
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Министерството за земјоделство на САД укина грант од 600.000 долари, за проект што опфаќал проучување на материјали за хигиена на менструални циклуси кај трансродови мажи. Грантот бил доделен на Факултетот за земјоделство и механика на Јужниот Универзитет во Луизијана. Во воведот, покрај општите дефиниции кога се појавува и кога завршува менструалниот циклус кај жените, спомнати се и мажите што си го промениле полот. Важно е да се истакне дека ...
Значи вака завршува таканаречениот либерален меѓународен поредок. Не со тресок, туку со Трамп. Така барем западните, а особено европските елити го доживуваат распаѓањето на западната алијанса и гниењето на разни меѓународни конвенции - како ракотворба на главниот уништувач и неговата банда вандали. Во новите царински трговски војни на САД со сојузниците и, во напуштањето на Украина и на европските сојузници од НАТО, тие гледаат американска ...
Нанотехнолози и физичари во Италија успеале да смрзнат и да стврднат светлина и така да превртат наопаку сè што сме научиле за квантната физика. По долгогодишна работа, научниот тим на Даниеле Санвито и Димитрос Трипоѓоргос од италијанскиот Национален истражувачки центар ја потврдиле теоријата дека светлината може да биде во суперцврста состојба, што значи дека е цврста, а има својства на течност без вискозност. Истражувањето е објавено во ...
Речиси сите службеници во Министерството за здравство на САД се повикани доброволно да дадат отказ. Во петокот биле испратени мeјлови до близу 80.000 службеници од Министерството, вклучувајќи ги оние од Центрите за контрола и превенција на болести, од Администрацијата за храна и лекови и од програмите за здравствена заштита. Понудена им е отпремнина до 25.000 долари. Последниот рок да одговорат е крајот на работната недела. Целта е спроведување ...
Месо, млечни производи и шеќер создадени во лабораторија би можеле веќе за две години да бидат на продажба како храна за Британците. Агенцијата за стандардизирање на храна (ФСА) го забрзува процесот на одобрување за храна создадена со култивирање животински клетки во мали хемиски фабрики. Технологијата е напредна. Во февруари во Британија беше одобрена продажба на храна за кучиња што содржи месо направено во лабораторија. Сингапур во 2020 година ...
Зачестија извештаите дека европските земји ѝ испраќаат на Украина старо оружје, за кое знаат дека е неупотребливо и неефикасно на бојното поле. Шпанија, на пример, испрати пакет полуавтомати CETME L, кои самата ги повлече од употреба пред повеќе од 20 години поради проблеми со квалитетот и честите застои. Француската артилериска муниција ги затнувала украинските топови. Самоодните хаубици CAESAR, фалени како хај-тек, потфрлија на бојното поле - ...
„Не се работи само за пари туку се работи за човечки животи,“ вели за CBS News еден сопственик на дуќан во срцето на Скид Роу, делот од градот во кој има најмногу бездомници. Вика дека има денови кога гледа по три-четири предозирања на бездомници. * Види: Л.А. има свое Баиро Неговото чувство дека нешто не чини во справување со овој проблем го потврдуваат резултатите од независната ревизија кои велат дека властите во градот и округот не можат да ...
Долга е историјата на научници и бирократи што прават катастрофално лоши предвидувања за животната средина. Бранот почна некаде во седумдесеттите години со прогнози дека до крајот на векот ќе се стопи мразот или дека луѓето масовно ќе умираат од глад. Професорот од Харвард, Џејмс Андерсон, кој ја инспирираше прогнозата на Грета Тунберг, предвиде дека арктичкиот мраз ќе се стопи до 2022 година. Ни тоа не се случи. Еве 10 примери на катастрофално ...
Европа старее. Секој петти жител на Европската Унија денес е на возраст над 65 години. Демографската криза се продлабочува со рекорден пад на бројот на новородени бебиња. Се намалува стапката на фертилитет (просечен број бебиња на секоја жена), а се зголемува возраста на која жените стануваат мајки. Експерти предупредуваат дека европските земји ќе стареат уште побрзо, ако демографската дупка не се пополнува со имиграција. Последиците може да ...
Мораме да ја да ја надминеме ситуацијата. Должни сме да најдеме модел како да работиме сите заедно, порача британскиот премиер Кир Стармер во пресрет на самитот на големата 18-ка во Лондон, одржан ден по фијаското во Овалната соба, во која судирот помеѓу украинскиот и американскиот претседател, изведен како реалити шоу, трајно или привремено ја уништи шансата за брзо постигнување мир во Украина. Брисел се чини ја разбра пораката дека повеќе не ...
