По зборовите на германскиот канцелар, секое испраќање на Таурус ракети значи дека треба да се испратат и германски војници во Украина за да ги програмираат истите, што дополнително ќе ја вовлече земјата во конфликт со Москва. На ова е и стандардниот страв на Берлин, и Западот, дека Киев би можел да ги искористи проектилите за гаѓање на цели на Руска територија, стара или новоосвоена. Споредбено, Таурус, кој се испукува од авион, е иста должина и ...

„Ситуацијата станува застрашувачка. Нивото на објавување на измамнички документи почна да создава сериозни проблеми за науката. Во голем број области станува тешко да се изгради кумулативен пристап кон еден предмет бидејќи му недостасува цврста основа на заклучоци во кои може да се верува. И станува се полошо и полошо,“ изјавува професорката Дороти Бишоп од Оксфорд. Најголем дел од овие студии доаѓаат од Кина, каде младите доктори и научници ...

Џо Бајден и Демократската партија еднаш веќе го овозможија претседателството на Трамп и изгледа дека тоа ќе го сторат повторно. Ако Трамп се врати на власт, тоа нема да биде поради „руско мешање“ или затоа што работничката класа е полна со фанатици и расисти. Тоа ќе биде затоа што Демократите се подеднакво рамнодушни кон страдањата на Палестинците во Газа како и кон имигрантите, сиромашните во градовите од внатрешноста, оние што се доведени во ...

По своето откритие за ДНК контаминација во мРНК вакцините за ковид, геномскиот истражувач Кевин Меккернан не толку одамна откри дека ДНК во овие вакцини може потенцијално да се интегрира во човечката ДНК. „Се очекува ова да бидат „ретки настани“, но може да се случат“, вели Меккернан за Епок Тајмс. Од претставувањето на мРНК вакцините, дел од јавност беа загрижени дека вакцините може да го модифицираат човечкиот ген со комбинирање на нивните ...

Се работи за заедничка одлука на министерството за култура и на УНЕСКО, а од берлинската Клупска комисија потегот го сметаат за „уште едно постигнување на берлинските техно продуценти, уметници, сопственици на клубови и организатори на настани.“ Повеќе од една деценија организацијата за поддршка на електронската музика, Рејв д планет, ја тера кампањата за техно културата и музиката да бидат додадени на германската листа. Германците беа охрабрени ...

Постојат држави во кои смртните случаи поради рак се намалуваат, веројатно благодарејќи на зголемениот скрининг, намалената стапка на пушење и новите третмани. Меѓутоа, на глобално ниво, ракот е во пораст. Раните карциноми - дефинирани како оние што се јавуваат кај возрасни под 50-годишна возраст - сè уште претставуваат само мал дел од вкупните случаи, но нивната стапка на инциденца расте. Овој пораст, заедно со зголемувањето на глобалната ...

Њујорк магазинот има насловна тема од транс-авторот Андреја Лон Чу, со наслов: „Етичкиот случај да им се дозволи на транс децата да гименуваат своите тела“. Мат Таиби вели дека во однос на ова, оној злокобен манифест на Унабомберот Тед Качински, звучи како сонет од Шекспир. И дека уредниците требале веќе на првиот пасос да му/ѝ кажат на Андреја „извини, ама ова е тешка глупост“. Но и објавувањето е драгоцено сведоштво - за кукавичлукот на ...

Нил Јанг тивко се врати на Спотифај после две години бојкот на најголемата стриминг платформа за музика. Ваквиот потег не мина без реакции, на пример од легендата на бразилското џиу-џицу, Гордон Рајан. Да се потсетиме: Нил Јанг бучно го најави повлекувањето на својата музика од Спотифај во знак на револт што на истата платформа е Џо Роган, кого вакциналните првоборци го рачунаа за антиваксер. Тоа беше почеток на една крстоносна војна во која на ...

Очекувањето е дека дел од профитот, како и цел данок што ќе се плати на заработувачката, ќе бидат префрлени од ЕУ во Киев, а дел ќе се задржи на Западот како заштита од очекуваниот руски контраудар на која било европска мерка што ќе задира во замрзнатите средства или каматите од истите. Околу 70% од сите замрзнати руски средства, или некои си 190 милијарди евра во хартии од вредност и кеш, се заглавени во белгискиот депозитар Еуроклиар. „Во ...

Лемон: Нели мислите дека содржините на Икс (Твитер) треба посериозно да се модерираат, за да не морате да одговарате на новинарски прашања за дозволување говор на омраза? Маск: Не морам јас да одговарам на никакви новинарски прашања. Овде сум затоа што ти сакаше да си на Икс и побара интервју со мене. Бонус: Лемон: Вртите ли накај Трамп? Маск: Не вртам. Вртам подалеку од Бајден. За неславниот крај на Дон Лемон во CNN (април, 2023) кога го ...

