Една од опциите е да се зголемат даноците, што е проблем за економија во нормално време, а не пак за разрушена економија која е речиси две години во војна. Друга опција е девалвирање на украинската валута, што отвора сосема друг пакет проблеми за економијата. Зеленски е во Вашингтон за да ги убеди републиканците да го поддржат пакетот од 60 милијарди долари помош за Украина, и убедувањето не му оди баш најдобро. Во меѓувреме пакетот на ЕУ од 50 ...

Во писмо што го испраќа до своите соработници за да ги извести дека ќе ја поскапат целата муниција, од компанијата пишуваат дека заради настаните во светот „нашите добавувачи нè известија за до сега незабележана побарувачка за барут и очекуван недостаток на истиот.“ Цената на муницијата константно расте изминативе децении, а последниот позабележлив скок го имаше за време на пандемијата кога целиот ланец на снабдување, на сè и сешто, беше ...

Наводно Џонсон побарал од британските разузнавачи да изработат план за упад во холандската фабрика за вакцини, откако ЕУ во март 2021 забранила извоз на вакцини во Британија. Се работи за дози кои Британија ги имала договорено со Астразенека меѓутоа биле заглавени во фабриката во Лајден заради новите правила на ЕУ. Против Џонсон се води истрага дека во февруари 2020 не бил целосно сконцентриран на заканата од пандемија затоа што тогаш наводно ...

Пред почетокот на украинската контра-офанзива која требаше да врати делови од териториите кои Русија ги освои и да се пресечат руските линии за снабдување на Крим, Алексеј Данилов беше оптимистичен и проценуваше дека пред нив е историска шанса. Кон крајот на мај тој кажа дека „Киев нема право на грешка.“ „Луѓето понекогаш и грешат,“ вели тој денес. Данилов оцени дека моменталната ситуација на фронтот е многу тешка за Киев а важечките прирачници ...

Како претходно Виена и Берлин, Амстердам призна дека има проблем со сообраќајот во центарот на градот. Утринските гужви се највпечатливи, кога се пуштаат илјадници учесници во сообраќајот, главно на две тркала. Анкетите велат дека две третини од луѓето не се чувствуваат безбедно во сообраќајот а првообвинети се електричните точаци и тротинети: се однесуваат како за нив да нема правила, шишкаат, игнорираат семафори и не застануваат на пешачки. А ...

Лојд иако признава дека руската одбрана е длабока и густа, порачува дека војската на Кремљ не е непобедлива. Одговорот на министерот Олекси Резников е дека одлуките ги носат украинските воени команданти, дополнувајќи дека нивните оклопни единици се уништувани од воздушните сили на Русија, а без противвоздушна одбрана, единствената опција што ја имаат Украинците е да ги гранатираат руските линии, да се симнат од возилата и да продолжат пеш. „Не ...

Ли Џаинпинг е само еден од речиси 5 милиони членови на ККП кои биле дел од истрага по 18-от Партиски конгрес одржан во 2012. Од овие 5 милиони, за 723.000 е утврдено дека ги прекршиле правилата за работа на партијата, а 644.000 добиле некаква партиска казна. Според бројките од кинеската Централна комисија за инспекција на дисциплината, само во првите три квартали од годинава се изречени 405.000 од овие казни. Доколку казната за Ли биде потврдена ...

Средбата е закажана за 14 јануари и на нејзе ќе учествуваат советници за безбедност од неколку држави. Тема на разговорите ќе биде „мировната формула за Украина“ која треба да стави крај на војната во земјата. Разговорите во Давос следуваат по средбата на Малта на истата тема во октомври на која учествуваа околу 70 држави од целиот свет, но не и Русија. Украинскиот мировен план во сегашната форма предвидува итно повлекување на руските сили од ...

За време на Виетнамската војна, Кисинџер и тогашниот американски претседател Ричард Никсон имаат наредено тајно и жестоко да се бомбардира неутралната Камбоџа за да се истера Виетконг на чистина. Бен Кирнан, историчар на Јеил процени дека околу 500.000 тони американски бомби биле фрлени врз Камбоџа помеѓу 1969-1973 година. Кисинџер тврдеше дека бомбардирањето не било насочено кон самата земја туку кон виетнамската армија во Камбоџа. Во извештај ...

Компанијата Мета (Фејсбук, Инстаграм, WhatsApp) најави дека ќе се залага за забрана за употреба на алатки за вештачка интелигенција за политичко рекламирање и комуникација со гласачите во сите земји каде што имаат нивни корисници. Вештачката интелигенција може да има и позитивна и негативна улога во политичките кампањи, само што стравот од негативното го надминува она што би било корисно и за политичарите и за гласачите. Во позитивна смисла, ...

