
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Критичарите велат тоа е рецепт за инфлација и дека нема легална основа да се спроведе доколку Конгресот не усвои соодветен закон. Но, и Џо Бајден направи нешто слично за време на пандемијата на ковид, кога им испрати чекови од 1.200 долари на Американците. Идејата за „ДОГЕ дивиденда“ ја даде Џејмс Фишбек, шеф на Управниот одбор на инвестициската фирма „Азорија“. Тој пресметал дека секое домаќинство во Америка би добило по 5.000 долари, ако ...
Ако ги следите овие работи внимателно, можеби веќе сте го виделе клипчето како на претседавачот на Михенската конференција за безбедност му навираат солзи, немоќен да прозбори и да го коментира говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс. Сцената е впечатлива бидејќи претседавачот Кристоф Хојсген не е ситен апаратчик, туку софистициран и учен функционер, советник за национална безбедност на германската канцеларка Ангела Меркел од 2005 до 2017 ...
Вашингтон притиска што е можно побрзо да направи „рамковен“ договор со Киев за пристап до украинските ретки минерали и руди, од чија вредност би можела да зависи и американската воена поддршка и текот на мировните преговори со Русија. Доналд Трамп побара минерали во вредност од 500 милијарди долари, што е многу повеќе од вкупната помош што Украина во изминатите три години ја доби како воена и друга помош од Америка, но толкава е сега цената на ...
Џо Роган го загуби тронот на топ-листата на подкасти, препуштајќи му го на подкаст што го пердаши Доналд Трамп. За фактор за пресвртот некои ја сметаат јавната поддршка од Роган за Трамп спроти претседателските избори во ноември и особено гостувањето на претседателот во „Joe Rogan Experience“, на кое Трамп говореше за својот прв мандат и за изборите. Интервјуто скроено за младите гласачи, со теми како елиминирање на даноци или боречки вештини, ...
Помислете на тоа, скромно успешен комичар, Володимир Зеленски, ги убеди Соединетите Американски Држави да потрошат 350 милијарди долари и да влезат во војна која не може да се победи, војна која не мораше да почне и војна која без САД и „ТРАМП“, тој никогаш нема да може да ја реши. САД потрошија 200 милијарди долари повеќе од Европа, европските пари се гарантирани а Америка нема да добие ништо назад. Зошто поспаниот Џо Бајден не бараше ...
На децата што се идентификуваат како животни, кои одат на сите четири, мјаукаат или почувствувале разни „вончовечки“ искуства, треба да им се пријде со љубов, се препорачува во прирачник финансиран од британското Министерство за внатрешни работи. Хуманитарната фондација Детско општество во локален прирачник за Северен Јоркшир предупредува на ризиците од злоупотребување, со кои на интернет се соочуваат децата што се идентификуваат како ...
Трамп неколкукратно се закани дека САД повеќе нема да им ја плаќаат одбраната на европските сојузници. Америка обезбедува две третини од буџетот на НАТО и за одбрана издвојува по 3,3 отсто од својот БДП, речиси двојно повеќе од европскиот просек од 1,9 отсто. Само 23 од вкупно 32 членки на НАТО лани ги задоволиле насоките да издвојуваат за одбрана барем по 2 отсто од својот БДП. И ние, јадните, сме меѓу „одличните“. Сега се бараат 5 отсто за ...
Стотици илјади птици ги положија своите животи на „олтарот на зелената технологија“ пред да загине нивниот крвник - соларната електрана Ајванпах во Калифорнија. Соларниот систем за генерирање струја Ајванпах го опишуваат како џелат на дивеч. Да бил барем исплатлив. Ни тоа. Споменикот на зелените заблуди од ерата на Обама конечно се соочи со изумирање. Од 2014 година се пишуваше за калифорниската соларна електрана што пржи птици, проект со пари ...
Секој што искрено мисли дека Америка на Трамп - што и да мислите за него и неговите политики - може да се спомене во истата реченица со фашистичка Италија или нацистичка Германија, треба да се доведе „во винкла“. Да бидеме јасни за што зборуваме. Фашизмот, а особено неговата нацистичка инкарнација, беше зло какво што светот претходно не видел. За среќа, и оттогаш нема видено. Тоталитарна контрола. Месијанска диктатура. Култ на расна ...
На првата рунда разговори во Ријад, САД и Русија се согласиле дека Украина мора да ги спроведе претседателските избори што лани беа откажани поради воената состојба. Тоа е навидум мал чекор до траен мир, но огромен предизвик за украинскиот претседател Володимир Зеленски, чиј рејтинг полека но сигурно тоне. Москва со месеци го оспорува легитимитетот на Зеленски, но Доналд Трамп инсистира дека тој лично побарал да се одржат избори во Украина. ...
