
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Вашингтон пост неделава пренесе дека најновата социјална платформа го претстави својот обновен пребарувач само за корисниците кои ќе побараат „ковид“ или „продолжен ковид“ да добијат празен екран и поп-ап кој води до веб страната на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. На пребарувачот блокирани се и термини како секс, порно, коронавирус, вакцини, вакцинација... Мета соопшти дека пребарувачот на Тредс „привремено не дава ...
Десетици илјади членови на мексикански семејства ја преминале јужната граница на САД во последните месеци. Одлуките на Бајден да стави крај на задржување на семејства без документи во центри наменети за тоа и лансирањето апликација за закажување легални преминувања, веројатно придонеле за привлекување повеќе мексикански семејства. Фактор е и зголеменото раселување во делови од Мексико, главно поттикнато од насилствата меѓу картелите. Башка ...
Драгана Вучетиќ штотуку го завршила факултетот како дипломиран форензички антрополог кога била вовлечена во една од најтемните епизоди на модерната европска историја - идентификација на анонимните жртви на геноцидот во Сребреница во 1995 година за време на војната во Босна. Денес е во своите рани 40-ти години и работи сама меѓу коските во мртовечницата во Тузла во североисточна Босна. Од околу 8.000 загинати во Сребреница, околу 1.000 сè уште ...
Во моментов во Англија луѓето можат да купат максимум две пакувања лекови кои содржат парацетамол, што е обично 16 таблети од 500 mg. Но, според предлозите на намалување на самоубиствата, продажбата на парацетамол може дополнително да биде ограничена. Водејќи се од националната стратегија за превенција на самоубиства, Владата побарала од Регулаторната агенција за лекови да размисли за дополнително ограничување. Со актуелните ограничувања ...
Тие решиле работата да не ја тераат преку меѓувладини договори, туку сакаат да го пренесат својот случај директно на потомците на оние кои имале корист од ропството, вклучувајќи го и кралот Чарлс. На листата „должници“ се и Англиканската црква, лондонскиот Лојд и богатите универзитети, порача претседателот на Националниот комитет за репарации на Гренада. „Би требало прво да се извини а потоа да понуди некои ресурси од кралското семејство за да ...
Популацијата на бивалентни приматели била повисока од невакцинираните - 36.609 во споредба со 20.889 - а стапката на инфекција поголема: 3,2 проценти наспроти 2,7 проценти кај невакцинираните. „Бивалентно вакцинираната група имаше мала, но статистички значајно поголема стапка на инфекција од невакцинираната група“, велат авторите. Стратифицирајќи според возраста, јазот бил најголем меѓу затворениците постари од 65 години: 6,4 тсто кај ...
Кај Тони Блер. Поранешниот британски премиер кој како пудлица на Вашингтон и Буш има огромна лична одговорност за страдањата на ирачкиот народ во хаосот кој настана по окупацијата на земјата (бараа хемиско оружје, памтите?) во кој настрадаа милиони цивили. Му требаа 13 години да му текне да се извини и да каже дека згрешил, дека му е жал и дека се кае. Сана Марин ќе биде стратешки советник во Институтот на Блер кој се бави со лукративни ...
Кон крајот на август, Блумберг објави дека британско-холандскиот нафтен гигант Шел тивко се откажал од претходно објавениот радикален план за намалување на емисиите на јаглерод на компанијата. Во меѓувреме, Шел ќе ги зголеми инвестициите во изнаоѓање и производство на повеќе нафта и природен гас. Истиот медиум јави и дека кинеската влада одобрила изградба на повеќе нови електрани на јаглен отколку што моментално активни ги имаат САД. Новите ...
Откриено е дека домашните уреди за секојдневна употреба ги шпионираат семејствата, односно собираат информации многу повеќе од што им се потребни за да функционираат. Истражувања на британска компанија за заштита на потрошувачи покажуваат дека стандардни домашни уреди собираат и споделуваат приватни информации со големи технолошки фирми како Гугл, Амазон, Фејсбук и Твитер. Логично е да се претпостави дека ваквите гиганти и нивните деловни ...
Наспроти дебаклот на летната офанзива на Украина, американскиот државен секретар Eнтони Блинкен тркна до Украина за да потврди дека Америка ќе биде вмешана во војната „колку што е потребно“ и онолку смртни случаи колку што треба. Совршено темпиран за пристигнувањето на Блинкен, ракетниот напад во градот Костјантинивка во кој загинаа 17 лица, режимот на Зеленски го прогласи за руски напад. Посетата на Блинкен имаше за цел да испрати порака дека, ...
