
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Главната пречка за влез на Украина во Европската унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон. Освен тоа, корупцијата ја попречува обновата на земјата и привлекувањето странски капитал. Судии, политичари и функционери беа обвинети за корупција, а Министерството за одбрана беше клучен играч во многу корупциски скандали. Проблемите со корупцијата и владеењето на правото во Украина ќе бидат ...
Три дена пред црниот јубилеј од 1000-дневна целосна руска агресија против Украина, воздушните тревоги продолжуваат. Рускиот терор од воздух е насочен против цивилни цели, како цинична казна и покритие за неуспехот на бојното поле. Украинската амбасадорка Лариса Дир води дневник на главни настани од оваа брутална инвазија на социјалните мрежи. Ден 997. Трета воздушна тревога во Кијив. Русите користат термобарични дронови истовремено со ...
Израелските копнени сили навлегоа во најдлабокиот дел на либанската територија од почетокот на копнената операција пред шест недели, пред да се повлечат денеска по судирите со членовите на милитантната група Хезболах, објавија либанските државни медиуми. Израелските војници зазедоа стратешки рид во јужното либанско село Чама, на околу пет километри од израелската граница, објавија либанските медиуми. Војниците подоцна се повлекле. Израелските ...
Москва останува единствената пречка за праведен мир за Украина, објавија денеска учесниците на самитот на земјите-членки на Г7 во декларацијата по повод 1.000 дена од руската инвазија на украинска територија. И лидерите на членките на Г7, на Франција, САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Германија и Италија во оваа прилика потврдија „цврста поддршка за Украина колку што е потребно. Остануваме солидарни за да придонесеме во борбата за ...
Љубомир Костовски: Апсењето на министерот за здравство Хрватска по барање на европскиот јавен обвинител го изненади и хрватскиот премиер. Мораше да го разреши по итна постапка откако набрзина го свика најтесниото партиско раководство (не и Владата!). Да појасниме – европскиот обвинител е самостоен и има свое седиште во Загреб, бидејќи Хрватска е член на Унијата. Не мора да ги известува локалните моќници, а може да ги користи локалните полициски ...
Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК, вели денес на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска и додава дека сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации) со надоместок од 2.700 евра месечно. -Ухлебувањето ...
На Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ ги повикува државата, институциите, граѓанското општество и медиумите активно да придонесуваат кон градење на културата на дијалогот, мирот и ненасилството, да ги прифатат и уважуваат различностите како богатство, и максимално да ги почитуваат универзалните човекови права и слободи. Државите, политичките и други центри на моќ, кои ги кршат човековите права, спроведуваат насилство и водат војни треба да ...
Израелската армија изутринава изврши нови напади врз упориштата на проиранското движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут, по повикот до населението да се евакуира, пренесува Бета. Облаци чад се издигнуваат над јужните предградија на либанската престолнина. Пред нападот, портпаролот на израелската армија ги предупреди жителите на населбата Харет Хреикда да се евакуираат преку социјалната мрежа Х. Бомбардирањето на цели во Либан започна ...
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека не знае како новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп има намера да ја реши кризата во Украина, но во Москва со нетрпение чекаме да го слушнеме неговиот предлог. Не можам да замислам како Трамп ќе ја реши кризата, но да ги почекаме неговите предлози. Постојано нагласувме дека секој политичар кој вели дека е за мир, а не за војна, заслужува внимание, изјавил Лавров. Во ...
Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во радио интервју емитувано денеска, шефот на украинската држава повторно изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор. Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски. Вчера тој изјави дека ...
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК ) во Лима, предупреди дека претстои на ера на значајни политички промени во светот. -Доаѓаме до момент на значајни политички промени, рече Бајден за време на состанокот со лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја, додавајќи оти, сепак, нивниот трипартитен сојуз е изграден да трае. На маргините на самитот на АПЕК во Лима, Бајден првпат се ...
Како што објави Укринформ, Доналд Трамп во неколку наврати се пофалил со блискиот однос со Путин, изјавувајќи дека Путин го почитува и дека никогаш немаше да ја нападне Украина доколку републиканецот беше претседател. Драган Мишев Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе се фокусира на руската војна против Украина, која мора да престане, пренесува Си-ен-ен. „Ќе работиме многу напорно за Русија и ...
Потресни се сознанијата што ги сподели Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир, во ексклузивното интервју за Фронтлајн. Меѓу другото, амбасадорката открива дека „руските воени сили егзекутираат украински воени затвореници, вклучувајќи ги и невооружените и ранетите“ и дека „бројот на егзекуции на украински војници кои паднале во заробеништво е во пораст“. Фронтлајн Во ова интервју, нашата ексклузивна соговорничка ги ...
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева ја оцени како директен упад во судската власт одлуката на Државната комисија за спречување на корупција – ДКСК, според која Судскиот совет треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Дамева во вечерашното гостување на Топ Тема на ТвТелма тврдеше дека одлуката на Судскиот совет да назначи двајца свои членови во УО на ...
