Американскиот претседател кој ветуваше дека со него „нема веќе војни“ сега ја вплетка својата земја во една од најкомплициранитe меѓународни ситуации последните децении, подлегнувајќи на наративот на Нетанјаху дека Иран мора да се скрши бидејќи е блиску до создавање нуклеарно оружје (и така со години - види овде). „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба да го направи ...

Пред нешто повеќе од една недела, Трамп сигнализираше дека не ја одобрува одлуката на Нетанјаху да започне војна против Иран и порача дека сака да ја држи Америка подалеку од тоа. Тоа беше карактеристично Трамповска политика на воздржаност, централна за неговата кампања за реизбор, поддржана од неговата база, која е длабоко разочарана од скапата низа загуби на Америка од вечни војни на Блискиот Исток. Но, и покрај сето тоа, Израел нападна, Иран ...

Истражувачите на Cybernews, онлајн технолошка публикација, соопштија дека пронашле 30 сетови податоци полни со акредитиви собрани од тип на малициозни софтвери кои се нарекуваат “infostealers” („крадци на информации“) и од протекувања. Рекоа дека сетовите податоци биле изложени на ачик „само накратко“, но и тоа е доволно за луѓето да не се чувствуваат безбедни со актуелните подесувања на своите сметки. Првичното откритие на проблемот се ...

Денес е јасно дека терористичкиот и садистички напад на Хамас на 7 октомври 2023 година имаше за цел да го трансформира регионот. Тие акции против израелските војници и невините цивили, вклучувајќи масакрирање жени, деца и баби и дедовци; палење домови и земање околу 250 заложници, придружени со слики и видеа објавени на интернет, беа триумфални и намерно застрашувачки за Израелците и Евреите ширум светот. За Израелците, тоа беше најлошиот напад ...

За истражувачите на вештачка интелигенција, лансирањето на ЧетГПТ на ОпенАИ на 30 ноември 2022 година го промени светот на начин сличен на детонацијата на првата атомска бомба. Тестот Тринити во Ново Мексико на 16 јули 1945 година, го означи почетокот на атомската ера. Една манифестација на тој момент беше контаминацијата на металите произведени после тој датум. Кратко по дебито на ЧетГПТ, експертите почнаа да се прашуваат дали експлозијата на ...

Трамп од Иран побара „безусловно предавање“. Ајатолахот му врати дека Иранците никогаш не се предаваат. Потоа, дигајќи ја својата здрава рака (левата, бидејќи функционалноста на десната ја има изгубено од бомба скриена во касетофон од страна на опозициската група Народни муџахедини), му порача: „ако Америка влезе во војна, ќе претрпи непоправлива штета“. Шест дена по почетокот на војната, израелските авиони, ракети и беспилотни летала ...

Ваквата небулозна его-жалопојка на Нетанјаху предизвика и гнев и потсмев во тамошната и пошироката јавност. Меѓутоа, истовремено ги потврди аргументите на неговите критичари дека премиерот е сè повеќе отсечен од секојдневните реалности на Израел и регионот, по повеќе од 17 години на власт. Обидувајќи се да ги нагласи заедничките тешкотии на неговото семејство со обичните Израелци, Нетанјаху со еден черчилски тон кажа дека ова не е прв пат ...

Луѓето од истражувачкиот тим и самите биле изненадени колку рано можеле да детектираат мутации поврзани со рак во примероците од крв. Три години порано, кога туморите се помалку напреднати и полесни за третман обезбедува доволно време за интервенција. Студијата анализирала примероци од плазма собрани за друга студија која ги истражувала факторите на ризик за срцеви заболувања. Се користеле прецизни и чувствителни техники на секвенционирање за да ...

Шахистите од светска класа ја знаат разликата помеѓу стратегијата и тактиката подобро од политичарите. За да победите во шах, треба да започнете со стратегија - долгорочен план што ве доведува до позиција на супериорност. Потоа финиширате со серија тактички потези. Како што еднаш забележа Макс Еве, холандскиот шаховски велемајстор од 1930-тите: „Стратегијата бара размислување. Тактиките бараат набљудување.“ Западот е цел во тактики. Истокот е ...

Авиопревозниците „Јапонија ерлајнс“ и „Финер“ неделава истовремено имале идентична задача; нивните патнички авиони полетале од Хелсинки до Токио со само две минути разлика. Таква ситуација би била вообичаена доколку превозниците летале по ист пат, но овојпат не било така. Боингoт 777-300ER на Јапонците, од Хелсинки се упатил кон север, а две минути по него, „Ербас А350-900“ на „Финер“ полетал кон дестинацијата по јужна рута. Заради ...

