Повеќе од 100 луѓе се убиени во Газа, по објавувањето на договорот за прекин на огнот во средата, од кои најмалку 27 се деца, велат податоците на Цивилната одбрана на Газа. Локалните екипи за итни случаи опишаа сцени на немилосрдно бомбардирање откако Израел и Хамас постигнаа договор, кој се очекува да стапи на сила во наредните денови. Инаку, Израелскиот безбедносен кабинет ќе се состане во петок за да разговара за прекинот на огнот во Газа и ...

Стабилна е состојбата на студентката која вчера беше повредена кога патничко возило ја прегази на протест во Белград, велат лекарите. На возачот, кој се товари за кривично дело тешко убиство во обид, му е одредено задржување до 30 дена. Управите на сите факултети на Универзитетот во Белград заеднички најостро го осудија „бруталниот“ напад врз студентката. Во соопштението се истакнува дека овој бесмислен чин на насилство претставува директен ...

Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на дрон е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт. Романија, членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го надгледува воздушниот напад. Паѓањето делови од дронови и повреда на воздушниот простор на Романија се редовна појава во изминатата ...

Властите во Лос Анџелес ги предупредија повеќето евакуирани од шумските пожари да не се враќаат во своите домови најмалку уште една недела, бидејќи спасувачите го отстрануваат токсичниот отпад од изгорените населби и ги прекинуваат електричните и гасните линии што претставуваат опасност среде урнатините. Одроните дополнително ги загрозуваат опустошените падини, каде што срушените згради повеќе не можат да служат како потпора. Ова го зголемува ...

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Семејството во селото Славеј повикало итна помош. ...

Илјадници луѓе се евакуирани, а дел од автопатот во Северна Калифорнија е затворен откако избувна голем пожар во една од најголемите капацитети за складирање батерии во светот, електраната Мос Лендинг. Пожарот кој избувна вчера попладне предизвика голем облак црн чад, а немаше знаци дека ќе стивне до вечерта, објавија американските медиуми. На околу 1.500 луѓе им беше наредено да ја напуштат областа Мос Лендинг и Елхорн Слу. Објектот, кој се ...

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се случи на 20-ти овој месец во Вашингтон. Премиерот Христијан Мицкоски на 18. јануари ќе отпатува за САД. Но, на инаугурацијата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Претседателот на Собранието ја смета поканата како доказ за посветеноста на континуираната соработка со САД во сите области. Во Вашингтон ќе престојува и Арбен Таравари, претседател на ...

Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според планираното, околу 16 часот и 30 минути студентите и граѓаните ќе молчат 15 минути, а по интонирањето на химната на ...

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен миг. Ова го соопшти портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и додаде дека кабинетот на Тел Авив нема да го одобри договорот што го постигнаа преговарачите во Доха. Портпаролот рече дека израелските претставници остануваат во Катар. Вчера мислевме дека имаме договор, денеска Хамас направи измени на овој ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека најважно е Украина да биде во најсилната можна позиција во 2025 година. Во Кијв, каде Стармер треба да потпише „100-годишно безбедносно партнерство“ со Украина, денеска се огласи аларм и се слушнаа експлозии додека беспилотно летало леташе над центарот на градот, пренесе агенцијата Франс прес. Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на Телеграм, за време на посетата на британскиот премиер, напиша ...

Поднесено е обвинение против двете лица кои му нанесоа тешки повреди на кучето Феликс кое како последица на повредите почина на 7 јануари. Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа денеска, го има собрано целокупниот доказен материјал по што е поднесено обвиненитето против двете лица кои се товарат на кривично дело „убивање и мачење животни“ од член 233 став 1 од Кривичниот законик. – Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го ...

Американскиот амбасадор во Србија кој е во заминување, вчера присуствуваше на мечот помеѓу Црвена звезда и Фенербахче во белградската Арена. Кога црвено – белите го забележаа неговото присуство во ВИП ложата, следеа погрдни скандирања. А, навивачите донесоа и знаме на кое пишува „No Surrender“ и го вееа пред негови очи. pic.twitter.com/lOTfnPpclL — Ricardo Kaka (@rikardons) January 15, 2025 Амбасадорот Кристофер Хил на полувремето ја напушти ...

Детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба. Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете. Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница ...

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок. Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала. Даути, образложувајќи ја оставката, посочи дека ...

Учеството на младите на пазарот на трудот се намалува на глобално ниво, особено во земјите со ниски приходи, се наведува во денеска објавениот годишен извештај на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) за вработување и социјални прашања. Во извештајот се посочува дека во земјите со ниски примања драстично е намалена активноста кај младите мажи, кои се дел од генерацијата што не се образува, вработува или обучува. – Сè уште во земјите со ...

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. На ова, претседателот на Собранието ...

Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски пред Државниот завод за статистика изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок. – Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на ...

