако во септември истото го побараа државните институции и компании во Пекинг и Тиенцин. Главно од вработените се бара на работа да доаѓаат со кинески уреди, а не-кинеските да ги оставаат дома. И ова важи за сè од мобилни до таблет уреди и паметни часовници. Забраната за странски уреди веќе неколку години е во сила но до сега ...

Мартин Сандбу во текстот за Фајненшл тајмс порачува „немојте да бидете охрабрени од способноста на ЕУ лидерите да го избегнат најлошиот исход“. Како пример за тоа е одлуката за започнување на преговори за членство со Киев, а процена на Сандбу е и дека ЕУ на крај ќе најде начин да ги обезбеди ветените 50 милијарди евра годишно за Украина. Тој смета дека ова се одлуки кои веќе се надзираа и беше малку веројатно да не се случат. Тие се донесени во ...

„По 17 декември 2023 повеќе нема да можат да се поднесуваат нови апликации за еколошки бонус во Федералната канцеларија за економија и контрола на извоз,“ објави во саботата наутро германското министерство за економија. Како што пишува Билд, со ова министерството им даде на граѓаните шанса нешто помалку од 38 часа за да купат електрично возило и да аплицираат за субвенции. Бидејќи апликацијата може да се поднесе само за регистрирано возило, што ...

Смената на Чин е „важен инцидент кој влијае на меѓународната политичка динамика околу руската инвазија на Украина.“ Одлуката делумно е и превентивна пред средбата што во ноември ја имаат кинескиот и американскиот претседател. Наводно сето ова почнува кога во мај годинава, Ли Хуи, поранешниот кинески амбасадор во Русија, оди во посета на Киев и се среќава со Зеленски. Средбата се смета за индикација за промената на расположението на Кина во ...

Украинските медиуми објавуваат дека во просторијата е најден прислушкувач кој во моментот на откривање бил во „неоперативна состојба“ и немал начин да зачува или пренесе аудио снимки. „Нагласуваме дека уредот не е најден директно во канцеларијата на Валериј Залужниј, туку во една од просториите која би можела во иднина да биде користена од него за работа,“ порачуваат украинските власти. Уредот веќе е даден на испитување и е започната истрага за ...

По ново федералната полиција ќе смее да ги апси оние што ќе направат кривично дело за време на протестите, и ќе може „да делува во јавниот превоз“ за да запленува „протестни материјали, како палки“ и за да испитува граѓани со качулки или оние што учествуваат на протести „а се обидуваат да не бидат препознатливи“. Една од позначајните новости е што ќе се направи регистар на организации кои „поттикнуваат“ протести и ним ќе им биде испратена сметка ...

„Војниците и маринците кои учествуваат во преминувањето на реката ја опишуваат офанзивата како брутална и излишна, во која бранови од украински војници се покосени на речниот брег или во водата, уште ред воопшто да стапнат на другата страна,“ пишува Њујорк тајмс пренесувајќи сведоштва од украинските борци. Тие сведочат дека условите на тој дел од фронтот се станати толку лоши што на најголемиот дел тие немаат ни каде да се вкопаат. Првиот ...

Ако Орбан не е вистински волен да се согласи со започнувањето на преговори за зачленување на Киев во Унијата, тогаш би било добро на кратко да ја напушти просторијата, му предложил Шолц на унгарскиот претседател пред колегите од ЕУ. Шолц објаснил дека ова ќе им дозволи на преостанатите 26 членки на ЕУ кои остануваат на состанокот да го одобрат патот кон членство на Украина, кое според ЕУ правилата може да биде прифатено доколку еден лидер е ...

На 26 април 1986 година, нуклеарно топење и пар експлозии го разнесоа капакот на еден од реакторите на нуклеарната централа Чернобил. Радиоактивното гориво и остатоците беа разнесени во атмосферата над северна Украина, ширејќи радиоактивен материјал низ Европа (.пдф). Експлозијата расфрли 400 пати повеќе радиоактивен материјал од атомската бомба врз Хирошима, а над 200.000 луѓе итно беа евакуирани, оставајќи зад себе сè што имаат, дури и нивните ...