Во 1953 година, САД помогнаа во организирање државен удар за соборување на демократски избраниот премиер на Иран, Мохамед Мосадег. Му беше така пресудено откако на народот му вети дека ќе ги национализира нафтените полиња во земјата, потег што Иранците масовно го прифатија но истовремено и потег што САД и Велика Британија го сметаа за сериозен удар, со оглед на нивната зависност од нафтата од Блискиот Исток. Сценариото на пучот беше да се ...

„Господине претседателе, Бог ве поштеди во Батлер, Пенсилванија (мисли на атентатот - н.з.), да бидете најзначајниот претседател во векот - можеби на сите времиња. Одлуките што се на вашите плеќи, не би сакал никој друг да ги донесе. Слушате многу гласови, Господине, но има само ЕДЕН глас што е важен. НЕГОВИОТ глас. Јас сум ваш назначен слуга во оваа земја и достапен сум за вас, но не се обидувам често да бидам во ваше присуство затоа што им ...

Во пресрет на самитот на НАТО идната недела, словачкиот премиер Роберт Фицо процени дека на неговата земја можеби ќе ѝ беше подобро да беше неутрална отколку членка на Алијансата. Фицо ги нафрли овие забелешки пред состанокот со лидерите на политичките партии и претседателот Петер Пелегрини, за да разговараат за предлозите за зголемување на трошоците за одбрана, за да се исполнат целите кон кои се стреми алијансата. Фицо ги обвини западните ...

„Германија во 2025 година: младите луѓе растат со повеќекратни идентитети. Љубовта кон татковината е стигматизирана како десничарски радикализам. Презир кон Германија, презир кон полицијата, антисемитизам и омраза кон капитализмот се присутни во германскиот Бундестаг. Јан Бемерман остро напаѓа во програма на јавна телевизија - финансирана од нашите радиодифузни такси - луѓе или организации што не му се допаѓаат, претежно конзервативни или ...

* Од гостувањето на Мехди Хасан кај Пирс Морган: Пирс Морган пред неколку дена твитна дека постои „непосредна опасност“ Иран да направи атомска бомба. Во последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија за Иран (31 мај 2025 година) наведени се бројни критики и забелешки за недоволна кооперативност и транспарентност на иранските инстанци, но се наведува дека нема докази за тековна структурирана програма за нуклеарно оружје. Тулси ...

„Иран требаше да го потпише „договорот“ што им реков да го потпишат. Каква срамота и губење човечки животи. Едноставно кажано, ИРАН НЕ МОЖЕ ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ. Го повторував тоа одново и одново! Сите треба веднаш да го евакуираат Техеран!“, објави Трамп. Трамп го напушти Г7 самитот заради „очигледни причини“ (таман требаше да се види со Зеленски) и повика на евакуација на Техеран. Ист повик, нешто порано, имаше и Израел. Според достапните ...

Бројката е повеќе од три пати поголема од онаа во 2019-20 година, кога се дале само 364 сертификати. Веројатно дел од причините е што во меѓувреме се поедностави процесот за сертификација и беа намалени потребните надоместоци. Речиси една четвртина од сертификатите доделени во последната година биле за лица родени од 2000 година, а 68 проценти биле за лица родени од 1990 година, што е зголемување од 4 односно 41 процент во однос на 2019-20 ...

77 годишниот Шварценегер, кој по аналогија со неговиот лик во Терминатор едно време имаше прекар Гувернатор, подоцна стана познат како Зелениот гувернер поради неговите политики за животна средина во текот на неговите осум години на функцијата помеѓу 2003 и 2011 година. И покрај тоа, мрази да зборува за климатски промени. „Тоа е булшит термин,“вика Шварценегер. Практичен човек е тој, вика, дајте да го сопреме загадувањето бидејќи сите знаат што ...

Израелците, Евреите од дијаспората и пријателите на Израел насекаде треба да сфатат дека начинот на кој Израел денес ја води војната во Појасот Газа е клучен за тоа како Израел и Евреите ќе бидат гледани низ целиот свет. Нема да биде добро. Полициските автомобили и приватното обезбедување во синагогите и еврејските институции сè повеќе ќе стануваат норма; Израел, наместо Евреите да го гледаат како безбедно засолниште од антисемитизмот, ќе го ...

Економската и трговска размена меѓу Кина и Африка постојано е во забрзан подем последниве 20-тина години. Од 100 милијарди јуани до 2,1 билијарди лани. Во просек, размената растела со 14,2 процента годишно. Годинава растот е уште поголем: само во првите пет месеци, 12,4%. Цели 16 последователни години, Кина е најголемиот трговски партнер на државите од Африка. Уште поголем поттик уследува по тридневниот Форум за кинеско-африканска соработка на ...