Кумовите на сицилијанската Коза ностра плачат по старите добри времиња кога заклетвата омерта го красела секој вистински мафијаш. Денешните голобради момчиња што ѝ се приклучуваат на мафијата, за нив се мекуши што лесно пропејуваат штом ќе ги стегнат во полиција. За ова говорат транскриптите на прислушуваните разговори што карабинерите ги споделија со јавноста по успешната рација во која беа приведени речиси 150 мафијаши. Дон Џанкарло Романо, ...
Одделението за штедење на Илон Маск открило буџетски исплати од вкупно 4.700 милијарди долари преку трансакции за кои вели дека е „речиси невозможно“ да им се открие трагата. Спорните трансакции од Министерството за финансии го немаат идентификацискиот код ТАС што ја поврзува исплатата со соодветна намена дефинирана во буџетот. Пополнувањето на полето за ТАС било опционално, па обично било оставено празно. Од неодамна полето е задолжително и и ...
Во интервју со американскиот државен секретар Марко Рубио, Маргарет Бренан од CBS го обвини потпретседателот Венс (поради жестоко критичниот говор во Минхен, види: Ако ние ја преживеавме Грета Тунберг, вие ќе го преживеете Илон Маск) дека не ги научил лекциите од историјата. „Тој се наоѓаше во земја каде што слободата на говор беше злоупотребена (weaponized) за геноцид“, рече Бренан, мислејќи на Германија под Хитлер. Со други зборови, ...
Вашингтон го обвинува јужниот сосед, но Америка е таа што им дава засолниште и оружје на наркокартелите што го тероризираат Мексико, возвраќа претседателката Клаудија Шејнбаум на обвинувањата од Доналд Трамп за „сојуз на наркобароните со нејзината влада“. Има организиран криминал и во САД и има Американци со илегални активности во Мексико. Кој инаку би го разнесувал фентанилот во градовите низ САД, прашува Шајнбаум. Таа своите тврдења ги ...
Обидот на администрацијата на Трамп да договори „мир“ помеѓу Украина и Русија почна во средата. Прво, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, на самитот за одбрана во Брисел, кажа неколку клучни поенти. Никој не се изненади кога рече дека Киев ќе мора да ѝ направи територијални отстапки на Москва и порача дека какво било враќање на „Украина со границите пред 2014 година би била нереална цел“. Највпечатливо, кажа дека за САД не е возможно ...
Донаторите се заситени од хаосот во кој потонале американските демократи по претседателските избори и полека креваат раце од партијата што долго време ја поддржувале. Линди Ли, истакната симпатизерка што до лани собрала десетици милиони долари донации за Демократската партија за претседателската кампања, во декември се прости од партијата, откако била прекорена поради критиките на кандидатката Камала Харис. Демократските донатори апсолутно, без ...
Администрацијата на Доналд Трамп пробува повторно да ги ангажира експертите за нуклеарна безбедност на кои пред само неколку дена им испрати писма со откази, за да ја пополни дупката во националната безбедност. Вработените во Националната администрација за нуклеарна безбедност (ННСА) беа на списокот со стотици службеници на кои Министерството за енергетика им даде отказ. Но, тие не се обични административци, туку инженери задолжени за ...
Иако Драган Шолак никогаш никаде јавно не се изјаснил против Александар Вучиќ, српскиот претседател ретко пропуштал можност да ги означи Шолак и опозиционерот (исто така бизнисмен), Драган Ѓилас, како негови најголеми противници во политичката битка на која засега не ѝ се гледа крајот. Опсесијата на Вучиќ со Шолак првенствено произлегува од уредувачката, страсно анти-Вучиќевска политика на телевизиските станици Н1 и Нова РС, во сопственост на ...
Со оглед на тоа што актуелниот гувернер на Калифорнија Гавин Њусам е ограничен со мандатите, Камала Харис се чини логичен кандидат на Демократската партија во која беше јавен обвинител а и Холивуд ја сака. Но, ако се фати за орото, може да се соочи со сериозен противник од кај Трамп, неговиот пратеник за специјални мисии, кој сака да ѝ ја расипе забавата. „Не би одбил да влезам во таква трка,“ изјави Ричард Гренел. Тој смета дека Камала Харис би ...
Во својот говор на конференцијата во Минхен, Венс ги обвини европските лидери дека ги напуштиле своите корени како „бранители на демократијата“, улога која успешно ја изведуваа за време на Студената војна а која сега ја имаат претворено во гаснење на поинакви мислења. Тој во денешната европска политика гледа стари и закотвени интереси кои се кријат зад терминологијата од советското време па се зборува за дезинформации секогаш кога некому не му ...
