
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Смената на Чин е „важен инцидент кој влијае на меѓународната политичка динамика околу руската инвазија на Украина.“ Одлуката делумно е и превентивна пред средбата што во ноември ја имаат кинескиот и американскиот претседател. Наводно сето ова почнува кога во мај годинава, Ли Хуи, поранешниот кинески амбасадор во Русија, оди во посета на Киев и се среќава со Зеленски. Средбата се смета за индикација за промената на расположението на Кина во ...
Украинските медиуми објавуваат дека во просторијата е најден прислушкувач кој во моментот на откривање бил во „неоперативна состојба“ и немал начин да зачува или пренесе аудио снимки. „Нагласуваме дека уредот не е најден директно во канцеларијата на Валериј Залужниј, туку во една од просториите која би можела во иднина да биде користена од него за работа,“ порачуваат украинските власти. Уредот веќе е даден на испитување и е започната истрага за ...
По ново федералната полиција ќе смее да ги апси оние што ќе направат кривично дело за време на протестите, и ќе може „да делува во јавниот превоз“ за да запленува „протестни материјали, како палки“ и за да испитува граѓани со качулки или оние што учествуваат на протести „а се обидуваат да не бидат препознатливи“. Една од позначајните новости е што ќе се направи регистар на организации кои „поттикнуваат“ протести и ним ќе им биде испратена сметка ...
„Војниците и маринците кои учествуваат во преминувањето на реката ја опишуваат офанзивата како брутална и излишна, во која бранови од украински војници се покосени на речниот брег или во водата, уште ред воопшто да стапнат на другата страна,“ пишува Њујорк тајмс пренесувајќи сведоштва од украинските борци. Тие сведочат дека условите на тој дел од фронтот се станати толку лоши што на најголемиот дел тие немаат ни каде да се вкопаат. Првиот ...
Ако Орбан не е вистински волен да се согласи со започнувањето на преговори за зачленување на Киев во Унијата, тогаш би било добро на кратко да ја напушти просторијата, му предложил Шолц на унгарскиот претседател пред колегите од ЕУ. Шолц објаснил дека ова ќе им дозволи на преостанатите 26 членки на ЕУ кои остануваат на состанокот да го одобрат патот кон членство на Украина, кое според ЕУ правилата може да биде прифатено доколку еден лидер е ...
На 26 април 1986 година, нуклеарно топење и пар експлозии го разнесоа капакот на еден од реакторите на нуклеарната централа Чернобил. Радиоактивното гориво и остатоците беа разнесени во атмосферата над северна Украина, ширејќи радиоактивен материјал низ Европа (.пдф). Експлозијата расфрли 400 пати повеќе радиоактивен материјал од атомската бомба врз Хирошима, а над 200.000 луѓе итно беа евакуирани, оставајќи зад себе сè што имаат, дури и нивните ...
Повеќе од 300.000 луѓе во Англија ќе го поминат Божиќ во некоја форма на бездомништво, вели една тамошна добротворна организација за домување. Проценетата бројка е за 14% поголема во однос на минатата година, при што повеќето од погодените се во некакво привремено сместување. Добротворната организација соопшто дека недостатокот на социјални станови и недостапните приватни кирии се дел од причините за порастот иако Владата вели дека троши 2 ...
Законот деновиве треба да биде потпишан од Бајден и ја „нагласува посветеноста на Конгресот кон НАТО алијансата која беше мета на гневот на поранешниот претседател Трамп дур беше на власт.“ Предлагачи на законот се и демократи и републиканци, кои објаснуваат дека тој е „критична алатка за Конгресен надзор.“ Последните два претседателски мандати во САД носат и дијаметрално спротивна политика кон НАТО. Трамп цел мандат се жалеше дека никој во НАТО ...
Бројките што ги објавува Вол стрит журнал покажуваат и дека само Западна Германија во 1980-те имала над 7.000 борбени тенкови, а денес целата Германија има 200, од кои најверојатно само половна се функционални. Поалармантниот податок што германските функционери го споделуваат со Вол стрит журнал е дека моментално целосната германска индустрија има капацитет да произведе само три тенкови месечно, што е помалку од 40 тенкови годишно. Уште на ...
Турција не е само рај заради впечатливите предели како Кападокија или сочните турски кебапи, таа нуди и квалитетни медицински третмани по пристапни цени и станува европски хот-спот за таканаречениот здравствен туризам. Земјата бележи скок од 70% во овој туристички жанр, во споредба со пред-пандемиските времиња. Во 2022 година, над 44,6 милиони луѓе ја посетиле Турција, од кои 1,2 милиони биле „медицински туристи“. Годинава бројките ќе бидат уште ...