Научниците предупредуваат дека топлата вода го чисти телото од сите природни масти што се на него и доведува до сува кожа и расцветана коса. Освен на физичкиот изглед топлите тушеви влијаат и на добриот сон. „Проблеми како егзема и псоријаза можат значително да се влошат по туширање со жешка вода,“ пренесува британски Мирор за заклучоците на студијата изработена од Пламбворлд. Топлите тушеви не се препорачуваат ни за лицата со срцеви проблеми ...

Освен брутално владеење и ригидни рестрикции за жените, талибанската власт во Авганистан овозможи регрупирање и засилување на озлогласената терористичка организација ИСИС. Оваа милитантна сунитска групација во Авганистан моментално обучува илјадници војници и веќе имаат извршено над илјада убиства во стотици напади, извршени со подметнати експлозиви, самоубиствени мисии и слично, таргетирајќи најчесто шиитски муслимани со хазарско потекло. ...

НАТО му е на нишан на Трамп уште пред почетокот на првиот мандат во 2016, иако во основа тој нема ништо директно против Алијансата, туку против членовите што не ги трошат договорените 2% на одбрана. Варијантите што тој ги предлага освен повлекување од Алијансата е формирање на 2-степено НАТО, во кое сите оние што нема да трошат колку што е договорено, нема да добиваат заштита од организацијата или воведување на посебни тарифи за „неплаќачите“. ...

Околу 55 отсто од увозот на оружје од страна на европските држави бил испорачан од САД, што е над 35 повеќе отколку во претходниот период, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања. Истовремено, Европа стои зад една третина од глобалниот извоз на оружје. Американскиот извоз е зголемен за 17% а пораснат е и нивниот удел во глобалната трговија, од 34 на 42 процента. САД и западна Европа прават 72% од ...

Економска утка: На почетокот на војната, Бајден тврдеше дека санкциите ќе ја „уништат“ руската економија, принудувајќи ја Русија да ја прекине војната и можеби и да ја забрза промената на режимот. Во реалност, пореметеноста на руската економија беш краткотрајна. До 2023 година, таа има подобри перформанси од Г7. Во меѓувреме, вистинската жртва на санкциите беше Европа, особено германската економија, која се потпираше на евтиниот руски гас за да ...

Во законот содржини со омраза се дефинираат содржини кои поттикнуваат насилство, побудуваат омраза, поттикнуваат насилен екстремизам или тероризам, се користат на малтретирање деца, сексуално малтретираат деца, поттикнуваат деца да се повредуваат самите себе или интимни содржини пренесени без согласност. Властите објаснуваат дека главна цел на законот е да се заштитат малолетници од онлајн сексуална злоупотреба, изнудување и искористување. ...

Лангехофе е лидер на крајно десничарска младинска организација кој од 2019 до 2023 беше член на долниот дом на белгискиот парламент. Тој е казнет затоа што во групен чат со пријатели и симпатизери употребувал говор кој е „расистички, со омраза, нацистички и негаторски.“ Уште пет члена на истата чат група добиле условни затворски казни, меѓу кои и двајца членови на крајно десничарската партија Фламански интерес. Сите шестмина беа обвинети дека ја ...

Барнет работи 32 години во Боинг од кои меѓу 2010 и 2017 работи како менаџер за квалитет во фабриката во Северен Чарлстон, во која се произведува 787 Дримлајнер. Токму овој модел е предмет на повеќе протекувања од вработени од компанијата. Во 2019 Барнет за Би-би-си изјавува дека открил сериозни проблеми со системите за кислород што се инсталираат во авионот. Боинг потврди дека дел од кислородниот боци што ги добива биле со проблем меѓутоа ниту ...

Процените на УНДП се дека до 2080 глобалната популација ќе брои од 10,4 до 12 милијарди луѓе. Наспроти нив е Центарот за експертиза за популација и миграција на ЕУ, кој проценува дека човековата популација ќе го достигне својот пик во 2070-те на 9,8 милијарди луѓе, и Институтот за здравствени метрики и евалуација, кој пикот го става на 9,7 милијарди, кои би се достигнале во 2064. Сега речиси сите демографи сметаат дека човештвото својот пик, во ...

Повеќе од 500 експерти од истражувачки, ветеринарни и конзерваторски групи го повикуваат Емануел Макрон да преземе нешто за да „стави крај на претераната експлоатација на жаби“ и да им овозможи подобра заштита. ЕУ секоја година увезува меѓу 80 и 200 милиони жаби, кои во најголемиот дел се јадат во Франција. Претежно тие се увезуваат од Индонезија, Виетнам, Турција и Албанија. За експертите апсурдно е што ЕУ ја заштитува сопствената популација на ...