На Америка ѝ се потребни повеќе правила за заштита на работниците, велат луѓе од двете американски партии. Републиканскиот сенатор Џош Хејли сака повеќе правила за зајакнување на синдикатите. Поранешниот секретар за труд на Барак Обама вели дека „нема правичност ни грижа за безбедноста, дури ни грижа за децата!“. Тие велат „Европа е подобра“, има повеќе закони за заштита на работниците. Тој израснал во Шведска, но сега вели: „Ако си работник, не ...
По полувековно потстрижување, на учениците во Тајланд конечно им е дозволено да пуштат долга коса. Врховниот суд ја поништи директивата од поранешната воена хунта која ги скрои фризурите за ученици: кратка коса за момчиња и прамени до уши за девојчиња. Директивата од 1975 година ги прекрши индивидуалните слободи заштитени со Устав и не беше во допир со денешното општество, пресуди судот. Одлуката е одговор на петицијата поднесена од 23 ученици ...
Научници од Универзитетот во Виена прашале повеќе од 1.200 луѓе за нивите искуства со пет популарни духовни практики, од јога преку молитва до аџилак. Многумина се изјасниле дека им се здодевни. Досадата негативно влијае врз мотивацијата и свесноста и ги брише сите позитивни ефекти од духовните активности. Нашето истражување покажува дека досадувањето во духовен контекст може да биде сериозна пречка за трансформативната моќ на овие практики, ...
Компанијата „Алфабет“, која го поседува Гугл и Јутјуб, со налог е повикана на испрашување пред Конгресот на САД. Конгресменот Џим Џордан, претседавач на Комитетот за правосудство, тврди дека платформата Јутјуб директно соработувала со политиката за цензура на претходната влада. Директорот Сундар Пичај треба најдоцна до 28 март да дојде да сведочи и да одговори на барањето за увид на сите комуникации на „Алфабет“ со администрацијата и нивните ...
Научниците пронашле алармантни докази дека микропластиката не само што навлегува во мозокот, туку и предизвикува деменција и други нервни болести. Човековиот мозок содржи отприлика лажица микропластика и нанопластика. Количества 3 до 5 пати повисоки се утврдени кај лица со дијагноза на деменција, објавија научници од Универзитетот во Отава. Нивното истражување се надоврзува на заклучокот од студијата дека микропластиката и нанопластиката во ...
Израелската воено-разузнавачка Единица 8200 искористила огромна база со пресретнати палестински комуникации за да обучи машински модел што го разбира говорниот арапски јазик. Машината била тренирана со снимени телефонски разговори и текстуални пораки собрани со масовни прислушувања на окупираните територии. Елитната агенција за прислушување, која според своите можности може да се спореди со американската Агенција за национална безбедност (НСА), ...
Дружбите со колеги по работното време не се толку лоши. Здодевните состаноци се тие што предизвикуваат мамурлак и главоболки кај вработените и ја намалуваат продуктивноста на компаниите. Истражување пренесено во „Харвард бизнис ривју“ покажува дека 90 отсто од вработените се пожалиле на „мамурлак од состанок“, состојба дефинирана како „период на отсуство на фокус, мотивација и продуктивност по лош состанок“. Кога ќе заврши состанокот, тегобата ...
Откриен е нов дел од имунолошкиот систем што може да биде извор на потенцијални антибиотици. Дел од телото во кој се рециклираат протеини има и способност да лачи разни видови хемикалии што убиваат бактерии, тврди израелски научен тим. Откритието помага подобро да разбереме на кои сè начини организмот се штити од инфекции. Во главна улога се протеазомите, мали белковински комплекси што ги има во секоја клетка. Нивната главна улога е да ги ситнат ...
Пензионери во Британија често пати се откажуваат од битна државна финансиска помош поради мачниот процес на пополнување обрасци со стотици прашања. Во лавиринтот од ситни букви и квадратчиња најчесто се губат оние на кои помошта им е најпотребна, постарите луѓе со нарушено здравје и без пристап до интернет. Обрасците за апликација се обемни и сложени. За пополнување се потребни и до четири часа, предупредува фондацијата „Индепендент ејџ“ и ...
Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер се чини решен да испрати британски војници во Украина за да контролираат прекин на огнот со Русија. Откако пред неколку недели првпат спомна „војници на терен“, Стармер го повтори овој план на вонредниот самит на европските лидери во Лондон. Потоа рече дека со францускиот претседател Емануел Макрон се подготвени да формираат европска „коалиција на оние кои имаат волја“ за да штитат каков било прекин ...
