Најзастрашувачко околу законот беше што неговото спроведување инстантно ескалираше во еден од најдрастичните прогони што некогаш се случил во западна демократија, во кој на учесниците на протестите им беше замрзнат имот (не можеа да пристапат до свои сметки и средствата што ги имаа на нив, а со тоа индиректно не можеа ни да примат плата), приватни компании под присила ги отстрануваа камионите од блокадата, а центарот на Отава беше прогласен за ...

Апокалиптичноста на отпуштањата за медиумскиот бизнис ја потврдува и изненаденоста на аналитичарите од истите, чија проценка беше дека заради острите кратења на вработените што се случуваа во 2023, годинава треба да биде помирна и постабилна. Меѓу медиумските компаниите што кратат вработени се Бизнис инсајдер кој отпушта 8 проценти од преостанатите вработени. Уредништвото на Њујорк дејли њуз излезе на протест заради постојаното кратење на ...

За неодамнешната смрт на тројца американски војници во Јемен медиумот ја обвинува политиката на Џо Бајден дека предолго се заканувал со празна пушка а правeл премалку на воен план. Едиторијалот предлага како одговор на најновиот удар на Американците да се потопи ирански брод за „мулите да ја разберат пораката.“ Во спротивно, се предвидува, нацијата ќе мора да се помири со слични вести во иднина. Неизбежно било САД поактивно да се вклучат во ...

И покрај тоа што САД и Велика Британија офанзивно тргнаа кон Хутите, превозот преку Баб ел Мандеб и Суецкиот канал е намален за 30% а транзитот на контејнерски бродови е намален за дури 80 отсто. Скорешен извештај на LSEG Shipping Research покажа дека пренасочувањето на танкер од Азија кон северозападна Европа оздола, преку Ртот на добра надеж носи дополнителни трошоци од речиси еден милион долари по патување и го продолжува транзитот од 16 до ...

За сега парите за палестинските бегалци ги сопреа САД, Австралија, Канада, Британија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Нов Зеланд и Финска. Во нападот на 7 октомври загинаа 1.140 лица, а во израелската воена операција до сега загинале 26.000 лица и е предизвикана хуманитарна криза. Во нападот на Хамас биле вклучени 12 вработени на УНРВА, што беше потврдено и од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој побара и покрај тоа да не ...

Истрагата околу инцидентот кривицата ја припишува на сервисерот кој не ги следел насоките на американската авијација, и со заборавената ламба успеал да предизвика штета на 14 милиони долари вредниот мотор, кој повеќе не можел локално да се поправи. Дел од вината паѓа и на нешто што се нарекува Систем за автономна логистичка информација (АЛИС), кој не реагирал како што треба. АЛИС е замислен како интеграција на повеќе операции, одржување, ...

Фотографијата од јапонскиот робот кој по поминати 380.000 километри слета на Месечината се прогласува за вселенска фотографија на деценијата. Јапонската верзија на НАСА, фотографијата ја објави пет дена по тачдаунот на SLIM (Smart Lander for Investigating the Moon), долго откако сфатија дека сончевите панели на вселенското летало не произведуваат електрична енергија. Затоа што леталото слета наопачки. Во таква позиција, соларните пенали не ...

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) во 2021 година имал подготвено нацрт предупредување за врските меѓу миокардитисот и вакцините на Фајзер и Модерна и се чини дека биле подготвени да го објават преку системот за алармирање на здравствените инсистуции, покажуваат внатрешните документи. Алармот никогаш не беше испратен. Се расправало за добрите и лошите страни на пуштање на едно такво известување но надлежните не сакале ...

58 годишниот Кенет Смит е првиот американски затвореник усмртен со гушење со помош на азот. Азотот не е лош, ама ако го има таман колку што треба, отприлика 78% колку што вообичаено го има во воздухот кој го дишеме. На Смит му ставиле маска која му пуштала саде азот, во гасовита состојба. Се смирил дури после 22 минути а претходно сцената била агонична. Неговиот духовен ментор, свештеникот Џеф Худ кој присуствувал на егзекуцијата вели дека дури ...

Компанијата ги намалува цените на клучните пазари ширум светот, вклучувајќи ги Европа и Кина, бидејќи се соочува со тешка конкуренција од кинеските ривали како што е BYD, како и од традиционалните производители на автомобили. Побарувачката исто така е пригушена од постојано високите трошоци за задолжување бидејќи централните банки ширум светот ги одржуваат високите каматни стапки во обид да ја зауздаат инфлацијата. Тесла објаснува рече дека ...

Таканаречениот Голден Стејт прво беше дом на Златната треска, потоа на Холивуд па на технолошката револуција во Силициумската долина. Калифорнијците долго време се гордееја со тоа наследство. За време на дебатата во 2022 година против гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се пофали дека неговата држава е симбол на слободата. „Иако ова некогаш можеше да биде вистина, под раководство на Њусом и на, во суштина ...

