Грег Роман, директор на Блискоисточниот форум, пред Комитет на Претставничкиот дом сведочеше дека Агенцијата за меѓународен развој УСАИД префрлала милиони долари на сомалиската терористичка група Ал Шабаб, една од најкрвавите во светот. САД ја финансираа власта на сомалискиот претседател Мохамед Сијад Баре од 1969 до 1991 година. Откако беше соборен, почна бомбардирање, и тоа од сите администрации во Вашингтон по 2001 година, без оглед дали се ...

Брег Сигмон, осуден на смрт поради свирепо убиство на родителите на својата девојка, в петок ќе биде стрелан во Јужна Каролина. Тоа ќе биде првата смртна казна со стрелање извршена во САД по речиси 15 години. Откако Врховниот суд во 1976 година ја укина забраната за извршување смртни казни, сојузните држави ги спроведуваат со инјекција, со електрична столица, со гасна комора, стрелачки вод или бесилка. Од вкупно 1.428 егзекуции во САД во ...

Не е прв пат американската елита поинаку да ги гледа работите од обичниот човек. Повеќето Американци во кавгата виделе како претседателот ги брани злоупотребените луѓе што плаќаат даноци од меѓународен грабеж што не трае само во изминатите три години. Анкета на Wick Insights спроведена помеѓу 1.000 регистрирани гласачи, пола републиканци пола демократи, покажува дека само една третина не го одобрува однесувањето на Трамп. Една половина сметаат ...

„Се согласувам“ напиша на Икс 53 годишниот милијардер како одговор на сугестијата на МАГА инфлуенсерот Гинтер Иглман дека е „време да се напушти НАТО и Обединетите нации. На таа тема истоветно се огласија и други американски политичари како сенаторот Мајк Ли од Јута кој поднесе и предлог за излегување од ОН која ја осуди како „платформа за тирани и место за напад на Америка и нејзините сојузници“. Иако Трамп досега директно не најавил ...

„Ние си кажуваме приказни за да живееме“, забележа Џоан Дидион (американска писателка и новинарка - н.з.). Политичарите се различни. Тие раскажуваат приказни не за да живеат, туку за да преживеат. Приказните им даваат на лидерите аура на цел и контрола, натопувајќи ги нивните одлуки со големо значење. И понекогаш, едноставно престануваме да веруваме во нив. Тоа се случи деновиве во Белата куќа. Приказната за Западот се стопи и остана само ...

Закони за исламска бласфемија пристигнаа во Европа. Двајца Британци се уапсени во рок од еден месец поради наводно палење на Коранот. И двајцата го сториле тоа од солидарност со Салван Момика, ирачкиот бегалец и гласен атеист, кој пред еден месец беше убиен во Шведска додека ја палеше светата книга на муслиманите. Ако толпата не стигнеше прва до него, тој ќе беше на суд поради обвинение за богохулење. И во двата случаи, ќе беше замолчен. Јасмине ...

Здружението Унија на народите на САД повика на 24-часовно „економско помрачување“ како протест против влијанието од милијардерите, големите корпорации и политичките партии врз животите на обичните граѓани. Активистите најавуваат планови за бојкот на одредени компании, како трговските синџири на „Волмарт“ и „Амазон“. Други активисти, инфлуенсери и поединци најавуваат или веќе организираат бојкоти против компании што ги напуштаат програмите за ...

Не е потребна некаква натпросечна природна интелигенција за да се пронајде на интернет како бесплатно да се добие апликација што се наплаќа. Само што тоа е пиратерија, но вештачката интелигенција понекогаш и за тоа знае да помогне. Алатката Копилот, која е новитет во оперативните системи на Мајкрософт, дава одговор на секакви прашања, па и на дрското „дали има код за активирање на Windows 11?“. Колку вешто ќе го насочите, толку ќе бидат прецизни ...

Искусниот детектив Даг Хагман, кој бил ангажиран веднаш по обидот за атентат во Батлер Фарм на 13 јули, тврди дека криминалната мрежа што оперирала со Томас Метју Крукс сè уште е активна и сè уште има намера да го убие претседателот Трамп. Екипата на Хагман сослушала повеќе од сто луѓе и направила темелни геолокациски анализи на контактите од смартфоните на Крукс. Сè уште е активен еден од уредите што на 13 јули биле во контакт со Крукс. Тој не ...

За помалку од една година, на каубојски начин биле нападнати десет воза во Аризона и во Калифорнија. Бандитите заминале со плен вреден 2 милиони долари. Приведени се повеќе од 60 луѓе, но грабежите продолжуваат. Пљачкашите работат брзо, прецизно и координирано како саат. Сè се случува молскавично. Го чекаат возот во зафрлени места, на кои може да се стигне само со хеликоптер. Федерален агент објаснува дека грабежот почнува уште пред возот да ...