На 28 ноември се заокружија 28 години од Дејтонскот договор што ја прекина војната во Босна, војна за која Кит Клеренберг пишува дека „во секоја фаза беше охрабрувана, финансирана, вооружувана и пролонгирана од САД.“ Тој договор ѝ наметна на Босна комплициран и неефикасен политички систем и незграпен устав чии делови во многу наврати досега беа оспорени во Европскиот суд за човекови оправа. Сето тоа време Босна го има она за што Заев робовски ...
Во повеќе наврати од говорот Капуто повтори „веќе нема пари“, што беше една од главните пораки од првиот говор на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи. Капуто најави 10 мерки кои треба да ја спасат економијата. Прва и веројатно најтешка е масовна 54-процентна девалвација на пезосот и намалување на трошењето. Под трошење се подразбира преполовување на бројот на министерства, намалување на парите за провинциите, трошењето на јавни работи и ...
Американската одбранбена индустрија мака мачи да постигне брзина и респонсивност за да остане во високотехнолошката трка во вооружување со Кина, предупредува нов извештај на Пентагон. Како што сега стојат работите, американската одбранбена индустриска база „не поседува капацитет, способност, респонсивност и издржливост потребни за задоволување на целиот опсег на потреби“, се наведува во извештајот до кој стигнал Политико. Се забележува дека ...
Израел ги смета тунелите на Хамас под Газа за клучни за функционирање на терористичката организација, заради што и нивното уништување е една од главните цели на операцијата во Газа. Се проценува дека должината на тунелите е некаде околу 500 километри, и дека целата операција за поплавување ќе трае неколку недели. Вол стрит журнал пренесува воени аналитичари кои објаснуваат дека Израел до сега нема уништено најголем дел од мрежата тунели и дека ...
Неуспесите на Украина на фронтот почнаа да предизвикуваат поделби меѓу военото и цивилното раководство на земјата околу продолжувањето со истата политика на ширење позитива околу случувањата на фронтот. „Треба да додадеме повеќе реализам... и треба да бидеме храбри околу случувањата како што бевме на 24 февруари,“ објаснува за Фајненшл тајмс, лице запознаено со комуникациската стратегија на претседателскиот кабинет. Воените лидери на Украина ...
Една од опциите е да се зголемат даноците, што е проблем за економија во нормално време, а не пак за разрушена економија која е речиси две години во војна. Друга опција е девалвирање на украинската валута, што отвора сосема друг пакет проблеми за економијата. Зеленски е во Вашингтон за да ги убеди републиканците да го поддржат пакетот од 60 милијарди долари помош за Украина, и убедувањето не му оди баш најдобро. Во меѓувреме пакетот на ЕУ од 50 ...
Во писмо што го испраќа до своите соработници за да ги извести дека ќе ја поскапат целата муниција, од компанијата пишуваат дека заради настаните во светот „нашите добавувачи нè известија за до сега незабележана побарувачка за барут и очекуван недостаток на истиот.“ Цената на муницијата константно расте изминативе децении, а последниот позабележлив скок го имаше за време на пандемијата кога целиот ланец на снабдување, на сè и сешто, беше ...
Наводно Џонсон побарал од британските разузнавачи да изработат план за упад во холандската фабрика за вакцини, откако ЕУ во март 2021 забранила извоз на вакцини во Британија. Се работи за дози кои Британија ги имала договорено со Астразенека меѓутоа биле заглавени во фабриката во Лајден заради новите правила на ЕУ. Против Џонсон се води истрага дека во февруари 2020 не бил целосно сконцентриран на заканата од пандемија затоа што тогаш наводно ...
Пред почетокот на украинската контра-офанзива која требаше да врати делови од териториите кои Русија ги освои и да се пресечат руските линии за снабдување на Крим, Алексеј Данилов беше оптимистичен и проценуваше дека пред нив е историска шанса. Кон крајот на мај тој кажа дека „Киев нема право на грешка.“ „Луѓето понекогаш и грешат,“ вели тој денес. Данилов оцени дека моменталната ситуација на фронтот е многу тешка за Киев а важечките прирачници ...
Како претходно Виена и Берлин, Амстердам призна дека има проблем со сообраќајот во центарот на градот. Утринските гужви се највпечатливи, кога се пуштаат илјадници учесници во сообраќајот, главно на две тркала. Анкетите велат дека две третини од луѓето не се чувствуваат безбедно во сообраќајот а првообвинети се електричните точаци и тротинети: се однесуваат како за нив да нема правила, шишкаат, игнорираат семафори и не застануваат на пешачки. А ...
