Три лица загинаа, а повеќе се повредени во руски воздушен напад врз Кијив во текот на ноќта, соопштија украинските власти. Претходно беше соопштено дека загинале четири лица. Нападот го погоди централниот кварт Шевченкеивски предизвикувајќи значително уништување на цивилната инфраструктура. Проектилот остави и длабок кратер. Андриј Кулчицкиј, шеф на Воената истражувачка лабораторија на Киевскиот институт за научна експертиза, потврди дека ...

Во Нови Сад денеска напладне почна протестниот марш на универзитетските наставници, истражувачи и студенти „4.000 наставници, 4.000 чекори“, пренесува Бета. Студенти, наставници и граѓани се собраа на Академијата за уметности и одржаа 15-минутен молк за жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица на 1-ви ноември. Студентите и професорите на Медицинскиот факултет организираа посебна поворка за да се сретнат со наставниците и ...

Со огномет денеска официјално ќе започне церемонијата на инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти Комитетот за инаугурација. Повикувајќи се на извори од Комитетот, порталот „Лајвминт“ наведува дека церемонијата ќе трае вкупно четири дена, а во неа ќе бидат вклучени и три ВИП настани на теренот за голф на Трамп, како и неговиот победнички митинг утре. Вашингтон подготовка за инагурацијата на Трамп фото ...

Вкупно 1.904 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори и логори за време на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, објави денеска израелската влада. За возврат, Хамас треба да ослободи 33 од 98 израелски заложници за време на шестнеделната пауза во борбите, што започнува во недела наутро, пренесува ДПА. Според израелската влада, меѓу Палестинците има 1.167 приведени жители на Појасот Газа кои не биле вклучени во ...

Голем пожар избувна во складиште за нафта во градот Узловаја во руската област Тула, откако украински дрон го нападна објектот во текот на ноќта на 18 јануари, изјави регионалниот гувернер Дмитриј Миљаев. Миљаев рече дека резервоарот за гориво се запалил во „една од компаниите во регионот“. Се чини дека видеата објавени на социјалните мрежи и споделени од жителите покажуваат голем пожар во складиште за нафта во градот. Миљаев тврди дека во ...

Бранко Тричкивски: Од фаворите на европската надворешна политика станавме земја во која се оди само по казна. Како Француска Гвајана. А лидерите на балканската политичка лепрозност се примаат само ако нема друго решение и со бројни карантински мерки, речиси исклучиво на колективни собиранки, кај што не можат да не го викнат Мицко, а да не признаат дека Македонија ја избришале од картата на државите, народите и културите. Да, да, Француска ...

Венко Филипче: Мицкоски и ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните. Не може во новиот најголем Буџет за годинава од 6 милијради евра да нема пари за раст на платите за работниците, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Власта комплетно го напушти системот за зголемување на платите воспоставен од СДСМ, а резултатот е влошување на животниот стандард на работниците. Тоа сега ...

Студенти и граѓани се собраа вечерва пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС)на протест под слоганот „Наше право да знаеме се“. Сообраќајот е запрен пред РТС каде што се наоѓа камион со разглас, а насобраните протестираат со вувузели и свирежи, јави Бета. Студентите со свирежи и скандирања го изразуваат своето незадоволство од работата на Јавниот радиодифузен сервис. Толпата носи транспаренти барајќи одговорност за несреќата во Нови ...

Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени од израелските затвори во првата фаза од договорот за ослободување заложници во замена за три жени кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, јавија израелски медиуми. Првото ослободување на заложниците е закажано за в недела во 16 часот по локално време. Воениот кабинет на Израел денеска гласаше за одобрување на договорот за ослободување на заложниците и прекин на огнот ...

Врховниот суд ја поддржа забраната на ТикТок во САД од безбедносни причини ако кинеската компанија „Бајтденс“ не ја продаде апликацијата до недела. Деветтемина судии едногласно одбија да ја спасат платформата што ја користат половина од Американците. Законот за забрана на ТикТок беше усвоен со големо двопартиско мнозинство во Конгресот минатата година и беше потпишан од претседателот Џо Бајден. Врховниот суд сега заклучи дека законот не го ...

Преговарачите постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Израел и палестинската вооружена група Хамас. Ова се главните точки од договорот за прекин на огнот: – Шестнеделна почетна фаза од прекинот на огнот – постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на енклавата. – Договорот предвидува да им се дозволи на 600 камиони со хуманитарна помош секој ден, по ...

Вршителот на должноста амбасадор на Полска во Скопје, Мариуш Бримора, вели дека не верува оти може да биде ефективен предлогот на македенските власти за одложени уставни измени. Во интервју за „360 степени“ Бримора, зборувајќи и како претставник на полското претседателство со ЕУ, вели дека нема навестување дека Брисел или Бугарија би ја промениле позицијата, дека се подготвени да ја сменат позицијата. Новата еврокомесарка за проширување, Марта ...

