Класот на Колумбија од 2024 година ги пропушти матурите и универзитетските ориентации. Нивната бруцошка година помина во маски, часови на ЗУМ и изолација. Четири години подоцна, не е многу различно. Поради протестите за Газа, студентаријата повторно е разбиена, наставата е онлајн а студентите носат маски - овој пат за да го сокријат својот идентитет на демонстрациите. Дипломските церемонии и прослави можно е да бидат откажани. „Зборувајте со ...

Малкумина надвор од Италија знаат дека осум децении по смртта на фашистичкиот диктатор на Италија, тој и натаму останува почесен граѓанин на стотици италијански градови и места. На врвот на популарноста на фашистичкиот режим, речиси сите од речиси 8.000 општини во Италија го прогласија Мусолини за нивен почесен граѓанин. Дури во 1944 година, градови како Неапол и Матера почнаа да се ослободуваат од овој товар. Но, со децении имаше застој па до ...

Налогот за апсење од МКС според извештаите е заради израелскиот одговор на нападот на Хамас од 7 октомври. На ваквата вест, Нетанјаху порача дека каква било одлука на МКС нема да се одрази на израелските постапки, ама затоа пак ќе постави опасен преседан. „Под мое раководство Израел никогаш нема да прифати каков било обид на МКС за поткопување на нашето осново право да се одбраниме себе си. Иако одлуката на судот во Хаг нема да влијае на ...

47 годишниот Навални беше веројатно најжестокиот критичар на Путин а неговите подржувачи најавуваа дека ќе извадат докази дека тој во арктичкиот затвор не починал од природна смрт како што гласеше официјалната верзија туку бил ликвидиран по наредба на Путин. Кремљ негираше каква било вмешаност на државата. Минатиот месец Путин смртта на Навални ја нарече „тажна“ и наведе дека неговото постоење воопшто не му пречело за што сведочела и неговата ...

„Секој борба за секоја следна помош станува се понапорна и се подолга. Мислам дека Украинците треба да размислуваат што ако веќе нема пари,“ порачуваат од Карнеги тинк-танкот. На сличен став се и експерти од Стимсон центарот, според кои „сите вклучени во конфликтот треба овој пакет да го третираат како е последен и така и да планираат, бидејќи е можно и да биде.“ Последниот пакет од 61 милијарда се влечеше околу половина година, и овој период ...

По сериозни притисоци од Украина, САД во јануари 2023 се согласи да дозволи испраќање Абрамси на Украина, и тоа 31 тенк по цена од 10 милиони долари парче. „Меѓутоа од тогаш военото поле суштински се промени, посебно со распространетата употреба на руски шпионски и камикази дронови. Овие оружја и ја отежнаа на Украина заштитата на тенковите откако истите ќе бидат откриени, а потоа и ловени од руските оружја. До сега 5 од 31 тенк се изгубени во ...

Во неодамнешно интервју во кое зборува за контраофанзивата на Нетанјаху во која се убиени 34.000 Палестинци, Пелоси порачува: „Го признаваме правото на Израел да се одбрани себе си. Она што го отфрламе е политиката и постапките на Нетанјаху. Ужасни. Што може да е полошо од она што тој го нарави во својот одговор на нападот? Треба да си поднесе оставка. Во крајна линија тој е одговорен.“ Таа смета дека Нетанјаху со години го блокира ...

Маск во моментов е на два фронта, со властите во Бразил и во Австралија кои бараат на платформата да нема содржини кои тие ги сметаат за штетни, за расизам, за дезинформации... (Види: Битката со дезинформации е убав бизнис). Спорот на Маск со бразилските власти е дел од тековната дебата за тоа што да се прави со „дигиталните милиции“ кои се поврзуваат со поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн поддржувачите на Болсонаро беа ...

Студијата ги надополнува досега постојните заклучоци дека физичката активност е корисна за менталното здравје, со забелешка дека во одредени случаи вежбање со висок интензитет може да ги влоши работите околу менталното здравје. Заклучоците до кои е дојдено важат и за мажи и за жени, и кај различни возрасни групи низ светот. Истражувачите не успеале да најдат поврзаност меѓу физичката активност со висок интензитет и намален ризик од депресија. ...

Уредникот на магазинот Цицерон објави документи кои даваат увид во тоа како е донесена таквата одлука на министерството за економија. Извештајот сугерира дека врвни функционери од Зелените намерно фалсификувале извештаи од експерти. Очигледно е дека по секоја цена сакале да го избуткаат напуштањето на нуклеарните централи, без оглед на економските и научните причини и аргументи, пишува Берлинер Цајтунг. Кои информации биле криени од министерот ...