Пред точно 40 години министри од Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија со бродот „Принцеза Мари-Астрид“ отпловија по реката Мозел до тројната граница во срцето на Европа. Близу малата луксембуршка општина Шенген со потпис се обврзаа дека постепено ќе ги отстранат проверките на меѓусебните граници. Визијата се прошири во најголемата зона за слободно патување во светот. Без гранични контроли патуваат 450 милиони луѓе од 29 земји, ...

Главните директори за технолошки развој од Мета, Палантир и Опен АИ ѝ се придружија на Армијата. Иако немаат никакво воено искуство, добија чин потполковник и ќе бидат ударната сила на Одредот 201. Постои итна потреба за трансформација на Армијата. Овие момци ќе помогнат. Одредот 201 ќе биде одговорен за пошироки концептуални работи како привлекување, обучување и управување со таленти фокусирани на информатичката технологија во редовите на ...

Први цели на израелските напади Нападите рано во петокот не беа само нуклеарните постројки и фабриките за ракети на Иран, туку и клучните личности во воениот команден синџир и нуклеарните научници, со цел да се намали кредибилитетот на иранското раководство и дома и меѓу неговите сојузници во регионот. Една од причините зошто Израел го прави тоа е промена на режимот. Сака да види како народот се крева, вели Мајкл Синг поранешен висок функционер ...

Прислушувани биле Чиро Пелегрино и Франческо Канчелато, уредници на истражувачкиот портал Fanpage.it, кој лани уфрли репортери во подмладокот на партијата на Мелони и ги сними како даваат фашистички и расистички изјави. При крајот на април нивните телефони ги известиле за закана од „платенички спајвер“, по што ги предале на експертиза на Ситизен лаб. Анализата го открила спајверот Graphite на израелската компанија Paragon Solutions. Случај на ...

Операцијата со кодно име Ам Келави (Нација како лав) внимателно била планирана две години во координација со Израелските одбренбени сили. Разузнавачи собирале податоци за да ги издвојат генералите и научниците што се клучни за процесот за збогатување ураниум и за развојот на проектили. Со нивното прецизно елиминирање синоќа е забавена, ако не и целосно запрена, завршната фаза од надградување фисиски материјал и за конструкција на нуклеарна боева ...

Британецот Вишваш Кумар Рамеш е единствениот од 242-та патници што го преживеа уривањето на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад во првите секунди од летот до Лондон. Авионот не достигна ни височина од 200 метри, се урна во зграда и експлодираше. Додека сите други загинале на место, Рамеш самиот излегол од трупот. Брзата помош го пронашла како поткривнувајќи оди по улица. Згрижен е во болница и е во подобра здравствена состојба отколку што се ...

Истражувачи на Универзитетот Стенфорд и колеџот Бостон решиле да проверат колку би била ефикасна вештачката интелигенција во трговија со акции. На експериментален модел му дале да управува со 3.300 диверзифицирани портфолија на взаемни фондови во периодот од 1990 до 2020 година. Притоа моделите со ВИ биле ограничени да користат само јавно достапни податоци како финансиски извештаи, прогнози на аналитичари и ценовни квоти. Фондовите управувани од ...

Експерти од Кина и Австралија истражувале долгорочна поврзаност помеѓу вообичаените начин на патување на луѓето со структурата и здравјето на мозокот. Биле анализирани веќе достапни податоци на 479.723 луѓе во биомедицинска база на податоци на Biobank поврзани со животни навики и здравствената состојба. Просечната почетна возраст на луѓето била 56,5 години. Ниту еден од нив немал знаци на деменција на почетокот на студијата и сите биле способни ...

Елитата на чело на технолошките гиганти е убедена дека малиот број врвни инженери се најбитни за развојот на вештачката интелигенција и не штедат пари за да ги привлечат во своите компании. До пред некоја година се ценеа инженери 10х (за кои се смета дека се вредни како десет просечни), но во индустријата на ВИ сега се бараат 10.000х. На пазарот на таленти денес најпривлечен е Антропик, а најчесто заминуваат инженерите од лабораториите за ...

Сите тие нешта, големи и мали, не се само трошоци. Тие се дел од животот што го прават комплетен. И кога имате начин да ги остварите без стрес и долги подготовки, тогаш тие одлуки стануваат лесни. Финансиска флексибилност, без тежина Потрошувачкиот кредит на Халкбанк е создаден за да ви даде простор да постапите веднаш – со доверба. Со износ до 1.500.000 денари, рок на отплата до 95 месеци, и фиксна каматна стапка од 5% за целиот период, знаете ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
88%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.49
66%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
78%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
57%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
68%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.12
58%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
68%
1014
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71