
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Зилт е германски остров во Северното море населен и посетуван од највисокиот врв на германската елита, што значи милионски вили, имоти, Поршеа, Ферарија, Бентли, С класа. На еден од првите викенди од годинешнава сезона еден од најпознатите барови на островот, Пони, 150 евра е само влез, беше преполн со подмладокот на тамошната елита, кој во еден момент реши да каже што му лежи на душа извикувајќи „Германија на Германците, странци надвор!“ ...
Златото, кое Џон Мејнард Кејнс го нарече „варварска реликвија“, стана толку барано што дури и ланецот Костко се вклучи во бизнисот. Можеби оваа новооткриена фасцинација не треба да изненадува. Златото е полесно да се разбере од акциите или обврзниците, бидејќи буквално може да го држите во рака. Згора на тоа, во последно време, подобро се држи од нив. Обврзниците се намалуваат, недвижностите се слаби, па дури и забревтаната американска берза, ...
Владите на ЕУ наскоро би можеле да ја поддржат доста контроверзната Регулатива за сексуална злоупотреба на деца (CSAR), колоквијално позната како „контрола на четот“, врз основа на новиот предлог на белгискиот министер за внатрешни работи. Според протечени податоци до кои дојде европратеникот од Пиратската партија, тоа би можело да се случи веќе во јуни. Предлогот наложува дека корисниците на апликациите за комуникација мора да се согласат сите ...
„Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес прима неквалификувани расни малцинства во интерес на различноста“, се вели во извештајот на The Washington Free Beacon кој се потпира на интерни податоци и интервјуа со медицински професори и официјални лица. Еден професор рекол дека иако има „добри дипломци“ од УКЛА, „меѓу третина и половина од кадрите се неверојатно неквалификувани“. Ова е резултат на повеќегодишната пракса ...
Карло Акутис почина во 2006 година, на 15-годишна возраст, а на пат е да биде прогласен за светец откако папата Франциско му го призна второто чудо кое го направил во текот на животот: заздравување на студент на универзитет во Фиренца кој имал крварење на мозокот по претрпена повреда на главата. Карло Акутис беше беатифициран и прогласен за блажен - првиот чекор кон светост - во 2020 година, откако му беше припишано неговото прво чудо - ...
На Канарските острови во април се одржуваа протести со разбирлива порака: „Туристу, почитувај ја мојата земја.“ Не се луѓето ксенофобични и не им пречат оние кои сакат да ги запознаат природните убавини, локалната храна и обичаи, ама преку глава им се оние дојденци на кои престојот им се сведува на локање евтино пиво по плажи и бодење пикавци во песок. Не само таму, најозлогласени се Британците кои а) имаат пари и б) не знаат да пијат. Башка, ...
Многу научници посветени на палестинското ослободување повеќе не можат да ја вршат својата работа. Ова не е никаде поточно како во Појасот Газа - каде што сите 12 универзитети се претворени во урнатини, а повеќе од 90 професори се убиени за време на израелските напади. Но, долга е раката на Израел. Неговите обиди за искоренување на интелектуалниот живот во Газа одекнува многу подалеку од таа територијата - во САД. „Од почетокот на израелската ...
Орлите кои имаат миграциски рути низ Украина комплетно ги смениле стандардните патеки на летот за да ги избегнат областите погодени од конфликтот. ГПС податоци им откриле на истражувачите птиците направиле големи заобиколувања после почетокот на инвазијата, и целосно ги замениле местата за одмор и полнење батерии. Тоа значи дека има требало подолго време да стигнат до нивните места за размножување и повеќе енергија. „Тоа е како да трчате ...
Илја Сутскевер и Јан Лејке неодамна го објавија своето заминување од OpenAI, производителот на ChatGPT. Тие беа лидери на тимот задолжен да обезбеди вештачката интелигенција да остане усогласена со целите на нејзините креатори, наместо да дејствува непредвидливо и да му наштети на човештвото. Тие не се единствените кои заминаа. Од ноември минатата година - кога бордот на OpenAI се обиде да го отпушти извршниот директор Сем Алтман само за тој ...
86 годишниот Клус Шваб ја основаше организацијата во 1971 година а формално ќе замине во јануари следната година. Во меѓувреме, извршните овластувања ги презема извршниот борд кој го води Борге Бренде од Шведска. Заштитното лице на СЕФ и самитот во Давос најави дека планира да земе некоја неизвршна функција во организацијата, но, ќе има директен увид со сите случувања бидејќи децата му се на високи позиции а неговата сопруга ги води церемониите ...
