25 тони биле најдени во бродски контејнери во пристаништето во Хамбург, 8 тони во пристаништето во холандски Ротердам а три тони од пратката останале во Колумбија. Уапсените се на возраст од 30 до 54 години и се работи за прилично инклузивно друштво: има Германци, Азербејџанци, Бугари, Турци, Мароканци и Украинци. Дрогата била скриена меѓу пратки со храна (како се кријат 35 тони бе?) а германски обвинител од Дизелдорф кажа дека германски ...

Целиот договор е „торпедиран“ од Германија пред самото затворање, а целта на овие санкции беше да им се забрани на трети држави да го ре-извезуваат рускиот течен гас од ЕУ пристаништа и да ги финансираат арктичкиот и балтичкиот ЛНГ терминал. „Едно време беше јасно дека секогаш треба да ја обвиниме Унгарија, а сега тоа е Германија,“ објаснува дипломат запознаен со разговорите околу пакетот санкции. Ова ќе беше 14-от пакет санкции воведени од ...

Пикузо со целата своја благодарност кон Западот објаснува дека во првите месеци од војната 60% од оружјето е снабдено од Западот, меѓутоа Украина сепак морала да ги купи останатите 40%, што е само 10% од вистинските потреби на земјата. Неговата процена е дека за Украина да ја сврти војната во своја корист ќе и требаат 600 до 800 милијарди долари. Кинескиот воен буџет е 200 милијарди долари. Британските процени се дека на Украина и фалат уште ...

Хуавеи е под американски напад повеќе од една деценија. Во 2012 година, американските власти почнаа да тврдат дека Кина може да ја искористи фирмата за шпионажа. Во 2018 беше покренато обвинение против нивниот финансов (ќерка на основачот Рен Женггфеи) за кршење на санкциите кон Иран. До 2020 година, американското незадоволство се претвори во целосна војна, при што на повеќето американски фирми им беше забрането да работат со Хуавеи а на ...

Стартапот Терапауер, финансиран од Гејтс, минатата недела ја почнал изградбата на својот прв комерцијален реактор во Вајоминг, каде во тек е гасење на електрана на јаглен. Очекувањата на Терапауер е дека новиот реактор ќе биде готов до 2030. „Ќе вложам над една милијарда, а потоа ќе вложам уште бројни милијарди,“ изјавил Гејтс. Едно до главните обележја на проектот е што нуклеарното гориво за електраната ќе биде купувано од САД, а не од Русија, ...

Со генерации, Калифорнија го предводеше светот во креирање најсовремени идеи и широки можности за новодојденците. Како што еднаш рече Австриецот Арнолд Шварценегер: „Ние сме модерниот еквивалент на античките градови-држави Атина и Спарта... Не само што можеме да ја водиме Калифорнија во иднината... можеме да им покажеме на нацијата и на светот како да стигнат таму“. Денеска Голден Стејт уште еднаш ја навестува иднината, но овојпат тоа треба да ...

Исходот го потврди и самиот Зеленски кој во одјавниот говор изјави дека самитот бил добредојден како прв чекор кон мирот, ама признал дека не сите присутни биле согласни со заклучоците, порачувајќи дека „за жал некои луѓе се уште балансираат.“ На самитот присуствуваа околу 100 држави и организации, но на него не беше поканета Русија, а Кина избра да не учествува. Најголем дел од присутните беа од Европа. Саудиска Арабија не го потпиша заклучокот ...

Киев инсистира дека имаат 30 пилоти на готовс да почнат со обуката, меѓутоа западните партнери им немаат обезбедено место во нивните курсеви / обука за Ф16. Според нив, на земјата итно и требаат пилоти кои ќе бидат обучени за летање на авионите веднаш штом тие бидат испорачани од Западот. Од друга страна САД и Западот објаснуваат дека тие го координираат трансферот на авионите со обуката на пилотите и персоналот за нивно одржување. Пентагон исто ...

Се работи за кревање на постојната граница која беше од 18 до 24 години, а регистрирањето не беше автоматско па неговото евентуално избегнување беше казниво со закон. САД повеќе од половина век немаат повикано на мобилизација. Како што објаснуваат предлагачите за младите да не завршуваат непотребно на суд, законот предвидува автоматизирање на целиот процес и одредени функционални промени кои ќе му овозможат на Пентагон да има подобар преглед кој ...

Западните медиуми покажаа мал интерес кога антизападната ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа на претседателските и парламентарните избори во Македонија овој 8 мај. Меѓутоа, сеизмичката промена може да ја врати назад, од странство оркестрираната Шарена револуција која се случи пред речиси една деценија. Таа ја постави владата во Скопје на пат управуван од ЕУ и НАТО, но патот беше проследен со неконтролирана корупција и криминал, проследено со ...

