
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Стравот во највисокото раководство на Пентагон дека Израел наскоро би можел да започне офанзива е уште пред да пукне и првиот пејџер. Алармираноста само се интензивира по нападот, по кој, според раководство на Пентагон, работите може да излезат од контрола. Освен пејџерите, Израел изминативе денови премести дивизија на командоси и падобранци од југот на северот на земјата, откако истите со месеци беа зафатени во Газа. Она што ги смирува ...
Во време кога американските лидери треба да бидат фокусирани на наоѓање дипломатска скратена патека за војна која никогаш не требаше да биде дозволено да почне, администрацијата на Бајден и Харис наместо тоа започнува политика за која Русија порачува дека ќе ја толкува како чин на војна. По зборовите на Владимир Путин, ударите со голем домет на Русија „ќе значат дека НАТО земјите - САД и Европа - се во војна со Русија.“ Некои американски ...
„Добредојде во клубот“, му порача унгарскиот премиер на германскиот канцелар штом од Берлин стигна вест дека Германија ги проширува контролите на сите свои копнени граници ( Види: Германија на Шенген не верува). Јасно е кој е клубот: оној кој со години го предводи токму Орбан и е против менување на европската демографија со прилив на мигранти. Германската политика не е иста со онаа на Орбан кој е конфликтен во однос на Брисел и ригидно против ...
„Друга важна работа, не ја чувствувавме болката што ја имаме кога се бориме во Украина и уништуваме згради; тогаш се чувствуваме дека уништуваме дел од себе си, меѓутоа во Курск не бевме оптоварени со товарот на таа тага,“ раскажува 19-годишен украински падобранец кој учествува во нападот на Курск. Ентузијазмот и возбудата на украинските војници, не го дели дел од украинското воено раководство, вклучително и Валериј Залужниј додека е на ...
Августовскиот извештај на климатскиот сервис на ЕУ, Коперник, покажа дека просечната глобална температура достигнала рекордно високо ниво во изминатите 12 месеци, со зголемување од 1,51 Целзиусови степени над пред-индустриските нивоа. Слично на тоа, користејќи сателитски податоци, Рој Спенсер и Џон Кристи од Универзитетот во Алабама во Хантсвил утврдија дека просечната температура во август била 0,88 степени Целзиусови повисока од 30-годишниот ...
Овие заклучоци се објавени во медицински журнал, а според авторката на студијата исклучиво е важно да се знае дека различни дози кафе, различно влијаат на здравјето. Студијата ја прават научници од кинескиот Сучау универзитет, кои ги анализираат навиките за пиење кафе и чај на 180.000 луѓе од Кина и Шведска, на возраст од 37 до 73 години. Никој од испитаниците немал историја на кардио-метаболички заболувања, што се дефинира како „дијагноза на ...
Пет илјади пејџери на шиитската милиција во Либан и борци на Хезболах во Сирија експлодираа во ист момент откако биле активирани со лажна порака. Зад досега невидената операција од ваков тип стои Мосад кој пресретнал пратка од пет илјади тајвански пејџери за Хезболах, на три илјади уреди ставил пар грама експлозив до батеријата кој пак се активирал неколку секунди откако била примена лажна порака од претпоставените, пауза за која претпоставувале ...
Во 1974 година се има случено нешто слично. На тоа потсетија луѓето од австрискиот огранок на организацијата BirdLife, дека заради наглото спуштање на температурите, илјданици ластовички се смрзнувале а во очејнички обид да ги спасат, волонери ги ставале во возови кои одат кон југ. За жал, повеќето од нив не преживеале. Во Хрватска деновиве се објавуваа многу фотографии од ластовички кои се групираат по прозорџи и балкони. Луѓе помислија дека ...
На судското рочиште треба да се одлучи кој ќе добие најмногу акции со глас и овластувања за контролирање на Њуз корп и Фокс њуз по смртта на милијардерот. Наводно, Мурдок сака да ги измени правилата на семејниот труст оформен во 1999 за контролата врз имотот да ја преземе син му Лаклан без притоа да има „мешање“ од другите деца на Руперт. Мурдок, кој пет пати е женет, исто така им и две помали деца, Грејс и Клои, кои според правилата на трустот ...
Најплатен НБА кошаркар е Стив Кари кој минатата година имал плата од 51,9 милиони долари. На второ место е Кевин Дурант со 47,64 милиони долари, а топ три ги затвора Леброн Џејмс со неговите 47,6 милиони долари. Од овие три па од последниот кошаркар во лигата, сите НБА играчи во 2023 заработиле 4,9 милијарди долари. Од друга страна, целосната постава на Онлифанс порно ѕвезди 2023 ја завршиле со неверојатни 6,6 милијарди долари, или 1,7 повеќе ...