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 34 од 55 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека други 18 беспилотни летала ги промашиле своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили. Беспилотни летала беа соборени во 11 региони на Украина, се наведува во соопштението. Паднаа и делови од дронови, при што е оштетена енергетската инфраструктура во централна Украина, во регионот Полтава, ...

Јужноафриканските власти извлекоа најмалку 60 тела од окното на затворениот рудник за злато на повеќе од два километра под земјата, каде што се стравува дека има повеќе заробени, по опсадата како дел од борбата против нелегалното ископување. Опсадата на рудникот, која почна во август во градот Стилфонтејн, на речиси 150 километри од Јоханесбург, го прекина снабдувањето со храна и вода во обид да ги принуди рударите да излезат на површината за да ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Хамас е против дел од договорот за прекин на огнот со кој Израел би добил право на вето за ослободување на одредени палестински затвореници. „Хамас се обидува да диктира кои палестински затвореници ќе бидат ослободени“, рече Нетанјаху, додавајќи дека, спротивно на договорот, се бара идентитетот на терористите одговорни за масовни злосторства, пишува „Sky News“. Договорот во моментов чека ...

Славјанка Патровска: Нема никакви реформи спроведени во изминатите 6 месеци а граѓаните живеат потешко. Најголемата реформа која ми паѓа на памет е пропагандата и „реформа” на ПР-от или рекламирањето на владата. Во сите други области има назадување и потфрлање особено во делот на животниот стандард на граѓаните. СДСМ ги поддржа мерките за зголемување на пензиите. Ние бараме покачување на платите и секое зголемување на плати го поздравуваме. Тоа ...

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани. Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, неколку изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада. Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков ...

Руските медиуми јавија за голем напад на украински беспилотни летала врз регионот Тамбов, кој, според достапните информации, бил насочен кон фабрика за барут во селото Кузмино-Гат. Според информациите од руските телеграмски канали „Меш“ и „Шот“, објавени од „Украинска правда“, локалните жители забележале голем број беспилотни летала. Според украинскиот медиум жителите ја слушнале и руската воздушна одбрана и виделе блесоци на небото. Покрај овој ...

Прес на Џо Бајден на кој на прашањето кој е заслужен за примирјето меѓу Израел и Хамас – тој или Трамп, Бајден одговори: „Се шегувате? Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ова е „многу добро попладне“ додека официјално го објавуваше договорот меѓу Израел и Хамас, набргу по привремениот договор за прекин на борбите во Газа и фазното ослободување на заложниците и палестинските затвореници, пренесува Си-ен-ен. Ова е многу добро попладне, ...

Владата на Израел се очекува вечерва да гласа за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар изјави дека ќе ја прекине посетата во Европа, за да присуствува на седницата на Кабинетот за безбедност и да гласа на Влада за договорот. По напредокот во преговорите за ослободување на заложниците, министерот Сар ја прекина ...

Марина Тунева: Социјалната инклузија во современите општества е еден од клучните принципи за постигнување рамноправност и правда. Сепак, во Северна Македонија ранливите групи сè уште се наоѓаат на маргините на политичката комуникација и медиумското информирање. Ова го покажа и истражувањето за инклузивните интернет портали и изборното рекламирање во земјава подготвено во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ ...

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и за заложници што ќе стави крај на борбите во Газа и ќе ја зголеми хуманитарната помош за палестинските цивили. Можам да објавам прекин на огнот и постигнат е договор за заложници меѓу Израел и Хамас, рече Бајден во Белата куќа. Договорот беше постигнат по 15 месеци страдање, рече тој, и ќе биде проследен со наплив на хуманитарна помош во Газа. ...

Жителите на Газа и во повеќе израелски градови вечерва на улиците го слават договорот меѓу Хамас и израелската делегација за постепен прекин на огнот и размена на заробеници. Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на конфликтот во Газа и размена на израелски заложници за палестински затвореници, јавија доцна попладнево светските медиуми, повикувајќи се на изјави од делегациите на двете страни. Договорот може да го означи крајот на ...

Постигнат е договорот кој вклучува постепено ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, ослободување на стотици палестински затвореници во Израел и враќање на стотици илјади раселени луѓе во Газа во нивните домови. Договорот предвидува и испорака на многу потребна хуманитарна помош на опустошената палестинска територија. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп штотуку напиша на платформата Truth Social: Имаме договор за ...

Тој денеска ја прими и веднаш му ја врати папката, на како што рече, исполнетиот мандат на претседателот Радев, откако претходно ги претстави имињата на новиот кабинет, а кој треба да биде изгласан во собранието. Жељасков соопшти дека владата ќе ја сочинуваат три партии, ГЕРБ, БСП – Обединета Левица и Има таков народ. Консултациите со БСП и Има таков народ беа засновани на цели, приоритети и принципи на управување. Ги направивме неопходните ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
58%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
43%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.59
51%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
91%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.72
25%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
7.72
52%
1020
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
50%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
73%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315