
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Невозможно е четворица обвинети, кои еднаш го признаа кривичното дело, а потоа го повлекоа, досега во текот на оваа постапка да немаат ниту едно прашање да постават или да приговараат на било каков доказ. Тоа ни укажува дека во конкретниот случај можеби тие се заложници во овој кривично правен настан или дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка, а се од причина единствено првообвинетиот Љупчо Палевски да биде лицето кое го ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција разобличи голем скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија, од страна на власта и вистината излезе на виделина. Филипче посочи дека вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со анкетната комисија за Клинката за онкологија која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше ...
Обвинителството има преземено доволно дејствија, сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска. Според Крстевска, очигледно е дека обвинетиот Љупчо Палевски поднесеното барање за изземање го искористи да ги изнесе сите свои наводи кои што начелно му одат во поткрепа на негова одбрана. Доказите се приложени во списите од предметот и очигледно е дека со презентирањето на видео записите ...
Севернокорејските војници привремено се повлекоа од бојното поле во Русија по претрпените големи загуби, изјави за „Скај њуз“ командант на украинските специјални сили, познат по кодното име Пулс. Според него, војниците на Ким Џонг-ун веројатно се обидуваат да научат од грешките направени при првите крвави судири со украинските сили, се грижат за ранетите или чекаат засилување. „Мислам дека набргу ќе се вратат“, рече Пулс од тајната база во ...
Во Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ) вечер ќе се одржи Свечена Светосавска академија, во организација на Српскиот културен центар, по повод Свети Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија. На свеченоста, како што најави Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, ќе присуствува и патријархот на Српската православна црква г. г. Порфириј. Како што најавија организаторите, во рамки на ...
На почетокот на церемонијата, Анджеј Дуда, полскиот претседател, положи венец на Ѕидот на смртта, во придружба на поранешни затвореници. Илјадници затвореници беа стрелани пред овој ѕид од страна на нацистичките СС војници. На комеморацијата учествуваат повеќе од 50 поранешни затвореници од Аушвиц-Биркенау и други логори. Четворица од нив попладнево ќе бидат дел од централниот настан и ќе одржат говори. Не се предвидени говори на политичари, ...
Соединетите Држави нема да продолжат со воведување царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните илегални мигранти, соопшти Белата куќа. Доналд Трамп нареди царини од 25% за сите колумбиски стоки откако колумбискиот претседател вчера забрани слетување на воените авиони со мигранти депортирани од САД. Колумбискиот претседател Густаво Петро првично нагласи дека неговата земја ќе ги прифати депортираните во „цивилни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара воведување царини, визни ограничувања и други мерки кон Колумбија, откако Богота не дозволи слетување на два лета со илегални мигранти депортирани од САД. Трамп на платформа „Трут сошл“ објави дека одлуката на колумбискиот претседател Густаво Петро ја „загрозува“ националната безбедност на САД. Претходно, Петро на Икс објави дека „САД не можат да ги третираат колумбиските ...
Кабинетот на словачкиот премиер Роберт Фицо го загуби мнозинството во парламентот откако четворица пратеници од Глас, владиниот коалиционен партнер, решија дека повеќе нема да и даваат подршка на владејачката гарнитура. Без нивната поддршка, коалицијата која ја предводи Фицо може да смета на 75 пратеници кои не се доволни да се има контрола врз парламентот кој брои 150 народни избраници. Ваквата состојба води кон дополнителна политичка ...
Не можам да поверувам дека преживеав и го дочекав овој момент. Ова го чекаме без здив уште откако почна војната – изјави за Ројтерс 17-годишната Палестинка Санабел. Митко Билјаноски Целта на договорот е огнот да прекине, Хамас да ги ослободи сите преостанати израелски заложници, Израел да пушти од затвори неколку илјади Палестинци и полека да ги повлекува своите трупи од Газа за да можат раселените лица да се вратат во своите домови Израел и ...
Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси, а врз основа на истражувањето младите на возраст од 18 до 24 година се помалку заинтересирани за партиско инволвирање. Тоа, смета, доцентот Близнаковски, се некои работи што ќе треба во иднина да ги надминеме со цел да постигнеме некое покохезивно општество. Во Северна Македонија најчесто се гласа по етничка линија. Висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на ...
Војо Маневски: Кога ќе се качат цените ќе расте притисокот за поголеми плати и пензии. Бидејќи се намалени средствата во буџетот ќе се појават низа на социјални протести и потреси. Сето ова е логичен след на состојбата во економијата и во државата во целост. Затоа е потребна и граѓанска акција. Во социјалниот дијалог синдикатите ги штитат вработените. На пазарот е потребна заштита на потрошувачите во двата сегменти. И кога се работи за ...
Оливер Андонов: И бидна и тоа чудо, од Бељаковце до Петровец via Вашингтон и Њу Јорк. Повторно истите будалаштини за збудалување на Македонецот. Аман бе ….тииит, од каде ти текна да ги проблематизираш МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВНОСТ низ глупавата флоскула за божем „македонското прашање“ и неговото не затварање или отварање (како да сме конзерва, отвори-затвори, стави во замрзнувач). Најпрво, не постои таканаречено „македонско прашање“ тоа е ...
Од неговото стапување на должноста американски претседател, Доналд Трамп испраќа едноставна порака до Европејците дека е „дојдено време за наплата“. Тој во четвртокот во онлајн обраќање на Светскиот економски форум во Давос порача дека ја сака Европа, но дека Европската Унија се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните за американските технолошки компании и со суфицитот во меѓусебната трговска ...