Со купување на првата дигитална свиња (pigNFT), стартуваше платформата GoAgro преку која секој ќе може да си „одгледа“ своја свиња без да замириса на свињарник. Во моментов се можни купувања со криптовалути, а за десетина дена во употреба ќе бидат и картички и плаќање со налог. Зад иновативната дигитална платформа стои свињарската фарма Агропорц и ИТ компанијата Beyondi. Се надеваат дека со неа ќе ги поврзат земјоделците на кои им се потребни ...
Документи анонимно доставени до Минтпрес откриваат дека „цивилната маска“ на ЦИА, фамозниот Национален фонд за демократија (NED), поставува темели за шарена револуција во Индонезија. Во февруари следната година, Индонезија ќе бира нов претседател. Актуелниот Џоко Видодо кој е нашироко сакан од Индонезијците, не може да се појави повторно а НЕД се подготвува да ја преземе власта по неговото заминување. Операцијата се спроведува и покрај тоа што ...
Од 1.681 курс (!) што оваа есен ги нуди Универзитетот во Монтана, најголем пораст на интересот има кај курсот за медиумска писменост, не заради содржината туку заради новото име на курсот: Calling Bull**** (ѕвездичките се ополитички коректна маска за 'shit'). Станува збор за онлајн курс кој се бави со темата зошто е толку лесно да се шират дезинформации и невистини и зошто е толку тешко да се бориме против нив, a истражува i што можат граѓаните ...
Рецензирана студија објавена на крајот на август во Journal of Clinical Investigation открила дека витамините можат да го стимулираат растот на нови крвни садови во клетките на ракот. Овие нови садови можат да му помогнат на ракот да расте и да се шири низ телото. Клетките на ракот бараат снабдување со кислород и крв богата со хранливи материи за да растат нови крвни садови. Процесот е познат како „ангиогенеза“, пренесува Ерусалим пост. ...
На ланската средба со Олаф Шолц, канадскиот премиер ја закопа идејата за извоз на течен гас во Германија порачувајќи дека Канада во тој дил нема „бизнис кејс“. Потоа германската влада и енергетскиот гиган РВЕ постигнаа договор да се размонтира дел од фарма за производство на обновлива енергија од ветар во Северна Рајна Вестфалија за таму да се копа јаглен. За возврат, компанијата се обврза постепено да го исфли јагленот до 2030 година, осум ...
Руската војна против Украина трае повеќе од 18 месеци и доведе до над 500.000 жртви (ранети и убиени), вклучително речиси 200.000 убиени на двете страни. Минатиот март трошоците за обнова на украинската инфраструктура беа проценети на 411 милијарди долари. Сега се веројатно многу повисоки. Војната турна седум милиони Украинци во сиромаштија, создаде над шест милиони бегалци а на 17 милиони им е потребна хуманитарна помош. Освен 100.000 мртви во ...
Во рок од неколку недели по добивањето на втора Фајзер доза, децата почнуваат да развиваат прогресивно ослабуван имунитет што ги прави податливи домаќини за разни болести. „Нашата студија покажа дека кај децата, вакцинацијата со мРНК ги намалува реакциите на цитокините“, пишуваат авторите. А цитокините, се критични за соодветно имунолошко функционирање. Интерферонот, кој е само еден пример за цитокинскиот систем, му помага на телото да ги ...
Среде долготрајниот штрајк во Холивуд, компанијата Дизни бара луѓе за кризен ПР менаџмент и комуникациски експерти кои ќе помогнат да се среди имиџот на фирмата по катастрофалното интервју кое пред некое време го даде извршниот директор на фирмата. За една позиција нудат плата од 340.000 долари а се бара некој кој ќе го води тимот за односи со јавноста кој им помага на главните директори во нивните јавни настапи и интервјуата. Потрагата по вакви ...
Европа и САД се на работ на најзначајното свесно раздвојување во меѓународните односи во последните децении. НАТО победи во Студената војна, се прошири низ Европа, тоа е најуспешната безбедносна групација во модерната глобална историја. И може да се распадне до 2025 година, пишува во Атлантик. Причината за овој колапс би била длабоката разлика во погледите помеѓу популистичкото крило на Републиканската партија - предводено од Доналд Трамп, но ...
Се работи за околу 200 украински војници кои се обучуваа на полигоните во Германија, и кои ја минале и последната фаза од програмата. До нивното излегување на фронт војниците ќе останат во базата во Германија каде ќе продолжат со вежбање. Надежта е дека тенковите ќе им ја дадат неопходната предност на украинските сили за пробивање на руските линии. Од друга страна стравот е дека пратката доаѓа премногу доцна за годинешната контраофанзива и дека ...
