
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Неделава Русија ракетираше мети (авионски бази, аеродроми и центри за обука на пилоти) на некои си 1.000 километри од фронтот. Само во вторникот, според украински извори, лансирани се 28 крстосувачки ракети, од кои 16 се пресретнати. За да не им успее планот на Русите, Украинците сега почнаа со редовно селење, на дневно ниво, на клучното оружје (авиони + ракети) и клучниот персонал. Рускиот лов се должи на успешноста што до сега ја имаа ...
Анегдотата го потврдува она што го имам чуено и од британски извори: кога владите комуницираат со Бајден тие се чувствуваат дека разговараат со заштитното лице на администрацијата но не и со човекот кој е главен. Доколку демократите одлучат тој да не им биде кандидат, на светот ќе му биде јасно зошто. Трката е тесна, премногу тесна за каков било комфор; Бајден не е популарен; тој старее пред наши очи. Сомнежот во неговите способности е засилен ...
Нормално банките имаат евиденција кој колку пари подигнал, а Банката на Ирска ги предупреди граѓаните дека сумата ќе им биде запишана како долг. Сепак ништо од ова не ги одврати Ирците да се наредат пред банкомати и да го повлечат неочекуваниот бонус. Дел од добитниците решија веднаш да се простат од парите и уште истата вечер почнаа со купување телевизори. Освен што давала пари, грешката во системот спречила одредени сметки да префрлат пари ...
Брзото ничкосување на Кабул ја разоткри не само бруталната глупост на окупацијата на Авганистан предводена од САД, туку ги урна и заблудите на квази- либералните интервенционисти кои 20 години ја буткааа нивната приказна. „Сите оние изгубени животи (околу 240.000), сите оние потрошени пари (над 1 трилион долари), сето тоа за џабе. На 15 август 2021 година, Авганистан стана истата држава каква што ја најдоа западните сили кога извршија инвазија ...
Вајс во повеќе наврати блокирал вести за кои менаџментот проценил дека можат да ја навредат саудиската влада, оставајќи ги своите новинари збунети дали сè уште можат слободно да известуваат за случувањата во таа земја, особено за кршењето на човековите права. Медиумската компанија неодамна потпиша лукративен договор за партнерство со МБЦ Груп, медиумска компанија контролирана од саудиската влада. Од 29-те работни места моментално огласени на ...
Тоа што низ годините британското здравство успева да го крене просечниот животен век на 79 за мажи и 83 години за жени моментално е на товар на пензискиот и здравствен систем на земјата, кој подолго треба да исплаќа пензии и да се грижи за своите повозрасни граѓани. Проблемот само е ескалиран од тоа што паралелно со стареењето на популацијата, помладиот дел од нацијата има се помалку деца, кои долгорочно треба да го полнат фондот и буџетот на ...
Во 2022 бројот на руски милионери пораснал за околу 56.000 и државата има 408.000 милионери, додека бројот на ултра богати - луѓе со над 50 милиони долари - пораснал за 4.500. Во истиот извештај УБС тврди дека САД минатата година изгубил повеќе богатство од која било друга држава, завршувајќи ја 2022 со минус од 5.900 милијарди долари. Минусот на Северна Америка + Европа, колективно е 10.900 милијарди долари. Исто така на крајот од 2022 имало и ...
82-та и 46-та бригада се едни од последните што Киев ги држеше во резерва. Нивното излегување на фронтот се очекува значително да ја засили огнената моќ на украинската армија. Проблем е што кога двете бригади неизбежно ќе се повлечат од теренот заради одмор и неопходни поправки, „бидејќи ниту една бригада не може вечно да се бори“, Украина нема да има идентично моќна и свежа бригада која би можела да ги замени нив. Украина до сега имаше слично ...
Со воведувањето воена состојба од февруари 2022 им се забранува на сите Украинци на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Исклучок за ова се медицински причини, студирање во странство, самохран татко, грижа за лице со инвалидитет или имање повеќе од три деца. Кога пред некое време украинската влада спроведува истрага открива корупција во центрите за регрутација во 11 различни региони. Иако висината на митото се разликува, главно од ...
Пред почетокот на контраофанзивата надежта беше дека пролетва Украинците ќе можат да го реплицираат успехот од есенската офанзива во која ги прегазија Русите и вратија огромен дел од окупираната територија. Од тие очекувања до сега ништо не се оствари, и претпоставката е дека нема ни да се оствари во претстојните 2 месеца пред движењето и оперирањето на украинскиот фронт да стане невозможно, иако на Украина и е јасно дека на своите поддржувачи ...