Десетици илјади Германци одржаа демонстрации синоќа пред Бранденбуршката порта во Берлин, против зголеменото влијание на екстремната десница. Демонстрантите користеа фенери и мобилни телефони за да создадат, како што го нарекоа организаторите „море од светла“ насочено против партијата Алтернатива за Германија (AфД). Според полицијата, бројот на учесници на протестот во главниот град на Германија бил околу 30.000 луѓе. Демонстрациите се одржаа ...
Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, сподели видео од студентските протести во Србија преку објава на Твитер, коментирајќи дека е важно да се остават различни гласови да се слушнат, но дека „нема поддршка за оние кои го поткопуваат правилото. на правото и насилно ги напаѓаат државните институции. Секогаш е важно да можете да го кренете гласот и да бидете слушнати. Но, секој мора да го осуди ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово. Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил ...
Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците. „Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство. Ова е година на благодатта, можност за сите ...
Одлуката на американската влада да ги замрзне повеќето програми за меѓународна помош доведе до откажување на летовите за повеќе од 40.000 Авганистанци на кои им беа одобрени специјални визи за САД и сега се изложени на ризик од одмазда од талибанците, јавија светските агенции, повикувајќи се на адвокат и американски официјален претставник. „Повеќето од блокираните се наоѓаат во Авганистан, додека останатите се во Пакистан, Катар и Албанија“, ...
Јужнокорејските обвинители денеска официјално покренаа обвинение против суспендираниот претседател на земјата Јун Сук-Јол поради краткотрајното воведување воена состојба во декември минатата година, јави јужнокорејска новинска агенција. Според законот, рокот за држење на Јун Сук Јол во притвор истекува утре, откако тој беше приведен на 15 јануари од Службата за истражување корупција на високи официални претставници. Тој беше уапсен на 19 ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио и даде инструкции во дипломатска телеграма на мисијата на САД во Обединетите нации да ги информира земјите-членки на ОН дека САД планираат повторно да се приклучат во меѓународната алијанса против абортусот. Во телеграмата се наведува дека постапувањето на администрацијата на Џо Бајден по прашањето за абортусот „го поткопало здравјето на жените и го намалило сувереното право на секоја нација да ја ...
САД престанаа да издаваат пасоши означени со „Х“ за полот на луѓето кои се идентификуваат како трансродови. Ова е направено врз основа на указот на претседателот Доналд Трамп потпишан на првиот ден од неговиот мандат, соопшти Стејт департментот. Стејт департментот повеќе не издава американски пасоши со ознака „Х“ и обработката на барањата за пасоши со таа ознака е прекината. Во понеделникот, на денот на неговата инаугурација, Трамп потпиша ...
Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски. Во 12.33 часот имаме добиено пријава за настанат пожар. Пожарот се случи во автобус во близина на Сопиште, кај кружниот тек, изјави Томевски. Тој информира дека при гаснење на пожарот е интервенирано со две возила и осум пожарникари и истиот ...
Со пиштол на дијаболи во текот на вчерашниот ден било повредено девојче во училиште на подрачјето на општина Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Во 13:43 часот од основно училиште на подрачјето на Чаир било пријавено дека во училиштето, со пиштол на дијаболи, што го носел нивен ученик, повредена била малолетна ученичка. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во периодот од девет до 9:30 ...
Бранко Тричковски: Македонскиот накот конечно е пред победа. Не против Кувајт. Против комунистичката антифашистичка подметачина наречена држава и нација. Во која остана заробен цели 45 години. Последните 35 се битка тој товар да се симне од грбот на магарицата. Да биде слободна и да фрла чифте кога некој ќе сака да и го начука. Ако не е од дејците. Кои ќе ја растоварат од се освен од себе и своите копита на грбот! Вмро е пратеникот кој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети Калифорнија за да го види пустошот од пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес и кои уште продолжуваат да предизвикуваат хаос. Слетувајќи на асфалтот во Лос Анџелес, Трамп беше пречекан од демократскиот гувернер Гевин Њусом, чест „спаринг партнер“ со кој во оваа пригода имаше попомирувачки тонови. Како да е погодена од бомба, рече Трам кога одблизу го виде опожарениот предел во Лос Анџелес. Не ...
Јеменските бунтовници Хути денеска ослободија 153 воени затвореници, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Хутите вчера најавија ослободување на затвореници, како дел од напорите за намалување на тензиите по постигнатиот Договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тие на почетокот од неделата соопштија дека ќе ги ограничат нападите врз бродови во Црвено Море и ги ослободија 25 члена на екипажот на бродот „Галакси лидер“, што беше ...
Хамас денеска предаде четири заложнички на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Нивното ослободување беше пренесувано во живо на телевизија. Израелската армија соопшти дека четирите заложнички пристигнале во Израел. Четирите жени војници – Карина Ариеф, Даниела Гилбоа, Нама Леви и Лири Албаг – беа стационирани во набљудувачка станица во близина на границата со Појасот Газа, кога беа киднапирани од борците на Хамас, кои ја презедоа нивната ...
Во синоќешниот напад извршен од Украина, синот напад со дронови доведе до сериозен пожар во една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, лоцирана во Рјазан, јави „Кијив индепендент“. Министерството за одбрана на Русија потврди дека во текот на ноќта биле пресретнати 121 украински дрон, од кои 37 над Брјанска област, 20 над Рјазанска област и 17 над Курска и Саратовска област. Рафинеријата во Рјазан, која има капацитет да преработува 17 ...
Палестинските милитантна организација Хамас ги објави имињата на четирите жени членки на израелската армија кои ќе бидат ослободени во замена за палестинските затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Нама Леви и Лири Албаг ќе бидат ослободени денеска, соопшти Хамас. Размената, која се очекува да започне денеска попладне и е втора размена на затвореници по прекин на огнот од минатата ...