15/12/2024 02:09 - Нова ТВ

Малограѓанските, да не речам сељачките третмани на државни функции и функционери и нивните трошоци, ме тераат на повраќање. Муабетите (индициите, ТМ) на чија сметка се вратил амбасдорот во Македонија за да посети тешко болен член на семејството или самиот да дојде на операција затоа што државата не му плаќа здравствено за да се оперира во Њујорк, со јасно обвинување дека така ја оштетува државата, е под секое ниво. Бранко Тричковски Муцунски: За ...

Властите во Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за организирање на смртоносните бомбашки напади во текот на изминатата недела. На 14. декември, регионалната полиција на Днепро уапси осомничен во врска со експлозијата што се случи во центарот на градот претходно истиот ден. Во експлозијата загина еден маж, а четворица се повредени, меѓу кои и двајца полицајци, кои се уште се во критична состојба во болница. Според властите, осомничениот, ...

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, изјави дека последниот напад врз кампот Нусејрат во Газа, во кој загинаа 33 лица, вклучително и осум деца, ја зголемува шокантната бројка од повеќе од 160 деца убиени во палестинската енклава за малку повеќе од еден месец. Таа во изјава наведе дека станува збор за просечно по четири убиени деца дневно, во периодот од почетокот на ноември. Децата не го почнаа овој конфликт и немаат моќ да го спречат, ...

Без оглед на исходот на претседателските избори во САД, војната во Украина најверојатно ќе заврши следната година. И Украина и Русија се соочуваат со недостиг од војници и потешкотии во мобилизирањето млади мажи за првите борбени линии. Оваа реалност укажува дека 2025 година ќе биде година на преговори, пишува Њујорк Тајмс. Победата на Доналд Трамп ќе го забрза почетокот на тие мировни преговори. За време на кампањата, Трамп вети дека ќе стави ...

14/12/2024 08:08 - Нова ТВ

Градот е нем, секако. Тој нема да ти помогне. Ниту гмизавците, ниту лешинарите. Никој. Ниту мртвите нема да излезат од гробовите ниту живите ќе видат дека си жива. Затоа, изрази се, … Tина Иванова Изрази се, инаку ќе умреш. Изговори гласно, па макар и да подголтнуваш отворени рани. Кажи дека не сакаш да водиш љубов. Кафетинот замени го со Бахова фуга. Кажи дека ти недостига оној филмски шарм како на почетокот, сигналот на невидливите феромони, ...

Поранешниот македонски амбасадор во ОН Љубомир Фрчкоски испрати реакција на денешната прес конференција на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој за ексамбасадорот рече дека има „сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства“. -Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека МНР спровело истрага за работата на Амбасадорот во Постојаната мисија на ...

Словенија и Германија подготвија нон-пејпер во кој ќе се предвиди дека во претпристапниот процес нема можност за вето и блокада поради билатерални прашања со соседните земји, најави министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон. Тоа е иницијатива за забрзување на целиот процес на проширување, односно на претпристапниот процес, за да немаме премногу можности да ставиме вето за блокадата на соседите поради билатерални ...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Jеол соопшти дека нема да се повлече од функцијата, иако парламентот денеска гласаше за негово отповикување поради обидот за воведување воена состојба на 3 декември, што предизвика политичка криза во земјата. Јун Сук-Jеол изјави дека ќе се бори до последен момент за задржување на претседателската функција, јави Јонхап, пренесува МИА. – Иако сега морам да застанам, патувањето што го направив со луѓето кон ...

Кога се судрат моќните и обичните граѓани и тие не можат да ги остварат своите права, тогаш која е смислата на демократијата? Ете токму за ова зборував кога реков дека авторитарноста на било кое ниво ја загрозува демократијата и владеењето на правото како нејзина одбрана. Не правото како поим или како збир од закони, туку право донесено врз демократски начела кое е суштина на демократското општество. Војо Маневски Причината за воспоставување на ...

Непознат маж денеска удри студент на Универзитетот за хотелски менаџмент во Белград за време на блокадата во 11:52 часот во чест на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. На вознемирувачкото видео кое е проследено до порталот Нова.рс. , може да се види дека возачот во еден момент забрзува и удира во студент, а потоа бега од местото на настанот. Бевме триесетина и ни се придружија граѓани од улицата. Застанавме мирно на пешачкиот премин ...

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни ...

Но едно нешто веќе се гледа. Бидејќи ова назначување на Груби на црната листа беше „пеколен портокал“ за ДУИ, интегратиците ќе се трудат да ги приберат своите редови, додека главно владините претставници (ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот четиричлен конгломерат ќе удираат со тешка артилерија). За ДУИ ова не е работа што може да ја залечи за три недели, два месеци или до локалните избори идниот октомври. Но, како и секој друг што бара политички опстанок ...

Украина со беспилотни летала изминататат ноќ извршила напади на повеќе локации во Русија, меѓу кои и врз склад за гориво во централниот руски регион Орјол, што предизвикало голем пожар. Гувернерот на Орјол, Андреј Кличко, изјави дека пожарот бил предизвикан од украински „масивен напад“ на инфраструктурата во регионото. Гувернерот на Краснодарската област Владимир Кондратиев, пак, соопшти дека противвоздушната одбрана уништила украински ...

Парламентот на Јужна Кореја во саботата гласаше за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол додека властите ги истражуваат наводите за бунт поради неговата контроверзна уредба за воена состојба од 3 декември што предизвика огромни политички превирања во земјата. Националното собрание го усвои предлогот со 204 спрема 85 гласови. Претседателските овластувања и должности на Јун ќе бидат суспендирани откако копии од документ за импичмент ќе бидат ...