Враќањето на вработените во канцеларија е дел од програмата што ЦЕО-то Енди Џаси ја објави за поедноставување на работните процеси во компанијата. Истата програма предвидува и сериозно кратење на слоевите менаџмент кои се наталожиле низ годините. Дел од ветераните на Амазон со години алармираат дека во компанијата станува сè потешко да се истера работа, што заради размислување, што заради непотребни состаноци и секакви неопходни одобрувања. ...
Антимикробната резистенција (АМР), позната и како „тивка пандемија“, се јавува кога бактериите, вирусите и другите патогени еволуираат и стануваат отпорни на лековите што се користат против нив. Како резултат на тоа, се случуваат 1,14 милиони смртни случаи секоја година, што е повеќе од бројот на смртни случаи од ХИВ и маларија заедно, пишува Телеграф. Се предвидува дека до 2025 ќе се регистрираат 1,9 милиони умирања годишно. Само во Англија, ...
Баш уникатно е во период кој се мери во недели да има два обида за атентат врз поранешен претседател и претседателски кандидат, обата означени со неверојатни пропусти. Тоа што во првиот обид, стрелецот успеа да се доближи толку блиску до Трамп, само по себе е збунувачки. „Уште повеќе, далеку од тоа да го третираат ова како нешто што заслужува најинтензивна истрага, медиумите се повеќе фокусирани да ги извртат приоритетите за да го исполнат ...
Не само што го пијат најдоброто, Италијанците го пијат и најевтиното еспресо во Европа, чија стандардна цена беше 1,2 евра, или 1,5 евра за капучино. Од Асоутенти проценуваат дека домашните кафеџии плус туристите годишно пијат по околу 6 милијарди филџани кафе, од кои се генерираат приходи од некои си 7 милијарди евра. Меѓутоа изминативе неколку години кафеџиите прво се погодени од драстично поголеми цени на струјата и проблеми со глобалното ...
Насоките доаѓаат од шведската државна Агенција за јавно здравје, и според нив децата на возраст од две до пет години треба да бидат ограничени на максимум еден час екрани на ден. За повозрасните, од 6 до 12 години, ова не треба да биде повеќе од еден до два часа на ден пред екрани. Тинејџерите, 13 до 18 години, смеат да се два до три часа на ден. Шведскиот министер за здравство, алармира дека тамошните деца на возраст од 13 до 16 години, вон ...
Кина конечно официјално призна дека нејзината популација почнала да се намалува, а бројката на население што ја дава тамошната влада, од 1,44 милијарди луѓе, за голем број демографи е до 130 милиони луѓе поголема од реалната. Индија, земјата која ја надмина Кина по бројот на популација, иако продолжува да расте, растот нема да успее да го одржува уште долго време. Според официјални бројки просекот во земјата е паднат на 2 деца по жена, што е под ...
Дијагнозите и целите на неодамнешниот извештај на МАрио Драги (види „На ЕУ ѝ треба дупло посилен Маршалов план, инаку пропаѓа“ и „Европската унија е пред перестројка“) се вредни и нема што да им се забележи, меѓутоа кога работата ќе се погледа одблизу, ситуацијата изгледа далеку полоша. На пример, тоа дека Европа е во толку ужасна состојба - што извештајот го признава - заради самата себе и заради своето управување. Ако планирате да критикувате ...
„Стратегијата на Курти на Косово е успешна,“ гласи насловот на интервјуто со него во еден швајцарски весник кој го пренесува Дојче Веле. За почеток, експертот за Балканот констатира дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е „клинички мртов“. „Курти нема доверба дека дијалогот ќе му го донесе посакуваниот резултат - дефинитивното признавање на независноста на Косово. Затоа води политика на свршен чин, спроведувајќи на северот државна сувереност ...
Опслужувањето на американскиот долг сега чини 1.049 милијарди долари, што е цели 30% повеќе од истиот период од пред една година. Во исто време дефицитот за 2024 е само нешто малку помал од 1,9 илјади милијарди долари, што значи дека дефицитот на САД е пораснат за 24% во првите 11 месеци од актуелната фискална година. Само во август годинава САД додале 380 милијарди долари кон својот дефицит. * Илон Маск деновиве имаше нешто да каже на темава. ...
Он-лајн продавницата, која има и физичка продавница во провинцијата Анхуеј, вечерта на 28 август добила над 40.000 нарачки. Овие 40.000 нарачки и аберот за веста се случиле во период од само 20 минути. Од таму објаснуваат дека забуната се должи на тоа што нивниот вработен не ги разбрал баш најдобро правилата на веб-страната Тмол, уште една е-комерц платформа на Алибаба. Според претставниците на продавницата најголемиот дел од муштериите купиле ...
