Чипот на Неуралинк наречен Телепатија е со големина на париче а деновиве беше вгнезден под черепот на човек. Има за цел да ја преземе контролата на вашиот телефон или компјутер, а преку нив и на речиси секој друг уред, само со размислување. Звучи одлично, сè додека уредот не го приклучува мозокот на луѓето во оној Матрикс кој цица време и внимание а го нарекуваме интернет. Тоа би бил чекор предалеку во „конектираноста“. Неуралинк е далеку пред ...

Universal го обвини TikTok дека уценувал обидувајќи се да плати само ронка од она што го плаќаат другите социјални медиуми за пристап до нивниот огромен каталог. Од своја страна, ТикТок тврди дека музичкиот гигант прикажува „лажна наратив и реторика“. Иако ТикТок - кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance - има над милијарда корисници, тој носи само 1% од вкупниот приход на Универзал, тврдат вториве. ТикТок се обидува да изгради ...

Целата работа е иницијатива на Викторија Нуланд која во посетата на Турција порача дека САД се подготвени да разговараат за враќање на Турција во „Ф-35 семејството“ доколку се реши прашањето за набавката на С-400. Пред почетокот на војната во Украина турската набавка на не-американски и не-НАТО, па плус тоа и руски, одбранбен систем беше повод за едно најсериозните влошување на односите меѓу САД и Турција, што резултираше со шутирање на Турција ...

Трамп бил клучен за постигнување на спогодбата потпишана во септември 2020 меѓу Израел и Бахреин и Емиратите, а подоцна слични договори Израел потпиша и со Судан и Мароко. Целта на договорите е нормализирање на односите меѓу Израел и арапскиот свет. Поранешниот американски претседател е номиниран од републиканската конгресменка Клаудија Тенеј чие објаснување е дека на Трамп му успеало тоа што на други „професионалци“ не им успева со децении. ...

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за растот на рускиот БДП во 2024 година на 2,6%, од 1,1% како што му се чинеше во октомври. ММФ вели дека промената го одразува посилниот од очекуваниот раст во 2023 година поради високите воени трошоци и приватната потрошувачка, поддржана од растот на платите. Пред да ја нападне Украина и да се соочи со очекуваните санкции, Русија потроши години развивајќи економски план со имунитет од санкции, ...

Залужниј во понеделникот бил свикан во канцеларијата на Зеленски каде тој му кажува на украинскиот претседател дека процените на претседателските советници за состојбата на фронтот се повеќе позитивни отколку реалистични. Ова е прв пат по година и пол двајцата да се сретнат без присуство на советниците на Зеленски. Откако му го кажува ова, Зеленски бара од Залужниј да поднесе оставка. Кога тој го одбива истото, Зеленски му кажува дека ќе потпише ...

285 пожарникари од Мелбурн учествувале во студија која имала за цел да утврди дали од човековото тело можат да се отстранат таканаречените „вечни хемикалии“. Тоа се озлогласените PFAS кои се неуништиви и ги има насекаде, од тавчиња до облека, до вода, до почва.... * Ги нема само кај нас - затоа што не се мерат. За време на 12 месечниот експеримент, една група пожарникари донирале крв секои 6 недели, друга група донирале крвна плазма секои 12 ...

Пред сето ова да се случува Даниел Џонсон потсетува на серијата оплакувања од високи воени офицери за лошата состојба во која се наоѓаат британските вооружените сили од неможноста за регрутирање на доволно војници, до техничката заостанатост на морнарицата на земјата, за минатата недела генерал Патрик Сандерс да повика на создавање граѓанска армија која треба да помогне во случај на војна со Русија. Британците неодамна беа опоменати од ...

Така досега правеа Германците со нивната циркуларна трговија со оружје наречена Рингтауш. САД ѝ подаруваат на Грција вишок оружје со идеја Грција да ѝ донира на Украина дел од својот вишок оружје. Катимерини и други грчки медиуми, обелоденија дека на грчката влада ѝ се понудени патролни чамци, пар авиони, борбени возила, транспортни камиони.... Цаката е што сиот тој хардвер се третира како воен вишок и на Грција ѝ се дава бесплатно со што ...

Уште пред неколку години кога се крчкаше глобалната криза, советот на британските финансиски експерти беше дека трката меѓу платите и цените никогаш не може да биде добиена од платите, туку дека решението е народ да сфати дека нема да може да продолжи да живее како до тогаш. Фалејќи го успехот на Централните банки на Западот, запирањето на растот на цените на 10,7% и негово симнување на 5,4% годишно, Економист објаснува дека сега следува ...