Русија произведува по 250.000 парчиња артилериска муниција месечно, или околу 3 милиони годишно, додека САД и Европа имаат капацитет да произведат 1,2 милиони парчиња артилериска муниција годишно за да ја испратат во Киев, пренесува Си-ен-ен информација од НАТО разузнавачи. Американската армија неодамна си зададе за цел до крајот на 2025 да постигне капацитет на производство од 100.000 парчиња артилериска муниција месечно, што и тогаш би било ...

„Најлошата работа се лажните информации и фабрикуваните сценарија. Луѓето со тек на време им веруваат и тоа те вознемирува, дури и приватно,“ изјавил Макрон. 70-годишната Брижит Макрон веќе неколку години е мета на заговор според кој таа е родена како маж и со тек на време транзиционира во жена. Таа од 2007 е во брак со 33 години помладиот Макрон. Шпекулациите неодамна повторно воскреснаа откако 40-годишната ќерка на Брижит, Тифен Озиер, во ...

„Според законот, овие избори ќе бидат мои последни избори,“ објавил претседателот на Турција. Ердоган е претседател на Турција од 2014, откако претходно мина една деценија како премиер на земјата, а од 1994 до 1998 беше и градоначалник на Истанбул. Тој порачал дека изборите многу ќе значат во изборот на негов наследник. „Резултатот од овие избори ќе биде трансфер на оставината на браќата кои ќе дојдат по мене. Затоа ги направивме сите неопходни ...

Украинска правда пишува дека Залужни бил пред воено-лекарската комисија уште пред да биде назначен за амбасадор, каде не ги минал тестовите. Откако беше сменет од Зеленски, Залужни бил ставен на располагање на министерството за одбрана, меѓутоа и таму не нашле потреба за него. „Министерот за одбрана Умеров не му понудил на Залужни никаква позначајна позиција која ќе одговара на неговото ниво на обука и искуство, исто како што и Зеленски ...

Папата Франциско се најде сред лавина критики од украинските власти за коментарите од негово интервју од минатиот месец емитувани последниов викенд, со кои ја повика Украина да најде „храброст за бело знаме“ и да преговара со Москва за завршување на војната. Поглаварот на римокатоличката црква порачува дека Киев треба да биде отворен за мировни преговори со Русија, бидејќи Украина се соочува со можен пораз. „Мислам дека најсилен е оној кој ја ...

Алгебрата ќе се врати во осмо одделение на основните училишта во Сан Франциско, иако ќе бидат потребни околу три години за да се понудат часови по алгебра за осмо и да се редизајнираат математичките програми за средните школи. Прогресивните образовни бирократи од тој дистрикт го повлекоа курсот по математика пред цела една деценија велејќи дека сакале „да го одложат следењето на учениците во одделни математички секвенци до средно училиште“. ...

Иако веќе неколку години настапувам во арени, чувството секогаш ед е малку нестварно, во смисла: како дошле волку многу луѓе, мене да ме видат? Со таквата одговорност не се зезам. Не можеш да правиш такво шоу а да си на авто-пилот, мора да се потрудиш сите да добијат она што заслужиле за нивните пари. Таква ми е работата, секоја вечер. Кои теми може да се очекуваат од оваа турнеја? Дали таа ќе биде материјал за некоја нова специјалка на стриминг ...

„Именувањето на Викторија Нуланд за потсекретар за политички прашања, третата највисока позиција во Стејт департментот, е опасен знак. Нуланд е пример за неоконзервативците кои ја водеа американската надворешна политика од една катастрофа во друга во последните 30 години, притоа избегнувајќи секаква трошка одговорност“, пишуваше своевремено Рик Стерлинг. Нуланд сега заминува и за тоа изненадување јавноста допрва чека одговори. Нејзината последна ...

Биткоинот - заедно со поширокиот пазар на етереум, XRP и крипто - во текот на минатата година вртоглаво порасна, со некои прогнози дека доаѓа уште поголем бран. Цената на биткоинот надмина 60.000 долари за биткоин, што повторно го прави имот од 1.000 милијарди долари, додека комбинираниот пазар на етереум, XRP и крипто е многу над 2 трилиони долари и сето тоа предизвикува сериозни предупредувања за „масовна колатерална штета“. Аналитичари на ...

„Тоа што сега се случува е она на што Русија потроши многу време за да го подготви. Таа собра доволно сили и доволно ресурси за да изврши притисок на најразлични точки во исто време,“ смета заменик командантот на украинската 3-та јуришна брига (екс-Азов), Максим Жорин, која минатиот месец се повлече од Авдивка. На Русија и е јасно дека украинските сили веќе се на резерва и со муниција и со луѓе, откако Вашингтон и ЕУ не успеаа да го испорачаат ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
89%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
82%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
94%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.99
79%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
59%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
83%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
85%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
75%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
73%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504