Овој Владимир Путин не ќе да е оној од 2000 година, новоизбраниот руски претседател кого поранешниот британски премиер Тони Блер очајнички сакаше да го вклучи во игра. Со тој Путин, зафатен со бруталната војна во Чеченија, имаше низа средби и договори за продажба на британска воена опрема. Премиерот Кир Стармер сега нуди британски чизми на украинска земја како дел од „мировни сили“ кога ќе запре пукањето. Под притисок е да го забрза ветеното ...

Во очаен обид да ја надмине кризата со поскапувањата на јајцата низ САД, Министерството за земјоделство ќе инвестира 1 милијарда долари во битката против птичјиот грип. Цената на стандардно пакување од 12 јајца во Америка во јануари достигна рекордни 4,95 долари, двојно повеќе од лани. Некои ресторани почнале да наплаќаат и „додаток за јајце“ ако го има во оброците. Кризата ја предизвика екстремно агресивен тип на птичјиот грип (ХПАИ). ...

Секој ден ќе пишуваме во поддршка и одбрана на два столба, личните слободи и слободниот пазар. Секако дека ќе покриваме разни теми, но на другите ќе им ги оставиме ставовите што се спротивни на нашите столбови, објави Безос на Икс. Тој смета дека завршило времето кога весниците се обидувале на читателите да им ги понудат сите ставови. Денес таа задача ја покрива интернетот. Безос е убеден дека темелните вредности на Америка, личните и пазарните ...

Ужасниот конфликт во Украина потврдува дека војните може да бидеат полезни за владите. Објавувајќи го зголемувањето на воените трошоци на Обединетото Кралство, премиерот Кир Стармер се повика на Украина и на заканата од Русија кога кажа дека „инвестицијата ќе создаде безбедна и стабилна средина за развој на бизнисот, поддржувајќи ја главната мисија на владата да испорача економски развој“. Зголеменото трошење ќе ја одржи нашата глобално ...

Талибанците се синоним за верски фундаментализам, што е кристално јасно откако милитантите во август 2021 година се вратија во Кабул. Покрај јавните егзекуции и родовиот апартхејд, нагазија и против слободата на говорот. Откако талибанците се вратија на власт, се цензурираат медиуми и се гаснат сигналите на радио станиците. А еден странски медиум сепак издржа: Би-би-си. Уште во декември 2022 година исламистичките власти со декрет ги затворија ...

Кока-кола ќе се прилагоди на извршната одредба од Трамп со која се бара да ги укинат ДЕИ програмите (Diversity, Equity, Inclusion), за да добијат владини проекти. Пепси ќе ги исфрли референците до „диверзитетна работна сила“ и повеќе нема да ги следи ДЕИ квотите при вработувањето. Позицијата „главен офицер за ДЕИ“ ќе се трансформира кон развој на вработени. Гугл нема да ги обележува почетокот на културните манифестации како Месецот на гордоста ...

Нафтениот гигант „Бритиш петрол“ се откажува од амбициите за зголемување на капацитетот на обновливите енергетски извори и ќе им се врати на фосилните горива. Директорот Мари Окинклос им порачува на акционерите и инвеститорите дека „БП“ ги напушта целите за дваесеткратно зголемување на капацитетите за обновлива енергија на 50 гигавати до 2030 година. Во извештајот за приходи е наведено дека компанијата веќе стигнала до „зелен“ капацитет од 8,2 ...

Откако американскиот претседател оцени дека Украинците се храбри но дека без американски долари и оружје нивната војна ќе биде кратка, тој ја намали првичната побарувачка од 500 милијарди долари, но Украина со договорот не добива безбедносни гаранции од САД како што посакуваше Киев. Зеленски в петок заминува во Вашингтон за да се сретне со Трамп и да се договорат деталите за договорот кој предвидува создавање заеднички фонд за експлоатација на ...

Животниот век на Европејците престанал да се зголемува во 2011 година, за што научниците ја префрлаат вината на лошата исхрана, физичката неактивноста и зголемувањето на телесната тежина. Истражување спроведено од Универзитетот Ист Англија покажува дека порастот на просечниот животен век на луѓето од 20 земји во Европа почнал да забавува при крајот на минатиот век. Во периодот од 1990 до 2011 година тој се зголемувал за 0,23 години, а во ...

Одлуката на администрацијата на Трамп да го прекине финансирањето на УСАИД фрли стотици тн „независни медиуми“ во криза, разоткривајќи глобална мрежа од илјадници новинари кои попат работат за промовирање на американските интереси во нивните матични земји. Одлуката на Трамп и одделот кој го води Маск тргна од премиса дека промовирањето на либералните и прогресивни каузи на организацијата е џиновско трошење пари. Запирањето на помошта веднаш ...