ФТ пишува дека во понеделникот Зеленски му понудил на Залужниј нова улога во украинската влада како советник за одбрана, но тоа било одбиено од генералот. Во разговорот Зеленски бил јасен дека без разлика дали Залужниј ќе го прифати новото работно место или не, тој ќе биде сменет од сегашната позиција. Наводно, бидејќи во јавноста неконтролирано протекла информацијата за смена на Залужниј, истото ќе се одложи на некое време. Иако уште од ...

Илон Маск нема право на пакет компензација од бордот на директори на Тесла кој потенцијално би вредел повеќе од 55 милијарди долари, одлучи судија во Делавер. Пресудата доаѓа цели пет години откако беше поднесена акционерска тужба против ЦЕО-то на Тесла и директорите на компанијата која произведува електрични коли и соларни панели, за губење корпоративни средства и неоправдано богатење. Тужбата бараше пакетот за компензација да биде поништен ...

Од Киев доаѓаат гласини дека командантот Валериј Залужни ќе добие отказ, а миленикот на ЦИА, Кирило Буданов, ќе ги преземе украинските вооружени сили. Ако е тоа вистина, еве зошто ќе биде тоа така: Вистинската претседателка на Украина, Викторија Нуланд, има потреба од некој доволно луд да разнесе нуклеарна централа, а Буданов е нејзиниот тип. Таа има потреба од изговор војниците на НАТО итно да влезат во Украина. Русија ја добива американската ...

За почеток, од 12 февруари па најмалку до завршување на изборите во САД, Стујарт ќе биде домаќин на понеделничкото издание на Дејли шоу. Плус, тој ќе биде и извршен продуцент и ќе работи со комичарите кои ги имаат термините во остатокот од неделата. Стујарт го водеше Дејли шоу цели 16 години, завршувајќи токму некаде пред почетокот на изборната трка меѓу Трамп и Хилари. Стујарт беше заменет од Тревор Ноа кој во 7-те години во шоуто не успеа баш ...

Двајца членови на еден конгресен поткомитет обелоденија дека на сослушување зад затворени врати, највлијателниот авторитет на јавното здравје за време на пандемијата им рекол дека не е убеден дека децата нешто изгубиле од обрзавованието заради карантините и затворените училишта. Ако е така, човекот кој еднаш кажа „Јас ја претставувам науката“ намерно ги игнорира убедливите податоци од Националната оценка за напредокот во образованието кои ...

Нејзиното помирување со користењето на кокаин е дека треба „да се сфати дека стотиците години минати во потиснување и обесхрабрување на користењето кокаин постигнале многу малку.“ „Очигледно на луѓето им требаат стимуланси. И има пазар за тоа,“ ќе изјави градоначалничката Фемке Халсема. Минатата година холандската царина заплени речиси 60 тони кокаин, споредено со 51 тон во 2022. Најголемите количества се откриени на пристаништата во Ротердам и ...

Најзастрашувачко околу законот беше што неговото спроведување инстантно ескалираше во еден од најдрастичните прогони што некогаш се случил во западна демократија, во кој на учесниците на протестите им беше замрзнат имот (не можеа да пристапат до свои сметки и средствата што ги имаа на нив, а со тоа индиректно не можеа ни да примат плата), приватни компании под присила ги отстрануваа камионите од блокадата, а центарот на Отава беше прогласен за ...

Апокалиптичноста на отпуштањата за медиумскиот бизнис ја потврдува и изненаденоста на аналитичарите од истите, чија проценка беше дека заради острите кратења на вработените што се случуваа во 2023, годинава треба да биде помирна и постабилна. Меѓу медиумските компаниите што кратат вработени се Бизнис инсајдер кој отпушта 8 проценти од преостанатите вработени. Уредништвото на Њујорк дејли њуз излезе на протест заради постојаното кратење на ...

За неодамнешната смрт на тројца американски војници во Јемен медиумот ја обвинува политиката на Џо Бајден дека предолго се заканувал со празна пушка а правeл премалку на воен план. Едиторијалот предлага како одговор на најновиот удар на Американците да се потопи ирански брод за „мулите да ја разберат пораката.“ Во спротивно, се предвидува, нацијата ќе мора да се помири со слични вести во иднина. Неизбежно било САД поактивно да се вклучат во ...

И покрај тоа што САД и Велика Британија офанзивно тргнаа кон Хутите, превозот преку Баб ел Мандеб и Суецкиот канал е намален за 30% а транзитот на контејнерски бродови е намален за дури 80 отсто. Скорешен извештај на LSEG Shipping Research покажа дека пренасочувањето на танкер од Азија кон северозападна Европа оздола, преку Ртот на добра надеж носи дополнителни трошоци од речиси еден милион долари по патување и го продолжува транзитот од 16 до ...