Под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“. Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени денеска дека разговорот на германскиот канцелар Олаф Шолц со рускиот претседател Владимир Путин ја отвори „Пандорината кутија“ поткопувајќи ги напорите да се изолира рускиот лидер. Сега можеби ќе има и други разговори, други повици. Само многу зборови. А токму тоа го сакаше Путин долго време. За него е исклучително важно да ја ослаби својата изолација, рече Зеленски во вечерното обраќање. Путин ...
Од Градот Скопје реагираат на обвинувањата од страна на власта за хаосот со јавниот превоз. Жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните, реагираат со соопштение од Град Скопје на изјавите на министерот Николоски и градоначалникот Ѓорѓиевски. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, првпат во последните две години, соопшти германската Влада. Владиниот портпарол Штефен Хебстрајт објави дека за време на разговорот Шолц ја осудил „руската агресивна војна“ против Украина и го повикал Путин да ја прекине со повлекување на трупите што ја нападнаа земјата во февруари 2022 година. Шолц, исто така, ја повика ...
Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година ниту на Стара нова година, од почит кон жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 14 лица, а три се тешко повредени. Според соопштението од Градската управа, одлуката ја донел градоначалникот Милан Ѓуриќ. Тој изјави дека, од почит кон жртвите и сочувство со нивните семејства, градот се откажува од големите прослави, нагласувајќи дека солидарноста ...
Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро. Дестан Јонузи Дебатата од дистанца меѓу лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за „дестабилизација“ на државата продолжува да биде тема. Откако Мицкоски претходно го обвини Ахмети дека е „дестабилизатор“ на државата, истакнувајќи дека и ...
Во Основниот кривичен суд Скопје во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на Обвинителството беа сослушани родителите, сестрата и внукот на таткото на Вања. На сослушувањето тие зборуваа за моментот кога дознале дека Вања ја нема и нејзината потрага. Тие зборуваа и за нивните семејни односи и материјалната состојба. Зоран Ѓорчевски, татко на Александар, пред судот денеска изјави дека бил во постојан контакт со ...
Испитувањата посочуваат и дека за учењето на „ГПТ-3“ во центрите за податоци на „Мајкрософт“ во САД потребно е вкупно 5,4 милиони литри вода – бројки коишто, според истражувачите, може да се зголемат за посовремениот „ГПТ-4“. Јутарњи лист Поради зголеменото присуство на „чет-ботови“ покренати со вештачка интелигенција и разните различни модели на ВИ во секојдневието, се покренуваат и прашањата за нивното влијание врз животната средина, особено ...
Ненад Јовановиќ: Тие луѓе се длабоко потрошени. Време е за нови лица, нова сила, нова енергија и, ако сакате – нова емоција во социјалдемократската партија. Нови лица во СДСМ мора да има. Лица на млади луѓе кои немаат никакви историски петна и компромитации од секаков вид. СДСМ како политичка партија форматирана е и историски (не само денес): на внатрепартиски „класни војни“, затоа и денес заврши на очајни 15-тина пратеници. Денешните пратеници ...
Лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина соопштија дека како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, повредени се три лица, во тешка општа состојба и дека сега се развиваат секундарни компликации, објави денеска РТС. Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. Досега во Вишото јавно обвинителство во Нови ...
Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план. Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата. Во Предлог-буџетот, според Филипче, има проектирано нереални високи стапки ...
Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина во рамките на механизмот на Европската унија за Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на објава на украинскиот премиер Денис Шмихал на „Телеграм“. Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра на Украина во рамките на Украинскиот механизам. ЕК даде позитивна оценка за реформите и истакна дека владата ги исполнила потребните индикатори за да ја добие оваа транша. ...
Доналд Трамп се пошегува дека „не може да се ослободи“ од Илон Маск додека милијардерот продолжува со своето влијание врз новоизбраниот претседател, објавија светските медиуми. Илон не сака да си оди дома. Не можам да се ослободам од него, барем додека не почне помалку да ми се допаѓа, изјавил Трамп на средбата со републиканците од Претставничкиот дом. Трамп го прогласи Маск за копретседател на новиот Оддел за владина ефикасност во вторникот, ...
Свечено доделени наградите 13 Ноември за придонес во развојот, севкупниот напредок и афирмација на градот Скопје, по повод одбележување на 80. годишнината од денот на ослободувањето на Скопје, за што беше организирана целодневна пригодна програма. Од областа на науката добитник на наградата 13 ноември е проф.д-р Драги Митревски за посебен придонес во истражувачката научна и едукативна дејност поврзанa со Скопје, како и со меѓународна афирмација ...
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави можност да ја укине опцијата за одобрување статус на привремено заштитени лица (Temporary Protected Status – ТПС), кој сега го имаат околу милион луѓе. Марибел Идалго избегала од родната Венецуела пред една година со својот едногодишен син, патувајќи низ Панама и Мексико, за да стигне во САД. Таа живеела во САД кога администрацијата на претседателот Џо Бајден објавила дека на Венецуелците ќе ...
Насочувањето кон непосредни договори ќе продолжи да биде негова карактеристика, што би можело да донесе решенија за големите спорови на Балканот и во Светот. Именувањето на сенаторот Марко Рубио за шеф на американската дипломатија навестува надворешна политика што ќе биде во согласност со традиционалните реалистички вредности на Републиканците. Ова значи насочување на фокусот кон Кина и Иран, притисок врз Русија за запирање на војната во ...