
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и ...
Амабасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство, денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела. – Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно ...
Комисијата за истрага на авионската несреќа на 25 декември во Казахстан, предводена од министерот за транспорт Марат Карабајев, соопшти дека Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил, објави казахстанска новинска агенција. Во согласност со Анекс 13 на Конвенцијата од Чикаго, државата што ја истражува авионската несреќа мора да обезбеди анализа на црните кутии и е одговорна за изборот на држава за читање и ...
За разлика од минатата година, во 2025 година не очекуваат помалку продолжени викенди и неработни денови бидејќи поголемиот дел од државните и верските празници се паѓаат за време на викенд. Еве кои ќе бидат неработни денови во 2025: За сите граѓани За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ...
Гордан Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира судството, Судскиот совет е само една од алатките со кои се управува судството. Најпроблематично е немањето политичка култура кај политичките партии. Тие го искористуваат судството за сопствени интереси и за сопствена заштита.Во моментот кога политичарите ќе ги кренат рацете судството тоа е доволно професионално и поставено на основи кои само по себе можат да дадат подобри резултати. Се додека ...
Актуелниот хрватски претседател и кандидат на СДП Зоран Милановиќ, според првите податоци од излезните анкети, освоил 49.12 отсто, што упатува дека ќе има и втор изборен круг закажан за 12-ти јануари. Кандидатот на ХДЗ Драган Приморац има поддршка од 19,29 отсто, независната кандидатка Марија Селак Распудиќ 8,84 отсто, а кандидатката на Можеме – Ивана Кекин 8,33 отсто. Исто така, независниот кандидат Томислав Јоњиќ има поддршка од 3,99 отсто, ...
Познатата македонска политичарка и адвокатка Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте бегалци од Граѓанската војна во Грција. Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и ...
Бројот на загинати во авионот на „Jeju Air“ кој утринава се лизна од пистата, удри во ѕид и се запали на аеродромот Муан во Јужна Кореја, се искачи на 177. Најмладиот патник имал само 3 години, а најстариот 78. Во авионот имало 175 патници и шест членови на екипажот. Досега се спасени само две лица – членови на екипажот. Нивната состојба не е објавена. Тие биле пронајдени во опашката на авионот, кој бил единствениот кој останал недопрен по ...
Во најголемата воздушна катастрофа во Јужна Кореа во последните децени, службите засега евидентирале 150 загинати. На видео снимката е прикажано како авионот се лизга на трупот пред да се запали. Локалните пожарникари и воздухопловните експерти велат дека е веројатно некаков дефект на опремата за слетување. Пилотот, исто така, упати повик за опасност, веднаш откако контролната кула предупреди за птиците во областа. Две лица се извлечени од ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство. Како што информираат од Обвинителството надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски ...
Стравична авионска несреќа се случи во Јужна Кореја, при што најмалку 124 лица загинаа откако патнички авион се урна при слетување на аеродром. На летот на нискобуџетната авиокомпанија „Јеју ер“ со „боинг 737-800“ имаше 181 патник и пристигнуваше на аеродромот Муан, околу 290 километри јужно од Сеул, од Бангкок, Тајланд. Авионот се излизга од пистата на аеродромот и се удри во бетонска ограда и се запали откако неговата предна опрема за ...
Скопската новинска агенција Нетпрес објави дека е приведен поранешниот директор на Технолошко те развојни зони – ТИРЗ Јован Деспотовски. Претходно медиумите повикувајќи се на обвинителството и на судот соопштија дека на Деспотовски прво му е одземен пасошот. Јован Деспотовски демантира: Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни. ...
Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни. Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и ...
Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, денеска одржа протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. – Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! ...
Димац Митковски: На крајот на декември се подготвувало одржувањето на Второто заседание на АСНОМ во зградата каде што и денес се наоѓа Собранието на Република Македонија. Владо Малески на Президиумот на Собранието му предложил смела идеја – Второто заседание да се пренесува директно преку радиото. Тоа било голем предизвик, но и грижа како салата од каде што требало да се врши преносот да се поврзе со кабли до самиот предавател. Недостасувале ...
Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно ...
Бранко Тричковски: Приказната за тоа дека бил следен, тој и неговото семејство, од македонските безбедносни служби и тоа како „мозок на паравоени структури” и отворениот предмет во Јавното обвинителство по допрен глас директно од гласниот апарат на премиерот, најверојатно ќе се влече и уште некое време ќе се експлоатира на оваа ниво на „откритието на Мицко”. Ако пак навистина се спроведе истрага, можни се две опции: едната е дека службите не го ...
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го подготвуваа лица од Централна Азија – членови на забранетата ќелија во Русија на меѓународната терористичка организација Исламска држава во Авганистан – „Вилајат Хорасан“. Информацијата ја соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија. Осомничените купиле возило и почнале да прават импровизирана ...
Водечката авиокомпанија во Азербејџан денеска соопшти дека ги прекинува своите летови до неколку локации во Русија поради потенцијална закана, откако се појавија сомневања дека нејзиниот авион бил соборен од руската противвоздушна одбрана оваа недела. Авионот „Ембраер 190“ на Азербејџан ерлајнс во средата леташе од главниот град на Азербејџан, Баку, кон рускиот град Грозни, кога од се уште неразјаснети причини бил пренасочен и се урна додека се ...
Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, во врска со информациите кои ги изнесе на собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација. -Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната ...
Берлин: Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер денеска го распушти Бундестагот – Долниот дом на германскиот Парламент. Шефот на германската држава закажа предвремени парламентарни избори на 23 февруари, откако трипартиската владејачка коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц се распадна. Шолц го загуби гласањето за доверба во парламентот претходно овој месец, по повлекувањето на Слободната демократска партија – ФДП, чиј лидер е ...
Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. -Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија. Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, ...
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство. На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено лице од Управата за финансиска полиција, Ивановски одговори ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието за правнички да не згрешиме. Не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието. -Негативниот извештај за работата на ...
Декември ја обви Македонија во снежна прекривка. Освен планините и повисоките места, со снег се прекриени и повеќето градови. Како што информираат УХМР најмногу снег има на Попова Шапка, 68 сантиметри, Маврово 60 сантиметри, а Крушево 25 сантиметри снежна прекривка. Во продолжение можете да погледнете дел од нашите зимски убавини, снегот кој точно пред Нова година ја разубави и зголеми празничната атмосфера. Попова Шапка Маврово Пониква ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба од куќа. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети и при легитимирање лажно се претставил како ...
Во бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто, загинаа 33 лица, а 15 се повредени, додека повеќе од 1.500 затвореници успеале да побегнат, изјави командантот на полицијата Бернардо Рафаел. Од оние кои побегнале, 150 повторно се уапсени. Мозамбик се соочува со ескалација на немири поврзани со оспоруваните избори во октомври, кои ја продолжија власта на долго владејачката партија Фрелимо. Опозицијата тврди дека изборите биле наместени. ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи, информираат од Град Скопје. – За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија – Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за ...
Триесет и осум лица загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан, изјави казахстанскиот вицепремиер Канат Алдабергенули Бозимбаев. Бозимбаев зборуваше во интервју за казахстанската новинска агенција Тенгрињуз за време на состанокот со истражителите на местото на несреќата. Тој рече дека преживеале 29 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени. Видеата покажаа како авионот ...