Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2023 година како одговор на повисоката инфлација предизвикана од војната во Иран. ЕЦБ ја зголеми својата главна депозитна стапка од 2% на 2,25%, а финансиските пазари предвидуваат уште две зголемувања до следната пролет. Инфлацијата на потрошувачките цени во еврозоната се зголеми на 3,2% во мај 2026 година, во споредба со 3% во април, предизвикувајќи загриженост дека ...

Европејската доверба во американската „безбедносна гаранција“ достигна историски минимум, покажува истражување, при што само еден од 10 луѓе во 15 земји ги гледаат САД како сојузник, а мнозинството се сомнева дека ќе им помогнат доколку бидат нападнати. Истражувањето, објавена во средата од страна на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи (ЕЦФР) пред критичните самити на Г7 и НАТО во Франција и Турција во наредните недели, откри ...

Бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, изјави дека ќор-сокакот за македонскиот пат кон ЕУ е во „недостатокот на политичка волја за исполнување на преземените обврски“ од страна на Скопје. Како што јавуваат бугарските медиуми, Петрова нагласила дека договорите не се билатерални, туку европско прашање и сите лидери на ЕУ биле категорични оти единствениот пат напред за Скопје е да ги исполни веќе преземените ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска фрли мала мамка околу можноста да има превремени избори велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени избори доколку опозицијата го бара тоа. Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека како партија претпочитаат да има редовни парламентарни избори во 2028 година, но оти секогаш се подготвени да излезат на терен и да победат. „Факт е дека ние влегуваме во втората половина од ...

Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на 66. Krakow Film Festival во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, филмскиот јазик и ...

Соединетите Американски Држави и Иран сè уште се заглавени во жестока вербална војна околу статусот на Ормускиот теснец. Откако американската војска изврши втор бран воздушни напади врз иранските радарски места и системи за воздушна одбрана синоќа, Техеран повторно го прогласи теснецот целосно затворен за сите видови бродови. Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) отиде чекор понатаму и се закани дека ќе отвори оган врз сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните ризични локации. Мицкоски, денеска во одговор на новинарско ...

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултати се ...

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена ...

Со последните претстави во официјаната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп. Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“. Вечер од 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, публиката ќе ја види последната од деветте претстави во ...

Неколку дена во македонската јавност се најавуваше средбата меѓу претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова во Софија како можност за некаков пробив за излез од политичкиот ќор-сокак. Кабинетите на двете претседателки дадоа различни соопштенија за средбата, додека Сиљановска зборуваше за нешто сосем трето во изјавата за медиумите. Таа рече дека уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на ...

Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година. Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош и ја потврди ...

На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (I фаза). Предлог ...

Условите во спортската сала во Општина Кисела Вода се навистина светски, европски, можеби најсовремени од ваков тип во државата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, објект кој, според него, поставува нови стандарди во спортската инфраструктура во земјата. Мицкоски истакна дека салата, со капацитет од околу 1.000 гледачи, нуди услови кои се споредливи со европските и ...

Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, 106,9 се машки – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според месецот на раѓање, најголем број живородени ...

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот ...

Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174 649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски. Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %. Кај домашните ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште ...

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на ...

Има десетици заинтересирани компании за дата центри во државава, кои со законските измени за кои почна постапката во Собранието се изедначуваат со технолошко индустриските развојни зони. Ова го изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите при неговата посета во Општина Кисела Вода. „Имаме неколку десетици заинтересирани компании, разговараме и преговараме, секако ќе бидат избрани локации кои што нема да ...

Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови но со брза интервенција на дежурните екипи ...

Случајот со боледувањето на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровески се претвора во пародија. Нему му е истечено боледувањето, премиерот Христијан Мицкоски вели дека морал да мирува, општината Карпош е во конфузија, а карпошани се прашуваат зошто гласавме за Лукровски кога тој по само неколку месеци одбива да ја врши функцијата на која беше избран. Лукровски го нема никаде, а ниту пак самиот соопштува што се случува и дали ќе се врати на ...

Денеска, во Собранието се одржа средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот со Грција, евроинтегративниот процес на државата и Западен ...

Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, заедно со обновените напади на Трамп врз Иран, ја потресоа берзата, ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај во кој се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи, како што се наведува во соопштението до медиумите, се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обединување Рубикон Секјурити солушнс, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и не преземени ...

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана. – Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на секундарниот пазар по многу повисоки цени. Секој собран долар се враќа во организацијата и ќе биде потрошен за ...

Кога ќе се спојат добрите духови на нашата сцена и добриот дух на рокенролот, настанува вистинска комбинација од feel-good енергија. Токму таква енергија зрачеше од членовите на бендот Heidi šeće psa, добрите духови од хрватската музичка сцена, во најголемиот мал рок-клуб Hard Place, местото каде што живее духот на рокенролот, а каде што се снимаше видеоспотот за новата песна „Tebi je svejedno“. Под режисерската палка на Динко Чвориќ Доринго, ...

Македонскиот КИЦ во Белград и МТС Дворана, заеднички ја организираат изложбата „Сага за творечките немири“ посветена на великанот на македонската ликовна уметност Петар Мазев. Десет дела од приватната колекција на Игор Станковиќ ќе бидат претставени пред белградската публика во рамките на пригодното одбележување 30 години македонско-српски дипломатски односи. Петар Мазев (1927 Кавадарци-1993 Скопје), бил студент на Академијата за ликовни ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.89
70%
1022
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
78%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.75
55%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.97
79%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.81
92%
1021
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
62%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.46
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.03
61%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.34
95%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
84%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
3.66
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

131337.93

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

53756.05

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Паладиум

39545.42