Под мантија на грчката православна црква и други верски организации, Грците со децении пружаат отпор кон дигитализацијата. Уште во раните 90-ти одржуваа масовни протести на оваа тема, заради изоставање одредницата за „религија“ во новите документи, давање премногу контрола на државата врз граѓаните а се бара и ниедна исправа да нема комбинација од три шестки, што се смета за бројот на Ѓаволот. „Православните христијански здруженија од цела ...
Дивидендата што Онлифанс му ја има исплатено на сопственикот Леонид Радвински за 2022 е 338 милиони долари, со што основачот на платформата во изминатите три години има заработено 889 милиони долари. Сајтот заработува процент од парите на неговите креатори/ки кои задржуваат 80% од сите пари што преку Онлифанс ќе им легнат на сметка, а останатите 20% ги плаќаат за најразличните сервиси што тој им ги обезбедува од платформа, сервер и интернет, до ...
Бразилскиот центар за истражување и спречување на авионски несреќи „во интерес на подобрување на авионската безбедност“ објави дека ќе се приклучи кон руската истрага на несреќата доколку биде поканет и ако вештачењето се спроведе по меѓународни правила. Одговорот од руските колеги е дека не се заинтересирани за присуство на бразилскиот тим, ниту пак се должни да го поканат истиот. Ваквата одлука значи дека истрагата околу авионската несреќа ...
Подвигот што треба да го направат западните инструктори и украинските војници е во рок од 6 недели војник без искуство да го претвориш во војник кој може да управува со тенк на фронтот во Украина. Според еден од највисоките офицери задолжен за обуката, број еден проблем кој им се јавил се преведувачи, кои дури и кога ги има „често пати имаат проблем со неопходниот вокабулар“. „Главен проблем е превод на зборови што се користат во воен или ...
На средба која ќе се одржи на 13 септември во Вашингтон ќе слетаат Илон Маск, Марк Закерберг, Сундар Пичаи, Сем Алтман, Џенсен Хуанг, Сатја Надела, Бил Гејтс и Ерик Шмит. На форумот ќе учествуваат и граѓански групи и синдикати. Намерата е тешкашите од Силициумската долина „да ги образуваат американските законодавци околу рапидно еволвирачката технологија и да ги постават основите за нејзино регулирање.“ Последен пат кога беше во Конгресот, Сем ...
Според новите наоди објавени од Global Witness, организација за заштита на животната средина, помеѓу јануари и јули оваа година, Европската унија купила 21,6 милиони кубни метри руски ЛНГ , што е мал пораст во споредба со истиот период во 2022 година. Но, кога бројката од 2023 година се мери со истиот период во 2021 година, пред одлуката на Кремљ да води војна со Украина, постои пораст од речиси 40 проценти (39,5%). „Тоа е е срамен процент за ...
Во моментов не се знае како и зошто се урна авионот во кој загина шефот на Вагнер и уште 9 лица. Во таа приказна има можности колку што може да се најдат во роман на Агата Кристи. Со оглед на тоа кој беше Пригожин, разумно е да се претпостави дека тоа не беше случајност. Западните медиуми и САД побрзаа да објават дека Пригожин бил убиен од Путин. По испробан и ефикасен метод, прво анонимен функционер на британската влада за Волстрит журнал ...
Кога на почетокот на јуни Украинците тргнаа во контраофанзива за прв пат во украинските редови на фронтот се појавија и германските Леопарди. За кратко време Украинците сфатија дека тоа е грешка, па Леопардите полека беа повлечени во позадина. „На почетокот од јуни, борците на Киев се обидоа да користат Леопарди и заглавија во минските полиња што Русите ги подготвија како дел од повеќеслојниот одбранбен систем,“ објаснува Марина Мирон од Одделот ...
Според нив, Кремљ до сега го има „одобрено“ 79-годишниот претседател на руската комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, и лидерот на Либерал-демократската партија, Леонид Слутски. Од Медуза тврдат дека на анкетите главната забелешка на Русите за Путин била неговата возраст, а наводно дел од вработените во претседателската администрација веќе го нарекувале 70-годишниот Путин „дедо“. Опасноста што тука ја гледа Кремљ е дека „млад и активен ...
Во бројката е вклучен и учинокот на машините за правење снег, без кои бројот на критични ресорти се крева од една четвртина на една половина. Во текстот за скијачките центри Гардијан потсетува дека истражувањето е направено на покачување на просечната температура за 2 степена, а со моменталните мерки сме на пат просечната температура да се крене за 2,7 степени. Истражувањето објавено во журналот Климатски промени на природата, утврдува и дека ...