Воените буџети на глобално ниво минатата година изнесувале 2,44 трилиони долари, што е речиси седум отсто повеќе од 2022 година. Воените трошоци во светот сега се највисоки од крајот на Студената војна – околу 306 долари по човек. За воени потреби САД оваа година издвоиле 886 милијарди долари, што е раст од над осум отсто за период од две години. Европските земји издвоиле 380 милијарди долари, се пофали неодамна Јенс Столтенберг. Иако само пред ...
Козите беа туристичка атракција на живописниот остров на кој слободно живееја вешто движејќи се по стрмните карпести предели на заспаниот вулкан. Долго време односот на силите бил изедначен. Околу 100 луѓе и околу 100 кози. Меѓутоа, последниве години бројот на вториве нагло пораснал па сега ги има околу 600. А се работи за мал остров со површина од околу пет квадратни километри. Во потрага по храна, почнале сè почесто да се симнуваат меѓу луѓето ...
Веибо соопшти дека веќе работи на спроведување специјални мерки околу „непосакуваните содржини ориентирани на вредност“ вклучувајќи содржини кои „покажуваат богатство и обожување пари.“ За сега главна мета на новата цензура се луксузни автомобили, скап имот, постови во кои корисниците се фалат со своето богатство и слободата што доаѓа од истото. Со слична агенда се и останатите кинески социјални мрежи. Новите мерки се дел од кампањата на Пекинг ...
Холивудскиот адвокат, Кевин Морис, кој широкоградо ги покриваше трошоците на Хантер, приватно се пожалил дека почнале да му снемуваат ресурси за помагање на правната одбрана на синот на американскиот претседател. „Причината зошто Кевин финансиски се вклучи во ова на прво место е затоа виде дека никој нема да му помогне на Хантер. Сега, четири и пол години подоцна, и понатаму нема никој друг, меѓутоа Кевин е целосно потрошен. Па токму кога Хантер ...
Зошто ја толерираме заканата од уште една војна во наше име? Зошто дозволуваме лагите да го оправдаат овој ризик? Степенот на нашата индоктринација, напиша Харолд Пинтер, е „брилијантен, па дури и забавен, крајно успешен акт на хипноза,“ како вистината „никогаш да не се случила дури и додека се случува.“ Секоја година американскиот историчар Вилијам Блум го објавува неговиот „апдејтиран преглед на американската надворешна политика“ кој покажува ...
УниСупер е австралиски пензиски фонд кој управува со средства во вредност од 135 милијарди долари и има 647.000 членови. Целата сметка им била избришана од Google Cloud, вклучувајќи ги и сите нејзини резервни копии. За среќа, имале неколку бекапи на друг провајдер и можеле да ги вратат своите податоци, но според нивната евиденција, проблемот се појавил на 2 мај, а до целосно обновување на услугите дошло дури на 15 мај. Во заеднички соопштенија ...
Смрта на Ебрахим Раиси и староста/болеста на врховниот лидер Хаменеи јасно даваат до знаење дека Иран го очекуваат големи промени во врвот на државата. Меѓутоа, засега нема сигнали дека ќе дојде до паѓање на конзервативниот режим кој со цврста рака управува со најмоќната шиитска држава на светот. Врховниот водач (Velâyat-e Faqih) e неприкосновен владетел во Иран и е одговорен за донесување на сите главни одлуки во врска со државата. Таа позиција ...
Вооружените немири почнуваат откако Франција одлучи на француските резиденти кои живеат во Нова Каледонија да им дозволи да гласаат на тамошните избори, со што нивниот глас ќе се изедначи со оној на домородниот Канаки народ, и со тоа, според аналитичари, би се „разводенила“ нивната волја. Предложената граница за гласање на локалните избори е 10 години престој на островот. Сегашниот бунт започнува во април годинава кога десетици илјади луѓе ...
Bufo alvarius е најголемата жаба во северна Америка, знае да достигне и до 18 сантиметри а живее во и околу реката Колорадо на југозапад од САД. Нејзиниот одбрамбен механизам се содржи од силен отров кој може да усмрти и големо куче но во него има и нешто што се вика 5-MeO-DMT што се смета за досега најсилната позната халуциногена супстанца на светот. Халуцинациите кои ги предизвикува се краткотрајни во споредба со други (15 до 30 минути) но се ...
Неговата скриена ароганција беше засилена од неговата влошена физичка и ментална состојба. Тој делува како некадарен империјален господар со проблеми со најкратка меморија, кој постојано се меша во сите работи. Тој испраќа мешани сигнали, им се умилкува на најразлични насилници, безмилосно ги малтретира сојузниците, микроменаџира комплексни конфликти од далечина и позиција на игнорантност, и неизбежно ги разлутува и двете страни во секоја ...