Со 38 гласа за и 15 против (значи можело и со помал парламент, а?), парламентот на Исланд го изгласа законот по кој на мигрантите, 30 дена откако нивната апликација ќе им биде одбиена, им завршуваат правата да имаат кров над глава и пристап кон здравствени и социјални услуги. Од партиите, позитивно гласаа оние од владината коалиција а против беше Пиратската партија. На законот се спротивставија Амнести, Уницеф, Црвениот крст и други слични ...

Хуавеи на големо работи со Јужна Америка и посебно Аргентина, држава која изминативе години стана озлогласена по својата инфлација. Шпекулацијата е дека Хуавеи верува дека аргентинското говедско месо и неговата вредност ќе издржат многу подолго отколку вредноста на аргентинскиот пезос, заради што и своите побарувања од тамошните клиенти ги наплаќа во говедско. Веста која ја објавува Томс хардвер се базира на видео репортажа од Кина која тврди ...

Освен воздухот, Папата препорачал и дека е подобро на младите мажи со хомосексуални тенденции да не им биде дозволен пристап во богословијата. Информацијата ја објавува Кориере дела Сера повикувајќи се на неименувани бискупи кои биле во просторијата, и според кои според начинот на кој Францис се изразил може да неведе и на тоа дека папата не бил свесен дека терминот е навредлив. Запрашани за текстот, од Ватикан потсетиле на изјавата по ...

Се работи за градот Лимбург ан дер Лан, во сојузната држава Хесен, кој од пред некој ден е согласен да се екстреминира целата популација од некои си 700 гулаби ги има. Одлуката беше изгласана во ноември 2023, а на референдумот кој се одржа пред некој ден истата ја потврдија 53% од гласачите, или некои си 7.500 гласови „За“. Планот е да се тера по оригиналниот предлог од ноември, по кој за чистењето на гулабите ќе биде ангажиран соколар. ...

На девојката, именувана само како Кајла, и се слошило дур била на преспивање кај другарка по што колабирала и почнала да помодрува. Откако е пренесена во болница, на девојката и е направена 5-часовна операција за отстранување на дел од нејзиниот бел дроб. Подоцна се дознава дека Кајла неделно трошела по една електронска цигара од 4.000 „дима“, што е еднакво на 400 цигари неделно или 57 на ден. Девојката почнува со користење вејп некаде на ...

Во 2013 година, американскиот прехранбен конгломерат Смитфилд Фуд - најголемиот производител на свинско месо во земјата и производител на фамозната празнична шунка - беше продаден на компанија со седиште во Хонг Конг наречена WH Group во договор вреден 7,1 милијарди долари. Тоа беше дотогаш најголемата кинеска аквизиција на американска компанија. Практично преку ноќ, WH Group, порано наречена Шуангхуи Интернационал, стана газда на една од четири ...

„Земјата сега е само нешто повеќе од „земја во развој“. Нејзината берза е „џанк шоп“ во кој се продаваат стари сувенири. Нејзината репутација како место за водење бизнис е на ниво „никогаш не била полошо“. Вака Германија ја опишува Теодор Вајмер, шеф на некогаш моќниот Дојче Берсе. По децениски долгата серија катастрофални грешки во политиката на центристичките лидери, нема враќање за Германија а нејзиниот пад може само да се забрза, гласи ...

Договорот потпишан за време на Г7 самитот ги обврзува и следните американски администрации да продолжат со поддршката за Украина, без разлика дали победил Бајден или Трамп се вратил во Белата куќа. Се работи за рамка за долгогодишна помош за развивање и унапредување на застарените вооружени сили на Украина, што пак треба да помогне кон нивно евентуално членство на НАТО. Зеленски одамна го бара членството на НАТО меѓутоа сојузниците одбиваат ...

Европската комисија ги информирала производителите на возила дека од следниот месец кинеските електрични автомобили увезени во ЕУ ќе имаат дополнителни давачки од 17 до 38 проценти, згора на постојните 10%. Пример, за големите кинески извозници, како БЈД, давачките ќе бидат плус 17 до 20%, а дополнителни тарифи (од 21%) ќе бидат воведени и за европски брендови како Мерцедес и Рено кои произведуваат електрични возила во Кина па потоа ги ...

Габор Мате спомна дека иако еврејскиот холокауст по многу параметри е злостор без преседан, само 50 години пред тоа, Белгија има масакрирано 10 милиони Конгоанци. Никој не зборува за тоа. Дополнителено, холокаустот на Евреите не е прв таков геноцид кој го имаат изведено Германците, премиерниот геноцид го имаат во Африка. Па сепак, овие настани се „санитизирани“ од историјата. Дури и денес, на пример, украинските бегалци во Канада се примани ...