Еден од главните проблеми со регрутацијата на Киев е што голем број од военоспособни мажи ја напуштија државата, дали нелегално, дали со лажни документи. Се проценува дека во Полска има пребегано најмалку 200.000 военоспособни Украинци. „Украинските државјани имаат обврски кон државата. Ние одамна се нудевме да и помогнеме на украинската страна да се осигура дека оние кои се способни за воена служба ќе бидат испратени во Украина,“ порачал ...

Епидемијата моментално се шири меѓу дрвјата во Западна Африка, главно Брегот на слоновата коска и Гана, од каде доаѓа околу половина од глобалната жетва на какао. Вирусот, кој се шири преку мали инсекти што ги јадат лисјата, пупките и цветот на дрвото, би можел да уништи до 50% од производството што доаѓа од овие две држави. Заканата за глобалната залиха на какао ја потврдуваат од Универзитетот Тексас, Арлингтон, од каде објаснуваат дека овие ...

Во извештајот на Амнести интернешнл, Британија е обвинета дека намерно ја слабее заштитата на човековите права и во земјата и низ светот. „Британија намерно го дестабилизира целосниот концепт на универзални човекови права преку своите ужасни домашни политики и политиканство,“ изјавила раководителката на британската филијала на Амнести интернешнл, Саша Дешмук. Забелешките на Амнести се однесуваат на британските политики за азиланти и други ...

После анализа на вкупно 271 песна и 2.314.336 Гугл пребарувања за да се дознаат најсвирените гитарски рифови во светот, „Seven Nation Army“ на Вајт Страјпс ја презеде титулата „главна лектира“ која со години ја држеше „Stairway to Heaven“ од Лед Цепелин. Кон неа толку често прибегнуваа да ја пробаат на нова гитара оние кои доаѓаа во продавници за инструменти што некои вработени им пишуваа дека е забранета за свирење. Од што не ја можат веќе. ...

Стотици илјади Украинци на воена возраст живеат во странство, земјата се соочува со сериозен недостиг на војници против побројниот непријател а војната веќе е во 26-от месец. Тоа е еден од клучните проблеми со кои денес се соочува Украина. „Како изгледа тоа сега: човек на регрутна возраст заминува во странство, ѝ покажува на својата држава дека не му е гајле за неа а потоа доаѓа и сака од неа да добива услуги. Не може тоа така“ порача министерот ...

Од Тајната служба не веруваат дека судијата ќе одлучи да го испрати Трамп во притвор, меѓутоа го подготвуваат планот за секој случај. Се уште немало дискусии што ќе се прави ако Трамп на судењето биде прогласен за виновен и добие казна затвор. Од службата одбиле да коментираат за конкретниот случај, порачувајќи дека нивна работа е да планираат заштита на поранешниот претседател во сите можни околности каде било во светот. На Трамп судот му ...

Со потпишувањето почнува да тече рокот од девет месеци за Бајтденс да донесе одлука околу иднината на компанијата, иако во законот се остава простор за продолжување на рокот за дополнителните 3 месеци доколку се забележи некаков позначителен напредок. До пред некое време изгледаше дека законот ќе издиши и нема да успее да помине во Сенатот откако беше изгласан како одделен закон во Претставничкиот дом на САД. Клучно за изгласувањето беше што ...

Модерното ропство е скриено пред наши очи и длабоко е испреплетено со животот во секој агол на светот, пишува фондацијата „Walk Free“ која го изготвува Глобалниот индекс на ропство. Секој ден, луѓе биваат измамени или принудени во експлоататорски ситуации кои не можат да ги одбијат или да ги напуштат. Секој ден, ние ги купуваме производите или ги користиме услугите што тие биле принудени да ги прават или нудат без да ја сфатиме скриената човечка ...

САД собориле повеќе беспилотни летала и проектили отколку Израел за време на нападот на Иран, објави Интерсепт повикувајќи се на извори во американската авијација. Таа одбрана не беше израелски туку триумф на Америка која командуваше со мултинационална операција за противвоздушна одбрана која се протегала од северен Ирак до јужниот Персиски Залив. За време на операцијата, САД, Велика Британија, Франција и Јордан го собориле мнозинството ирански ...

Благодарејќи на таквиот однос на колективниот Запад „за милиони луѓе во светот Газа денес претставува симбол за моралниот крах на архитектите на пост-воениот поредок и нивниот неуспех да се држат до принципите на универзалност, општа хуманост и посветеност кон заветот„да не се повтори“, се наведува во извештајот. Извештајот ги нотира ужасните недела извршени од Хамас во нивниот напад од 7-ми октомври, но се оценува дека реакцијата на Израел ...