Им признала дека никогаш во животот не ѝ се допаѓало суши и во суштина не може да го поднесе а дека курсот го запишала и го посетува само за инает на нејзиниот доскорешен маж. Тој бил опседнат со суши и постојано ја тапанел да научи да спрема. Или да запише курс и да му го направи ќеифот. Конечно го направила тоа, само откако му ги предала документите за развод. Имало и други причини за разведувањето но знаела дека ова со сушито ќе го извади од ...
Велика Британија треба конечно да ја признае својата клучна улога во пучот во 1953 година со кој беше соборен последниот демократски избран лидер во Иран, смета поранешен министер за надворешни работи на Кралството. САД официјално ја признаа својата улога уште пред 10 години со декласификација на голем број разузнавачки документи, кои јасно покажаа дека соборувањето на Мохамед Мосадег пред 70 години беше заеднички потфат на ЦИА и МИ6. ...
На денешен ден речиси е невозможно американските Ф-16ки да стигнат во Украина пред крајот на летната офанзива. Идентично невозможно е и Украина во овој временски период да добие обучени пилоти. Прашањето на Њујорк тајмс е дали без значителна воздушна моќ, која е столб на воената тактика што Западот и ја натура на Украина, контраофанзивата може да успее. „И одговорот изгледа дека е да,“ пишува Тајмс наведувајќи како референца украински, ...
Надуените трошоци за бродски превоз им дозволиле на руските компании да заработат далеку повеќе од продажба на нафта на Индија отколку што претходно се веруваше, открива анализата на Фајненшл тајмс. Само во мај, јуни и јули руските превозници заработиле дополнителни 1,2 милијарди долари од зголемени трошоци за превоз и дополнителни давачки. „Зголемените трошоци за превоз се голем проблем бидејќи тие создаваат дупка во режимот за контрола на ...
За разлика од досегашниот начин на кој Трамп беше третиран од американските власти за претходните три обвиненија, сега „има индикации“ дека ќе биде направена полициска фотографија од американскиот претседател како што налага востановената процедура. Ваквата слика ќе биде идентично симболична и важна и за двете страни на Трамп универзумот и кај оние што се за и кај оние што се против него. Се очекува дека освен медиумската вредност што сликата ќе ...
Ерика Бари му раскинала на нејзиното последно момче затоа што не бил ентузијаст постојано да дискутираат „за иднината на нашата планета“. „Мојот дечко го поддржуваше мојот фокус, но не го споделуваше“, се жали Бери на нејзиниот екс. „Кога ќе го спомнев глобалното затоплување, само се обидуваше да ме утеши: да ме прегрне, да понуди да одгледаме некоја стара епизода на Сајнфелд....“ По некое време повторно почнала да се среќава со момци и веќе не ...
Зошто колумбиските селани, одговорни за производството на речиси 80% од светскиот пазар на кокаин, заработуваат само 1.000 долари годишно додека килограм кокаин во САД се продава за 150.000 долари? Догматскиот одговор е една од најголемите измами во капиталистичкиот свет: платите подлежат на „законот за понуда и побарувачка“. Ако платите во кој било производствен синџир би биле диктирани исклучиво со овој закон, тогаш најтешките работни места на ...
Весникот цитира еден американски функционер кој вели „ја немаме баш затворено книгата за 2023, ама веќе се подготвуваме за 2024,“ надополнувајќи дека во Киев и на Западот има се поголема свесност дека треба да почнат да работат на нова и подолга временска рамка. „Украинците признаваат дека контраофанзивата не мина како што беше планирано, и тие не напредуваа како што се надеваа и очекуваа. Тоа не значи дека контраофанзивата пропадна, бидејќи се ...
Има една година откако Русија го зазема Мариупол и Москва сега го користи градот како пример за брза ревитализација и обнова на териториите кои се под руска контрола. Го сметаат за трајно анектиран по серијата референдуми на таа тема кои запад не ги признава. Градот плати страшна цена на двомесечните битките за него. 90% од зградите беа оштетени или уништени, илјадници цивили настрадаа, стотици илјади избегаа. * Види: Google Earth ги смени ...
Официјалниот весник на Корејската работничка партија, Родонг Синмун, порачува дека „главниот фокус“ на народот треба да биде „осигурување на безбедноста“ на портретите на својот лидер, Ким Џонг Ун, неговиот татко и неговиот дедо. Кога ќе се обезбеди ова, народот треба да се даде на заштита на големиот број статуи, мозаици и други споменици посветени на семејството Ким. За обемот на подвигот што се очекува од Севернокорејците треба да се знае ...