Истата студија покажа дека помалите приватни млазни авиони генерираат повеќе опашки отколку што досега се веруваше, потенцијално зголемувајќи го и нивниот придонес во затоплувањето на климата. Овие наоди нагласуваат итна потреба воздухопловната индустрија да го адресира своето влијание врз животната средина и да спроведе мерки за ублажување на штетните ефекти. Опашките од кондензација имаат не мал придонес за глобалното затоплување бидејќи ја ...
Последната увертира на Трамп во Москва запрепасти многумина; не само што САД ги отвораат преговорите со Русија, туку и, како што рече министерот за одбрана Пит Хегсет, нереално е Украина да се надева дека на крајот ќе ја врати целата изгубена територија. Згора на тоа, САД нема да ја поддржат кандидатурата на Украина за влез во НАТО како бедем против идните руски инвазии. Поради сево ова, лидерите на земјите од НАТО и Европската унија лидери ...
Од првичните 1,3 отсто, веројатноста за судир со нашата планета, во последната недела се зголеми на околу 2,3 отсто. Иако постои речиси 98% шанси овој астероид да помине покрај Земјата на 22 декември 2032 година, сè уште не може целосно да се исклучи евентуалниот удар, па за првпат е започната процедура за глобална планетарна одбрана. Се проценува дека астероидот е со дијаметар од 40-90 метри и според сегашните проценки, веројатноста за судар со ...
Се договоривме нашите тимови веднаш да започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Владимир Зеленски за да го информираме за разговорот, што ќе го направам веднаш“, напиша Трамп. Додаде дека задолжил тим предводен од американскиот државен секретар Марко Рубио да ги води тие преговори. „Милиони луѓе загинаа во војна што немаше да се случи ако јас бев претседател, но се случи ама мора да заврши“, напиша меѓу ...
Во истражувањето била користена вештачка интелигенција за проучување на органски молекули во сложени течности како што е битуменот. За да го направат асфалтот способен сам да закрпи дупки, научниците користеле ситни порозни материјали од биолошко потекло. Тоа се рециклирни масла кои се ослободуваат кога асфалтот почнува да се распаѓа и така се крпат пукнатините. Лабораториските испитувања покажуваат дека новиот асфалт може целосно да ги поправи ...
Соочени со економските потези на Трамп, неговите критичари од центарот осцилираат помеѓу очајот и трогателната верба дека неговиот царински бес ќе издиши. Тие претпоставуваат дека Трамп ќе се туфка додека реалноста не ја разоткрие празнината на неговата економска логика. Не обрнуваат внимание на тоа дека фиксацијата на Трамп на царините е само дел од глобалниот економски план кој е солиден - иако ризичен. Нивното размислување е суштински ...
Нивната спонтана изградба на неколку брани не само што ги обезбедила посакуваните витални еколошки придобивки, туку и потсетила на бирократската неефикасност. Администрацијата на заштитениот предел на Брди првично планираше проект за обновување на мочуриштата во регионот, но бирократските одложувања го запреле процесот. Управата на заштитениот предел на Брди поднеле проект за обновување на мочуриштата во регионот, но се соочиле со бирократски. ...
Бргу по преземањето на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, како што вети за време на кампањата, го назначи Илон Маск и новиот Оддел за владина ефикасност (DOGE) да ги истражуваат јавните трошоци на државата и нејзините агенции, за да се најдат непотребни трошоци, да се балансира буџетот и да се намали јавниот долг на земјата. Сосема очекувано, ова предизвика голема врева меѓу медиуми и невладини. „Новинарите дивеат на сите ...
„Френсис Фукујама дебело утна кога го најави „крајот на историјата“ и глобалниот триумф на либералните демократии. Она што се случува последниве години а засилено изминатите неколку недели, изгледа како светот да се вратил во 1938 година, на пресвртница што не ветува добро“, пишува Роберт Бајруши во Јутарњи. Станува збор за идејата на Трамп САД да ја преземат разурнатата Газа и економски да ја развијат ОТКАКО Палестинците ќе бидат преселени на ...
Ричард Гренел потсети дека американските даночни обврзници ги финансираат Гласот на Америка и Радио Слободна Европа, рече дека тоа е реликт од минатото и дека нема потреба од такви државно финансирани медиуми. „Тоа се државни медиуми. Медиуми полни со екстремни левичарски активисти. Со децении имам работено со тие новинари, тоа е остаток од минатото“, напиша Гренел на платформата Икс. На објавата на Гренел се надоврза Маск и пиша: „Така е, ...