Џон Клиз моментално работи на куп паралелни проекти: Шоу во лондонски Вест енд базиран на неговата успешна серија „Фаличен пансион“, театарска адаптација на филмот „Житието на Брајан“, мјузикл на тема од филмот „Рибата наречена Ванда“, води телевизиска емисија наречена „Часот на диносаурусот...“ Објаснувајќи зошто толку многу работи наместо на раат да ги мези убавите години, Клиз признава дека добар дел од мотивите се од финансиска природа, ...

Логиката на Метју Ваксман и Адам Клејн започнува со тоа, види што му се случи на Израел а тој толку многу прислушуваше. Двајцата пишуваат во одбрана на неодамна изгласаното продолжување на американскиот закон за следење на уште две години кој според нив е „клучна разузнавачка алатка која обезбедува критични информации за непријателски држави и закани од тероризам до шверц на фентанил.“ Паниката на поборниците за човекови слободи и права, ...

Популарниот американски синџир на маркети, Шиц е натоварен со тужба за граѓански права во која се обвинува за дискриминација на малцинските баратели на работа, бидејќи бара од апликантите да немаат криминално досие. Комисија за еднакви можности за вработување поднела тужба за дискриминаторски практики за вработување кои ги погодуваат малцинските апликанти. Скрининг на досиејата била долгогодишна практика на Шиц која „непропорционално ги погодува ...

„Забраната за мотори со внатрешно согорување од 2035 е погрешна и мора да се повлече. Нашите производители на возила се глобални лидери во производство на мотори со внатрешно согорување. Заради оваа причина апсурдно е да се забрани технологија што функционира и во иднина да им се остави на други држави,“ порачал Содер во интервјуто за германски Билд. Тој во исто време е и против одлуката на германската влада да се укинат субвенциите за купување ...

Гвир прво ја поздравува одлуката на израелската армија да изгради 936 дополнителни затворски места за посебни затвореници. „Дополнителната градба ќе дозволи затворската служба да прими повеќе терористи и ќе донесе делумно решение за затворската криза која постои во Шабак. Смртната казна за терористи е правото решение за проблемот со капацитет, се до тогаш мило ми е што владата го одобри предлогот што го имав,“ пишува Гвир на социјалните мрежи. ...

Дезинформациите станаа тема дури во 2016-та година, после победата на Трамп, а дополнително беа актуелизирани за време на пандемијата. Google Trends покажуваат дека глобалните пребарувања на тој термин четирипати се зголемиле меѓу јуни и декември 2016 година, а до 2022 година дури 30 пати. Ова создаде пазар за досетливи старт-апи и компании кои се нудат како специјалисти за откривање дезинформации. Денес, постојат стотици организации кои го ...

Канадскиот предлог, со сериозна предност, е најлошиот. Толку е дистопијски што дури и Џорџ Орвел и Филип К. Дик не успеаа да предвидат такво нешто. Дискриминацијата веќе е забранета со канадскиот закон за човекови права, меѓутоа новиот закон ќе ја прошири дефиницијата за дискриминација да вклучува и онлајн говор „кој веројатно поттикнува одвратност и клеветење на поединец или група.“ На оние кои се загрижени од ризикот дека овој нов закон би ...

Консултантите за надомест од Перл Мајер неодамна објавија извештај според кој над 13% од работодавците избрале на своите вработени да им дадат нови работни титули наместо пари, споредено со само 8% во 2018. До сличен заклучок доаѓа и консултантската компанија Мерсер, според која компаниите во своите буџети за плата за 2024 одвојуваат помалку пари за покачување на платата поврзано со унапредување. „Раздавањето титули е бесплатно, раздавањето пари ...

Неодамнешна студија објавена во Scientific Reports открива дека поекстремните или ексцентричните идеи собираат повеќе „лајкови“ на социјалните медиуми. Спроведена од истражувачи од Универзитетот Бингамтон и државниот универзитет во Њујорк, студијата ја анализирала врската помеѓу популарноста на идеите и нивната ексцентричност. Резултатите покажале јасен тренд: идеите кои значително отстапуваат од нормата имаат поголема веројатност да привлечат ...

„Историјата ја пишуваат победниците. Генерално да, освен кога вашите непријатели се живи и имаат доволно време да ја едитираат Википедија.“ Илон Маск Кетрин Мар има спектакуларно звучно CV во кое има референци на УНИЦЕФ, Светскиот економски форум, Атлантскиот совет, Стејт Департментот, Стенфорд... Но истовремено има и „багаж“ од 29.400 свои твитови. Педантниот Кристофер Руфо седнал, ги прегледал и минал низ сите користени терминолошки зицери ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
78%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
83%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.14
64%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
78%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
85%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 18ᴼ
2.57
65%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
69%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504