Речиси 90 отсто од предвоеното население на Газа од 2,3 милиони е раселено поради континуираните израелски напади, при што многу луѓе беа принудени да живеат во шатори откако нивните домови беа претворени во урнатини. Кон крајот на минатата година, ОН соопштија дека повеќе од 1,8 милиони луѓе страдаат од екстремен глад, цитирајќи ги проценките на ИПЦ- глобалната иницијатива за безбедност на храната. Ела Џојнер Сè уште непотврдениот прекин на ...

Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство. Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се „изгубени“, мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија. Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во ...

Повеќе од 100 луѓе се убиени во Газа, по објавувањето на договорот за прекин на огнот во средата, од кои најмалку 27 се деца, велат податоците на Цивилната одбрана на Газа. Локалните екипи за итни случаи опишаа сцени на немилосрдно бомбардирање откако Израел и Хамас постигнаа договор, кој се очекува да стапи на сила во наредните денови. Инаку, Израелскиот безбедносен кабинет ќе се состане во петок за да разговара за прекинот на огнот во Газа и ...

Стабилна е состојбата на студентката која вчера беше повредена кога патничко возило ја прегази на протест во Белград, велат лекарите. На возачот, кој се товари за кривично дело тешко убиство во обид, му е одредено задржување до 30 дена. Управите на сите факултети на Универзитетот во Белград заеднички најостро го осудија „бруталниот“ напад врз студентката. Во соопштението се истакнува дека овој бесмислен чин на насилство претставува директен ...

Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на дрон е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт. Романија, членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го надгледува воздушниот напад. Паѓањето делови од дронови и повреда на воздушниот простор на Романија се редовна појава во изминатата ...

Властите во Лос Анџелес ги предупредија повеќето евакуирани од шумските пожари да не се враќаат во своите домови најмалку уште една недела, бидејќи спасувачите го отстрануваат токсичниот отпад од изгорените населби и ги прекинуваат електричните и гасните линии што претставуваат опасност среде урнатините. Одроните дополнително ги загрозуваат опустошените падини, каде што срушените згради повеќе не можат да служат како потпора. Ова го зголемува ...

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Семејството во селото Славеј повикало итна помош. ...

Илјадници луѓе се евакуирани, а дел од автопатот во Северна Калифорнија е затворен откако избувна голем пожар во една од најголемите капацитети за складирање батерии во светот, електраната Мос Лендинг. Пожарот кој избувна вчера попладне предизвика голем облак црн чад, а немаше знаци дека ќе стивне до вечерта, објавија американските медиуми. На околу 1.500 луѓе им беше наредено да ја напуштат областа Мос Лендинг и Елхорн Слу. Објектот, кој се ...

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се случи на 20-ти овој месец во Вашингтон. Премиерот Христијан Мицкоски на 18. јануари ќе отпатува за САД. Но, на инаугурацијата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Претседателот на Собранието ја смета поканата како доказ за посветеноста на континуираната соработка со САД во сите области. Во Вашингтон ќе престојува и Арбен Таравари, претседател на ...

Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според планираното, околу 16 часот и 30 минути студентите и граѓаните ќе молчат 15 минути, а по интонирањето на химната на ...

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен миг. Ова го соопшти портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и додаде дека кабинетот на Тел Авив нема да го одобри договорот што го постигнаа преговарачите во Доха. Портпаролот рече дека израелските претставници остануваат во Катар. Вчера мислевме дека имаме договор, денеска Хамас направи измени на овој ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека најважно е Украина да биде во најсилната можна позиција во 2025 година. Во Кијв, каде Стармер треба да потпише „100-годишно безбедносно партнерство“ со Украина, денеска се огласи аларм и се слушнаа експлозии додека беспилотно летало леташе над центарот на градот, пренесе агенцијата Франс прес. Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на Телеграм, за време на посетата на британскиот премиер, напиша ...

Поднесено е обвинение против двете лица кои му нанесоа тешки повреди на кучето Феликс кое како последица на повредите почина на 7 јануари. Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа денеска, го има собрано целокупниот доказен материјал по што е поднесено обвиненитето против двете лица кои се товарат на кривично дело „убивање и мачење животни“ од член 233 став 1 од Кривичниот законик. – Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го ...

Американскиот амбасадор во Србија кој е во заминување, вчера присуствуваше на мечот помеѓу Црвена звезда и Фенербахче во белградската Арена. Кога црвено – белите го забележаа неговото присуство во ВИП ложата, следеа погрдни скандирања. А, навивачите донесоа и знаме на кое пишува „No Surrender“ и го вееа пред негови очи. pic.twitter.com/lOTfnPpclL — Ricardo Kaka (@rikardons) January 15, 2025 Амбасадорот Кристофер Хил на полувремето ја напушти ...

Детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба. Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете. Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница ...

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок. Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала. Даути, образложувајќи ја оставката, посочи дека ...

Учеството на младите на пазарот на трудот се намалува на глобално ниво, особено во земјите со ниски приходи, се наведува во денеска објавениот годишен извештај на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) за вработување и социјални прашања. Во извештајот се посочува дека во земјите со ниски примања драстично е намалена активноста кај младите мажи, кои се дел од генерацијата што не се образува, вработува или обучува. – Сè уште во земјите со ...

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. На ова, претседателот на Собранието ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
36%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
79%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.86
58%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
84%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
5.14
60%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.1533

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58