Главни актери од украинска страна, и во нивните и во руските извештаи, се германските Леопард 2 и американските Бредлија кои најголемо внимание добија во поразите што ги претрпеа на фронтот. „Она што допрва треба да го видиме, барем од независни извори, е каков било доказ за Челенџер 2 во акција. Тие секако можеби до сега успеале да преживеат недопрени, но чисто се сомневам. Тие се идентично ранливи на мини и дронови како оние што уништија некои ...
Уште пред три години, кога беше професор на МИТ, Генслер во еден труд ги објасни и ризиците од финансиските кризи кои се пред нас и немоќта која во врска со нив ќе ја почувствуваат регулаторите на пазарот. Главниот ризик доаѓа е од тн „трговии од црна кутија“, автоматизирани берзантски зделки кои се темелат на алгоритми кои учат со вештачка интелигенција. Ќе направат хаос и ќе го скршат пазарот кога истовремено ќе решат нешто да купуваат или ...
Светот отиде премногу лево, а либералните политики што ги поддржуваат многу мејнстрим политичари работат само за да им служат на елитата а да ги поткопуваат вредностите на работничката класа, тврди Џони Лидон, фронтменот на англискиот панк бенд Секс Пистолс. Во осудувачката рецензија на актуелниот политички пејзаж низ Европа, Лидон ја запердаши снобовската и патронизирачка политика што ја користат самопрогласените прогресивци. Говорејќи за ...
Европското јавно обвинителство деновиве претресе 28 домови и канцеларии како дел од истрагата за злоупотреба на пари на ЕУ во железнички проекти, а градоначалникот на Генерал Тошево, град во североисточниот дел на земјата, е уапсен. Акцијата се најавува веќе неколку години, а политичари од бугарскиот реформски табор тврдат дека манипулација со средствата од ЕУ станало еден од главните извори на приходи за организираните криминални групи. ...
Податоци од анализите на животните осигурувања во САД покажуваат дека денес и натаму умираат повеќе луѓе отколку пред пандемијата. И ако во тие години на ковидот страдаа главно стари и болешливи, новиот бран тешко удира по оние во најдобрите години од живототот. Животните осигурувања на вработените покажуваат дека меѓу работниците на возраст од 35 до 44 години, починале неверојатни 34% повеќе отколку што се очекувало а натпросечни стапки има и ...
Иако хипнозата има древни корени (египетски свештеници и сл), за татко на модерната хипозна се смета Франц Месмер (1734 – 1815). Тој верувал во постоење на некоја мистична енергија наречена „анимален магнетизам“ што може да се пренесе од човек на човек. Фино се оженил за една богата вдовица, делувал во Виена каде се вклопил во елитното друштво, бил мецена на младиот Моцарт... (повеќе за тоа види во: Слепата пијанистка за која Моцарт напишал ...
Има многу обиди да се објасни како „разбуденоста“, таа екстремна, ирационална и неразумна идеологија ги запоседна западните институции: постмодерниот релативизам, културолошкиот пресврт на левицата, различниот начин на размислување на поновите генерации, појавата на социјалните медиуми кои го поларизираа и отруја политичкиот дискурс... „Овие објаснувања се во ред. Но, друга причина ретко се споменува. Вистината е дека на будноста ѝ беше ...
Како што ќе објасни некогашната министерка за надворешни работи на Индија, Нирупама Менон Рао, глобалниот југ сега гледа шанса да ја трасира сопствената иднина. Како пример таа го дава ширењето на дигиталните исплати од Индија за земјите во развој. „Земјите во развој бараат контрола на сопствените ресурси, прередување на односите од колонијално доба, делумно и со инсистирање на фабрики во нивните држави. Придружувајќи им се на Намибија и ...
Венеција летово почна да ги применува мерките за дисциплинирање на туристите кои ги најавуваше неколку години: забрането е да се шеташ по купаќи, забрането е да се џиткаш во каналите, забрането е седење по тротоари, мостови и фонтани.... Да ги разбере човек: во 2019 година имаа 5,5 милиони посетители: 100 пати повеќе од популацијата во градот. Од следната година Венеција и ќе наплаќа за влез на оние кои немаат резервирано преспивање. Италија ...
Овие 100.000 А800 чинат околу една милијарда долари, а останатите 4 милијарди се за графички процесори за кои рокот на испорака е 2024. А800 е ослабена верзија на А100 процесорот на Нвидиа кој се користи за дата-центри, и главната разлика е што е поспор од оригиналот. Нвидиа ја направи 800-ката за да биде во согласност со ембаргото на извоз што САД го воведе за спречување на напредокот на кинеските компании. Последната набавка е направена од ...