„Апологeтот на Владимир Путин, Оливер Стон, кука за состојбата во која се наоѓа светот, а како аргументи ги наведе актерските избори на Рајан Гослинг и Кијану Ривс“, пишува Консеквенс. Прифаќајќи да го глуми Кен во Барби, Гослинг придонесува за „инфантилизација на Холивуд“. „Рајан Гослинг си го губи времето што го прави тоа срање за пари. Треба да прави посериозни филмови. Тој не треба да биде дел од оваа инфантилизација на Холивуд“, рече Стоун. ...

Таму кајшто живее паднало снег. Витерспун фатила да снима со мобилен за да го покаже на ТикТок „рецептот“ за снежно чокочино. Со шоља грабнуваш од тазе снегот па му додаваш чоколаден сируп, солена карамела, ладно кафе... И тоа би било тоа. Ама не во 2023 година. Епизодата стигна до медиумски аутлети како Салон, Хафингтон и слични, кои сериозно го коментираа потегот на актерката, небаре се работи за анализа на некој светски самит. „Дел од онлајн ...

Би било интересно да се пресмета на колкав куп луѓе им било ветено дека ќе станат ѕвезди/идоли на разно-разни шоуа за пејачки таленти ширум светов, а колкав процент од тоа навистина станале ѕвезди/идоли. Хери Стајлс кој тргна од X Factor, евентуално Адам Ламберт (Квин) кој се лансираше преку Американски идол и веројатно - толку. За да се напредува во такви натпревари потребно е да се пее добро и да се биде допадлив за жирито и екранот, но ...

Електричните автомобили никогаш нема да заземат повеќе од една третина од пазарот а потрошувачите не треба да бидат принудувани да ги купуваат, изјави шефот на Тојота. Акио Тојода, претседател на по продажба најголемиот светски производител на автомобили рече дека развојот на електрични возила не треба да значи исклучување на другите технологии како што се хибридните и автомобилите на водород на кои се фокусираше неговата компанија. Тој вели ...

Изминатите неколку години, во име на зголемување на свеста за колонијалните истории или расистичките конотации на одредени имиња, се преименуваа знаменитости и се уриваа статуи. Откако „Black Lives Matter“ стана трендовско движење по смртта на Џорџ Флојд во 2020 година, почна отстранување споменици и преименување улици и училишта поврзани со личности од минатото, вклучени во ропство и колонијална експлоатација, расизам, сексизам, мексизам... Во ...

„Европската унија дигна раце од светот кој се наоѓа надвор од нејзините граници“, пишува Даниел Џонсон во Телеграф, оценувајќи дека ЕУ самата на себе си е најголем непријател. Toj потсетува дека во американско-британските акции против Хутите, од ЕУ се приклучи само Холандија, додека од Брисел, Берлин, Рим и Мадрид не доаѓа ништо друго освен една депресивна рамнодушност. А Европа ќе ја плати веројатно највисоката цена од пореметувањето во ...

Предлогот да се дозволи странски државјани да служат во германската армија може да се прошири и на Европејците од земјите надвор од ЕУ, пренесува Дојче веле. Германскиот министер за одбрана, социјалдемократот Борис Писториус првично ја беше изнел идејата за добредојде на не-Германци за да се адресира драстичниот недостиг на персонал. Идејата доби поддршка и од пратениците еден од коалиционите партнери, ФДП, како и од опозициската ЦДУ. ...

Сопствениците на Спортс илустрејтед ќе отпуштат најголем број од вработените во магазинот, потег кој се смета и за негов крај. Во соопштението Арена груп објавува дека ќе направи значително намалување на работната сила, откако компанијата не успеала да ја покрие тромесечната рата за правата на брендот Спортс илустрејтед, за кои плаќа 15 милиони долари годишно. Еден ден по соопштението, уредниците и новинарите на Спортс илустрејтед биле ...

„Некаков компромис мора да има. Што очекуваат тие? Дека Русите ќе си заминат од Крим, Донбас и Луганск? Тоа е нереално,“ изјавил словачкиот премиер. Фицо доаѓа на власт на изборите во септември со ветување дека ќе престане со испраќање оружје во Украина, дека ќе го блокира потенцијалното членство на Киев во НАТО и дека ќе биде против санкционирање на Русија. Во интервјуто во кое порачува дека Украина ќе треба да се откажува од дел од својата ...

Италијанскиот суд одлучи дека фашистичкото салутирање е прекршок само доколку го загрози јавниот ред и мир или ако претставува ризик за возобновување на забранетата фашистичка партија на Италија, вон ова кој сака може да крева рака. Со оваа одлука целосно се амнестираат стотиците учесници на еден неодамнешен собир во Рим во кој со римски поздрав ја одбележаа 46-годишнината од убиството на тројца милитанти на некогашната партија Италијанско ...