На претстојната меѓувладина конференција на земјите од ЕУ, Црна Гора најверојатно ќе затвори три поглавја од пристапните преговори, дипломатски извори во Брисел. Подгорица се надеваше дека ќе затвори четири поглавја, но, според овие извори, Хрватска посочи дека нема да дозволи затворање на поглавјето 31, кое се однесува на надворешната, безбедносната и одбранбената политика. На 13 декември попладне ќе се одржи состанок на амбасадорите на земјите ...

Демонстрант држи транспарент на кој пишува „15“ за време на собирот во чест на жртвите на железничката станица во Нови Сад со блокирање на сообраќајот во центарот на Белград, Србија. Блокада на студентите во Србија – тоа што објавувате документи не дава одговор на прашањето кој е крив и што се случило, ниту едно од нашите барања не е исполнето во целост. И студентите на Техничкиот факултет во Бор ја блокираа наставата, со што целиот Белградски ...

Републичкиот одбор на просветниот синдикат на Србија соопшти дека на денешната седница зазел став за солидарност со студентските протести и поддршка на барањата кои се и барања на Синдикатот, а се однесуваат на „воспоставување и интензивирање на ефективен социјален дијалог, подобрување на материјалната положба на високообразовните институции и сите вработени на факултетите и високите школи“. Во соопштението наведуваат дека бараат и изедначување ...

Светска банка препорачува низа мерки за подобрување на состојбата со пензискиот фонд. Прво од банката велат за да се намали дупката во ПИОМ потребно е да се укине постоечкиот модел по кој се зголемуваат пензиите, односно, индексирање според растот на платите и цените. Од Светска банка сметаат дека потребно е постепено зголемување на и изедначување на возраста за пензионирање, но и зголемување на стапката за плаќање на придонеси. „Во контекст на ...

Сабина Факиќ: Во ден во кој 23 лица се приведуваат за корупција во јавни набавки и во држава во која за злоупотреби во јавни набавки биле обвинети екс премиери и министри да предлагаш во Собрание законски измени за укинување на контролата од страна на Бирото за јавни набавки е порака која сериозно загрижува. Наместо да се стега обрачот околу корумпираните носители на јавни функции законската регулатива станува овозможувач на криминалот. Ако беа ...

Измената на законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца, информираат денеска од Министерство за социјална политика, демографија и млади. Имено, велат оттаму, од месец октомври 2023 година не се спроведува стручниот испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во ...

Од една страна, зголемувањето на стапката на ДДВ е точно дека негативно влијае на животниот стандард на потрошувачите, бидејќи стоките и услугите поскапуваат за купувачите и тоа автоматски влијае на намалувањето на благосостојбата на граѓаните на земјата и нивните осиромашување. Но, доколку буџетските приходи не ја покриваат другата страна на државниот буџет, тогаш многу економски активности и други планирани проекти остануваат нереализирани или ...

Три феминистички активистки денеска се приведени откако го оштетија споменикот пред комплексот Обединети нации во Женева во знак на протест поради војната на Русија против Украина и неуспехот на ОН да стави крај на конфликтот. Две припаднички на групата Фемен со моторна пила ја сечеа дрвената скулптура позната како „Скршено столче“. Скулптура висока 12 метри, е оштетена во долниот дел, а го симболизира повикот за забрана на „оружје за ...

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор. – Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, минатата 2023 година го потпиша Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по подолг временски период покрај другите права го обезбеди и ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија ги демантира наводите за извршен претрес во нивните простории, истакнувајќи дека постапиле по писмените барања на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Советот нагласува дека не е издадена наредба за претрес и дека ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство. – Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод ...

Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Северна Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Михалис Рокас, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на Тетово. Тој посочи дека во моментот во тек се повеќе дипломатски активности во врска со ова прашање, потенцирајќи дека ...

Во моментов се спроведува предистрага во врска со сомнежи за можноста за сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА, два записници кои треба да се проверат, се одземени. „Одземено е она што требаше да се земе, предистражната постапка е во тек, нема нови информации. Ќе информираме кога ...

Проекции се прават од сите страни, а клучно е дека постои свесност дека недостасуваат средства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во фондот, порача денеска Глигор Бишев, претседателот на Фискалниот совет. -Ние имаме дијагноза и дијагнозата е заедничка. Постои консензус, а тоа е дека има недостаток на средства. Останува да се утврди терапија. Терапијата се дискутира и ние не сме замена за носителите ...

Северна Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди, зајакнување на капацитетите за истрага и гонење кривични дела поврзани со тероризам, како и размена на информации за спречување на радикализација на насилството и напредок во реинтеграцијата на повратници од воените зони, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот ...

На сѐ повеќе пациенти им е неопходна трансплантација на органи, но, целиот свет е соочен со недостиг на органи што би можеле да се трансплантираат и затоа е многу важно да се зголеми свеста и да има што повеќе трансплантации од починат донор со мозочна смрт, вели во интервју за МИА, проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, специјалист по анестезиологија со реанимација од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и ...

Паметните телефони, кои денес се дел од секого за кратко време ќе бидат заменети со нов облик на уреди за комуникација, покажува истражување на јавно мислење, пренесуваат австриските медиуми. Потрошувачите очекуваат дека паметните телефони наскоро, односно за 5 години ќе исчезнат, покажува истражувањето кое е спорведено од Ericsson. Ерата на паметните телефони може да биде завршена во наредните пет години, а се претпоставува дека ќе дојде ера на ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
37%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
69%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
84%
1022
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
44%
1016
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.4
42%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
76%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 34ᴼ
6.17
29%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
42%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
47%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
6.69
85%
1018
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
33%
1015
Currency

61.525

Currency

52.5676

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69