Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да не наседнуваат на објавите. Од СДСМ потенцираат дека се злоупотребени името, податоците и фотографиите на Филипче. – Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки. Ги ...

Професорите, соработниците и истражувачите од Универзитетот во Ниш денеска на пленум едногласно одлучија да штрајкуваат додека не се исполнат барањата на студентите кои ги блокираат факултетите во четири универзитетски градови во Србија. Како што објави нишкиот портал „Јужне вести“, учесниците на пленумот на вработени на Универзитетот во Ниш повикаа на итен прекин на насилството врз студентите и се приклучија на барањата на студентите во ...

Водечката светска компанија за хуманоидна роботика и вештачка интелигенција (АИ) Realbotix објави дека ќе го претстави својот најнов робот, „Melody“ на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника (CES 2025). „Реалботикс“ развива приспособливи роботи, со целосно тело, слични на луѓе, со интеграција на вештачка интелигенција, кои го подобруваат човечкото искуство преку поврзување, учење и игра. Едно од главните карактеристики на Мелоди е ...

Обдукцијата на телото на жената пронајдено во четвртокот во водите на Вардар покажа дека станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември, лани. Од МВР, на 9 јануари, годинава, соопштија дека во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат ...

Румен Радев му го врачи мандатот за формирање влада на Росен Жељазков – кандидатот за премиер, именуван од ГЕРБ-СДС. „Господине Жељазков, вие добро знаете дека со прифаќањето на овој мандат преземате и голема одговорност. Бугарите предолго чекаа излез од политичката криза и редовна влада. Затоа и дадов повеќе време на вашата партија и вашите потенцијални партнери да ги разгледаат можните опции и да изнајдат работна формула“, рече Радев. Жељазков ...

Австралија вети дека ќе преземе „најсилна можна акција“ доколку Русија му наштети на еден од нејзините државјани заробени борејќи се за Украина, откако се појавија извештаи дека воениот заробеник Оскар Џенкинс можеби бил убиен. Оскар Џенкинс беше заробен од руските сили минатиот месец, по што се појави видео како го испрашуваат додека е облечен во воена униформа. Оваа недела австралискиот национален радиодифузер ABC и филијалата на CNN, Seven ...

Дестан Јонузи Партиите на Албанците меѓусебно се обвинувања за тоа кој го заробил судството. ВЛЕН дури ја обвинува ДУИ дека е виновна за предвременото ослободување од затвор на поранешниот директор на ДСК, Сашо Мијалков. Според ВЛЕН, извештајот на директорот на струшкиот затвор, Ваљон Ќира, во кој е забележано дека однесувањето на Мијалков е примерно и дека ги почитува сите пишани законски правила, го поттикна Апелациониот суд предвремено да го ...

Ерол Ризаов: Додека премиерот Мицкоски се подготвува за значајните средби што ќе ги има во Вашингтон би било многу подобро да најде начин да стаса и на средба со еден друг Доналд. Не онака од нога и куртоазно, на маргините од некој самит. Неопходна е добро подготвена средба со Доналд Туск, премиерот на Полска, која претседава со ЕУ не само за да дознае зошто ЕУ ги крена рацете од Македонија и повеќе не ја спомнува во плановите за проширување на ...

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер. Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот. Со оглед дека се очекува стабилизација на времето и со ...

Почина Александар Јовиќ, поранешен македонски ракометен репрезентативец и тренер. Последниот ангажман на Јовиќ беше на тренерската позиција на Тинекс Пролет. Тинекс Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ. Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа. ...

Утврден идентитетот на лицата кои ги нападнаа студентите во Белград додека го блокираа Правниот факултет ноќта меѓу 13 и 14 јануари, а шестмина од нив беа пренесени во болница. На лицата Р.М, , М.С., К.М. и М.Л им е одредена мерка 48 часа притвор. „Во однос на сите осомничени јавниот обвинител им одреди мерка притвор во траење од 48 часа поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело Насилничко однесување по член 344 од Кривичниот ...

Украинските власти утринава прогласија национален воздушен аларм бидејќи руски крстосувачки ракети се заканија на неколку делови од земјата. Украинските воздухопловни сили на Телеграм објавија за проектили кои летаат кон Криви Рог, родното место на претседателот Володимир Зеленски во централна Украина, како и кон регионите Чернихив, Полтава и Миколаев. Се додава дека е „откриена е и група крстосувачки ракети кои се упатуваат кон Киев“. ...

Јужнокорејецот Јун Сук Јеол стана првиот актуелен претседател на земјата кој е уапсен откако истражителите се искачија на барикадите и пресечеа бодликава жица за да го приведат. Јун, 64,е под истрага под обвинение за бунт поради неуспешната наредба за воена состојба на 3-ти декември што ја втурна земјата во превирања. Тој, исто така, беше отповикан од парламентот и суспендиран од функцијата – но нема да биде сменет од функцијата додека уставниот ...

Украина изврши неколку напади длабоко во Русија, нарекувајќи ја својата најмасовна офанзива досега во војната. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, погодени се складишта за муниција и хемиски фабрики во неколку региони, од кои некои се на стотици километри од границата. Извори од украинската разузнавачка агенција СБУ изјавија за дека нападот во текот на ноќта бил „болен удар“ за способноста на Русија да води војна. Русија соопшти ...

Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на уставот, одговори еврокомесарката за проширување Марта Кос пред Комисијата за надворешни прашања во Европскиот парламент на прашање на известувачот за Србија, Тонино Пицула. Таа рече и дека очекува по уставните измени, Бугарија да ја поддржува земјава на ЕУ патот. -Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската да го промени уставот. И потоа сигурна сум дека кога ќе се ...

Утре завршува новогодишната кошничка која траеше еден месец и беше формирана на иницијатива на бизнис секторот. Вклучуваше над илјада производи, а надлежните очекуваа поевтинување на основните прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Бидејќи беше на иницијатива на бизнис секторот, немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за ...

Пуштена е во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш, во должина од 15,5 километри. Вредноста на проектот е 37.500.000 евра, од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра од Буџетот. Ширината на коловозот е 12.40 метри, има три клучки, кај Градско, Росоман и Дреново. – Експресниот пат, кој е дел од паневропскиот Kоридор 10, претставува повеќе од 15 километри модерна ...

Студентите кои учествуваат во блокадите во Србија се оградија од екстремистички организации и националистички симболи што се појавија на протестот пред Уставниот суд во Белград на 12 јануари. Дел од учесниците на протестот носеа и знамиња со симболи на ентитетот на Босна и Херцеговина, Република Српска, како и транспаренти со натпис „Нема предавање“ и нацртана карта на Косово, чија независност српската влада не ја признава. Тие изјавија дека ...

Тито Беличанец: Покренувам иницијатива пред Државниот јавен обвинител да покрене кривично обвинување против Мицковски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, за основано сомневање дека државата Македонија ќе претрпи огромната ненадоместлива финансиска штета со попречувањето да ги започне преговорите за влез, од неразумни идеолошки причини. Попречувањето го врши свесен за можната да настапи штетата и тоа на организиран начин и пред се преку ширење на лаги. Штетата ...

Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции. Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка. Евидентирани се шест интервенции ...

Голем пожар беше предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, соопштија локалните власти. Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „се запали резервоар за гас по напад со дрон“, соопшти локалната власт на каналот Телеграм. Во соопштението се наведува дека нема повредени и дека претседателот на Татарстан Рустам Миниханов дошол да го посети местото на пожарот. ...

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите во областа на Лос Анџелес, а на сила е црвено предупредување бидејќи од денеска до среда попладне се очекуваат силни ветрови кои би можеле да влијаат на ширењето на пожарите. Пожарот во Палисадес, кој избувна на 7 јануари, уништи околу 5.000 објекти и 14 отсто беше локализиран, објави телевизијата ЕјБиСи. Пожарот во Итон, кој исто така започна на 7 јануари, уништи или оштети околу 7.000 згради, а 33 ...

По традиционалните маски со оркестарот, зетот, невестата, ѓаволите и Глупавите Августи креативните вевчанци на хумористичен начин ја прикажаа релаксирачката атмосвера со играње фудбал „во кабинетот’ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а „премиерот“ Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици „продефилира“ и екс директорот на ...

Нацрт-законот го насловиле „Да се направи Гренланд повторно да биде голем“. Трамп претходно во неколку наврати изјави дека сака да го направи Гренланд дел од САД и не исклучува употреба на воена или економска моќ за да ја убеди Данска да ја предаде територијата. Републиканците освоија тесно но мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот на изборите во САД на 5. ноември. Доколку биде усвоен, законот ќе му овозможи на претседателот да стапи во ...

Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд во Скопје за случајот „Тврдина“. Педметот се однесува на уништувањето на опремата за прислушување во УБК. Екс министерката на МВР Гордана Јанкуловска е ослободена, а на екс директорот на УБК Сашо Мијалков делото му застаре како последица на измените во кривичниот Законик и предолгото чување на обвинителниот акт во судиските фиоки. Скопскиот кривичен суд одреди ...

Вработени од јавната администрација утре ќе излезат на проест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата. Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, велат дека на протест утре излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив. Освен утрешниот протест, во средата во штрајк стапија вработените од Државното ...

За време на 20-годишното владеење на неговата партија, некогаш со СДСМ, некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети постојано ја повторуваше фразата дека Албанците треба да стојат покрај Македонците и обратно во сите нивни предизвици во оваа како што нагласуваше, „заедничка држава“. Но, со преминот на неговата партија во опозиција по 20 години поминати на власт, политичкиот речник на Али Ахмети се промени. Тој сега ја гледа државата како „закана“ за ...

Глобалните цени на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните четири месеци. Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а цената на американската нафта ВТИ (WTI) се движи околу 78 долари. Соединетите Американски Држави во петокот ги воведоа досега најагресивните и најамбициозни санкции за руската нафтена индустрија, насочени кон големите извозници, осигурителни компании и ...

Поради обилните снежни врнежи, областа Голо Брдо е завеана во снег, па од денеска прекината е наставата во сите училишта во областа. – Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што ја поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Владата и од општините да преземат итни мерки за да се ...

Речиси сите државни училишта во Лос Анџелес повторно ќе бидат отворени денеска, иако пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку шумски пожари во кои загинаа најмалку 24 луѓе и уништија повеќе од 12.000 објекти во градот. Образовните власти во Лос Анџелес објавија дека само седум од 1.302 училишта ќе останат затворени. Четири од нив се уништени во пожар во близина на населбата Пацифик Палисадес во северозападниот дел на Лос Анџелес, а уште ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
58%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
43%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.59
51%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
91%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.72
25%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
7.72
52%
1020
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
50%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
73%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315