Лојд иако признава дека руската одбрана е длабока и густа, порачува дека војската на Кремљ не е непобедлива. Одговорот на министерот Олекси Резников е дека одлуките ги носат украинските воени команданти, дополнувајќи дека нивните оклопни единици се уништувани од воздушните сили на Русија, а без противвоздушна одбрана, единствената опција што ја имаат Украинците е да ги гранатираат руските линии, да се симнат од возилата и да продолжат пеш. „Не ...
Ли Џаинпинг е само еден од речиси 5 милиони членови на ККП кои биле дел од истрага по 18-от Партиски конгрес одржан во 2012. Од овие 5 милиони, за 723.000 е утврдено дека ги прекршиле правилата за работа на партијата, а 644.000 добиле некаква партиска казна. Според бројките од кинеската Централна комисија за инспекција на дисциплината, само во првите три квартали од годинава се изречени 405.000 од овие казни. Доколку казната за Ли биде потврдена ...
Средбата е закажана за 14 јануари и на нејзе ќе учествуваат советници за безбедност од неколку држави. Тема на разговорите ќе биде „мировната формула за Украина“ која треба да стави крај на војната во земјата. Разговорите во Давос следуваат по средбата на Малта на истата тема во октомври на која учествуваа околу 70 држави од целиот свет, но не и Русија. Украинскиот мировен план во сегашната форма предвидува итно повлекување на руските сили од ...
За време на Виетнамската војна, Кисинџер и тогашниот американски претседател Ричард Никсон имаат наредено тајно и жестоко да се бомбардира неутралната Камбоџа за да се истера Виетконг на чистина. Бен Кирнан, историчар на Јеил процени дека околу 500.000 тони американски бомби биле фрлени врз Камбоџа помеѓу 1969-1973 година. Кисинџер тврдеше дека бомбардирањето не било насочено кон самата земја туку кон виетнамската армија во Камбоџа. Во извештај ...
Компанијата Мета (Фејсбук, Инстаграм, WhatsApp) најави дека ќе се залага за забрана за употреба на алатки за вештачка интелигенција за политичко рекламирање и комуникација со гласачите во сите земји каде што имаат нивни корисници. Вештачката интелигенција може да има и позитивна и негативна улога во политичките кампањи, само што стравот од негативното го надминува она што би било корисно и за политичарите и за гласачите. Во позитивна смисла, ...
Фински научници од Универзитетот Јуваскила ги анализираат резултатите на 11.000 истополови близнаци во периодот од 1975 до 2020. Учесниците сами го пријавуваат времето и интензитетот на дневната физичка активност и се категоризирани во четири групи: седечка, умерено активна, активна и високо активна. Бројките покажале дека оние кои најмалку вежбале имале 20 проценти поголеми шанси да починат во текот на 45-те години што се следат, отколку оние ...
Предлогот е на британски Офком кој е задолжен за спроведување на новите закони за онлајн безбедност кои треба да ги заштитат децата на интернет. Планот со скенирање на лицето се смета за помалку „нападен“ отколку аплоудирање на лични карти и други документи за идентификација. Системите за проценка на возраста веќе се користат од компании како Инстаграм за да се утврди возраста на новите корисници. Целиот процес се врши со помош на вештачка ...
Паниката кај ториевците е заради тоа што анкетите покажале дека голем број нивни гласачи почнале да се вртат кон Реформската партија, наследникот на Брегзит партијата на Најџел Фараж, чија популарност неочекувано скокна по успешното учество на Фараж во реалното шоу „I'm A Celebrity“. Планот е да се гласа против неколку закони на Сунак, (меѓу кои и предлогот за депортирање на мигрантите назад во Африка) и притисокот од неуспехот да доведе до ...
Швајцарскиот Трибун де Женева, објавува дека 80-годишниот Николас Пуеш започнал постапка за посинување на својот градинар „од скромно мароканско семејство“. Французинот кој е петта генерација наследник на Тиери Ермес, нема ни сопруга ни деца. Ермес својот прв дуќан го отвора во Париз во 1837, денес таа е една од најголемите модни компании чија вредност се проценува на 220 милијарди долари. Пуеш поседува меѓу 5 и 6 проценти од акциите на Ермес и ...
Хантер е обвинет дека во периодот од 2016 и 2019 избегнал плаќање на 1,4 милиони долари данок, за што може да добие 17 години затвор. Во тужбата се тврди дека Хантер ги трошел парите на најразлични трошоци како дрога, ескорти, луксузно сместување, автомобили, облека и друго, додека во исто време ги игнорирал своите даночни обврски. Ова се случува во исто време додека тој се бори со „документирана“ зависност од алкохол и крак, што довело до ...