Унгарската влада му наложила на министерот за европски прашања на земјата да преговара со Европската комисија за решавање за спорот, покренат со одлуката Унгарија да биде казнета со 200 милиони евра поради кршење на правилата на ЕУ за давање азил. „Последниве години, Унгарија потроши две милијарди евра за заштита на надворешната Шенген граница без да добие никаква помош од Европската унија“, рече шефот на кабинетот на Виктор Орбан. Вели дека ...
Кинеските медиуми пишуваат дека човекот бил вработен од февруари 2023 под строг договор, и од тогаш развил пневмококна инфекција од која умира во јуни годинава. Молерот имал договор за работа на проект до јануари годинава. Од февруари до мај 2023 тој го изработил секој ден освен 6-ти април. На 25-ти мај молерот зема слободен ден затоа што не се чувствувал добро, па дента одмара во работничкиот дом. На 28-ми неговата состојба се влошува и тој ...
Од видео платформата сметаат дека изложувањето на овој тип видеа може да наштети на самодовербата на тинејџерот и сликата што тој ја има за самиот себе. Јутјуб главно се плаши од успешноста на својот алгоритам во погодување на тоа што сака корисникот да гледа, па стравот е дека тој ќе влезе во „луп“ на видеа кои идеализираат одреден изглед на тело, односно навежбан. Промените се прават по насока на нивниот Комитет за млади и семејство, и ...
На листата очекувано го има ЦЕО-то на Нвидиа Џенсен Хуанг, на чии чипови ја напојуваат глобалната ВИ индустрија, и првиот човек зад ЧатГПТ, Сем Алтман, најуспешниот ВИ проект до сега. Од друга страна човекот кој започна сопствен проект за отворена ВИ, ИксАИ, и кој беше еден од првите инвеститори во ЧатГПТ, Илон Маск, не е ни спомнат меѓу овие 100. Освен ова Маск во 2016 го основа Неуралинк, кој минатата година успешно имплантираше чип во мозокот ...
Студијата била започната со магнетни резонанци уште во 2018 година за да се следи како со текот на времето се развива и менува структурата на мозокот на 160 тинејџери од Сиетл. На почетокот на студијата имале меѓу 9 и 19 години. Скенирање на мозоците не можело да се прави до 2021 година, бидејќи една година претходно започнаа ковид рестрикциите па фокусот на истражувањето го пренасочиле на тоа како изолацијата влијае на мозокот на адолесцентите. ...
Пишуваат: Џеј Батачарја, професор по здравствени политики на Стенфорд и Брајс Никелс, професор по генетика на Универзитетот Рутгерс. Ковид ерата беше тешка за научниците чии идеи се противеа на моќните научни и владини бирократии. Дури и за универзитетските научници со претходно беспрекорна репутација, цената да се дигне глас беше оцрнување на социјалните медиуми, стандардните медиуми и, за жал, дури и од научните списанија и нашите колеги ...
Поголемиот дел од изминатата година, врвниот европски технократ Марио Драги работeше на домашна задача зададена од старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, да изготви фундаментален извештај кој ќе служи како ГПС навигација за политиките на ЕК во наредниот период. Суштината на тој извештај кој беше одложуван за да не влијае на изборите што се случија во меѓувреме, го сумиравме во насловот: „На ЕУ ѝ треба дупло ...
Искусната новинарка Мегин Кели која и самата го запука Доналд Трамп во неговата прва републиканска дебата за претседател во 2015 година, овојпат остана згрозена од пристрасноста на нејзините колеги од ABC во полза на Камала Харис. „Овие модератори беа жив резил и ова беше една од најпристрасните и најнефер дебати што сум ги видела“, напиша Кели на Твитер. „Срам да ви е!“ Кели оцени дека наклонетоста на модераторите (од кои едниот личен пријател ...
Британски Телеграф порачува дека веројатно никогаш нема да има подобро време за Кина да ја нападне Русија, аргументирајќи дека како што сите се во Украина, веројатно само двајца стражари и куче го чуваат Владивосток. „Ако Кина е вистински загрижена околу враќање на територијата, зошто не се фокусира на териториите што и ги отстапи на Русија во 19-от век, наместо на Тајван,“ пишува Џорџ Алисон во текстот за Телеграф. Алисон објаснува дека ова ...
CNN разговарал со шестмина заповедници и офицери на украински воени формации кои се борат или до скоро се бореле во некои од најжестоките и најкрвави битки од руско-украисската војна. Четворица барале да останат анонимни а сите рекле дека дезертерството и непослушноста се сè поголем проблем, особено меѓу новодојдените војници. Еден од соговорниците командувал со формација од 800 војници. Една од неговите последни битки била онаа кај градот ...