Повеќе од 300.000 луѓе во Англија ќе го поминат Божиќ во некоја форма на бездомништво, вели една тамошна добротворна организација за домување. Проценетата бројка е за 14% поголема во однос на минатата година, при што повеќето од погодените се во некакво привремено сместување. Добротворната организација соопшто дека недостатокот на социјални станови и недостапните приватни кирии се дел од причините за порастот иако Владата вели дека троши 2 ...

Законот деновиве треба да биде потпишан од Бајден и ја „нагласува посветеноста на Конгресот кон НАТО алијансата која беше мета на гневот на поранешниот претседател Трамп дур беше на власт.“ Предлагачи на законот се и демократи и републиканци, кои објаснуваат дека тој е „критична алатка за Конгресен надзор.“ Последните два претседателски мандати во САД носат и дијаметрално спротивна политика кон НАТО. Трамп цел мандат се жалеше дека никој во НАТО ...

Бројките што ги објавува Вол стрит журнал покажуваат и дека само Западна Германија во 1980-те имала над 7.000 борбени тенкови, а денес целата Германија има 200, од кои најверојатно само половна се функционални. Поалармантниот податок што германските функционери го споделуваат со Вол стрит журнал е дека моментално целосната германска индустрија има капацитет да произведе само три тенкови месечно, што е помалку од 40 тенкови годишно. Уште на ...

Турција не е само рај заради впечатливите предели како Кападокија или сочните турски кебапи, таа нуди и квалитетни медицински третмани по пристапни цени и станува европски хот-спот за таканаречениот здравствен туризам. Земјата бележи скок од 70% во овој туристички жанр, во споредба со пред-пандемиските времиња. Во 2022 година, над 44,6 милиони луѓе ја посетиле Турција, од кои 1,2 милиони биле „медицински туристи“. Годинава бројките ќе бидат уште ...

На 28 ноември се заокружија 28 години од Дејтонскот договор што ја прекина војната во Босна, војна за која Кит Клеренберг пишува дека „во секоја фаза беше охрабрувана, финансирана, вооружувана и пролонгирана од САД.“ Тој договор ѝ наметна на Босна комплициран и неефикасен политички систем и незграпен устав чии делови во многу наврати досега беа оспорени во Европскиот суд за човекови оправа. Сето тоа време Босна го има она за што Заев робовски ...

Во повеќе наврати од говорот Капуто повтори „веќе нема пари“, што беше една од главните пораки од првиот говор на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи. Капуто најави 10 мерки кои треба да ја спасат економијата. Прва и веројатно најтешка е масовна 54-процентна девалвација на пезосот и намалување на трошењето. Под трошење се подразбира преполовување на бројот на министерства, намалување на парите за провинциите, трошењето на јавни работи и ...

Американската одбранбена индустрија мака мачи да постигне брзина и респонсивност за да остане во високотехнолошката трка во вооружување со Кина, предупредува нов извештај на Пентагон. Како што сега стојат работите, американската одбранбена индустриска база „не поседува капацитет, способност, респонсивност и издржливост потребни за задоволување на целиот опсег на потреби“, се наведува во извештајот до кој стигнал Политико. Се забележува дека ...

Израел ги смета тунелите на Хамас под Газа за клучни за функционирање на терористичката организација, заради што и нивното уништување е една од главните цели на операцијата во Газа. Се проценува дека должината на тунелите е некаде околу 500 километри, и дека целата операција за поплавување ќе трае неколку недели. Вол стрит журнал пренесува воени аналитичари кои објаснуваат дека Израел до сега нема уништено најголем дел од мрежата тунели и дека ...

Неуспесите на Украина на фронтот почнаа да предизвикуваат поделби меѓу военото и цивилното раководство на земјата околу продолжувањето со истата политика на ширење позитива околу случувањата на фронтот. „Треба да додадеме повеќе реализам... и треба да бидеме храбри околу случувањата како што бевме на 24 февруари,“ објаснува за Фајненшл тајмс, лице запознаено со комуникациската стратегија на претседателскиот кабинет. Воените лидери на Украина ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
94%
1017
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
2.68
90%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
1.03
89%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
89%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
98%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.45
50%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
83%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
87%
1014
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
78%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504