Новата директорка на американските разузнавачки служби Тулси Габард им се придружи на функционерите во Вашингтон што се противат на барањето од Илон Маск сите федерални службеници да дадат отчет за својата работа. На „барикадите“ против Маск претходно застанаа и директорот на Федералната полиција, Каш Пател, секретарот за одбрана Пентагон, Пит Хегсет и шефицата за домашна безбедност Кристи Ноем, кои ги повикаа вработените во нивните одделенија ...

Црвената планета имала услови за живот десетици милиони години. Така велат податоците добиени од кинескиот Журонг ровер кој Кинезитe го испратија на Марс каде слета во 2021-ва година и оттогаш праќа драгоцени сознанија за сегашната ситуација и геолошкото минатото на планетата. Биле откриени седиментни структури кои наликуваат на овдешните плажи што сугерира дека ниските делови на северот на Марс некогаш биле огромен океан. „Пронаоѓаме места на ...

Резултати од нова студија на истражувачи од Универзитетот Јејл, покажуваат дека мРНК вакцини против ковид-19 може да предизвикаат „поствакцинален синдром“, кој се манифестира со заматување на умот, вртоглавица, зуење во ушите, екстремен умор и биолошки промени во имунитетскиот систем. Во периодот од декември 2022 до ноември 2023 година биле истражувани состојбите на лица што пријавиле хронични поствакцинални синдроми (ПВС) во споредба со ...

Бомбастично е ветувањето што лабуристичкиот премиер Кир Стармер им го дава на Украинците, дека британски трупи ќе им го чуваат мирот што ќе го склучат со Русите. Суровата реалност е дека Британија нема ни доволно војска ни оружје, како ни индустриски капацитет, па ни волја за толку сложена мисија. Би биле потребни три до пет години за да се обучи и опреми британската војска барем да патролира на линијата на разграничување во источна Украина. ...

Зајакнувањето на Европа до степен да биде независна од САД ќе биде апсолутен приоритет на идниот германски канцелар Фридрих Мерц. Вообичаено за германската политика, составувањето влада, може да се развлече до Велигден, но брзината со која администрацијата на Доналд Трамп во Вашингтон го менува глобалното статус-кво не е во полза на идниот канцелар на Германија. „За мене апсолутен приоритет ќе биде зајакнување на Европа што е можно побрзо, за да ...

Прво Трамп напиша дека ја цени работата на Маск во Одделот за владина ефикасност но смета дека би можел да биде и поагресивен. Трамп оком, Маск скоком. „Согласно инструкциите на претседателот Доналд Трамп, сите вработени во федералната влада наскоро ќе добијат меил во кој ќе се бара да објаснат што направиле минатата недела. Доколку не се одговори на пораката, ќе се смета за оставка“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.“ Во приватни фирми, ова ...

Главните кандидати за нов канцелар на Германија пред изборите избегнуваа да им ги кажат на гласачите мачните вистини за војната во Украина, за неизбежното повлекување на САД од Европа и следствено - за нужните трошоци за одбрана. Наместо за тоа, дебатата главно беше фокусирана како да се обнови разнишаната германска економија по две години рецесија и како да се контролира миграцијата, што ја засили поддршката за ултрадесничарската Алтернатива за ...

Тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски, ја „почнал“ војната со Русија, неговите домашни непријатели го третираат како една од најеретичните надворешнополитички изјави досега на актуелниот претседател. Тука се вклучуваат вообичаените сомнежи за Русијагејт, кои повторно се извадија за да сугерираат дека Кремљ му го хакирал мозокот на Трамп. Ми се причини дека сонувам кога ги слушнав коментарите ...

Повод: „Дубравка Стојановиќ: Би сакала Србија да го има Заев (види во: „Сами си ја бараат белјата“) пишува: Д-р. Ненад Живановиќ - Столиќ Кој е Зоран Заев? Тој беше премиер на Македонија од мај 2017 до јануари 2020 година. Ако прашате за него во западноевропските дипломатски кругови во Скопје и во македонскиот невладин сектор, кој до неодамна престижно го чуваше логото на УСАИД на своите сајтови, ќе добиете одговор дека тој бил најевропскиот ...

Долг и трнлив е патот до нулта емисија („нет зеро“) на јаглеродни гасови, по кој тргнаа речиси сите земји за да ја спасат планетава. На посиромашните земји им е потешко, а на индустриските им помагаат нуклеарните централи. Германија тргна по свој пат, кој заглави во ќорсокак. Горењето јаглен, нафта и гас е заменето со енергија ветер и сонце. Го нарекуваат Energiewende, „енергетска транзиција“. Јапонија итно ги исклучи своите нуклеарни реактори ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
39%
1011
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
42%
1008
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1007
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
64%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.12
37%
1009
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
88%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 24ᴼ
0.89
58%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
57%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
51%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
50%
1010
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
49%
1005
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
69%
1012
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71