
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Загрижувачко е нивото на неамбициозност и незаинтересираност на жените да учествуваат во политички живот на државата, истакна Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, која го изработи истражувањето на ОБСЕ „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Ова, како што кажа таа, пред се го препишуваме на стегите кои се присутни во нашето општество и ги обесхрабруваат жените да го преземат тој кариерен пат во нивниот ...
Европскиот парламент денеска со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“ го одобри изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен. За да биде одобрена Европската комисија требаше да добие поддршка од мнозинството европратеници кои гласаа или во случајов 345 гласа. По одобрувањето на ЕК, претседателката на ЕП, Роберта Мецола го потпиша Писмото за потврдување на изборот и и го предаде на Фон дер Лајен. На гласањето му претходеше ...
Министерот за здравство Арбен Таравари сподели дека е во болница откако вчера доживеал колапс. Тој, како што објави на Фејсбук, е се уште под опсервација на лекарите. -Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. ...
По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од 2 до 7 декември. Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството ...
Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, ...
Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска. Засега нема извештаи за наводно прекршување на примирјето. Израел рече дека ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот. Прекинот на огнот бара првична двомесечна пауза во борбите и бара Хезболах да го прекине своето вооружено присуство во јужен Либан и израелските трупи да се вратат на нивната страна од границата. Илјадници дополнителни либански војници и мировници ...
Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“. Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312. Зад Сараево на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет на воздухот е 259, потоа Њу Делхи (Индија) со индекс 225, Скопје со 184 и Кувајт (Кувајт) со индекс ...
Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од годинава. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари или зголемување за 7,4 проценти. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Според податоците на ...
Како и секоја политичка партија, посебно сега по неочекувано катастрофалниот пораз СДСМ ќе мора „идеолошки“ повеќе да мисли на човекот, на граѓанинот, на неговото секојдневие, на средната класа за која практично постои и која не успеа да ја „инсталира“. Дестан Јонузи „Пред СДСМ стојат големи предизвици во наредниот период. Едно е сигурно, на оваа партија не и недостигаат јасни демократски принципи и социјалдемократска идеологија“, велат ...
Венко Филипче: Изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои сметам дека се во нејзина надлежност и ингеренции. Тоа, пред сè, е партизацијата која се случува во дел од безбедносните структури. И` укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции ако се продолжи со ваква партизација, а имајќи и предвид дека сме имале лошо искуство во минатото и ...
Украинците тврдат дека ги истуркале Русите од Купјанск во областа Харков и дека сега ја контролираат ситуацијата на периферијата на градот. Тие се обидуваат да се инфилтрираат преку мали напаѓачки групи, а потоа се натрупуваат. Тоа го прават без ангажман на голем број оклопни возила. Успеавме да ја стабилизираме ситуацијата на тој фронт, а непријателот беше одбиен, рече Назар Волошин, портпарол на Оперативната стратешка група на силите. ...
Тони Дескоски: Во правниот систем постојат правила што им даваат надлежност на органите за вршење на избор и именување на лица на функции. Но, во истите тие акти понекогаш е дефиниран и Предлагачот кој е овластен /надлежен да даде предлог за избор или именување на одредено лице на некоја функција. Без предлог од овластениот предлагач, рацете на органот надлежен за избор му се „врзани“, односно тој не може да врши избор или именување. Така на ...
Во Брисел денеска се одржа состанок на Советот НАТО-Украина (НУЦ) на кој амбасадорите разговараа за безбедносната ситуација во Украина по руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ) минатата недела. Високи украински воени претставници го информираа Советот преку видео врска, соопшти Алијансата. За време на состанокот, сојузниците на НАТО ја потврдија својата поддршка за Украина. Нападот, чија цел беше Дњепар, ...
Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“. Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата. – Јас изразив загриженост ...
Љупчо Николовски: Тоа може да го видиме по тоа што откако се власт го прифатија новото уставно име, Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, членството во НАТО. А го ветуваа спротивното. Еве пред неколку дена можевме да ги видиме премиерот, двајца вицепремиери, министри и бројни други функционери како преку медиумите и социјалните мрежи ги пренесуваа позитивните импресии од нашето учество на саемот Винска Визија во Белград – кој е директен ...
Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови. Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните ...
Расположението помеѓу европарламентарците во однос на билатералниот спор помеѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов не е наклонето кон нашата земја. Извори од европарламентот со кои разговараше ЦивилМедиа велат дека ова прашање не е високо на агендата на европарламентарците и порачаа дека уставните измени мора да се направат, и беа скептични за можни модификации. „Направете нешто за да можеме да ви помогнеме“, велат соговорниците. Уште ...
Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување се одржа денеска во Кабинетот на Претседателот, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата. За претседател на Комисијата, како што информираат од Кабинетот на Сиљановска Давкова, е именувана д-р Милка Ристова, а за членови проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, ...
Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал. Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го ...
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА. – Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца, изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие. – Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат дека во мене не гледаат добар лидер или ...
Транзицијата резултира во нагло збогатување на одреден слој, претходно можеби и непрепознатлив преку пауперизација на други групи и поединци. Кај нас таа појава не е довршена, а ги зафати во последните години и оние кои се чинеше дека нашле начини да се заштитат. Последица на таа материјална деградација секако оди паралелно со пад на моралните вредности што доведе до за нас непоимлива појава – да се грабне и убие малолетно девојче како што е ...
За да се заштитите, важно е да ги препознаете различните типови на измами што се случуваат на оваа мрежа и како тие функционираат. Без оглед на тоа колку е популарна „X“ како платформа, заканата од измами е секогаш присутна, па затоа е важно корисниците да бидат внимателни. Една од најчестите измами на „X“ е фишинг, каде што измамниците користат лажни пораки за да ги измамат корисниците да ги внесат нивните детали за најавување. Особено се ...
Со изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави, многу политички структури на Западен Балкан здивнаа со надеж дека ваквиот пресврт во демократската Америка, позитивно ќе влијаат на нивната ориентација кон Исток. Во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа, директорот на Институтот за геополитика, економија и безбедност од Сараево, БиХ, Аднан Капо, се осврна на неколку клучни прашања кои се однесуваат на Босна и ...
Бранко Тричковски: Номинациите за највисоките функции во американската администрација, покажуваат дека новиот претседател Трамп планира да ја води Аемерика според моделот на Норд Македонија на Мицко унд вмро, што значи дека од првиот ден ќе се зафатат со демонтажа на демократијата и на институциите на демократијата, на Републиката и на нејзината втемеленост во законот, на основите на американската политичка историја и, конечно, на американските ...
Љубиша Николовски: А ако се бара вина во однесувањето на СДСМ, тогаш таа во најмала рака е што за инцидентот молчеше. Партијата која најмногу страдаше во минатото, која на своја кожа и денеска носи модрици од насилието во Собранието, не најде за сходно да го искоментира и осуди обидот за физичка пресметка и недолично однесување и од страна на лидерот на Левица, но и од страна на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа јасно ќе покажеше дека, ни тогаш, ...
Ерол Ризаов: Овој кредит, како и сите други со кои се задолжила државата, а станале промашени инвестиции, ќе го вратат граѓаните, со таа разлика што овојпат тоа ќе биде многу поскапо бидејќи со овој политички диктат и од дома и од надвор ќе имаме цело крдо на „бели слонови“, синоним на залудно фрлени пари, предвидуваат економистите и стручните луѓе кои ги препознаваат мотивите за едно вакво задолжување со катастрофални последици. Сето тоа ...
Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите. Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва ...
Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат. – Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ...
По некое време Мицкоски и Данела ја расипаа калимерата. Данела рече дека причина за тоа се што му ги фатила директорчињата на Мицкоски „со рачињата во медот“, јас би рекол им се помешаа брзините (бизнисите). Јане Ѓорѓиоски Со кого и што мака имаат скопјани? Ретроспектива: Прво Мицкоски ја провози Данела до градоначалничката фотелја на Скопје. Такви хвалоспеви во промоцијата за поддршката на нејзината кандидатура јас не бев дотогаш видел и чул. ...