Големото јаболко, чие богато население порасна за 48% во изминатата деценија, е дом на 349.500 милионери, 744 центимилионери (оние со над 100 милиони долари) и 60 милијардери. Според извештајот на стручњаците за миграција на богатството од „Хенли & партнери“, Њујорк е град со најголем број милионери на светот. На второто место се оние од другата страна - Сан Франциско и Силициумската долина. Богатството во тој залив има пораснато со една од ...
Во извештајот се наведуваат најчесто но и најретко користените четвороцифрени пинови, добиени врз основа на податоците за шифри до кои дошле хакери во разни нивни напади а потоа комбинациите се појавиле на интернет. После дифолтниот „1234“ доаѓаат „1111“ (6% од луѓето) и “0000” и “1212”, кои ги користат два процента. Во најчестите, значи и најранливи пинови се и “7777”, “1004”, “2000”, “4444”, “2222” и “6969”. Со оглед на тоа дека луѓето се ...
Масовните убиства се случуваат кога американската антитерористичка стратегија во западноафриканскиот Сахелов појас очигледно пропаѓа, откако воени офицери обучувани од САД започнаа долга серија државни удари, вклучително и во самата Буркина Фасо. И покрај државните удари и масакрите, САД не ги прекинаа врските со Буркина Фасо, а контингент на американските сили останува во земјата за да помогне на вооружените сили кои ѝ служат на владеачката ...
Весникот објаснува дека Шојгу технички е унапреден со позицијата што ја добива во рускиот совет за безбедност, а и самиот Путин не е склон кон јавно казнување на „лојалните дворјани“. Аналитичарите што повнимателно го следат Кремљ, како слабости на Шојгу му ја припишуваат хаотичност на руската инвазија на Украина, масовната корупција во воено-индустрискиот комплекс и неговата непопуларност кај генералите. Оние што се изненадени од именувањето на ...
Меѓу притворениците се генералниот директор на либиската царина и првиот човек на царината на аеродромот во Мисрата, кои наводно со други лица се организирале да ги изнесат десетиците тони златни шипки од земјата, чија вредност се проценува на над 2 милијарди долари. Либија ги има четвртите по големина златни резерви во Африка кои се проценуваат на 116,6 тони. Планираната пратка претставува нешто помалку од една-четвртина од вкупни резерви. ...
63 годишниот Џејниел Вераинер предизвикал општо негодување кога повторно се појавил на судот во Мидстоун во „навредлива комбинација“, демек e некаков виленик, во сукња и црвено-бели чорапи а на главата натакнал гумени виленски уши. Во обата наврата судијата не рекол ништо и му дозволил да биде таков на рочиштето. „Ова е исмејување на судот и целосно непочитување на судскиот процес. Судијата можел да му забележи и нему и на неговиот адвокат на ...
Портпаролот на компанијата Аруп рече дека ја известиле полицијата во Хонг Конг за измамата и потврдил дека во шемата биле користени лажни гласови и слики. Не сакаат да навлегуваат во детали но порачаа дека нивната финансиска стабилност и деловните операции не биле засегнати и ниту еден од внатрешните системи не бил компромитиран. Сепак, се дознава дека еден нивен човек во финансии во Хонг Конг прво добил фишинг меил од седиштето во Лондон кој му ...
Неделава во Вашингтон пристигна група украински парламентарци со истата агенда за која побара помош од тамошни конгресмени. Нивното ветување е дека главна мета на овие напади ќе бидат руските депоа со муниција и оружје во релативна близина на украинската граница. Деновиве десетици илјади руски војници извршија упад на украинска територија на североисток и покрај тоа што украинското разузнавање со месеци алармираше за овој напад. Политико пишува ...
Неименуваниот добитник ја тужи мајката на својата ќерка дека го прекршила договорот за таинственост што го имала со него дека на остатокот од семејството нема да му каже за неговото новостекнато богатство пред 18-от роденден на ќерка му во 2032. Меѓутоа новите судски документи покажуваат дека мајката тврди дека лично добитникот им ја открил тајната на своите роднини, а не таа. Нејзината приказна ја потврдува и таткото на добитникот според кој ...
Сенатот на Северна Каролина гласаше за општа забрана да се носи маска на јавно место, дури и поради здравствени причини. Републиканските поддржувачи на забраната рекоа дека тоа ќе им помогне на органите на прогонот да процесираат демонстранти и бељаџии кои носат маски за да избегнат идентификација. Велат дека демонстрантите од пропалестинските протести ги злоупотребуваат практиките од ерата на пандемијата за да го сокријат својот идентитет. ...