Глобалниот колапс на читачките вештини на младината во последно време привлекува сè поголемо внимание и загриженост. Последната анкета на американското министерството за образование, покажа дека вештините за разбирање текст меѓу 13-годишниците се намалиле во просек за четири поени од пандемиските години и уште поалармантно, за седум поени во споредба со 2012 година. Накратко, петдецениски природен напредок во оваа област е поништен и работата е ...

Во своја одбрана Гугл тврдеше дека им спомнал на корисниците дека инкогнито во Хром баш и не е целосно инкогнито, меѓутоа судијката во случајот одлучи дека тоа не е доволно бидејќи компанијата не дала експлицитно предупредување. По ново Гугл продолжува да собира податоци во инкогнито, (ИП адреса, податоци за уредот од кој пристапува и историја на пребарување) меѓутоа сега им го нагласува тоа на корисниците. Во тужбата поднесена пред судот во ...

„Батеријата може да им овозможи на уредите како што паметните телефони да работат на неодредено време без полнење или на беспилотните летала да функционираат без слетување“, порачува кинескиот стартап Бетаволт. Долгиот животен век на страна, батеријата работи добро и при екстремни услови. За разлика од традиционалните батерии, оваа нуклеарна батерија работи безбедно под екстремни услови, на температури од плус 120 до минус 60°C и е отпорна на ...

„Се разгледува потенцијална продажба на искусна и позната дилерска групација,“ изјавиле од Мерцедес. Од компанијата ја отфрлаат можноста за затворање на некоја филијала, објаснувајќи дека сега се разгледува само дали истите можат да бидат продадени. Се работи за вкупно 20 филијали, со 80 салони за продажба и 8.000 вработени. Процената е дека секоја филијала може да вреди до 40 милиони евра. Во изборот на идните сопственици ќе се гледа тие да ...

Во септември годинава ќе се одржат избори за парламентите на сојузните единици во Бранденбург, Саксонија и Тирингија. Анкетите на јавното мислење предвидуваат десничарската АфД да освои релативно мнозинство во сите три. Засега, сите останати политички партии тврдат дека нема да коалицираат со нив. но има набљудувачи кои се сомневаат во тоа. За социјалдемократите, моментално непопуларни како никогаш во нивната долга историја, се предвидува ...

Извештајот на Groundwork Collaborative покажува дека корпоративните профити сочинувале околу 53% од инфлацијата во текот на вториот и третиот квартал минатата година. Цели 40 години пред пандемијата, профитот бил одговорен најмногу 11% од растот на цените. Лани цените за потрошувачите се имаат зголемено за 3,4% иако влезните трошоци за производителите се зголемиле за само 1%. Уште од појавата на пандeмиската инфлација во 2021 година, се водеше ...

Електричните автомобили може да изгубат меѓу 10 и 20 отсто од возниот опсег кога температурите ќе паднат, бидејќи литиум-јонската батерија станува помалку ефикасна а возачите ги вклучуваат функциите како што е греењето, потсети автомобилската асоцијација на Обединетото кралство. На постудените батерии може да им треба подолго време за полнење и се помалку ефикасни, со што се намалува дометот на возилото. Некои од возачите на Тесла во Чикаго ...

Се работи за 20.000 возила, една третина од целата електрична флота, чија продажба почна минатиот месец и се очекува да продолжи во текот на 2024. Одлуката на Херц, Блумберг ја толкува како одраз на општо намалениот интерес за целосно електрични возила во САД, каде во текот на 2023 растот на продажбата остро се забави на само 1,3% во последниот квартал. Главна причина за ова е високата цена и високите каматни стапки. „Зголемените цени поврзани ...

На пребарување на терминот „girlfriend“ продавницата враќа најмалку осум решенија на ВИ чатботови кои глумат девојка. Еден од нив, „Virtual Sweetheart“, го почнува разговорот со прашања „каква е твојата девојка од соништата“ и „споделија со мене твојата најмрачна тајна“. Проблемот е што овие ботови се директно спротивни на правилата за користење на ОпенАИ, кои забрануваат ГПТ-а (Generative Pre-Trained Transformers) „дедицирани на создавање ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
28%
1004
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1002
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1008
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
7.2
16%
1004
weather icon

Сараево

39ᴼ / 39ᴼ
7.44
16%
999
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
78%
1008
weather icon

Атина

37ᴼ / 34ᴼ
9.77
35%
1006
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
6.17
33%
1007
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
58%
1007
weather icon

Букурешт

39ᴼ / 36ᴼ
3.13
25%
1002
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
81%
1005
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
45%
1006
Currency

61.535

Currency

52.441

Currency

71.238

Currency

34.2452

Currency

38.4216

Currency

65.8439

Currency

7.32685

Currency

0.67241

Currency

0.35778

Currency

0.52473

Currency

1.31408

Currency

0.613

Алуминиум

2.57

Иридиум

146352.71

Кобалт

42.99

Никел

14917.50

Рутениум

24370.27

Калај

33.68

Сребро

1183.96

Злато

107236.00

Бакар

10.09

Паладиум

35848.08

Платина

44125.90

Родиум

176829.11

Цинк

2.67