За сега парите за палестинските бегалци ги сопреа САД, Австралија, Канада, Британија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Нов Зеланд и Финска. Во нападот на 7 октомври загинаа 1.140 лица, а во израелската воена операција до сега загинале 26.000 лица и е предизвикана хуманитарна криза. Во нападот на Хамас биле вклучени 12 вработени на УНРВА, што беше потврдено и од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој побара и покрај тоа да не ...

Истрагата околу инцидентот кривицата ја припишува на сервисерот кој не ги следел насоките на американската авијација, и со заборавената ламба успеал да предизвика штета на 14 милиони долари вредниот мотор, кој повеќе не можел локално да се поправи. Дел од вината паѓа и на нешто што се нарекува Систем за автономна логистичка информација (АЛИС), кој не реагирал како што треба. АЛИС е замислен како интеграција на повеќе операции, одржување, ...

Фотографијата од јапонскиот робот кој по поминати 380.000 километри слета на Месечината се прогласува за вселенска фотографија на деценијата. Јапонската верзија на НАСА, фотографијата ја објави пет дена по тачдаунот на SLIM (Smart Lander for Investigating the Moon), долго откако сфатија дека сончевите панели на вселенското летало не произведуваат електрична енергија. Затоа што леталото слета наопачки. Во таква позиција, соларните пенали не ...

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) во 2021 година имал подготвено нацрт предупредување за врските меѓу миокардитисот и вакцините на Фајзер и Модерна и се чини дека биле подготвени да го објават преку системот за алармирање на здравствените инсистуции, покажуваат внатрешните документи. Алармот никогаш не беше испратен. Се расправало за добрите и лошите страни на пуштање на едно такво известување но надлежните не сакале ...

58 годишниот Кенет Смит е првиот американски затвореник усмртен со гушење со помош на азот. Азотот не е лош, ама ако го има таман колку што треба, отприлика 78% колку што вообичаено го има во воздухот кој го дишеме. На Смит му ставиле маска која му пуштала саде азот, во гасовита состојба. Се смирил дури после 22 минути а претходно сцената била агонична. Неговиот духовен ментор, свештеникот Џеф Худ кој присуствувал на егзекуцијата вели дека дури ...

Компанијата ги намалува цените на клучните пазари ширум светот, вклучувајќи ги Европа и Кина, бидејќи се соочува со тешка конкуренција од кинеските ривали како што е BYD, како и од традиционалните производители на автомобили. Побарувачката исто така е пригушена од постојано високите трошоци за задолжување бидејќи централните банки ширум светот ги одржуваат високите каматни стапки во обид да ја зауздаат инфлацијата. Тесла објаснува рече дека ...

Таканаречениот Голден Стејт прво беше дом на Златната треска, потоа на Холивуд па на технолошката револуција во Силициумската долина. Калифорнијците долго време се гордееја со тоа наследство. За време на дебатата во 2022 година против гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се пофали дека неговата држава е симбол на слободата. „Иако ова некогаш можеше да биде вистина, под раководство на Њусом и на, во суштина ...

„Апологeтот на Владимир Путин, Оливер Стон, кука за состојбата во која се наоѓа светот, а како аргументи ги наведе актерските избори на Рајан Гослинг и Кијану Ривс“, пишува Консеквенс. Прифаќајќи да го глуми Кен во Барби, Гослинг придонесува за „инфантилизација на Холивуд“. „Рајан Гослинг си го губи времето што го прави тоа срање за пари. Треба да прави посериозни филмови. Тој не треба да биде дел од оваа инфантилизација на Холивуд“, рече Стоун. ...

Таму кајшто живее паднало снег. Витерспун фатила да снима со мобилен за да го покаже на ТикТок „рецептот“ за снежно чокочино. Со шоља грабнуваш од тазе снегот па му додаваш чоколаден сируп, солена карамела, ладно кафе... И тоа би било тоа. Ама не во 2023 година. Епизодата стигна до медиумски аутлети како Салон, Хафингтон и слични, кои сериозно го коментираа потегот на актерката, небаре се работи за анализа на некој светски самит. „Дел од онлајн ...

Би било интересно да се пресмета на колкав куп луѓе им било ветено дека ќе станат ѕвезди/идоли на разно-разни шоуа за пејачки таленти ширум светов, а колкав процент од тоа навистина станале ѕвезди/идоли. Хери Стајлс кој тргна од X Factor, евентуално Адам Ламберт (Квин) кој се лансираше преку Американски идол и веројатно - толку. За да се напредува во такви натпревари потребно е да се пее добро и да се биде допадлив за жирито и екранот, но ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
94%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.68
93%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
86%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
94%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.25
86%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
97%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
51%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
83%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
86%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
78%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
73%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504