Во обид да обезбеди позиција на масата на која ќе се решава иднината на Украина, лидерите на Европската Унија ја разгледуваат идејата да назначат специјален пратеник, кој би ја претставувал Унијата во целина на преговорите за крај на војната. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бара на таа позиција да биде назначено лице од „висок профил“, од рангот на американскиот специјален претставник Кит Келог. Во дипломатските кругови веќе се спомнува ...
Ветувајќи дека ќе ја направи Америка повторно здрава (кампања брендирана како Мake Аmerica Healthy Again), првиот човек на американското здравство, Џон Кенеди Јуниор, упорно повикува на исфрлање на маслата од семки, опишувајќи ги како „една од најнездравите работи што ги имаме во храната“. Кенеди ги поврзува овие широко распространети масла за готвење со „сите видови сериозни болести и воспаленија што имаат последици врз здравјето“. Кампањатата ...
Епидемијата на дебелеење ќе ги преоптовари здравствените системи ако владите итно не воведат строги диети, предупредуваат автори на досега најобемната студија, спроведена во повеќе од 200 земји и региони. Експертите бараат да се реагира итно за да се спречи „голема трагедија“. Во 1990 година во светот имало околу 1 милијарда дебели или пополнети луѓе. До 2021 година двојно повеќе, а проекциите за 2050 година се дека претерана тежина ќе имаат ...
Арапските земји го прифатија египетскиот план од 53 милијарди долари за реконструкција на Газа, како алтернатива на идејата на Доналд Трамп да ги исели Палестинците и да изгради Блискоисточна Ривиера. Арапскиот план на 112 страници содржи детални анализи и мапи за реконструкција, со брошури како ќе изгледаат новите станбени квартови, градини, паркови, пристаниште, технолошко катче, хотели на плажа и аеродром. Белата куќа го отфрли египетскиот ...
Германски научници забележале големи промени во мозочната активност кај луѓе на телефонска „диета“. Од 25 доброволци на возраст од 18 до 30 години било побарано три дена да не ги користат своите мобилни телефони, освен за итни повици или за нужни активности. На почетокот и на крајот од експериментот апстинентите поминале низ скенери со магнетна резонанца и психолошки тестирања за да се откријат последиците врз активноста на мозочните клетки. На ...
Илон Маск нуди радикални решенија како да се исчисти корупцијата во Вашингтон, но и стравува дека може да плати со главата ако подлабоко притиска за расчистување на мочуриштето. Гостувајќи на подкастотот „Joe Rogan Experience“, Маск оцени дека поголемиот дел од митото завршува кај демократите, а „по некоја коска завршува и кај републиканците“. Можеби треба значително да им ја зголемиме платата на политичарите, зашто така се обесхрабрува митото. ...
Европа издржа три тешки години откако ги затвори вентилите на гасоводите од исток. Најлошо помина најголемата економија Германија, чија индустрија се потпираше на евтин руски гас. Поскапувањето на струјата го запре развојот и принуди фабрики да го префрлат производството во странство. За многумина политичари и бизнисмени сè уште е „анатема“ идејата за купување руски гас. Хемискиот гигант „БАСФ“, на пример, кој беше огромен конзумент пред да ...
До не толку одамна дефиницијата на информатичар беше прилично едноставна. Човек што работи со хардвер, дигитални мрежи или развива софтвер во централизирани информатички средини. Тоа е минато. Денес тоа се технолози вклучени во речиси сите сектори, но со значително проширена одговорност и надградени вештини. Во фокусот се кибернетска безбедност, менаџмент на ризик и одбрана на дигиталните средства. Мачната работа е делумно или целосно ...
Дејвид Роџер Јохансен е роден на Стејтен Ајленд, во 1950 година. Детството го минува акајќи со точак по сокаци, слушајќи плочи и реметејќи ги калуѓерките во неговото католичко училиште. Во 2009 година, се појави во серијата на Ентони Бордејн „Без резервации“ како негов кустос низ кулинарскиот свет на Стејтен Ајленд. Како и многу архитекти на првиот бран на панкот, Џохансен пораснал со блуз и рокенрол синглови; Хаулин Волф, Фетс Домино, Плетерс и ...
Веќе 36 години одблиску ги следам настаните во Источна Европа, поранешниот Советски Сојуз и Русија. Ја советував полската влада во 1989 година, претседателот Горбачов во 1990 и 1991 година, претседателот Елцин од 1991 до 1993 година, претседателот Кучма од Украина во 1993 и 1994 година. Помогнав да се воведе естонската валута. Помагав и во неколку земји од поранешна Југославија, особено во Словенија. Сето ова го следам од прва рака веќе 36 ...