Стравот на партнерите на Макрон е дека неговата одлука да свика итни вонредни избори во Франција откако беше прегазен на европските избори ќе доведе до катастрофа. „Можам да ти кажам дека ликот на Макрон нема да го видиш на моите постери. Елисејската палата не го разбира вистински анти-претседателското расположение во Франција,“ изјавил за Политико член на францускиот парламент од коалицијата на Макрон. Анкетите што ги пренесува магазинот ...

Денес, НАТО е нешто различно од она НАТО кога Словенија се приклучи на тој сојуз, значи, одбранбена заедница која го брани суверенитетот и безбедноста на своите граници. На некој начин НАТО стана светски полицаец во функција на одбрана на интересите, пред сè, на Соединетите Американски Држави. Европа никогаш немала сериозна дискусија дали може да ја обезбеди својата безбедност без НАТО. Секогаш го има тоа алиби „без НАТО не можевме ништо да ...

Преку угледни медиуми како Фајненшел Тајмс се пласира тезата дека Мелони може да се наметне како „кингмејкер“, односно личност која ќе има клучно влијание врз изборот на нов шеф на Европската комисија. „Ако на состанокот на Г7 се разговара за иднината на ЕУ во кој било контекст, тогаш ЕУ има огромен проблем, кој не е поврзан само со фактот дека Мелони е популист и поранешен неофашист, туку првенствено со фактот дека само три членки на Г7 се и ...

Агенцијата тврди дека серија нудли на јужнокорејската фирма Самјанг содржат опасно високи нивоа на капсаицин, соединението кое го прави лутото. Данската управа за ветеринарство и храна проценила дека толку капсаицин може да ги „отруе“ потрошувачите. Велат дека толкави количини претставуваат ризик, особено за децата и за старите лица а можни симптоми се горење и непријатност, гадење, повраќање и висок крвен притисок. Во Самјанг не можат да се ...

Наградата ја објави генералниот директор на компанијата Форес, Сергеј Шмотјев, со седиште во Урал: „Даваме награда за уништување на Ф-16 ако такви авиони му се испорачаат на Киев.“ Украинските Ф-16 кои треба ќе бидат испорачани од Холандија, Данска и Белгија, ниту се стигнати во Украина, а и да се таму не можат да полетаат бидејќи пилотите уште се на обука. Форес претходно објави награда за уништување на западни тенкови во Украина, главно за ...

Од Канадското друштво за рак, на својот сајт напишале дека сметаат дека голем број транс-мажи и небинарни луѓе може да имаат мешани чувства и да се чувствуваат дистанцирани заради зборови како „сервикс“ наместо транс-пријателскиот збор „предна дупка“. „Вие можеби претпочитате други зборови, како 'предна дупка'. Ние ги признаваме ограничувањата на зборовите што ги користиме додека истовремено ја разбираме и потребата за едноставност. Друга ...

Тројцата го прават ова апла сред бел ден и се снимени од дел од гости на еден околен бар, што потоа е искористено против нив. Обвинителството побара кауција од 15.000 долари, кои ќе бидат искористени за повторно обновување на муралот. Инаку се работи за мурал чие префарбување градот Спокејн само што го завршил, откако претходно истиот бил запален. Тинејџерите ќе бидат судени според апдејтуваните закони на сојузната држава Вашингтон, според кои ...

Едно е сигурно: за три години, Емануел Макрон ќе мора да ја напушти Елисејската палата, бидејќи уставот не дозволува повеќе од два последователни претседателски мандата. Тоа во никој случај не значи дека тој веќе нема никакви лични амбиции. Само дека неговата амбиција веќе не е изборна. Не се станува претседател на Републиката без да се биде исклучително амбициозен, при што Макрон баш ја има засакано славата и моќта. Ако терминот „слава“ е ...

Кај пет типови рак, вклучително и оној на гради, простата или на дебело црево, бракот го намалувал ризикот од смрт за 20% повеќе отколку хемотерапијата. „Имаме трендови кај повеќе канцерогени заболувања кои покажуваат дека оние што се во брак или имаат долгорочен партнер обично подобро минуваат отколку оние кои се обидуваат сами да ја пребродат болеста,“ објаснува онкологот од Јужна Каролина, др. Даниел Ландо. Се работи за една постара студија ...

Во 1964 година, американскиот претседател Линдон Б. Џонсон објави „безусловна војна против сиромаштијата“ и оттогаш, федералните трошоци за иницијативи против сиромаштијата постојано се зголемуваа. Федералната влада во моментов посветува стотици милијарди долари годишно на програми за Американци со ниски примања, вклучувајќи субвенции за домување, бонови за храна, социјална помош и даночни кредити за работнички сиромашни семејства. Во сите тие ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
74%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
68%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.63
48%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.28
58%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
92%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
39%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
61%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
73%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
61%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
56%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
50%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59719