Фински научници од Универзитетот Јуваскила ги анализираат резултатите на 11.000 истополови близнаци во периодот од 1975 до 2020. Учесниците сами го пријавуваат времето и интензитетот на дневната физичка активност и се категоризирани во четири групи: седечка, умерено активна, активна и високо активна. Бројките покажале дека оние кои најмалку вежбале имале 20 проценти поголеми шанси да починат во текот на 45-те години што се следат, отколку оние ...

Предлогот е на британски Офком кој е задолжен за спроведување на новите закони за онлајн безбедност кои треба да ги заштитат децата на интернет. Планот со скенирање на лицето се смета за помалку „нападен“ отколку аплоудирање на лични карти и други документи за идентификација. Системите за проценка на возраста веќе се користат од компании како Инстаграм за да се утврди возраста на новите корисници. Целиот процес се врши со помош на вештачка ...

Паниката кај ториевците е заради тоа што анкетите покажале дека голем број нивни гласачи почнале да се вртат кон Реформската партија, наследникот на Брегзит партијата на Најџел Фараж, чија популарност неочекувано скокна по успешното учество на Фараж во реалното шоу „I'm A Celebrity“. Планот е да се гласа против неколку закони на Сунак, (меѓу кои и предлогот за депортирање на мигрантите назад во Африка) и притисокот од неуспехот да доведе до ...

Швајцарскиот Трибун де Женева, објавува дека 80-годишниот Николас Пуеш започнал постапка за посинување на својот градинар „од скромно мароканско семејство“. Французинот кој е петта генерација наследник на Тиери Ермес, нема ни сопруга ни деца. Ермес својот прв дуќан го отвора во Париз во 1837, денес таа е една од најголемите модни компании чија вредност се проценува на 220 милијарди долари. Пуеш поседува меѓу 5 и 6 проценти од акциите на Ермес и ...

Хантер е обвинет дека во периодот од 2016 и 2019 избегнал плаќање на 1,4 милиони долари данок, за што може да добие 17 години затвор. Во тужбата се тврди дека Хантер ги трошел парите на најразлични трошоци како дрога, ескорти, луксузно сместување, автомобили, облека и друго, додека во исто време ги игнорирал своите даночни обврски. Ова се случува во исто време додека тој се бори со „документирана“ зависност од алкохол и крак, што довело до ...

Сојузните држави и индустријата се вадат на „лавиринтот од нови услови за договори и перформанси“ што треба да ги исполнат за да добијат федерални пари, а во исто време само половина од сојузните држави воопшто имаат објавено тендер за изградба на полначите и покрај тоа што до сега им се одобрени 2 милијарди долари. Процените се дека на САД до 2030 ќе им требаат најмалку шест пати повеќе полначи отколку што имаат денес. Моментално САД ...

Според информациите од украинските медиуми Залужниј наводно добивал дел од информациите од своите потчинети само за време на состаноците што ги држел во генералштабот. „Постои впечаток дека Зеленски ги поделил вооружените сили на две групи: 'добри' командувани од Сирски (првиот човек на пешадијата) и други избрани, и 'лоши' кои му се потчинети на Залужниј. Ова значително го демотивира Залужниј, и уште поважно, го спречува да ја командува целата ...

Планот беше клучен за ЕУ иницијативата за зголемување на снабдувањето на Украина со виталните 155-милиметарски гранати, која им дозволува на членките да прават нарачки преку контактите договорени од Европската одбранбена агенција. Од милионот ветени, ЕУ членките на Украина и испратија 480.000 гранати, но од своите залихи, а не од нова муниција произведена од нарачки по планот на ЕУ. Едно објаснување за неисполнување на ветувањата е дека владите ...

Пумпите имаат капацитет од илјадници кубици вода на час, а Израел уште минатиот месец за ова го известил САД. Американски функционери сега објаснуваат дека не биле свесни колку израелската влада била блиску до остварување на планот. Иако пумпите се монтирани, за сега Израел нема донесено одлука дали ќе го спроведе планот или не. До сега Израелците имаат идентификувано 800 тунели, но признаваат дека мрежата е далеку поголема од тоа, а нивната ...

Ова е прв пат Кличко да го критикува Зеленски во речиси две години војна против Русија, и покрај тоа што пред војната двајцата беа сериозни противници. „Во еден момент повеќе нема да бидеме ништо поразлични од Русија, каде сè зависи од желбите на еден човек,“ изјавил Кличко во интервју за Шпигел. Кличко кој е градоначалник од 2014 во интервјуто ги пофалил своите колеги градоначалници и регионални гувернери, за тоа што не дозволиле Украина да ...

Американците во последно време се бааги „даун“ со расположение, но така е секогаш кога цените на горивото одат нагоре а берзата надолу: Има една работа за која се верува дека луѓето може да ги напrави посреќни: парите. Во едно скорешно истражување, на прашањето „дали со парите може да се купи среќата“, 59% одговориле со „ДА.“ Најголем процент е кај миленијалците - 72%. Потоа ги прашале колкава плата би им требала да се чувствуваат среќни. Тука ...

Парите што Чарлс ги бара, освен од даноците очекува да дојдат и од приватниот сектор и НВО-а, за да може да се „мобилизираат илјадници милијарди долари што ни се потребни, околу 4,5 до 5 илјади милијарди долари годишно, за да ја направиме трансформацијата што ни е потребна.“ За перспектива, баснословната сума пари е некаде околу 20% од американскиот БДП, кој во 2022 изнесува околу 25,46 илјади милијарди долари. Чарлс не дал ни груба поделба кој ...

Поранешниот секретар на американската СЕК, Роберт Џексон, и експертот за инвестирање на берза, Џошуа Митс, изработија истражување во кое се сомневаат дека трговците кои ставиле пари против израелската берза најверојатно имале информација за претстојните напади. Тие го следат инвестирањето во ЕИС, која е хартија од вредност што се тргува на њујоршката берза, а се опишува како еквивалент на директно инвестирање во израелската економија. Во исто ...

За пролетниот семестар, професорката по англиски јазик на Харвард, Стефани Бурт, ќе држи предавања на тема „Тејлор Свифт и нејзиниот свет.“ До сега речиси 300 студенти од универзитетот се имаат пријавено за овој предмет. Програмата за предметот предвидува спојување на делата на Свифт со делата на други луѓе. Па освен пејачката на часовите пример ќе се изучуваат и книги од автори како Вила Картер или Џејмс Велдон Џонсон. За „домашна“ од ...

Риваси е пратеничка во Европскиот парламент уште од 2009, а својот последен мандат речиси целосно го посветува на „Фајзергејт“ аферата која се однесува на пораките кои Фон дер Лајен ги разменува со Алберт Борула околу преговорите за купување 1,8 милијарди дози на ковид 19 вакцини за ЕУ. ЕУ, а Фајзер уште помалку, до денешен ден ги немаат објавено условите на договорот за набавката на вакцините. Европскиот суд на правдата некаде на почетокот на ...

Периодов дел од западните сојузници на Украина почнаа да дебатираат околу воената и финансиската помош за Киев, додека на другата страна на фронтот Путин потпиша декрет за зголемување на бројот на војници за дополнителни 170.000 лица, со што вкупната руска војска ќе брои 1,3 милиони. „Војните се развиваат во фази. Ние мораме да ја поддржуваме Украина и во добро и во лошо време... ... Исто така треба да бидеме подготвени и за лоши вест,“ изјавил ...

Студијата спроведена од Универзитетот во Вухан покажала дека борбата против корупцијата најголемо влијание имала на БМИ-то кај јавни службеници кои авансно земале мито во споредба со оние по завршената работа. Кинеските научници заклучуваат дека еден од основните фактори кои придонеле за намалување на БМИ-то бил и дефицитот на гезмиња, односно, намалување на фреквентноста на пиење алкохол и јадење во ресторани, што пак се одразило на зголемено ...

Првата снимка е од 1957 година, од музичар од ЛА, Ричард Бери. Зборовите се на фејк јамајкански за да се залепат на популарноста на калипсо музиката (во тоа време Хари Белафонте растура на топ листите) а мелодичниот риф е од песната Ел Локо Ча Ча, снимена од американски-кубански бенд. Прво станува позната во областа на Лос Ангелес а потоа и долж западниот брег. Станува омилена во џубоксите и заради денсот: во тоа време не било финта да игра кој ...

Службите добиле наредба од Нетанјаху за изработка на план за лов на лидерите на Хамас во Либан, Турција и Катар. Во главниот град на Катар со години се наоѓа главниот штаб на политичкото крило на Хамас. И пред воопшто да се случи терористичкиот напад од 7 октомври, Израел со децении спроведува тајни операции за елиминирање на сите оние што Тел Авив ги смета за државни непријатели, без разлика дали тоа биле лидери на терористички групи или ...

„Голем број наши луѓе ја одржуваат традицијата на семејства во кои се растат четири, пет или повеќе деца. Сетете се дека во руските семејства нашите баби и прабаби имале по 7 и 8 деца. Да ја зачуваме и обновиме оваа традиција. Имањето многу деца, големо семејство, треба да биде стандард, начин за живот на сите луѓе од Русија,“ порачал Путин во говорот пред Светскиот руски народен собир. Се работи за средба која ја води првиот човек на Руската ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
94%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
90%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
91%
1017
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
87%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
98%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
51%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
83%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
88%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
100%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
83%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504